1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Прокрастинација - свесно одложување на неодложните обврски

Дискусија во 'Психологија' започната од Doozy, 8 март 2018.

  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Инспирација за темава ми се две работи - прво, скорешната дискусија поттикната од @Bender Rodriguez во Сакам да кажам за соодветен превод на зборот прокрастинација, а второ, сопствената прокрастинација. :D

    За тие што не се запознаени, прокрастинацијата, според мене, значи две работи - знаеш дека треба да направиш нешто, меѓутоа, од Х причини, не го правиш и правиш нешто друго.

    На пример, темава ја отворам откога веќе ЧЕТИРИ и пол часа се убедував да напишам уплатница - којашто чекаше полунапишана од завчера - затоа што едноставно...... не да ми се. :D

    Од мое искуство, најчестите причини за прокрастинација се следниве:

    - Тоа што треба да го направиш ти е досадно, не те привлекува и нималку не те интересира

    - Немаш никаква корист од дадената обврска - не само материјална, туку и емотивна, лична, или каков било друг вид на задоволство (пример, кој видел аир од миење садови? :rofl:)

    - Страв ти е да се соочиш со исходот од таа обврска; (пример, многу луѓе со месеци одложуваат посета на лекар од страв од лоша дијагноза, итн.)

    - Страв од неуспех дека дадената обврска нема да ја завршиш доволно добро/задоволително (пример, многумина што паднале на испит, го одложуваат преполагањето од страв дека повторно ќе паднат)

    - Лошо претходно искуство со таа обврска што ве вознемирило на каков било начин

    - Несвесна саботажа на самиот себе (пример - ќе ја почнам диетата од понеделник, ама не од овој и така во круг, иако зголемената тежина веќе ви претставува здравствен проблем)

    - Анксиозност, депресија или некоја друга состојба во којашто не сте баш нај-нај и во полна форма (намерно велам состојба, а не болест)

    Иииииии нормално, уште еден куп други причини, за кои ако верувам, накратко се набљудувате самите себе, ќе можете да ги забележите поубаво. :)

    Значи, наместо да одите и да се „соочите“ со проблемот очи во очи, го одолговлекувате (и ова е добар превод) за нешто што ќе ве натера да се чувствувате добро во моментот, но лошо по некој час, по ден-два, по некоја недела и така во круг.

    Како што верувам дека повеќето знаете, се соочувам со влошена здравствена состојба веќе подолго време и свесно забележувам дека мојата прокрастинација започна од моментот кога добив лоша дијагноза. Не дека и претходно не сум го правела тоа, меѓутоа, не било до овој степен да нешто одложувам со часови, денови, недели, па дури и месеци.

    Едноставно, изгубив волја и желба за се', од најсекојдневни обврски како готвење, што порано ми причинувале задоволство, сега ми се терет и не сакам да ги правам. Да не зборувам кога станува збор за нешто посериозно кога треба да се направи/сработи, буквално морам сама себе да се натерам. Пример, можам со часови да скролам по социјалните мрежи и да ми биде убавко, :D а после да видам дека дошло 12 часот, дека се' уште не сум си направила појадок, дека денот ми е во хаос, и да се чувствувам многу, многу лошо (по природа сум одговорна личност) затоа што ете, уште еден ден ми поминал во неправење ништо.

    Слободно и свесно можам да кажам дека бар кај мене, корените на свесното одложување на моите обврски одат доста подлабоко, па дури и до некоја состојба на депресија, гнев и беспомошност предизвикана од ситуацијата во која што сум. (и која се надевам за брзо ќе заврши 8-|)

    Да напоменам, јас сум прилично свесна што ми се случува и гледам дека прокрастинацијата - заедно со уште две, три, доста нездрави навики :wasntme: - ми се еден вид на coping mechanism. Дури на некој чуден начин, интересно ми е да се самонабљудувам и забележувам кога и за што одложувам, за што имам волја да направам, кога највеќе немам волја, итн, итн.

    Забележав дека сета моја енергија, сето моја волја се насочени - и доста потрошени - кон низата лекарски прегледи толку многу, што изгубив волја за се' друго. И за това има состојба, ego depletion, ама тоа во друга пригода.

