1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Протестантската реформација

Дискусија во 'Религија' започната од EvAngelos, 10 октомври 2016.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Забележав дека на форумов има огромно непознавање, а со тоа и дезинформации за и околу реформацијата и христијаните-протестнати.
    На оваа тема можете да прашувате прашања поврзани со овие теми. Јас сум протестант, но не сум единствен кој има познавања од оваа област. Забележав дека нерелигиозните членови имаат доста големо познавање од религиозните теми и тоа со пошироки погледи бидејќи не се индоктринирани во одреден специфичен религиозен правец.
    За почеток ќе дадам мал вовед:

    Зборот „реформација“, според лексиконот на Вујаклија, е дефиниран како: "менување кон подобро, престројување, поправка, особено се однесува на црковниот покрет од 16 век...", а иментката „Реформатор“ е дефинирана како: "обновител на црквата во духот на чистото Христово учење; пр.: Лутер, Калвин, Цвингли..."

    31 Октомври е светскиот ден на реформацијата и во многу земји се празнува како државен празник, од кои најблиска до нас е Словенија. Овој датум е избран како празник затоа што на овој ден германскиот реформатор Мартин Лутер ги заковал неговите 95 тези на портата на локалната католичка црква во Витенберг. Во овие тези тој изнел остри критики кон многубројните црковни небиблиски учења и практикувања: корупција во црквата, продавањето индулгенции (прошталници за гревови), учењата за чистилиштето, непогрешливостa на папата итн. По овој храбар потег на Лутер текот на веќе започнатата реформацијата (од предходните реформатори Џон Виклиф, Јан Хус) експлозивно почнал да се шири низ Германија, но паралелно и низ другите западно-европски држави водена од тамошните реформатори: Жан Калвин, Улрих Цвингли и др.

    Реформацијата го скршила јаремот на Католичката црква со која што го држела народот во духовно заробеништво. Реформацијата го донела Светото Писмо до обичниот човек и создала вистински верници кои се организирале во слободни цркви кои за Божји збор не го сметале папата, туку Светото Писмо. Така настанале протестантските цркви.

    Празникот на Реформацијата се прославува не само како религиозна, туку и како цивилизациска придобивка. Протестантската реформација ја извади западна Европа од мрачниот среден век. Реформацијата не само што ги обновила универзалните изворни принципи на христијанството, онака како што било проповедано од Христос и апостолите, туку претставувало и цивилизациско ослободување на масите од едноумието и догмите на црквите. Слободоумноста од секогаш била одлика на вистинските христијани. Но во средните векови официјалната црква завлегла во толкава спрега со државата што намерно го затупувала човекот со забранување на книги, наука, нетолеранција и отворени инквизициски прогонства (и на истокот и на западот) се со цел да ги зачува своите небиблиски догми и полесно да манупулира со непросветлените народни маси.
     
    На tiggyboy, rose60, daylight и 3 други им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Што имаш ти со протестантската реформација?
    • Ако слободно можеш да се образуваш на свој јазик, а жив да не те запалат...
    • Ако слободно можеш да твориш наука, музика, уметност или книжевност на свој јазик...
    • Ако слободно можеш да купуваш какви било книги по своја желба и да ги читаш, без за тоа да те запалат на клада...
    • Ако имаш право на своја вера и црква ...
    • Ако имаш Свето Писмо на свој јазик...
    • Ако си жена и имаш достоинство во општеството...
    • Ако можеш слободно да пишуваш на форумов критики за било која религија и верска заедница...
    • Ако имаш право и слобода на локална самоуправа...
    ...тие придобикви и ги должиш на протестантската реформација!
     
