Професијата на знаците во кинескиот хороскоп

Discussion in '„Другата“ наука' started by julie77, Apr 1, 2012.

  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2010
    Messages:
    5,566
    Likes Received:
    20,077
    Кинескиот хороскоп, исто како и западниот, има 12 знаци и се користи за разни предвидувања. Разликата е во тоа што знакот во кинескиот хороскоп се одредува според годината на раѓање. Што вели вашиот знак за изборот на професијата?
    Кинескиот хороскоп и изборот на професија
    Стаорец (1924, 1936, 1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008)

    Карактеристики: Стаорците најдобро се снаоѓаат на позиции каде што се бара голема активност. Колку повеќе напор ќе вложат во работата, толку поголеми награди ќе добијат. За нив најдобро е да поседуваат сопствен бизнис или да се занимаваат со продажба на луксузни предмети. Треба да избегнуваат работни места кои ги изолираат од околината (на пример, чувар или оператор во кабина). Исто така, треба да избегнуваат професии поврзани со коцкање (работа во казино).

    Лични особини: имагинативни, решавачи на проблеми, привлечни, набљудувачи, себични, мотивирани

    Професии кои им одговараат: менаџери, советници, адвокати, дописници, писатели

    Вол (1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009)

    Карактеристики: Родените во знакот Вол најдобро се чувствуваат кога работат во домашни услови, а сепак имаат солидни приходи. Сакаат постојано да имаат обврски, па затоа им одговара да бидат уредници или писатели. Треба да избегнуваат работни места кои бараат врвни технички знаења или позиции кои наложуваат одење на службени патувања.

    Лични особини: доверливи, знаат што сакаат, внимаваат на детали, вредни, лојални

    Професии кои им одговараат: механичари, сликари, банкари, агенти за недвижности

    Тигар (1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)

    Карактеристики: Тигрите имаат две страни. Можат да бидат мирни, но и хиперактивни. Потребни им се периоди на интензивна активност, а веднаш потоа имаат потреба од мир и тишина. Одлично се снаоѓаат во професиите кои бараат веднаш да се дејствува (на пример, брза помош или противпожарна служба). Тие, исто така, се и одлични музичари (кои целиот интензитет го вложуваат во живите настапи) и организатори на настани.

    Лични особини: имаат натпреварувачки дух, сигурни се, добри лидери, авантуристи, често избрзуваат

    Професии кои им одговараат: писатели, пилоти, продавачи, канцелариска работа

    Зајак (1927, 1939, 1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011)

    Карактеристики: Зајците се трпеливи, понекогаш дури и повеќе отколку што е потребно. Тие најдобро се снаоѓаат во мирна работна средина, каде што секогаш се во интеракција и со соработниците и со клиентите. Зајците, исто така ја познаваат вистинската вредност на нештата, па затоа им одговараат професии поврзани со продажба на накит, дизајнирана облека или недвижнини. Тие се и добри туристички водичи.

    Лични особини: дружељубиви, искрени, сочувствителни, избегнуваат конфронтации

    Професии кои им одговараат: терапевти, професори, писатели, односи со јавност

    Змеј (1928, 1940, 1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012)

    Карактеристики: На змејовите им е потребен простор за да напредуваат во работата. Не поднесуваат да бидат поставени на едно место. Ги разбираат трендовите и веднаш ја препознаваат насоката по која треба да се движат за да успеат. Одлични се како пилоти. Им одговара и професија поврзана со маркетинг и/или телевизија. Сакаат теренска работа, па затоа се одлични како истражувачи на животната средина или водичи.

    Лични особини: амбициозни, имаат слободен дух, иновативни, ентузијасти, независни, нетактични

    Професии кои им одговараат: архитекти, продавачи, менаџери, адвокати

    Змија (1929, 1941, 1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013)

    Карактеристики: Змиите се најпаметните помеѓу сите знаци во кинескиот хороскоп, но често своето мислење си го задржуваат за себе. Нивните емоции секогаш се под површината и на тој начин тие ја заштитуваат својата приватност. Поради тоа, змиите се одлични писатели, уметници и композитори. Им одговараат и професии поврзани со научните и медицинските истражувања.