    Како некој морбиден самоексперимент, ама па долго сме на форумов и сите си ги знаеме дијагнозите, горе-доле, де. :D

    Значи, целта на темата ми е да продискутираме околу целата состојба на свесно одлужување на неодложните обврски, како се чувствувате вие кога одложувате нешто што мора да се заврши, што ви се мота вас низ глава, итн.

    А да, тоа дека „треба да се натерам самата себе“ одамна престана да пали, сега сум у некој ај донт гив а фак расположење. :D

    Ииииии нормално, да најдеме соодветен превод/термин за зборот на македонски за @Bender Rodriguez да може да прокрастинира на раат. :D
     
    На Dust, SV1911, sonuvana и 33 други им се допаѓа ова.
  2. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Еве буквално што има пред мене во моментов, no kidding:
    20180308_151017.jpg

    Во сабота е натпреварот, а јас моментално ја читам темава наместо да решавам. :D

    Причината за ваквата прокрастинација за мене е бидејќи не ни сакав да одам на натпреварот, а се согласив само бидејќи јадев додека професорот ме убедуваше. :D

    Мојот тип прокрастинирање се карактеризира со седење пред работата што морам да ја направам со часови скролајки низ истите неколку апликации притоа убедувајќи се да почнам со работа. Сепак, на крај немам чувство на вина бидејќи сум поминала низ барем дел од мачењето. :rofl: Ова веројатно е најлошиот вид.

    Ама да бидеме реални, за среќа можам да седнам ако навистина морам, како сега, решавам веќе неколку часа и сега демек пауза правам. :D
    Натпреварите отсекогаш биле стресни бидејќи не е како секој друг task што можеш да го исполниш ако седнеш неколку часа (или нека бидат еве неколку дена), туку работава е колку повеќе толку подобро, што значи никогаш нема дефиниран крај, ниту пак некое чувство на успех. Да се разбереме, наградата ја добиваш само за извесни пет задачи, а не за сите други кои си ги решавал пред тоа. Сепак, за чудо немам ваков проблем со натпреварот англиски, можеби бидејќи не треба да вложиш толкава ментална активност, а можеби е и поради помалиот притисок од професорката.

    Сепак, моево со физикава достигна фаза каде сè што правам лежерно ми станува прокрастинација, бидејќи секогаш има повеќе за работење. Не, не е здраво и да, кога ќе ми се тргне од глава ќе го ценам животот трипати повеќе. Ама засега тоа е. :lol:
     
    На SV1911, tirkenbal, Lolo5 и 13 други им се допаѓа ова.
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Често е поврзана со депресија или скриена депресија или незадоволство, неисполнетост (апатија пример), некогаш е неодговорност, некогаш е намерно избегнување затоа што не ти е интересна или предизвик работата што те чека. И ние можеме да одиме длабоко и длабоко и да бараме корен, само додека си на работно место пример никој нема да те анализира и да бара причина за твоето однесување туку едноставно те етикетира како мрзелив и неодговорен. И мене некогаш ме фаќа мрза за одредена работа ама не се сметам за прокрастинатор затоа што тоа е особина која штети, нема ништо кул во неа и надвор од дома нема никој да ти ја толерира, нормално кога веќе се' е со рокови и норми. Тука исто ги ставам и оние кои постојано доцнат на работа или средба.
    Имав ваков претпоставен и сите, вклучувајќи ја и работата, страдавме заради него. Среќа не ми е веќе и немам такви екстремни примери во близина, оти ме полнат со негативна енергија :D Едноставно е, не ме интересира дали со мислите си на некоја плажа и радо би пеел на концерт на отворено наместо да куцаш на тастатура цел ден или да продаваш семки. Дома, што сакаш прави си.
     
    На baby-star, Dust, SV1911 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.683
    Пол:
    Женски
    Прокрастинација скоро никогаш не применувам, а и во одредени обврски кои се од голема релевантност немам ни можност ни избор да прокрастинирам - на пример кога имам закажано предавање или учество на некоја научна конференција на која сум поканета или се очекува да бидам присутна, едноставно не можам да го одложам тоа.

    Но во врска со оваа тема имам пишувано еден научен труд од полето на психологијата.
    Имено, времето како концепт кој се применува и тече на планетава Земја за одредени луѓе претставува критичен и мотивационен фактор - моја констатација: човекот е немоќен против самото течење на времето.