    На Ana Chio, rose60, LUCI 99 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Перјата со кои се китат протестантските лажни христијани не се нивни (барем кога станува збор за словенските земји), туку им припаѓаат на светите браќа Методија и Кирил Солунски и нивните свети ученици Климент и Наум Охридските чудотворци, архиепископот Горзад, Ангелариј, Сава, Лаврентиј, Константин Преславски и огромната плејада на нивни ученици.
    Светото Писмо, заедно со Часловецот, Октоихот, Триодите и Минејите на наш мајчин јазик не ни го преведе некојси таму Мартин Лутер, туку светите словенски просветители. Тие се бореа со тријазичните еретици, тие се бореа со тогаш модерните духоборци, во чие јато се наоѓаат и сите протестантски секти.
    Свети Климент Охридски, а не секташките мисионери го просвети и просветли нашиот народ. Тој е човекот кој им ги отвори очите на Македонските Словени... Ама ете, сатаната не мирува, па сака да го понижи и унижи делото на нашиот татко и духовник.
    Свети оче Клименте, не дозволувај секакви шугави волци да го разграбуваат стадото твое! Непрестајно принесувај Му молитви на нашиот Господ и Бог Иисус Христос, да ги разори сите ереси и секти и да ја утврди Црквата наша Македонска!
     
    На BabyCakes, душленце, Petra777 и 7 други им се допаѓа ова.
  4. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Се чуствувам како живо битие со слободна воља и здрав разум,само благодарение на Господ,на Светата Троица ;)
    А никако по заслуга на Мартин Лутер и компанија :D
    Сега останува да напишите уште дека благодарение на протестантиве славиме 8 ми март и разни други феминистички настани,ова само се надоврзав на вториот пост на Ев :D
     
    На Captain-Omni, agios, Valentina.Vaki и 4 други им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    @Orthophill , западно-европските перја немаат допирни точки со источно-европските перја. Ниту првите се китат со вторите, ниту вторите со првите. Јас отворив тема за протестантската реформација, па затоа и не ги спомнав Кирил и Методиј, но кога веќе ги спомнуваш, ќе пишам нешто и за нив.
    Секоја чест за Кирил и Методиј што го преведоа Светото Писмо на тогашниот современ и разбирлив словенски јазик. Навистина преводот на Светото Писмо на современ разбирлив јазик е првиот чекор за реформација на црквата. Штета што немаше кој да го продолжи делото на Кирил и Методиј и нивните ученици. Идните генерации, наместо да го продолжат нивното дело (превод на Библијата на тековно современ јазик), тие направија нов „свет јазик“ - старословенскиот. Идејата на Кирил и Методиј не беше да создаваат нов „свет јазик“ кој подоцна ќе биде неразбирлив, туку таа пракса на преведување на Светото Писмо на тековно современ и разбирлив јазик да биде редовна пракса на црквата.

    Во Македонија (а и другите балкански држави) се уште постојат цркви каде што Библијата или литургиските текстови се читаат на неразбирлив старословенски јазик т.е. од застарениот превод на Кирил и Методиј. Блага реформа настана дури во 21век и фала му на Бог за тоа.
    Протестантите во оваа насока го продолжуваат делото на Кирил и Методиј со тоа што не само што ја преведуваат Библијата на современи и разбирливи јазици, туку и истата ја доближуваат до народот, да може секој човек да има шанси да чита од Божјиот Збор и да се храни духовно.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Реформаторите, иако биле со бројни недостатоци, сепак одиграле голема улога во преведувањето на Библијата на народен разбирлив јазик и во промовирање на изворното христијанство, писменоста, културата, човечките слободи и права, книжевноста, слободоумието, семејниот живот итн. Голем дел од нив платиле скапа цена за своите залагања. На пример чешкиот реформатор Јан Хус, пред да биде спален на клада, за последен пат му било понудено да се откаже од своите "ереси". Тој одговорил: "Ни за полна катедрала со злато не се откажувам од тврдењето дека Библијата е врховен авторитет, а Христос е единствената Глава на Црквата." По ова тој бил јавно спален на клада пеејќи христијански химни. Откако огнот си ја завршил работата, пепелта од изгореното тело на Јан Хус била фрлена во реката Рајна.
    Каква пародија, некогашниот чешки еретик денес има споменик во главниот град на Чешка (Прага) и народот чии предци ја фрли неговата пепел во реката Рајна денес го празнуваат неговото мачеништво со неработен ден на 6ти Јули, одбележувајќи го и животот и делото на својот реформатор Јан Хус.

