Тука би можеле да пишуваме за производи кои сме ги користеле преку цела година. Тоа вклучува производи за лице,тело и коса. Секогаш се навраќаме на продукти кои ги купуваме по втор па и трет пат а добро би било да споделиме и кратка рецензија за тоа. Дали набавувате залихи на време од посакуваните производи?
Буквално шампонов против првут е лајв сејвер, што се немам пробано ништо не помага како ова, и секогаш се враќам на него. Сигурно го користам над 6 години. Убаво мириса, но мирисот не останува долго. Со само едно миење чешањето ми престанува и dry paches немам .Очигледно и хидрирачки делува, и што е најбитно можеш констано да го користиш. Ова чудо исто сум презадоволна ( баш ова со минт капаче). Мирисот од самиот стик е лонг ластинг и на 40 степени кога имавме. Доста е скап, ама и често е на попуст во дм а и во поголемиве маркети. Не е леплив, не остава трага на алишта , мирисот би го опишала лесен( али доволно јак за да остане 12 часа) освежувачки. Имам пробано и други стикови али не се тоа тоа, мирисот/ свежината исчезнува брзо. Го користам веќе 2 години константно. Ова ми е god send, исто над 2 ипол години го користам. Имам пробано многуу креми( од зијаја, гарниер, нивеа и што ти знам) никоја не ми одговара како оваа. Имам мрсно чело во зима и истовремено суво и дехидрирано лице, а во лето имам комплет мрсно лице, кремава ми одговара и во двата случаја( не е претрано мрсна, него е баш доволно хидратирачка без да светиш и тешка на лицето да ја осеќаш. Пошо имам ептен нежно лице( буквално се ме пече што ќе ставам на лице) немам такво искуство со кремава во која има заштитен фактор. Патем нема никаков мирис. Што се однесува до залихи имам, пошо скоро беа на попуст си купив 3 шампона и уште една крема ролл онот не сум го фатила ќе почекам да е .
Кога ја видов темава одма на овие производи ми текна Немам некој проблем со косава освен што ми е ретка Шампонов го сметав за бабски а сега веќе 6 години го користам и не сум презаситена од него . Секаде го препорачувам . Во комбинација го користам и овој спреј на влажна коса . Одлично расчешлува , стилизира и мириса. И не мрси дополнително .
хахаха како јас да сум го пишала ова. Буквално истите два продукти ги имам во моментов, а и година наназад ги користам. Само спрејот на Schwarzkopf го менувам оти мирисот ми брзо досадува. Не знам колку е океј за косата ама веќе навика ми стана на мокра коса да го прскам... осеќам разлика во расчешлувањето, полесно е. А бабскиот шампон некогаш бреза, некогаш коприва, камилица (најмногу ми одговара) и има од лук ама тој ми ja како суши и заплеткува. Јас на овие два се задржав цела година па и години наназад. @lovemme edit: дај да организираме и потпишеме колективна молба да ја сменат амбалажата на бабскиот шампон, многу непрактично паковање, мора да одвртуваш скроз, па да внимаваш на големиот отвор да не истечи многу, па пак да вртиш да затвориш.. вода и шампон се арчи непотребно
Има неколку, и тоа со години што ги користам Гелот на Ла роше за лице, дали во големо или мало пакување, ама еднаш годишно обавезно го купувам - особено летен период Пудрите на Estee Lauder Double wear и на MAC Fix fluid. Во текот на годината (годините)една од двете мора да ги земам. За мрсна кожа, ми се покажале како најиздржливи без да бидат како маска на лицето Пудрата на MAC Blot , од камените пудри само таа ја купувам, лесна пудра, не многу покривна , но за мрсно лице е супер шминката ја држи цел ден. Со години ја купувам , досега 5-6 кутивчиња трошам.