    Сепак, со самото постоење на временска теорија за мотивација, една индивидуа може да изврши одредена задача ама тоа зависи од одредени фактори;


    [​IMG]


    [​IMG] = желбата за одреден исход

    [​IMG] = веројатноста на успехот

    [​IMG] = наградата поврзана со исходот

    [​IMG] = чувствителноста на индивидуата за одложување

    [​IMG] = време за реализација


    Во мојот научен труд, исто така ја поврзувам прокрастинацијата со хедонизмот.
    Знам дека ова можеби не е популарно мислење или концепт ама верувам дека причината поради која луѓето имаат тенденција да прокрастинираат е поради тоа што се во постојана потрага по задоволство, а во исто време избегнување на било каква тешкотија или болка.

    Овој принцип на задоволство, за поединецот кој прокрастинира претставува целосна спротивност од принципот на реалноста.
    Бидејќи во реалноста, се смета дека времето на одреден начин има супериорно дејство и положба врз поединецот, а ова секако не е во негов интерес поради тоа што со самото течење на времето, настанува одредена непријатност или тешкотија која станува се поголема и поголема со текот на времето.

    Така, би рекла дека поврзаноста со хедонизмот, како и импулсивноста манифестирана во полза на мотивациона инхибиција ама од аспект на одредено дејство кое претставува цел за поединецот доведува токму до прокрастинирање како очекуван резултат и психолошка реакција, што е сосема нормално.

    Сите дејствија кои треба да се извршат или да се остварат во определен период на време предизвикуваат стрес, а стресот како таков, не е пожелен кај одредена индивидуа која го поседува хедонизмот како карактеристика.

    Како што рокот на пристигнатоста на дејството или настанот тече и се приближува, така и стресот станува се поголем.

    Иако ова се чини како логично решение, сепак не е и тоа токму поради самата илузија дека со прокрастинирањето ќе се избегнат негатовните чувства, несигурноста и стресот.

    Кога одредено дејство претставува цел за некои луѓе, состојбата на импулсивноста варира од тоа како таа цел е поставена.

    Поволните ставови и целите на општата акција, односно дејство, на позитивен начин е поврзана со импулсивноста.
    Спротивно на ова, сметам дека постои негативна врска кон општата неактивност.
     
    Последна измена: 8 март 2018
    На cresa-jagoda, Oxymoron, blonde_supergirl и 5 други им се допаѓа ова.
  5. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    686
    Одолговлекување би можело да е терминот кој се бара
     
    На blonde_supergirl, Doozy, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. ceca-1

    ceca-1 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    2.083
    Допаѓања:
    5.092
    Јас би го дефинирала ко клиничка депресија или шо ги викаат тие неодговорни личности што не го сфаќаат животот озбилно ама и позади тоа стои некоја ментална бариера на пример инат.:DОва најчесто се среќава кај луѓето што многу се лутат за банални прични да не кажам се дурлат и сакаат да ги молат или не им се сите овци на број. Во секој случај и кај најнеозбилните случаеви постои некоја бариера во мозокот, некое потиснато грдо чуство или незадоволност што да го немало личноста би се развивала т.е. би растела. Ама нешто ти вика СТОП(y)и тука доаѓаат незаинтересираноста да се направи нешто, безволноста односно депресивна состоја со различен инезитет(што помалку толку подобро:sweat:) или што би рекле вие прокрастиација:emo:
     
    На Justicija и Doozy им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.705
    Допаѓања:
    130.502
    Јас би рекла мрза у комбинација со неодговорност.
     
    На crazylady, Justicija, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.867
    Допаѓања:
    35.575
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека се работи за мрза. Треба да направиш нешто, а не сакаш да го направиш,а мораш. И како што се наближува времето, те фаќа нервоза. И на мене ми се случило тоа.
     
    На crazylady, Justicija и Doozy им се допаѓа ова.
  9. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    686
    Едната причина е губење на мотивацијата при самиот процес.
    Причина бр. два е страв од соочување со непосакуваниот исход откога би се завршила работата.
    Трета причина самата обврска е прелесна но досадна, или претешка но неинспиративна за да би се нафатил совладаш.