    Католичката црква истото го побарала и од Мартин Лутер - да се откаже од неговите тези и сите напишани книги. Мартин на ова одговорил дека ќе го направи тоа АКО му покажат што од тоа што напишал се коси со Светото Писмо. Позната е изјавата на Мартин: „Поинаку не можам“ - која е наслов на книга која е преведена и на македонски јазик за животот и делото на Мартин Лутер.
    На патот кон неговата егзекуција, Мартин Лутер по Божја промисла бил киднапиран од негови подржувачи и чуван во засолништво 1 годинa во замокот Вартбург каде тој го искористил мудро тоа време за да го преведе Новиот Завет на разблирлив германски јазик. Ако 95-те тези биле иницијалната каписла, преводот на Библијата на разбирлив јазик за обичниот народ било главниот моментум за реформацијата.
     
    На baba Rada и daylight им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    По повод денешниот празник...

    Она што е малку познато или пак намерно премолчено, е фактот дека меѓу востаниците за ослободување на Македонија имало и значителен број протестантски христијани, од кои некои биле и војводи и членови на раководни органи. На пример Добре Даскалов од Кавадарци, кој бил и делегат на Солунскиот конгрес на ТМОРО во 1903 г, потоа и на Прилепскиот конгрес во 1904 г., итн.
    Во книгата СПОМЕНИ за Јане Сандански од Љубомир Милетиќ има некои интересни изјави од Сандански за учеството на протестантите во Револуцијата, па и во раководството на востаниците:

    „Заминав со осумина: Иван Цветков, со завршен VI клас во софиската гимназија, родум од Разлог, Добре Даскалов, од Тиквешко, имаше завршено протестанско училиште во Самоков; Коце Абаџиев, протестант, со завршен 4 клас во Самоков, родум од Пазарџик, и др. Во протестанското училиште, како и во металското училиште во Самоков, имаше револуционерен кружок....Му се искажав на еден од протестантите од Организацијата дека ќе бараме помош и од нив. Се согласија. Двајца од нив беа од раководното тело...“ – (редактирани белешки од Јане Сандански)

    Да потсетиме дека по неуспехот на Илинденското востание, Турците егзекутирале голем број од револуционерите, а нивните деца останале сирачиња. Женското Протестантско учичиште од Битола (основано во 1878 г.) згрижило повеќе десетици од овие сирачиња и им дало образование.

    Нека ни е честит празникот голема благодарност до сите кои имале придонест во тоа!
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lotus-14

    Lotus-14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    663
    Пол:
    Женски
    Нов предлог наслов за темава: "Монологна протестантска реформација." :lol:
     
    На Petra777, Rama и HUNK им се допаѓа ова.
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Мајка ми беше реформаторка, нека и е лесна земја:(
    Девиза и беше да не му мисли на никој лошо и да не прави лошо, секој ден се молеше а пред легнување во кревет, паметам многу убаво, обавезна беше молитва:)
    Поентата ми е дека луѓето навистина немаат појма за оваа вера, кога и да било кога некој ке ја прашал што вера е, биле секогаш зачудени од нејзиниот одговор дека е реформаторка и барале објаснување.
    Затоа ме боли кога некој ќе фрла камења по некого и по нечија вера само врз основ на прочитани работи.
    Ве молам да не се провоцира и исмејува..ако се правите дека сте верници, тогаш барем така и однесувајте се.
     
