1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Промена на формата на стомакот

Дискусија во 'Бременост' започната од bluberry, 5 јуни 2013.

  1. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.113
    Допаѓања:
    345
    Не знаев како да ја крстам темава,па мислам дека овој е соодветен наслов.
    Значи се работи за тоа да во текот на денот ми се менува формата на стомакот по неколку пати.Некогаш папокот ми е испакнат,нкогаш вдлабнат.Едната страна на стомакот ми е многу поголема од другата ,а некогаш обратната.Нормално ли е ова и колку черсто ви се случува?
     
  2. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.435
    Допаѓања:
    201.011
    Пол:
    Женски
    Нормално е стомакот да се менува како што се движи бебето. Не знам која недела си, ама како расте малото, движењата се повидливи и така се менува и формата на стомакот. Инаку, за ова можеше да пишуваш во темата „Стомакот во бременоста“ (барем мислам дека така беше насловот) :)
     
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    Кога ги заприметивте првите промени, мислам на позатегнат стомак, малце можеби пораснат и сл?
     
  4. Beautiful-Princess

    Beautiful-Princess Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2012
    Пораки:
    755
    Допаѓања:
    373
    Пол:
    Женски
    Јас ги преметив некаде во 13-14 недела. До тогаш стомакот ми беше даска и кога одеднаш гледам рипнал малце. :lol:
     
  5. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.013
    Пол:
    Женски
    ^затоа и прашувам зошто јас сум 13+5...си велам дали моја пуста желба или навистина стомаков ми е позатегнат,и како малце нешто минимално поголем ептен минимално (и тоа по едно фустанче приметувам,дека има појас под градите....а порано не ме стегал)
     
  6. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Мене дури во 290та недела почна малце да ми се познава мешето, и до крај не ми порасна незнам колку, во 9-ти месец мене ми беше како на други жени во 5-ти/6-ти месец. Но не се поправив ич, а на крај од тоа меше излезе бебе скоро 4 кила. И сфатив дека големината на стомакот немала врска со големината на бебето.

    А за обликот се менува по 100 во текот на денот. А од 8-ми месец веќе нема облик туку постојано бранување, испакнување, мрдање кое го забележуваат и други луѓе околу вас :$ . Многу убаво чувство.
     
  7. SkarletOHara

    SkarletOHara Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    1.227
    Допаѓања:
    2.885
    Некако од кога ми така подпорасна, ми се наду стомакот ама од горе, значи веднаш од под градите почнува до доле, не знам немам приметено на некоја трудница така, некој ми вели дека високо го носам најверојатно?
     
  8. silk

    silk Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    892
    Допаѓања:
    778
    Пол:
    Женски
    Да,сигурно високо го носиш, уствари оно до 28-ма недела си се крева.После па како ќе расне ќе ти се чини дека до бели дробови ти е :lol: Мене цела дијафрагма ме болеше...И на други трудници им е така ама дека на себе гледаш па затоа така ти се чини.

    Oфф.. погоре имам напишано дека од 290 недела ми се познавало мешето :D . Грешка - од 20 - та недела
     
  9. Vetruska

    Vetruska Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2013
    Пораки:
    791
    Допаѓања:
    493
    Пол:
    Женски
    Јас некогаш кога ќе легнам на грб, приметувам ептен разлика од едната до другата страна на стомакот. Едната (обично десната страна) ми се прави како гооолемо топче. Све си мислам ете го бебуфчето со газето таму :D Се исплашив пред некој ден дека беше премногу големо топчето па си викам да не нема доволно плодова вода, од кај да го знам, дека го пипнав ептен тврдо беше. Ама после 2 минутки си се размрда и си се намести душичето, па ми олесни :D
     
  10. nevesta

    nevesta Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2010
    Пораки:
    286
    Допаѓања:
    110
    и мене така, ќе ми се испрчи топката од едната страна, а од другата внатрешно во ребра со ноџето ќе се оптегне- е тоа ми е најболното нејзино мрдање :worried:
     
  11. TSS

    TSS Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 април 2013
    Пораки:
    433
    Допаѓања:
    396
    Дневно менува стотици форми :lol: Де на лева де на десна страна.Претежно повеќе седи на десна страна а на левата страна си мрда со ногичињата.Најинтересно ми е кога ќе го испапчи газето...мислиш џунка имам на стомакот :D
     
  12. Daci07

    Daci07 Активен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2013
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    21
    Лелеее стварно и јас на почетокот бев ептен зачудена одеднаш од слаб и рамен стомак наеднач мешенце испакнато хехехехе и од период на период формата се менува де раширено де нанапред кога како зависи од периодот.....како и да е прекрасно е чувството да имаш мешенце..... :$
     
  13. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    28.436
    Мене формата на стомакот не ми се менува, можеби е уште рано (24н), ама мешето ми е истакнато во долниот дел. Досега докторите не ми рекле дека го носам ниско, иако го чувствувам дека е скроз долу. Дури и кога клоца секогаш клоца надолу (многу непријатно чувство) мислам со ногата ќе ми излезе :worried: Можеби ова не е соодветна тема, sorry...