    Ние сме емотивни битија не сме роботи за автоматски се да извршиме се навреме. Сето тоа е проследено со здрава или нездрава доза на стрес, паника или тотална рамнодушност. Затоа во цут се бизнисите со апчиња за ADHD, за депресија, анксиозност, но и мотиватори за живот, водичи мотиватори во компаниите итн.

    Секоја чест на оние кои знаат да се самомотивираат.

    П.С. Отворете ја темата анксиозност да видите дека не е само мрза и неодговорност во прашање.
     
    На simoncelicius, cresa-jagoda, sonuvana и 8 други им се допаѓа ова.
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Не е мрза - ако е мрза, нема да сакаш ништо да работиш. Ова работиш, само не тоа што треба. Пример, месев леб само за да не ја пополнам уплатницата, што е физички поголема активност од самата уплатница :rofl: и тоа е тој мајндфак што мене ми е многу интересен и ме тера да ја проучувам темава и себеси. (а можда и со самото тоа прокастинирам, одложувам други обврски? ху ем ај ту тел е работава)

    Ако треба да употребам некој негативен збор/карактеристика, тоа би било инает на сам себе - ем знаеш дека кога-тогаш ќе треба да го завршиш, ем пак нешто не ти дава однатре и на крај те фаќа нервоза, како што пишала @SummerGirl Или што би рекол дм, не си се преслушал убаво во главата. :D

    Интересен момент е што ние самите си ги делиме работите на битни и небитни работи за нас. И сега, ако ги завршиш битните, (без разлика што за тебе е битно) се осеќаш убаво, ако не ги завршиш, се осеќаш неубаво. А таа поделба на битни/небитни е многу субјективна, и не секогаш реално објективна.

    Пример, за мене е битно да направам појадок (внимавање на исхрана, јадење здраво, ќе ми помогне во здравств. состојба, бла, бла, бла, шта чеш, хроно секта) и ако не го направам тоа, готово, пропаст, цел ден ми е отиден во аут. А не е важно што јас во меѓувреме можеби сум работела и сум зела пари, јас сепак се осеќам дека не сум го направила тоа битното за мене и се чувствувам многу, многу лошо.

    Гледате каков мајндфак сам на себе е можно човек да си направи? :D

    Секој што гледа реалистично, ќе ти рече - па ете, ти си правела нешто, си зела пари, зошто се чувствуваш лошо? Да, ама тоа што според мене било на врвот на приоритети не сум си го сработила. :) (грижата за сопственото тело)

    Со примериве пробувам да ви го дообјаснам прокрастинирањето, бар тоа како јас го сфаќам. :)

    Е, една работа заборавив да кажам во воведниот пост. :)

    Од прочитаното, а богами и од виденото, има неколку вида на луѓе-одложувачи (прокрастинатори)

    1. Тие што им штетат на другите, како надредениот на @Bridget што цел тим успорува и ја кочи работата за безвезе глупости. Тоа е веќе мислам некоја мнооооооогу лоша форма на пасивна-агресивност, као, ај сега не ми се свиѓа што работам тука, не ми се свиѓа што јас треба да ја направам табелава (пример) и ќе го истурам тоа врз други. Или нешто трето, петто од типот - се карала дома со маж и', па ај сега светот и' е крив за тоа.

    Би рекла дека ова прокрастинирање е штетно за околината, но нималку штетно за тој што го прави - напротив, тој/таа си ужива и си го лади без око да му трепне, чувствува некое внатрешно задоволство заради тоа што гледа како на некој начин, ги „повредува“ другите.

    2. „Невино“ прокрастинирање, нешто како @Lella - Лела не дека е мрзелива, Лела ќе оди на натпревар по физика и Лела можеби и ќе победи на тој натпревар по физика, ама затоа што Лела не сака баш да оди на натпреварот по физика, Лела си води сама на себе инает во подготовките. :D Ова звучи „невино“ меѓутоа и не е баш невино затоа што според мене е најлошо - сам на себеси си штетиш, пасивно-агресивен си спрема самиот себеси. :D (Лела без навреда, и јас се класифицирам овде)

    3. Трет случај, како неколку примери во моја околина - прокрастинирањето им е извор на адреналин, еден вид на забава, натпревар сами со себе. Ако одложувам нешто до максимум, ајде после да видиме за колку брзо можам да го сработам, ајде да видиме дали овојпат рокот ќе ме стигне мене, или јас ќе го стигнам него, итн, итн.