    На rose60, A-j-a и EvAngelos им се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Секоја чест за мајка ти, баш ми е мило што си растела покрај таква жена!
    Инаку луѓето барем во Скопје колку толку се информирани за протестантите, иако со послаби познавања, ама па кога ќе видиш дека и христијанската деноминација која тврдат дека ја имаат едвај си ја познаваат, што очекуваш па за друга христијанска деноминација :)
    А во помалите градови е веќе друга прича. Таму не знаат ни правилно да ги изговорат „протестанти“, туку знам во Радовиш ги викаат „пропистани“ :D
    Од друга страна пак во развиениот свет (онаму каде што се сели младината наша), таму протестантите се секојдневие, ама сепак знаат и што се тоа православни верници (иако ретко може да се најде таму православна црква) ама учат за тоа во училиште. Можеби не знаат за македонската православна црква, ама знаат за Russian Orthodox или Greek Orthodox, знаат и за икони и за свеќи и сл. И што е најважно, имаат почит за различните деноминации, не ги нарекуваат секти, ниту веруваат дека тие пијат крв од бебиња, дека прават оргии, дека жртвуваат луѓе, дека се тајни агенти или слично :)
     
    На Sky-butterfly, rose60, Ana Chio и 3 други им се допаѓа ова.
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.783
    Допаѓања:
    4.398
    Пол:
    Машки
    Колку што се сеќавам на овој форум никој ве нема обвинето за тајни агенти, ама кој си ја има мувата на капата си ја ишка. :D
    За која држава и разунавачка агенција работи “Радосна вест“? :D
     
    На Готичарка и Petra777 им се допаѓа ова.
  12. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Протестантските христијани, меѓу другото, се познати и по книгите, образованието и науката. Еве една интересна статистика:

    Од првите 108 колеџи и универзитети во САД, 106 биле основани од протестантски христијани (пастори и мисионери), вклучувајќи ги тука и познатите универзитети Харвард, Јеил, Принстон, Пенсилванија, Колумбија итн.

    Добитници на Нобелова награда 1901-2000 (според тоа како они се изјасниле):
    • 30.9% - протестанти
    • 22% - евреи
    • 20.3% - христијани без наведена деноминација (мнозинството од нив се протестанти кои се нарекуваат само „христијани“)
    • 11.6% - католици
    • 7% - атеисти и агностици
    • 3.2% - слободни мислители (Freethinkers)
    • 1.8% - будисти, хиндуисти и шинтоисти
    • 1.6% - православни
    • 0.8% - муслимани
    • 0.5% - нео-пагани

    Ако се земе предвид дека атеистите и агностиците се околу 4% во светот, а плус и фактот дека многу традиционални „верници“ со своите верувања се поблиску до атеизмот отколку до христијанството, атеистите исто така се доста напредни во науката и образованието.
    Сепак меѓу протестнатите ретко ќе најдете атеисти кои на попис ќе се пишат „христијанин-протестант“ заради традиционални причини, бидејќи кај нив верската припадност и националната припадност се две сосема различни работи и не го мешаат едното со другото. Ова пак не е случај во православието на пример, каде што многу атеисти или агностици се кажуваат „православни“ само затоа што се македонци.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  13. donnalia

    donnalia Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    660
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски


    Дали ги посетувате збиранките на пастор Кајшаров и што мислите за него?
     
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    -
    Не, мнозинството протестански цркви во Македонија се имаат и официјално оградено од него. Типот има јутјуб видеа каде што кажува дека Исус му се објавил и му давал некои и инструкции без да даде доказ дека навистина му се објавил (како и сите останати лажни пророци). Плус тврди дека е исцелител, а досега не исцелил ниту еден болен. Со овие работи тој излегува од протестантските рамки, бидејќи протестантите се држат до Библијата и само Библијата, а не на некои недокажани современи објави од Исус.
     
    На daylight и baba Rada им се допаѓа ова.
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    @EvAngelos дали би можел да ги објасниш накратко низ точки главните разлики (доколку ги има) помеѓу лутеранството и калвинизмот? И корегирај слободно доколку постои посоодветен назив за овие протестантски деноминации/правци.

    Благодариме однапред!
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    хах нема да ти се верува, ама само што се вратив од вечера со една лутеранка од Полска. Требаше да ѕирнам од мобилен што има на форумов, па ќе и кажев она директно да ти одговори :) Ајде штом сакаш точки...

