Би сакала да ги прашам трудниците ( и вие што сте биле трудни ) дали сте користеле некаква крема за брадавиците во тек на бременоста? Јас планирам да почнам да користам , но незнам која бидејки ми е страв ако не ги негувам сега со нешто да не ми се појават потоа проблеми па да неможам да дојам Може ли некој совет да ми дадете? А сакам да прашам и уште нешто , дали на брадавиците т.е. пупките сте забележале нешто како жолто? Јас при бањање , тоа го чепкам и го вадам Дали можеби почнува да се појавува првото млеко? Поззз
Можеш да ги мачкаш со витаминска крема, бадемово масло, или било што друго, помрсничко така. На пример, ако користиш витаминска маст со АД капки, од неа можеш да се мачкаш. Јас користам бадемово масло. Најдобро е да ги намачкаш, да ставиш на памукче или тупферче малку од кремот, да ги ставиш на брадавиците, и така да ги носиш, за да не ти се тријат од градникот. Убаво е да ти бидат меки, затоа што кога ќе почнеш со доење, а може и порано, да почнат да ти се разрануваат брадавиците, па дури и да ти крвават. А вака, меки ќе ти бидат и може нема да пукаат толку. Од превентива нема штета. Кога ќе почнеш да доиш, може да те болат многу. Не знам дали носиш или не носиш градник, ама внимавај, ако носиш, да не те притиска многу. А тоа жолтото - остатоци од исцедок се, фактички тоа е колострумот, и е сосема нормално. Обично се јавува таков исцедок кај некои бремени жени некаде околу 24-25 недела, и трае до крај, некогаш е поизразено, некогаш го има помалку. Со тоа фактички градите се спремаат за доењето.
Јас кога бев бремена со Сара си го мачкав цело тело па и градите со обично млеко за тело. Е,кога почнав да ја дојам имаше во Chicco специјална крема за брадавици којашто ми помогна ептен, не ми испукаа воопшто. Мислам дека веќе не ја произведуваат, но во рција кадешто си можеш да побараш нешто слично.
Јас еве уште сега покрај млекото за тело, почнав да го користам и бекутан маслото за бебиња мислам дека е дооооооволно мрсно, па се надевам ниту на градите ќе ми се појават стрии, ниту пак пупките ќе испукаат.
Леле жени јас немам проблем со брадавиците, ама градите од долната страна ми се целите со црвени линии,дали се тоа стрии што ми се зголемија сега во бременоста???
Ништо чудно. Мене пак скроз под градите, каде што се потам , ми се иритира местото и ме чеша. Инаку јас употребувам павлодерм.
И мене многу ме чеша кога го соблекувам градникот,почнав да ги мачкам со млекото што го мачкам на стомакот.
Да цирибирибела, морам да те разочарам тоа се стрии.Јас имав мали гради и кога забременив од 75 носев 100 прслук, градите ми испукаа со стрии ,беа црвени во текот на целото доење, а сега се бели, ама се уште се познаваат.Инаку целата бременост се мачкав со павловичева и за срека барем стомакот не ми испука.Мислам дека брадавиците ги мачкав со кантарион ама домашно произведен од баба ми, а не од аптека.Истиот го користев и за раната после породувањето.
Бремена сум во 25 недела и имам вовлечени брадавици,ве молам кој имал искуство со ова проблематика да ми даде некој совет оти знам дека ке имам проблеми со доењето.
После дилемата дали се стрии или капилари,др ми рече на жалост стрии се јас си купив еуцерин уље и се мачкам по 5 пати на ден сите маици ги измастив ама почнаа да побелубаат не се црвени веке , мислам дека оние што имаат помали гради имаат повеке склоност да им се појават бидејки кожата нагло се шири. Најтрагично е што цел живот посакував поглеми гради сега кога се зголемија и стрии се појавија си ги барам малите јаболчиња
Imam mnogu bolki vo gradite, a sum na pocetok na bremost vo 8 nedela. Normalno li e, i nokeska ne mozam da spijam koga lezaam na niv.
да на почетокот,и на спиенје сметат,ама после 2-3 месец ке мислеш на мешето,а градите не болат повеке,поминуваат сите симптоми.поспаност,болки ...
Подготовка на градите за доење По други форуми има доста читано за подготовката на градите за доење. Некои велат читале,некои мајките/свекрвите има кажувале,трети матичните лекари им кажувале-тоа малку и ме зачуди знаејќи како некои работи функционираат во нашето здравство. Па феминки-идни и сегашни мамички,значи дали и каква припрема за доење практикувавте, во текот на бременоста? Од кога почнавте да ги припремате градите?
Подготовка на градите за доење Можам само да го споделам моето искуство.Кога останав бремена со двете деца,на секое туширање ги извлекував пупките.Ова особено се однесува за оние кои имаат помали.Ги масирав си павловичева целите гради и обавезно втријував маслени капки АД.И немав никакви проблеми со доењето.Додека другарка ми знам дека умираше од болки.Градите дури и крв и пуштија од јачината на надојденото млеко.
Подготовка на градите за доење Јас пред да се породам , ја прашував докторката што да правам во врска со градите , како да се припремам за доењето и др , но ми рече никако да не ги масирам пупките од брадавиците бидејки при масирањето се ослободува повеке окситоцин и предизвикува предвремено породување , и ја послушав , ништо не правев , потоа кога се породив користев крема за брадавиците ,за да не ми се разранат
Подготовка на градите за доење Е да имаше кој да ме посоветува со време ,за градите и доењето немаше да си тргам маки сега. Значи масажа обавезно последните недели со млаз од туш со потопла вода по 2 мин за циркулација потоа со уље са се измасираат и брадавиците да се извлекуваат ,да се пие чај за доилки последните недели по пола литро на ден од тој на билна аптека или по една чашка од Хип или Хумана. Откако ке се породите одма бебето на града и упорно доење за тие со царски потешко им доага млеко и чајот да го пијат и на болница ако надојде млеко а несмеете да го доите бебето одма да се одмолзувате рачно или со пунпица,ако градите се стврднат со сета сила обидувајте се да гу разбиете грудките со масажа и со ставање на топли облоги на нив ,ова јас го доживеав потешко и од пораѓај толку големи болки беа тоа додека градите омекнаа .
Знам читав некаде низ темите ама сега не можам да најдам, со што требаше да се мачкаат брадавиците пред породување, и колку време претходно - еден или два месеца, не знам точно?
Брадавиците се мачкаат со Mum care , маст на база на ланолин, се користи доколку брадавиците испукаат, крварат... Јас незнам зошто би се мачкале неколку месеци однапред, кога може и да не дојде до рагради. Ете мене само едната града ми ја направи лом, зошто ми заспа на неа, уште во болница, додека упорно и давав да цица за да ми дојде млеко, додека другара града воопшто нема гајле. Инаку мене овие масти и креми не ми помогнаа воопшто, имам во друга тема пишано, дека кога минатата недела ми течеше крв од градата, среќа ставив маст(крем) од бозел, која ја прави свекрва ми, после 4то ставање, брадавицата ми беше како нова, додека од кремите со ланолин никакво подобрување немав.
мене не ми се големи,ама онака ми подпораснаа овие месеци и понекогаш ме чешаат.после секое бањање почнав да се мачкам со павловичева и сега немам никаков проблем