    Инаааааче, да не биде само тупење што, како, зошто, ајде да видиме и некои методи на справување.

    Пример, мене ми помага ако направам табела со битните работи за мене и ако секој ден штиклирам што од тоа сум направила цел ден.

    Има милион гаџетчиња и плагинчиња по Интернет за заклучување на Интернетот, телефонот, и сите други работи што некако одвлекуваат внимание.

    Друга работа, зависи од начинот на тоа како најбрзо примате информации (visual learner, audio learner, kinetic thinker, неам поим на мк ова како би било и ќе треба да гуглам да ги најдам соодветните преводи), да го примените тој метод при работа на тие обврски што не ги сакате. :)

    А и пинг до @LivingGlam и @crimson во темава, мислам дека и тие дебатираа некна, но не се сеќавам баш кого друг прочитав. :)

    Едит - еве ја ливинг. :D
     
    На cresa-jagoda, SV1911, kikkki и 15 други им се допаѓа ова.
  11. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.417
    Мoјoт живoт вo еден збoр.
    Не би се слoжил декa е мрзa, неoдгoвoрнoст зaвиси вo кoј случaј. Меѓутoa мoјaтa прокрастинација никoгaш не влијaелa нa другите oкoлу мене. Би се слoжил декa мoже дa е пoрaди лoшoтo рaспoлoжение, aнксиoзнoст, депресијa...
    Некoгaш се случувa дa зaнемaрaм некoи ситни детaли кoи пoтoa знaaт мнoгу дa ме изнервирaaт.
     
    На simoncelicius, cresa-jagoda, SV1911 и 9 други им се допаѓа ова.
  12. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.177
    Допаѓања:
    56.667
    Пол:
    Женски
    Не е мрза. Има малку подлабок корен. Кај мене, на пример, напаѓа кога сум премногу приврзана за нешто. Некој проект што има огромна важност ми е overwhelming (ај и на ова превод, молам). Беше премногу лично и самата помисла на крајната презентација ми предизвикуваше анксиозност. Мислев дека ако ја одлагам работата, ќе го одложам и тој момент. :D Кога требаше да работам на тоа, јас се фокусирав на мојата редовна работа. Барав повеќе задачи, работев повеќе од секогаш. И напредував. А тоа важното... избегнував да мислам на тоа. На крај се натерав и пак го направив добро, но со огромно чувство на паника и вина затоа што рокот опасно наближуваше.
    Интересно е што цело време бев свесна за одговорноста и буквално не спиев навечер од мисли за тоа, а сепак немав сила да почнам.

    Ова е многу, многу добро објаснување, гледајте го цело. :D


    Особено ми се допадна крајниот дел - сите сме прокрастинатори на еден или друг начин. Има нешта што не доаѓаат со рок. Личен развој, на пример. Немаш рок што го активира чувството на паника, кое пак е клучно за да потегне акција. Ако размислиме, сите ќе се сетиме на некоја таква лична цел за која "не сме успеале да најдеме време". Време има за се', ама доследност малку потешко.
     
    На simoncelicius, cresa-jagoda, SV1911 и 15 други им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.672
    Пол:
    Женски
    Мене ова не ми личи на мрза колку што ми личи на одложување. И секогаш го правам. Дури и да имам одреден рок да завршам некоја работа, ако не ми е по волја таа, правам нешто друго што го гледам како позанимливо. Но морам да признаам дека, всушност, подобро е да се завршат обврските навремено отколку да ни висат на глава. Барем јас послободно и поубаво некако се чувствувам тогаш.
    Темава ме мотивира уште денес да ги завршам сите заостанати работи и да престанам да ги одложувам своите задачи. :lol:
     
    На cresa-jagoda, blonde_supergirl, shz и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. faye

    faye Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    686
    Overwhelming = преоптоварувачки @LivingGlam
     
    На cresa-jagoda и LivingGlam им се допаѓа ова.
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.177
    Допаѓања:
    56.667
    Пол:
    Женски
    Хммм, ова ми доаѓа ко преоптоварен со обвски, во смисла - многу на број или една преголема. Не ми е соодветен превод на она што јас го подразбирам под изразот. Го разбирам ко пресилна емоција со која не знаеш како да се справиш. Пример, и нечиј изглед и влијание врз тебе може да бидат overwhelming, а не значи дека те преоптоварува.
     