    Лични особини: паметни, интуитивни, решителни, работите брзо им здосадуваат

    Професии кои им одговараат: социолози, аналитичари, истражувачи, диететичари

    Коњ (1930, 1942, 1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014)

    Карактеристики: Коњите ја сакаат својата слобода. Имаат натпреварувачки дух, па дури и кога губат, тие остануваат чесни играчи до крајот. Најчесто, припадниците на овој знак поседуваат одреден талент. Најдобро се снаоѓаат во професии поврзани со автомобили, патишта или мостови. Тие, исто така, се и одлични адвокати. Можат да напредуваат доколку нивната професија е поврзана и со спортот.

    Лични особини: енергични, бараат внимание, тимски работници, авантуристи, комуникативни

    Професии кои им одговараат: новинари, публицисти, шанкери, библиотекари

    Овен (1931, 1943, 1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015)

    Карактеристики: Припадниците на овој знак се доста чувствителни и одлични дипломати. Го обожаваат својот дом и сакаат да бидат опкружени со истомисленици. Одлични се како научници и програмери. Одлично се снаоѓаат во професиите поврзани со медицината. Овие луѓе најчесто се актери, чии улоги се идентични на нивниот начин на живеење.

    Лични особини: тимски работници, креативни, мирни, интелигентни, сензитивни

    Професии кои им одговараат: уредници, илустратори, педијатри

    Мајмун (1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016)

    Карактеристики: Мајмуните се полни со енергија и сакаат да прават повеќе работи истовремено. Работите кои се одвиваат полека предизвикуваат нервоза и досада кај родените во овој знак. Како доста интелигентни, мајмуните секогаш имаат избор кога се работи за нивната професија. Напредуваат доколку имаат ментор, некој кого ќе можат да го копираат. Одлични се како менаџери на ресторани. Им одговараат професии поврзани со градежништво, берза, маркетинг или односи со јавност.

    Лични особини: интелектуалци, брзо ги разбираат работите, љубопитни, прилагодливи, играчи

    Професии кои им одговараат: филмски режисери, трговци, инженери, златари

    Петел (1933, 1945, 1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017)

    Карактеристики: Петлите се секогаш зафатени. Организираат одлични забави и секогаш им помагаат на пријателите. Постојано се во согласност со енергијата на другите луѓе околу нив и затоа најдобро се снаоѓаат како социјални работници и други слични професии (на пример, поддршка на клиенти, забавувачи или професори). За својата работа сакаат да бидат наградувани, па исто така им одговараат и професии како доктори или директори на училишта.

    Лични особини: мотивирани, чесни, сигурни, вредни, организирани

    Професии кои им одговараат: книговодители, заболекари, агенти за осигурување

    Куче (1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018)

    Карактеристики: Кучињата се верни и многу вредни работници. Многу се креативни, посебно ако се наоѓаат пред некој предизвик. Секогаш ги имаат потребните информации. Најдобро се снаоѓаат во професии поврзани со спорт, храна и менаџмент. Тие се тимски работници кои често работат на разни проекти, како што е развој на софтвер, посебно софтвер за игри.

    Лични особини: верни, љубезни, прилагодливи, тврдоглави, морални

    Професии кои им одговараат: медицински сестри, полициски службеници, научници, дизајнери на ентериери

    Свиња (1935, 1947, 1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019)

    Карактеристики: Припадниците на овој знак се грижливи и сериозно си ги сфаќаат одговорностите. Си го сакаат семејството и не сакаат да бидат одделени од него. Затоа ним најмногу им одговараат домашните бизниси. Имаат талент за дизајн и одлично се снаоѓаат во професии поврзани со маркетинг, облека и додатоци. Талентот за готвење ги прави добри угостители.