Неколку пати купено, преку цела година имам суви усни, само ова лабело ми ги опоравува усните. Добро е и тоа со смоква и мед. Исто и оваа пена повеќе од 3 пати ми е купена добра е. Имав проблеми со шампоните, со гел за туширање од арган и путерот за тело од Алверде. Мислам дека ми предизвикуваа алергија но за среќа оваа пена ми е добра од Алверде. Овие два гела за туширање се супер, не ми ја сушат кожата и предобро мирисаат. Маана им е што брзо се трошат... Овој крем од невен го користам после бричење и ми помага во смирување на кожата. Густ е и добро хидрира... Од оваа пена исто сум задоволна, многу пати ја купувам од Дм имам комбинирана кожа. Добар шампон, не ми се мрси брзо и не ми ја суши дополнително косата. Само овие две мицеларни ги користам, обично ги користам за да доисчистам креон маскара и нешто заостанато после измивање со маслото за чистење шминка, потоа го доизмивам лицето. Немам иритации, дополнителни акни итн. Го користам после миење на косата ми помага при расчешлување, ми ја омекнува косата и не ми ја мрси. Трик кој го видов од YouTube го користам и за бричење наместо пена. Овие дезодоранси ги користам константно, на Нивеа ми е добар во зима, на Дав во лето, со тоа што последните два Неутро Робертс и Бороталко се многу слични по мирис и ги користам преку цела година, сите ги имам неколку пати купувано дури ги имав и на залиха. Најмногу ми се допаѓа Неутро Робертс. Оваа маскара ми е супер за секој ден. Оваа паста за заби заедно со парадонтакс со флуорид добро ми ги чисти забите. Првите два парфеми ги користев во средно и уште ми се драги, лилјаковиот беше под различни имиња (Black Diamond, Black Beauty), а Little Black Dress повеќе од 10 години го користам преку ден. Far away исто ми е драг и ме потсетува на убави моменти, но го користам само преку есен и зима.
Последно од мене и не досадувам. Не ми се експериментира многу со интимни гелови бидејќи имам осетлива кожа, затоа го користам цело време овој без мирис. И тој со камилица розевиот е добар но ми има прејак мирис... Читав исто така дека го користеле и за миење лице бидејќи не е агресивен. No More The Same ми е одличен за есен зима. Добро се задржува на облека дури и после неколку дена и на капутот ми се задржува мирисот. Јак, малку слаткаст но не премногу за да ве заболи главата. Го имам на залиха. Пакувањето ми е грдо многу но заради мирисот премижав. За разлика од него од Lust може и да ве заболи главата доколку не сакате прејаки мириси. Пробајте го пред да го купите и не го шприцајте повеќе од 2 пати. Ама мене ми е толку опоен што го имам и него на залиха...
Многу ми е драго кога ќе видам дека ве привлекува темава и неизмерно и несебично ги споделувате производите со останатите членови. Најдов време да седнам од лаптоп и да ги напишам моите продукти, листата е навистина долга, па ќе се потрудам да ја скратам. Најпрво мора да кажам дека имам огромни залихи од The ordinary почнувајќи од Ниацинамид, Хујалуронска киселина, Moisturizing Factor + Ha, креми со спф,Ретинол, Aha киселини од кои најзадволна сум била. Моментално сите се неотворени и на темно место, удобно складирани. Од кремата без спф бев најзадоволна, ја користев навечер беше доста хидратанта. Прво купив помала количина, а потоа се снабдив со поголема. Ниацинамидот и хРујалуронската киселина ми беа добитна комбинација првиот пат кога почнав да ги користам заедно во борба против акни. Аха киселината ми беше одлична и за мртвата кожа на стопалата иако не го напоменав тука, чат пат ја користев и таму. Кремите со спф се 15 и 30ка, 15ката ја искористив па набавив поголем фактор. Од ретинолот без најзадовлна во однос на затегнување на лицето. Слики во спојлер Спојлер: The Ordinary Спојлер: The Ordinary Во последно време многу ми се допаѓаат и дел од продуктите на Белина, асортманот на Натура Сиберика, Со био етик, Моса, Мадара па највеќе ги употребував овие. Зелениот тоник од Береза Сиберика ми е преомилен и направив залихи на време. Мицералната вода за комбинирана кожа за вадење шминка е врв според мене, една од најубавите мицерални води која што си ја купив по втор пат. Спрејот од цинк во борба против акни исто така го купив по втор пат, мислам дека е најдобриот спреј некогаш што сум го користела и што секогаш ќе му се навраќам. Спојлер: Белина Последно многу станав фан на Есенц козметиката па скоро се набавував од таму, од сјаеви до пудри. Најчесто ги користам маскарите на Лаш Принцес сите бои, мат кармините и сјаевите. Спојлер: Essence cosmetics To be continued...
