1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Простување

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 11 септември 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Дали лесно може да простите некому ако направил грешка, ве изневерил, ве повредил?
    Мислите ли дека животот е мошне краток да го поминеме во лутење со некои личности?
    Што никогаш никому не би простиле?
     
  2. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.223
    Пак ќе бидам прва! :)
    Не би простила неверство во никој случај!!!
    Би простила лага, ако не е многу сериозна, би простила и намерна грешка исто така, ако не е сериозна!
    Знам да простувам, знам и да се лутам, но брзо ми поминува...
    Знам само дека во животов имам линост што многу ја сакам, ме подржува за се во животов и ми помага да успеам... Тоа се разбира, не е дечко ми! Но таа личност ме води кон успех, ми влева надеж, ме прави бескрајно среќна кога е тука, кога е покрај мене секогаш сум насмеана... Ехххх... Него се би му простила! И да скршни од вистинскиот пат, и да не дојде да го видам 2-3 години, и да ме извиси за што и да е! Ако искрено се покае, јас се ќе му простам, затоа што безрезервно ми дава подршка во животов!
    Вистина е кога велат “крвта не е вода“ Оваа моја роднинска, а повеќе пријателска врска со него, ме прави подобра личност!
    Простувањето е доблест на секој човек!
     
    На Kumanovkaa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Понекогаш ми е многу тешко да простам.
    Не понекогаш скоро секогаш.
    Го мразам тој збор извини,за мене нема никакво значење,не ми менува ништо тој збор,и затоа ретко го кажувам,а и затоа се трудам на луѓето да не им грешам за да не ми кажуваат,затоа што нема да биде прифатено.
    Не се лутам толку лесно,треба да има добра причина за да прекинам контакт со некоја моја драга личност. Само еднаш ми се има случено за прекинам и другарство и пријателство,заради нејзина грешка...И за тоа воопшто не се каам,затоа што кога малку ќе се одделите од луѓето,кога ќе ги погледнете од страна,ќе видите кои му се недостатоците,а кои добрите страни. Многу ми е мило што го прекинав тоа пријателство...
    Што никогаш не би простила?
    Изневерување од моја драга личност,не мора да е дечко,туку другар,другарка,пријател..Тоа не би можела.Порано велев дека нема да простам и неверство,но затоа што станувам веќе втор пат дел од тоа неверство,не би ме чудело сето тоа еден ден да ми се врати.
    Да,од Господ е дадено греши,но и простувај.... Но има работи и ситуации кои не се забораваат,кои ве прогонуваат и кои никако не можете да ги простите....
    Убава тема,во секој случај Unfaithfull... :clap:
     
  4. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    394
    Зависи за што се работи.Секако дека простувам,иако искрено некогаш ми е тешко да си ја погазам гордоста.Кога знам дека не сум била во право и сум погрешила барам прошка и извинување.Но и кога мене ме повредиле се трудам да простам,а тоа зависи од грешката.Неверство тешко дека би простила....не би сакала да се најдам во таква ситуација.
     
  5. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    Неверство би било крај за врската, прошка во смисла на немање омраза и едно обично здраво и како си или помош за недајбоже да, ама за продолжување во врска НЕ. :fubar: За друго би простила. И јас сум грешела и ми простувале. Тешко е додека подадеш рака и работите никогаш не се исти ко пред грешката, барем не кај мене. Но потоа се чувствуаш некако поубаво. :) Најтешко ми беше да простам дома, најмногу боли кога раната е од таму, но сепак мислам дека сме премногу кратко овде да живееме со огорченост :*
     
  6. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    333
    Пол:
    Женски
    Простувам толку лесно,а заборавам никогаш!ќе простам а потоа полека но сигурно возвраќам цел тој бес неисфрлен на време бидејќи сум простила нели,го исфрлам спрема личноста што ми згрешила на мн др начини .....по долго време кога грешката е минато веќе но се врежала во мене и ја памтам болката што ми ја предизвикала...да,злопамтило сум!
     
    На cupcake27a и anab им се допаѓа ова.
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    јас ке бидам кратка .... знам да простам се .... човечки е да се прости...додека не е ептен претерано ... но сепак не заборавам многу лесно...и гледам да не згрешам а ако згрешам не ми е тешко искрено и од срце да кажам извини ... :)

    и офф топик анфејтфул :clap: :clap: :clap: за темиве што ги отвараш . :*
     
  8. Cvekjence

    Cvekjence Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    201
    Еднаш простив неверство од човек што навистина сум го сакала и ценела и никогаш повеќе нема така да се зае*бам :makeup:
     
    На Miss-Perfect му/ѝ се допаѓа ова.
  9. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    најголемата моја мана - простувањето |(

    10000 пати сум била повредена од сите околу мене, и на крај што? ништооо.... бројчето простило, ама не заборавило :!:
     
    На anab му/ѝ се допаѓа ова.
  10. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Зависи колку сум повредена. Зависи и до ситуација, што и како. Тешко простувам, незнам таква сум. И да простам нешто ок , ама тешко заборавам
     
  11. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    Зависи за што се работи би простила да, но никогаш не би заборавила.Нема да му вратам на тој што ме повредил но тоа што го направил не го заборавам.
     