    На simoncelicius, cresa-jagoda, SV1911 и 6 други им се допаѓа ова.
  16. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.927
    @LivingGlam баш тоа. Од што сакам нешто да биде совршено, не го ни почнувам до последниот момент. Не го вадам од глава, мислам на него, не спијам од него, но не го ни почнувам.
    Друга ситуација е кога знам дека нешто е екстремно досадно. Тогаш правам работи кои воопшто не ми се интересни, само да не мора да го правам тоа.
    ЗаЗа сре, се свестувам и правам некоја магија, па ги изненадувам сите на крај.
    Често си мислам колку поефективна би била кога би работела со цел потенцијал... Или само мечтаам :?:
     
    На Dust, simoncelicius, Oxymoron и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.973
    Еј, Тим Урбан како можев да го заборавам, идол ми е. :rofl: Уствари, го откопав додека гуглав чаре за проблемов.

    На неговиот блог, waitbutwhy.com има оооооооодлични текстови за прокрастинацијата, кој сака, може да си прочита, а и ако гуглате за прокрастинација има интересни работи. Ако сакате да читате за вештачка интел. И Елон Маск, исто читајте кај него.:)

    Патем, типот има успешна фирма и работел како коњ 10 и кусур години, ама е страшен прокрастинатор, еве на пример сега, мислам 6, 7 месеци нема текст објавено на блогот. Зошто? Биказ је прокрастинатор и си одложува нешто за кое што нема конкретен рок. (Слоганот им е - new post every sometimes, а претходно им бил секој понедел. и четврток)

    Патем, ми се допадна на @faye мислењето и да, од целиов емоционален ролеркостер на 21 век, луѓе печалат едно купче пари. :)
     
    На cresa-jagoda, SV1911, kikkki и 6 други им се допаѓа ова.
  18. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    3.995
    Допаѓања:
    51.776
    Пол:
    Женски
    Невино е, додека најлошото нешто што може да ти се случи е лоша оцена која можеш да ја поправиш.
    Неодговорно е ако го правиш на работа, и особено ако луѓе зависат од тебе.
     
    На cresa-jagoda, kikkki, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  19. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.842
    Допаѓања:
    19.528
    Пол:
    Женски
    Е ова сум јас .... Во животот ке постигнев многу да бев бар малце одговорна личност ..... Дури и дејтови сум одлагала иако дечкото ми се свига .... Некогаш не одев ни на испит иако сум ја научила книгата тата-мата и сл. Искрено ни јас не можам некогаш да се сватам камоли други да ме разберат , но не знаев дека има содветен збор за мојата "болест" :)
    Прокрастинација :rofl:
    Сега ми е полесно :whew:
     
    На cresa-jagoda и Doozy им се допаѓа ова.
  20. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.099
    Допаѓања:
    163.518
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    :D Ај што „урлам“ пред екран на јак хумор и сарказам, па и прокрастинирам... Ќе си го расипам впечатокот кај @Bender Rodriguez, I guess... :sweat: :lol:
    Шала настрана, мислам дека се случува секому понекогаш, и на најодговорните личности, па дури и воркохолици. Се согласувам дека мрзата и неодговорноста само можат (а и не мора) да бидат дел од причините за ова, додека во целина има нешто повеќе зад тоа, па таман е за во психологија и океј си е за така постручен термин. :D
    Други посуштински фактори се типот на задачата и она во неа што ни предизвикува или одбивност, или пак стрес и анксиозност – па посебно кога е понуден подолг рок, се залажуваме со тоа дека имаме време и ја одложуваме.
    Во она со продуктивноста под стрес при крај на рокот – и јас се пронаоѓам, но не како предизвик бидејќи додека сѐ уште не е помината задачата не ја чувствувам баш продуктивноста под чувството на стрес, туку отпосле тоа си го заклучувам. :D
    Секако, можат да влијае многу и општото расположение (апатија, меланхолија, во крајна мера депресивен период), како и поинтересни работи (хобија) околу нас што нѐ исполнуваат и привлекуваат за разлика од обврските.
     
    На simoncelicius, cresa-jagoda, SV1911 и 9 други им се допаѓа ова.