Имам сува кожа на телото, посебно нозете. Често зимно време ми се перутаат, па се трудам што е можно повеќе да ја хидрирам кожата. Омилен путер ми е овој од Боди Шоп, мириса неверојатно, а кожата е мека и пренежна на допир. Го користев и тој со Шеа Путер, но некако овој мирис повеќе ми прија. Зошто моментално чекам да ми го пратат путеров (да, се оставив без залиха ), се вратив на ова млеко за тело од Dove (инаку уопште не ми прија ништо од нивните производи). Имам купено над 4 вакви пакувања. Млекото е исто така хидратантно и мириса на ванила. Искрено го препорачувам за сите со проблеми со кожата како мојот. Друго нешто во што се колнам и имам апсолутно секогаш на залиха: Апсолутно прекрасни! Веган, без тежок благ состав што ја мрси косата после пола саат, косата ми мириса и ден откако ќе се избањам. Има интензивен и јак мирис, неретко другарките ми викаат дека ги потсеќа на парфем. Имаат повеќе видови од оваа колекција, моментално ги користам овие за фарбана коса, претходно ја користев колекцијата за сува и испукани врвови. Од шминки, би ги издвоила исто маскарите на Есенс, Lash Princess. Последно ја купив розевата. Одличен квалитет за ич пари, во комбинација со добар виткач, преубав изглед се добива. Ем волумен ем густина. Слика не ставам, верувам сите ги знаеме Од креми за лице, морам да признаам дека сум купувала се’ и сешто, најчесто еднаш ќе ставам додека ми трае ‘хајпот’ дека праам којзнае шо, па ми поминува меракот и заборавам и дека сум го купила нештото. Единствено секогаш го имам ова, го користам скоро две години без никаква пауза. Ми ја хидрира кожата, малку ставам - преубаво се размачкува, тенот ми е изедначен и се добива некој ‘здрав’ изглед на кожата. Моментално сум на трето пакување, совршена комбинација е со мојата кожа.
1. Гелов за миење лице од Балеа ми е одличен. Погоден е за сува кожа, после миење лицето ми е и чисто и хидрирано. Го користам цела година, ќе продолжам и да го користам. 2. Маскава за лице одлично ми ги чисти порите, плус многу убаво мирисаше, а и бојата на маската ми беше интересна . Пакувањето е големо и иако ја имав цела измината година уште не ми е дотрошена, бонус е и тоа што трае вечно. 3. Гелов за туширање од Dove ми е омилен. Големо пакување, одлично мириса, ја хидрира и кожата и темелно ја чисти. 4. Омилените парфеми во изминатата година. Far away додуша го користам со години и ми е најомилен за мој вкус, во ладните денови го користам 80% од времето само него. Hidden paradise ми беше преубав за летните денови. Многу убав и пријатен мирис. 5. Од производи за коса омилени ми беа: Сувите шампони од Балеа ми се откритие на изминатата година. Многу долго мирисаат, баш ми е пријатен мирисот, задоволна сум за таа цена и каков им е квалитетот. Млекото за коса од Балеа (иако пола година го користев само зошто тогаш го открив, но не планирам да го заменам). 6. Мицеларнава вода од Гарниер ја користев исто во текот на целата година. Многу ми се погоди. 7. Омилената крема за лице наменета за сува кожа. 8. Од шминки на овие производи им бев верна целата измината година: 9. Омилени лакови цела година ми беа од catrice. И омилена крема за раце оваа. Тоа би било се. Другите производи ретко ги прекупувам, обично ги менував. Иако имав и други што ми беа омилени, сепак не до толку за да не им барам замена.
