Во последните денови актуелен е најавениот протест против предлог законот за родова еднаквост, организиран од МПЦ. Законот може да се прочита тука. Оваа тема нека биде за дискусија дали и колку Црквата (треба да) има улога во носењето на закони во државата, конкретно овој за родова еднаквост. Кому му е во полза, кому му штети? Која е целта на Црквата? *Првите две страници се одвоени од СДК.
Си верувам во Господ и ќе верувам. Ама од Црквава се губат некад https://a1on.mk/macedonia/video-pre...45OnnmOprbq80G-SG1pv9dgSMo0Lg&mibextid=Zxz2cZ Идат против тоа и Он што го рекол. Слободна воља, пред мене сите сте исто, не суди, не мрази. Контрадикција на макс. Да му сметало немаше да живеат. Остајте ги луѓето и онака се изнамачени
Шо беше лошо кажано овде? Дека сум христијанка, ама дека не ми се сфиѓа тоа шо го праи Црквата во однос на LGBT лицата Многу е просто
Црквата нема ништо против ЛГБТ лицата туку против изопачените и грешни дела. Некаде беше пишано, Бог не ги мрази грешниците туку гревот. Така и ние христијаните. Ако речам дека нешто не е во ред, не значи дека го мразам човекот што го прави тоа што не е во ред. Често се мешаат овие работи а има разлика. И јас сум против законот за родова еднаквост и ја поддржувам МПЦ за протестов (а впрочем, против законов се и луѓе кои не се ниту верници) и, замисли, не мразам припадници на ЛГБТ. Има луѓе што мразат. Тука грешат. Тенка е границата меѓу осуда, омраза и одбивност кон грешни дела, не и грешни луѓе. Црквата не може и не треба се' да прифаќа, значи не мрази, но разграничува што е добро и полезно, а што не.
Чоек океј. И ја не сум сеа пример ВЦ за секој род, соблекувална за секој род, менување пол под 18год Ама Господ нѐ направил со слободна волја. Јас како Феминка утреден ако не се осеќам више удобно ко жена, и сакам маж да станам. Шо праам лошо на другите? Господ рекол, љуби го ближниот како самиот себе. А коа ќе прочитам ,,аа мое дете педер да стане, па забите ќе му ги искршам” Да почнеме од тој момент. Второ, светот и медицината еволуираат. Луѓе вештачки живеат со години на цевки, па? Ги убил Господ у спиење пошто е вештачки? Не Еднс лезбејка, би, транс, геј не знам да им се дешеваат лоши работи пошо се такви. А многу од нив се поголеми верници и од мене, до строги постови држење, до секој викенд во црква, до почитување адети и традиција. Вода можам да им носам, а стрејт сум. Као, ако нѐ остаил со слободна волја и кој шо сака да праи. Кои се они да идст против Неговата волја. Некои работи дека се многу, многу се. Првенствено кај нас нема потреба од толкава имплементација. Поготово шо многу работи кои се круцијални не се средени, па до тоа дојдовме. плус многу ми се смешни со тоа ,,протест за РОДОВА еднаквост, а Господ ги создаде Адам и Ева” Тие сиротите не знаат разлика меѓу род и пол.. никој не бара трет, четврт пол. Шо ги спомнуваат Адам и Ева..
Ова е чисто дипломатски и манипулаторски одговор. Не те мразам, само не мислам дека треба да постоиш. Попросто кажано. Мене еве ме интересира. Зошто црквата се чувствува должна да се меша во закони? Што има таа допринесено, за да се чувствува дека има право да се меша во политика? Ова е општо, прашање, не само за овој закон.
Па реално не треба Секуларна држава сме. Ако се меша у политика ќе треба после по Библија/Куран да се суди. Е тек тогаш ќе има требење. еден престапник жив нема да остане
Има лоши луѓе кои ја користат религијата за да се исперат себе, мислат се нешто повеќе само затоа што слават празници и палат свеќи, а нема врска. Е заради тие луѓе, сите верници носат етикети. Друго е сувишно да коментирам. Така ти си мислиш. Каква корист имам јас да лажам и манипулирам? Вас Црквата ви е непријател, па исто така и ние што сме дел од неа. Сеедно ми е мене дали сфаќате дека сме сепак добри и искрени или дека сме биле манипулатори.
Не моеш да збориш за особи шо не ги ни знаеш. А пола од овие загрижениве граѓани, гарант само за Велигден идат у црква. И поентата на секоја религија, па и на нашата е да има, мир, љубов и слога. А ако мислите како да ги утепате, обесправите, исповреѓате овие лица, не знам како соодветствувате со нејзе.
Не мислам, дека лажеш и манипулираш, ама таа реченица што ја зеде за пример е чисто за луѓето да се чувствуваат подобро за себе кога ќе наштетат некому. Како тоа не го мразиш грешникот, го мразиш гревот? Гревот од кај потекнува? Некои работи не се одделуваат, колку сакаш врти од околу.
Ама МПЦ никогаш не излегла на улица да протестира против секс пред брак, неверство и остананти гревови што се далеку позастапени меѓу општото население. Ама за родова еднаквост и лгбт права ќе излезе и ќе продолжи да излегува зашто точно знае по кој треба да удри за да добие моќ. Бидејќи ако излезе на улица за трудните невести и за неверните мажи никој нема да остане да плаќа венчавки и крштевки. Може за тебе и другите побожни луѓе гревовите се битни, ама за МПЦ очигледно не се. Едноставно се страшно пресметлива организација која се бори за моќ и контрола и ништо друго. Ставовите на МПЦ се полезни само за МПЦ, за сите други се деструктивни, особено за жените. А за феминистките, ако се фатите како се согласувате со МПЦ за феминистичка проблематика, сте се збогувале со феминизмот.
Човекот е од Бога, Бог не го мрази своето создание. Гревот не е од Бога. Толку, на работа сум. Другото како сакате сфатете го.
Како ги споредуваш овие работи со државен закон? Знаеш на протест за што се излегува, за работиве што ги наброја сигурно не. Добар обид ама промашен. И да, како секуларна држава, верски институции немаат допирна точка со носење закони, ама став секој може да искаже и да излезе на протест. Ме цитираш мене, пишуваш во множина и после викаш не било за мене, туку за другите верници. Не ги мразам јас туку ги жалам.