    Лични особини: вредни, искрени, креативни, забележуваат детали

    Професии кои им одговараат: ветеринари, доктори, продавачи во малопродажба
     
    rici.aaaaa likes this.
  2. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Joined:
    May 30, 2011
    Messages:
    3,279
    Likes Received:
    2,306
    Gender:
    Female
    Точно. :D
     
  3. t.i.n.k.b.e.l.l

    t.i.n.k.b.e.l.l Истакнат член

    Joined:
    Jan 5, 2012
    Messages:
    253
    Likes Received:
    92
    Gender:
    Female
    Змеј

    Карактеристики: На змејовите им е потребен простор за да напредуваат во работата. Не поднесуваат да бидат поставени на едно место. Ги разбираат трендовите и веднаш ја препознаваат насоката по која треба да се движат за да успеат. Одлични се како пилоти. Им одговара и професија поврзана со маркетинг и/или телевизија. Сакаат теренска работа, па затоа се одлични како истражувачи на животната средина или водичи.
    точнооо
     
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Joined:
    Oct 6, 2011
    Messages:
    5,801
    Likes Received:
    55,009
    Gender:
    Female
    Личните особини одговараат, ама мислам дека не би се снашла добро во медицината. :?:
     
  5. Cacy

    Cacy Популарен член

    Joined:
    Jul 26, 2010
    Messages:
    2,244
    Likes Received:
    1,547
    За мене е погодено :)
     
  6. IvanaMkd

    IvanaMkd Истакнат член

    Joined:
    Jan 29, 2012
    Messages:
    4,184
    Likes Received:
    3,051
    Нешто тошно, нешто не...тука-така :D
     
  7. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Joined:
    Jul 8, 2011
    Messages:
    5,779
    Likes Received:
    22,424
    Gender:
    Female
    Мораше ли јас да бидам КОЊ :D
    Ама за чудо ме погодиле, me gusta 8)
     
  8. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Joined:
    Nov 3, 2011
    Messages:
    15,266
    Likes Received:
    15,016
    Gender:
    Female
    Значи одсега некој кога ќе ми рече мајмун да не се лутам :D да си помислам дека по кинескиот хороскоп ми се обраќа
    инаку за точноста ќе речам 50-50
     
  9. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Joined:
    Aug 9, 2011
    Messages:
    3,844
    Likes Received:
    25,823
    Gender:
    Female
    Мајмун (1992 )

    Карактеристики: Мајмуните се полни со енергија и сакаат да прават повеќе работи истовремено. Работите кои се одвиваат полека предизвикуваат нервоза и досада кај родените во овој знак. Како доста интелигентни, мајмуните секогаш имаат избор кога се работи за нивната професија. Напредуваат доколку имаат ментор, некој кого ќе можат да го копираат. Одлични се како менаџери на ресторани. Им одговараат професии поврзани со градежништво, берза, маркетинг или односи со јавност.

    Лични особини: интелектуалци, брзо ги разбираат работите, љубопитни, прилагодливи, играчи
    Професии кои им одговараат: филмски режисери, трговци, инженери, златари.


    Може да се каже дека е точно она што го болдирав,посебно првата реченица.
    Но она, прилагодливи? Тоа ми е најтешко.
    ...не се сметам за прилагодлива, воопшто!

    Мајмун еј! :lol:
     
  10. TeaB

    TeaB Популарен член

    Joined:
    Aug 11, 2010
    Messages:
    1,868
    Likes Received:
    543
    Не се софпаѓа баш се, али ок е :)
     
  11. Danilela

    Danilela Популарен член

    Joined:
    Mar 3, 2010
    Messages:
    2,256
    Likes Received:
    1,808
    Абе јас и во приватен живот знам змија да бидам :P И да, за жал некои работи многу брзо ми здосадуваат. А зошто пред некој ден исто од фемина некој беше објавил на ФБ кинески хороскоп, и мене ми пишуваше дека сум змеј?! :^)
     