1. Гел за миење лице на Cien Гелов го купувам во залихи, многу е нежен за комбинирана кожа, не ја суши и ми е многу сличен со Effaclar на LaRoche. 2. Eucerin Aquaphor SOS lip repair Нема замена, долго го користев на Алверде балсамот од невен, ама ова чудо ми ги средува усните за 10 секунди, имав многу рани што никако не зараснуваа и откако го открив не сум го сменила. 3. Pantene Repair oil Сува, тешка коса на која ако не и ставам капки изгледам на чудовиште. После многу пробани, овие се покажаа како многу добри, не ја мрсат, не ми ја прават косата тешка и плус не ми се заситува од нив. 4. Insight Dry Hair шампон Секој шампон после неколку користења ми правеше чешање, мастење на скалпот иако имам сува коса. Секакви пробав, ниеден не издржа како овој, прекрасно ја негува и чисти косата, и се надевам дека ќе го има уште долго време кај нас.
Продукти кои ги користам години наназад и сум презадоволна. Залиха имам секогаш, барем едно пакување плус. 1. Pantene - Repair and care 2. Pantene - Hair oil 3.Little black dress 4. Melem за усни 5. Rexona - Shower fresh 6. Catrice Liquid coverage
Подобра крема нема!!! Истото го мислам и за тоникот. Второ шишенце ми е, нов омилен парфем!! Коректорот го користам од мај-јуни ама стварно ми стана омилен. Исто второ “шишенце” си земав.
Мене ме мрзи да ставам од сите слики. Али мои продукти: Шампон за мрсна коса фиксно.Се дешава да купам на Афродита косметикс, или на Head%Shoulders за да не ми се засити косата, али затерав со овој последните месеци Shower гелови, не користам исти секогаш.Најчесто зиам на Дав, али бидејќи ги трошам како фабрика да имаме, зимам и од Стокомак некои на поевтина варијатна што исто се супер и квалитетни. Кондиционер, исто менувам, немам некој кој фиксно го користам.Обично зимам од Кам еден со ванила на Лалин. Спреј за заштита на косата од топлина Чистење на лице: тоник и 3во1 не знам ни како да го наречам на Евелин И тоникот е ист ваков. и за дополнително чистење Дав обичниот сапун. Лабела за уста на Лабело купувам оној rose pearl или на Балеа некои безбојни или розеви Кармин, е овој (16ката( го утепав годинава, го скапав од носење.Како пушач, само мат кармини преферирам, мада и овие на Mac Моливче за веги-Малена Римел-Maybelline Lash sensational а последно Golden Rose 24h нешо volume, златна е амбалажата. Млеко за тело, зависи, дали на Балеа дали на Нивеа. и тоа е тоа. Парфеми исто,менувам цело време. Кај мене само шампонот и спрејот не ги менувам и моливот за веѓи дека ептен ми одговараат.Другите ми здосадуваат, а и зависи кај пазарам.Во Рамстор, Кит го и Дм не ги има истите работи нели, па како ќе ми дое така
... да продолжам од првиот пост Ова моливче на Голден роуз за веѓи го купувам почесто и ми трае долго време. Веќе ми е при крај а се снабдив со ново кога бев во МКД. Инаку остава боја и лесно можеш да се нацрташ. Влошките на Siempre од Лидл се едни од најдобрите што ги користам, дури и при интензивна менструација не ме издале. Имено ги користам тие во средина и многу се лесни, не се чувствува декаа имаш влошка ставено. До сега не ми направиле никако проблем и затоа секогаш однапред купувам по три - пакетчиња. Шампонот од Лидл за коса ми е најубав искрено, един шампон за кој можам да кажам дека лесно ја расчешлувам косата и без да ставам маска. Пудрата на Mac и пудрата на Есте се едни од многуте пудри кои ги купувам почесто, Есте сега брзо ја набавив ама и понатака ќе продолжам да ја набавувам. Најдобри и најидеални, најтрајни за мрсна кожа но тоа се скапи пудри. Пудрата на Makeup revolution Define and Conceal и коректорот од оваа линија ми се идеални заа секој ден. Имаат убава текстура и убаво покриваат, само треба да се избере вистинската нијанса. Од драгстор пудра оваа ми е најкупувана.