1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на иднината..

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од ThePich, 12 март 2014.

  1. ThePich

    ThePich Нов член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2013
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дали верувате дека некој може да ја смени иднината и да ги направи некој работи по ваша желба, онака како што сакате да бидат? :^)
     
  2. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.753
    Ако некој може да ја промени нашата иднина тоа сме токму ние. Со нашите верувања и желба да ја промениме можеме, Од нас зависи
     
    На Tanjamm, angelche16 и Adina им се допаѓа ова.
  3. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.314
    Пол:
    Женски
    Да иднината можеме ама судбината не можеме!!!
     
    На biGirl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.498
    Допаѓања:
    78.428
    Пол:
    Женски
    Не постои судбина.
    А иднината не може да се смени туку да се создаде. Секој си го креира сам сопствениот живот спрема своите постапки. Да се смени минатото не може, ама иднината затоа ја имаме, да ја обликуваме како ни е волја.
     
    На angelche16 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.750
    Допаѓања:
    80.145
    Како со сопствените постапки допринела мајката да го загуби најмилото?
    Како со сопствените постапки направило детенце да биде оставено во Дом без родители?
    Како со сопствените постапки придонела мајка да нема рожба?
     
    На Tanjamm и MilaP им се допаѓа ова.
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.498
    Допаѓања:
    78.428
    Пол:
    Женски
    Се е награда и казна.
     
  7. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.750
    Допаѓања:
    80.145
    Уште да ми објасниш што згрешило дете за да биде оставено во Дом без родители?
    Што згрешилло дете за да се роди со хендикеп?
    Казна за?
     
    На MilaP и okcenzi им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.498
    Допаѓања:
    78.428
    Пол:
    Женски
    Некогаш други плаќаат за грешките на нивните најблиски. Не сум јас Бог но ги знам неговите принципи спрема кои функционираат нештата.
     
    На biGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ordinary

    Ordinary Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.750
    Допаѓања:
    80.145
    Значи од старт им е предодреден ПАТОТ кој ќе го врват
    Што е ова,ако не СУДБИНА?
     
    На Tanjamm, okcenzi и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  10. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.857
    Допаѓања:
    25.232
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ништо неможеме да смениме , се е онака како Бог ќе каже . Никој до сега не отпатувл во иднината за да знае како ќе постапи во одредена ситуација , па кога ќе дојде време да ја смени реакцијата на истата ситуација . А за судбина , незнам , верувам дека постои ..
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Иднината како таква не е запишана некаде или веќе определена; не можеме да ја смениме, затоа што таа не ни постои за да може да се смени.

    Зборовите како „судбина“ и „карма“ се токму тоа - зборови - позади кои луѓето се кријат. Зборот „судбина“ го користат за да ги оправдаат сопствените неуспеси (демек, не зависи од мене, судбина е у прашање), а зборот „карма“ за да си дадат надеж и утеха дека доброто дело навистина се враќа со добрина, а за секое лошо постои некаква казна, односно - дека на светов постои некаква универзална правда.

    Секој човек ја создава својата иднина, иако не секогаш се во животот зависи од нас самите. На нас е да го земеме тоа што животот ни го нуди и да го искористиме на најдобар можен начин. Не секогаш е фер, не секогаш е праведно, но тоа не треба да не спречи да се потрудиме да си ја изградиме најдобрата можна иднина - со она што го имаме на располагање.

    Верувањето во предодредена иднина, судбина, пишанка и сл. е само одбранбен механизам за луѓето кои не сакаат да преземат одговорност врз сопствените животи.
     
    На biGirl, purple..m, eloves и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.498
    Допаѓања:
    78.428
    Пол:
    Женски
    Судбина има во исламот. Размислувај што е и како е.
     
  13. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.672
    Допаѓања:
    12.170
    Јас верувам дека има судбина. Како што пишаа погоре, ако една жена не може да роди дете, што е тоа ако не судбина? Ако некој се разболи и умре млад, што е тоа ако не судбина? Ние мора да се трудиме за подобро, ама секогаш не испаѓа по план.
     
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Работиве за кои ти збориш се случајност, а не судбина. Односно, ако сите работи за кои немаме директна контрола и влијание во животот ти ги нарекуваш судбина, океј. Ама, уствари не е.

    „Судбина“ подразбира дека тоа е некаде запишано, предодредено, неменливо. И уште поважно - дека сето тоа е со причина. Што би значело дека жената што не може да има деца на некој начин го заслужила тоа или дека младиот што умрел од болест е некако самиот одговорен за тоа.

    Како да не и е доволна маката на жената што не може да има деца, па уште со „судбинава“ и се наметнува и грижа на совест, дека можеби таа со своите постапки самата си ја предизвикала несреќата во животот. (facepalm)
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.672
    Допаѓања:
    12.170
    Не баш. Лошите работи многу брзо доаѓаат и како можеш да ги предизвикаш? Ако ме сретне некоја психопат на улица и ме убие без причина, тогаш за мене тоа е судбина, едноставно така морало да се случи и од тоа нема бегање. Јас сум убедена дека постои судбина и дека некои работи се предодредени.
     
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.779
    Пол:
    Машки
    Малце си ги измешала поимиве.

    Ако те убие без причина, тоа се вика случајност или несреќен случај, а не судбина - ниту било предодредено, ниту запишано - едноставно, се случило, баш како што викаш ти без причина.

    Судбината пак, освен предодреденост, подразбира и некоја повисока цел или смисла - што би значело дека ако те убие некој психопат на улица, дека ти тоа на некој начин си го предизвикала или заслужила - е, тоа е судбина.
     
    На eloves, Someonespecial и annii им се допаѓа ова.
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.191
    Пол:
    Женски
    :^)
    Ти самата/самиот што се однесува до твојата иднина, ние за нашите ќе си гледаме.