  12. simona-i

    simona-i Истакнат член

    Joined:
    Apr 19, 2012
    Messages:
    348
    Likes Received:
    30
    многу точно :)
     
  13. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Joined:
    Jul 21, 2011
    Messages:
    4,464
    Likes Received:
    7,843
    Gender:
    Female
    Куче (1934, 1946, 1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018)

    Карактеристики: Кучињата се верни и многу вредни работници. Многу се креативни, посебно ако се наоѓаат пред некој предизвик. Секогаш ги имаат потребните информации. Најдобро се снаоѓаат во професии поврзани со спорт, храна и менаџмент. Тие се тимски работници кои често работат на разни проекти, како што е развој на софтвер, посебно софтвер за игри.

    Лични особини: верни, љубезни, прилагодливи, тврдоглави, морални


    да да да точно е :) :)
     
  14. TeaB

    TeaB Популарен член

    Joined:
    Aug 11, 2010
    Messages:
    1,868
    Likes Received:
    543
    Па прилично се е точно, особено она за агентот :lol:
     
  15. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Joined:
    Apr 12, 2011
    Messages:
    1,793
    Likes Received:
    2,025
    Исто и на мене на кинескиот хороскоп на Фемина ми искача дека сум змеј, а според ова сум змија. Читав и за змејот и за змијата и двете ми одговараат само змијата повеќе бидејќи ептен ме опиша.
     
  16. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Joined:
    Apr 25, 2012
    Messages:
    1,240
    Likes Received:
    3,404
    veruvam vo horoskop i tocen bidejki go rabotam toa iako poveke e hobi
     
  17. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Joined:
    Jul 27, 2011
    Messages:
    929
    Likes Received:
    2,265
    Gender:
    Female
    Мајмун (1932, 1944, 1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016)

    Карактеристики: Мајмуните се полни со енергија и сакаат да прават повеќе работи истовремено. Работите кои се одвиваат полека предизвикуваат нервоза и досада кај родените во овој знак. Како доста интелигентни, мајмуните секогаш имаат избор кога се работи за нивната професија. Напредуваат доколку имаат ментор, некој кого ќе можат да го копираат. Одлични се како менаџери на ресторани. Им одговараат професии поврзани со градежништво, берза, маркетинг или односи со јавност.

    Лични особини: интелектуалци, брзо ги разбираат работите, љубопитни, прилагодливи, играчи

    Професии кои им одговараат: филмски режисери, трговци, инженери, златари


    Не е баш се погодено, да не речам ништо :D
     
  18. MaCa-J

    MaCa-J Истакнат член

    Joined:
    Aug 5, 2011
    Messages:
    604
    Likes Received:
    135
    Тигар (1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010)

    Карактеристики: Тигрите имаат две страни. Можат да бидат мирни, но и хиперактивни. Потребни им се периоди на интензивна активност, а веднаш потоа имаат потреба од мир и тишина. Одлично се снаоѓаат во професиите кои бараат веднаш да се дејствува (на пример, брза помош или противпожарна служба). Тие, исто така, се и одлични музичари (кои целиот интензитет го вложуваат во живите настапи) и организатори на настани.

    Лични особини: имаат натпреварувачки дух, сигурни се, добри лидери, авантуристи, често избрзуваат

    Професии кои им одговараат: писатели, пилоти, продавачи, канцелариска работа.

    - Не ми е баш се точно, но сепак океј е. ;)
     
  19. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Joined:
    Jul 7, 2010
    Messages:
    2,261
    Likes Received:
    1,347
    Можеби...да речеме делумно точно...Вистина е дека дел од мислењата си ги задржувам за себе , не би било фер кон оние кутри емотивци да им се истурам со мојот безобразен речник па да ги носам на душа ;)
     
  20. Quuen

    Quuen Популарен член

    Joined:
    Jun 9, 2014
    Messages:
    465
    Likes Received:
    2,603
    Gender:
    Female
    Tочно бар за мојот знак :D