  12. LovelyGirl

    LovelyGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2010
    Пораки:
    1.551
    Допаѓања:
    291
    Пол:
    Женски
    Простувам..Знам да простам но не и да заборавам...Се е до ситуацијата каква е..јас можеби ке кумуницирам со таа личност но со претпазливост...во скоро време и простив на една „другарка“ поради една лага која траеше долго време и ме повреди со тоа..и кажав во лице..дека и е просетено..но одкако се случи тоа јас и се немам доверено за нешто важно..и многу ретко се обраќам..едноставно кажано ретко кумуницирам со неа, ја избегнувам..и и дадов до знаење во иднина да не и се случува тоа.. :!: Така им е кога се меша дека не треба... |(
     
  13. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Знам да простувам барам ида ми простат оти ми се случува да избрзам да не размислам за некоја постапка па се каам и молам да ми простат.имав една случка со две другарки озборувањата ме болеја многу ама се и им простив не им реков ништо се потрудив се брзо да заборавам.Општо многу им допуштам на лугето ама си викам ај од мене нека мине.не сум злопамтило никогаш не им вракам со лошо на тие што ме повредиле бргу ми мине лутинатана а и јас барам од тие што се ми блиски да не ми замеруват и да ми попуштат,простат.
     
  14. Harlow

    Harlow Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    319
    Допаѓања:
    105
    Само оние слабите не можат да простуваат. Простувањето е одлика на силните личности.
    Да простам некому значи да прејдам преку работите кои ми ги направиле и да продолжам со својот живот, инаку раните нема да зараснат. Тоа е единствениот начин.
    Нема иднина во минатото. Нема никогаш да живеам како што сакам, доколку сум "заглавена" во минатото. Простувањето ми помага да продолжам понатаму.

    If we really want to love, we must learn how to forgive. -Mother Theresa
     
  15. LaLy

    LaLy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    40
    Простувам и тоа многу,дури и на некои кои не го заслужуваат тоа |( .Ама од се што е премногу е лошо,така да сметам дека треба да имаме малце самопочит и да избегнуваме да простуваме на некои што веќе по сто пати ни згрешиле или пак што не им е гајле за тоа што го направиле и пак би го направиле истото.Инаку зборот извини е голем збор,па затоашто секојдневно се употребува по 1000000 пати веќе одамна го изгубил своето значење.На крајот на краиштата извини воопшто не може да се спореди со делата со кои се бара прошка.
    А што се однесува до мене и јас грешам.Ама имам храброст да им го признаам на оние кои сакам да останат во мојот живот и знам дека никогаш нема да ми направат зло.Имам мани,па и затоа грешам како и секој :)
     
  16. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.060
    Допаѓања:
    72.332
    Пол:
    Женски
    Простувам скоро се'! сеа не гледам до екстремност, ама некои обични глупи работи ги простувам, иако гледам од страна има некои за се и сешто се лутат, и памтат цел живот што си кажал и што си направил
    простувам, и поубаво ми е кога простувам, ми олеснува мене, на крај краева се се враќа, нема што ја да се лутам
     
  17. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    Сите работи кои држат место да бидат простени ги простувам. Не сум воопшто злопамтило, и многу брзо заборавам некои глупости или ситници. Можам да кажам дека имам страшно многу толеранција, но кога ке се случи да бидам повредена, многу навредена, најчесто давам втора шанса, без многу очекувања која се надевам дека убаво ке биде искористена. Личностите во мојот живот кои повторувале грешки повеке пати, и кои не се вредни за наредно простување, не постојат повеке во мојот живот, и така ми е поубав истиот.
    Поддржувам втора шанса, на секој може се да му се случи. Поддржувам простување, и стојам зад тоа дека простувањето е одлика на силните личности, но исто си ги поддржувам и свите граници и расудувања.
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  18. CupCake

    CupCake Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    165
    Човечки е да се прости.Секој заслужува втора шанса.
    Простувам,но не заборавам.
    Понекогаш колку и да е тешко,се обидувам да поминам низ тоа и се обидувам работите да одат од почеток..Но затоа сакам фидбек.Под тоа подразбирам неколку работи како и да не се прави повторно истата грешка.
     
  19. TheKiketoo

    TheKiketoo Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    883
    па знам да простам во одредени ситуации, за некои ситници, ама за нешто посериозно зависи, обично кажувам што ми пречи и ако се промени тоа да-простувам, а ако некој нешто изведува, па дури и да ме навреди, а потоа или ми се прави како ништо да не било, или се извинува, не простувам, му поминал нив рокот :lol:
     
  20. plavusha

    plavusha Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    264
    Допаѓања:
    124
    Се би простила....ЖИВОТОТ Е КРАТОК НЕМА ВРЕМЕ ЗА ОМРАЗА ;)