    • Лутеранските цркви се широк поим и можат да бидат про-евангелски (пореформирани) и про-католички (традиционални, малку реформирани). Има лутерански цркви кои воопшто не се разликуваат од останатите протестнатско-евангелски цркви, а има и такви кои ќе си помислиш дека се католички цркви. А има и измеѓу, ама у принцип се потрадиционални цркви.

    • Лутераните на пример крштеваат бебиња, калвинистите не.
    • Лутераните имаат малку литургиски дел во богослужбите, имаат олтар и свештени одора (како католиците и православните). калвинистите не. Сепак лутераните не се врзани за одредени канонски правила како тие надворешни ритуали треба да изгледаат (како што е кај католиците и православните), туку си имаат свои локални правила.

    • Лутераните имаат одредени свештени лица кои имаат религиозен авторитет да ја интерпретираат Библијата, калвинистите веруваат дека единствен религиозен авторитет е Библијата.

    • Има разлика и во верувањето за причеста (Господовата вечера). Лутераните веруваат дека Христовото тело и крв се присутни во лебот и виното, додека калвинистите веруваат дека Исус е само духовно присутен.
    Тоа се отприлика главните разлики.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  17. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Благодарам на одговорите. На овој начин се овозможува подобро запознавање на другите верски заедници присутни повеќе или помалце и во Република Македонија. Натамошно прашање во врска со деноминациите кои се надоврзуваат со протестантската реформација:

    Што е разликата помеѓу Евангелска црква, Евангелско-Методистичка и Методистичка црква? Низ Скопје, барем првите две, имаат свои објекти каде нивните верници можат да се собираат и да слушаат проповеди. Но дали има и ако има што се поконкретните разлики (доколку ги има) во учењето и/или формата.
     
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Во учењето речиси и да нема разлики. Методистите крштеваат мали бебиња и се поконзервативни, евангелските цркви се класично протестантски и не крштеваат бебиња. Други покрупни разлики во учењата нема. Методистичка црква е исто што и евангелско-методистичка, со тоа што е погенерален термин и ги опфаќа ја опфаќа и „обединета методистичка црква“ во светот, која пак ќе кажам речиси нема никакви разлики со евангелско-методистичка црква.

    Во организацијата на црквите, методистичките цркви имаат поизразена хиерархија и тоа на меѓународно ниво. Евангелиските цркви обично си имаат главен пастор во секоја држава, но не се мешаат во работата на црквите во другите држави, иако си имаат европски и светски асоцијации каде што си прават конгреси и конференции и сл. Кај баптистичките цркви на пример е акцентирана локалната самоуправа на секоја црква и баптистичка црква од Скопје нема никакви ингиренции да се меша во работата на баптистичка црква од Охрид, Битола или Радовиш. И пак ќе кажам тоа не значи дека тие не се дружат, не прават заеднички богослужби, како во рамките на својата деноминација, така и асоцијативно со другите протестантски цркви.
     
    На Bender Rodriguez и daylight им се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не знам колку пати сме го чуле докрај неоснованото пропагандистичко гесло од страна на православците, дека, „Американците им даваат пари на протестантите, за да ја рушат нашата православна култура!“.
    Вчера на вести објавија дека Американската амбасада дала 650.000 долари за реставрација на црквата Св. Богородица Перивлепта во Охрид (еве линк). Пред некоја година Американската влада исто така донираше 100.000 долари за манастирот „Св. Архангели Михаил и Гаврил“ (еве линк), потоа исто така и за црквата Св. Спас и други донации исто така. Никогаш не сум чул дека Американската амбасада дала пари за протестантска црква во РМ.

    Наровучение: Не бидете жртви на пропаганди и клевети. Размислувајте со своја глава и аргументирано.
     
    На Херкул и daylight им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Утре е светски ден на протестантската Реформација. По тој повод, еве го филмот за Мартин Лутер и Реформацијата со македонски превод.