Да ги наброиме вашите топ 3 (или повеќе) промени (без разлика колку навидум се мали) кои допринеле до побрзо и подобро слабењее. Да почнам - Верувале или не - Божиќни, неделни (среда и петок) и велигенски постови. Ептен ми е убаво кога постам бидејќи тие периоди, особено за нова год секогаш има премнг храна и е најмрсна. Порано обавезно се дебелеев ептен тие периоди. (на велг. мнг родендени) - Кога го оставив лебот и сите можни пецива - Кога престанав да јадам после 20 часот
1. Peshacenje - totalno overrated ama pre efikasno po 10.000 cekori sekoj den 2. Da ne veceram 3. Koga jadam, jadam ubavo ( koga sum najadena pomalce ke grickam) 4. Pri raka imam sekogash pukanki ili jatki
Најмногу ми помогна информирање околу храната, нутритивни вредности, калории, комбинации. Џабе идев во теретана сè додека сериозно не си ја средив исхраната. Во главниот дел од процесот најмногу ми помогна броење на калориите, тоа е најефикасен начин да останеш доследен и да пратиш процес. Намалување на јаглехидрати. Многу зеленчук. Процесирана храна сведена на минимум. Нема правење отстапки во процес на слабеење, стриктна дисциплина. Точак. Ни едно друго вежбање не ми помогна во слабеење (и потоа одржување на килажа) како точакот. Сегде одев со точак и барем 2-3 пати во неделата возев по 17-18 км една тура. Додади на тоа пешачење. Едно лето бев и многу into скокање со јаже. Имав и сет со тегови, често вежбав и дома. Ама дефинитивно точакот ми помогна најмногу.
4 помали оброци во денот ( ова мислам најважната промена ми е) Пиење барем литар вода дневно Намален внес на благо и сокови И било која промена да решиш да ја направиш, ја правиш постепено, а не да станеш сабајле и да си кажеш од денеска не јадам ич благо, а до вчера си јадел по секој оброк. Бираш на пример вода да пиеш повеќе, ако си пиел 4 чаши сок дневно, едната ја менуваш со вода, па натака постепено ја зголемуваш водата, а намалуваш сок.
Фастинг. О, волшебство. Почнав со OMAD one meal a day, завршив со alternate day fasting. Многу ми беше убаво, а резултатите неверојатни во секој поглед. После останав бремена, па се канам пак после долго време, првата недела ми е само тешка.
Физичка активност дефинитивно и секако калориски дефицит, ништо без тоа. Не праев нешто посебно, пример да се придржувам до одредено време, тогаш да јадам или до 20 или 21 часот, си јадев и до покасно. Не игра којзнае каква улога временскиот период кога јадеш ако пазиш на калорискиот внес. Леб, благо или јаглехидрати на минимум сведени и согорување повеќе калории со самото тоа во комбинација со тренинг. Коа ќе ги тргнам овие работи одма приметувам разлика обемно. Така да, да може да не се претерува со јаглехидратите но не и да се исклучат скроз.
Најголеми резултати? Јадење 1000 калории дневно + прекумерно вежбање за тие калории. Не препорачувам. Најдобри (најздрави, најиздржливи): 1. Балансирани оброци со ЈХ, протеини и масти. Спречуваат голем скок на шеќерот во крвта. Сита сум = имам помалце потреба да јадам благо. 2. Физичка активност. Кај мене функционира low intensity - тренинг со тегови, пешачење, орбитрек умерена брзина. 3. Конзистентност. Јас сум во оваа фаза, се обидувам да бидам конзистентна. Не значи совршена, но конзистентна. Битно е што правиш повеќето од времето.
Одлична тема! Конечно со конкретни примери. Јас варирам со тежина некои 10-тина години, и еве што ми помогнало да ослабам (да напоменам, не е се здраво): - диета: не јадев ништо до ручек, само кафе и вода, за ручек јадев тоа што имаше дома и не пребирав, за вечера нешто ептен лесно, кисело млеко со овес, овошна салата или сл. Кога беше добро времето, трчав по 5 км (не секој ден), и со ова ослабев 20 кг за период од 1 година. Константно бев гладен, особено навечер, ама успешно трпев и после некои 2-3 месеци веќе ми се навикна желудникот. - желудочни проблеми поради погрешно препишани таблети. Ослабев 10 кг. за 3 месеци. Секој ден јадев исто, овес, чај, ориз, двопек, овошје и зеленчук ама не секои, на пр. домат многу ми сметаше. (Ова е познато и како анти-гастритис диета) - комбинација од планинарење до средно Водно секој втор ден во период од 3 месеци, притоа само намалив благо а останато све јадев - намалив 4 кг за тие 3 месеци. Од останато што сум пробал и не ми успеало: - fasting, fail. - вежбање со тренер, fail. - диетата на Ирина од Струмица и Др. Митов - fail. - избегнување вечера, fail. - антиинфламаторна диета, fail. - исфрлање и леб и благо истовремено, fail. Барем лебот мора да го имам.
Ќе ги напишам оние промени што најлесно сум ги направила, кои не ми смениле многу во секојдневието, а ми помогнале онака лагано, неосетно да симнам некое килце. - утринско брзо пешачење (не мора да бидат 10км ама да биде барем 5 пати во неделата, барем 30-40мин, на пример пешки до работа) - лесна вечера до 18-19h, порано легнување во кревет (и тука го немаш шушкањето во кујна како глувче во сред ноќ, плус здравиот сон е многу важен) - исфрлање на млечни производи (не исфрлам се, пример јогурт си ставам во овесни ама пијам кафе без млеко) - секогаш при рака јатки, пуканки, галети - следниот оброк ми е секогаш спремен однапред и кога ми се јаде одма седнувам. Ако изгладнам не правам нешто здраво туку најбрзо ми е тост затоа секогаш оброците испланирани ден унапред, намирниците купени и додека се спрема едниот оброк, го правиш и следниот. Кога ваквиот начин преминува во навика веќе од прилика знаеш што јадеш, па пазарењето може да биде и 1-2 пати месечно. Ако ми текне уште нешто ќе допишам.
1) Организирање на време и состав на оброци наместо што ми текне во моментот 2) Постојана активност. Значи не само 1 саат вежбање и останатото време лежење туку пешачење, користење скали, планинарење секогаш кога можам 3) Пазење и намалување на "скриени" калории. Оние што се во сосови, пијалоци, грицки што често ги сметаме за небитни а додаваат доста.
1) jadenje cisto proteinska hrana bez jaglenohidrati 2) cardio 3) klenbuterol (suplement strasno pomaga)
1. Вируси 2. Повеќе оброци, но помали 3. Внесување на многу зеленчук и овошје 4. Консумирање на манџи, избегнување на брза храна, бурек, се што можи да се најди во пекара 5. Грицки, сокови сведување на минимум Ова ми помогна да ослабам над 10кг и веќе 10 години си ја држам истата килажа