1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Професијата на мажот

Дискусија во 'Брак' започната од Felicia, 12 јули 2012.

  1. Felicia

    Felicia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2012
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    56
    Темава ја отварам тука бидејќи мислам на мажи кои се веќе со години навлезени во својата професија.
    Ако не е на право место, преместете ја.
    Колку има вистина во стереотипити за професионалната определба на мажите?
    Пример: мајка ми неколку пати ми спомнала немој да се омажиш за полицаец... они се лоши, сакаат се да е под нивна контрола и да командаат, секогаш ќе те испитуваат, неретко насилни и сл.
    Колку се сложувате дека има вистина во таквите работи?
     
  2. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    :D ме насмеа бре ова за полицаец. Ако збориме за времето на мајка ти у комунизам и кога се знаеше што е војска ЈНА и МВР, т.е кој е војно лице кој се гледаше со авторитет и страх и трепет :) сега нема врска. Секој неписмен стана полицаец што не знае ни носот да си го избрише а не пак да воведува ред и мир.
    И најголем хирург нека е, ако не му туриш во џепче нема ни да те погледне а најмалку нема да те касапи по дома :D . И банкар нека е, ќе му пуца глава од странки а нема екстра пари да носи дома...

    Денес секоја професија е исполитизирана и се е за интерес и пари.

    Мислам дека мајка ти има некое си погрешно сваќање и сеуште живее во социјализам а заборавила или не знае дека сме суров капитализам. Ако мажот го бираш според професија а не според емоција и карактер зајебала си ствар још у старт :wasntme:
     
    На EminemsGirl, makedonkamak, Umbrella22 и 8 други им се допаѓа ова.
  3. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    мојот сопруг е инжењер вработен на струката,премногу интелегентен ,начитан,толерантен но ужива да анализира за секоја ситница ништо не му одмакнува е тоа баш ме нервира
     
    На Leo girl, Cinderfakinrella и Ariana.djm им се допаѓа ова.
  4. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Мојот маж е професионален војник,во специална едниница.
     
  5. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    Маж ми е градежен работник. Инаку, тоа за полицајците е вистина. Едниот девер работи во ЕБР и е баш онаков како што ги опишуваат таквите. Сака да команда, ако жена му не го послуша се лути, сака се да му биде под конец. Едноставно, тој е личност со многу тежок карактер. Јас не сакам таква личност покрај мене.
     
  6. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    скрос исто освен за делот начитан ( тоа само стручна литература друго ништо не го интереисра од книги)
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Vertigo014

    Vertigo014 Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    13
    Мојот сопруг е инжињер, знае буквално се да поправа по дома. Најсреќна сум кога ке се фати за правосмукалката :D
     
    На VladeMila му/ѝ се допаѓа ова.
  8. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.012
    Пол:
    Женски
    Мојот сопруг е шофер на камион. Не е начитан како инжињерите, ама затоа ретко кога е дома :D
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Vertigo014

    Vertigo014 Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    13
    Професијата на мажот е многу битна, да не речам пресудна колку тој маж ќе ви биде верен во бракот! Не го потценувајте тој фактор.

    Има професии на мажите кои не би ги препорачала на никоја пријателка која е на ред за мажење. Иако на прв поглед тие професии се многу ценети и добро платени.
     
  10. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Професионален ескорт? :?:
     
    На CameliaMiller, blackwave, sugarlips и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Vertigo014

    Vertigo014 Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    13
    Хаха ме изнасмеа !! :D Добро ќе беше да се само тие. Некои навидум одлични професии за мажот се ужас за брачниот живот.

    Еден пример да кажам: универзитетски професор. На најголема душманка да не и го посакаш за маж.

    Тие се во центар на вниманието и секогаш имаат свеж прилив на млади женски тела и можности за отсуства од дома колку сакаш! Предавања, семинари, конференции. Над 18 години се студентките, значи не се малолетни, а девојките се млади, убави, наивни, професорите моќни. Обично професорите се одлучуваат за некоја со која добро соработуваат,никако да не е некоја лудача што ќе го издаде и на самото завршување од факултет соработката преминува во нешто поинтимно.

    Помладите професори првин изневеруваат со своите колешки асистентки, но како заминуваат годините овие колешки се повеќе стареат и ги гази нов ешалон на млади студентки. Ми кажуваше еден професор дека за да си го зачува бракот потребни му се ваквите излети и човекот си се вљубува (јака логика), како што рече секоја втора или трета година во нова студентка, потоа си имаат "врска" која трае некое време. На времето тоа му биле асистентките, кои станале професорки, ама остареле пустите, сега само со студентки си го истерува меракот.

    Имам бројни такви примери во комшии, пријатели, за жал и роднини. Не е само оваа професија непрепорачлива, има и други, но во оваа професија се кријат хронични изневерувачи.

    Што викаш, има професионални ескорти по Скопје? :D
     
    На Lisandra, akvarium, intruder и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Ја гледам логиката тука, и не се противам на тоа. Знам какви створења сме луѓето на шанса и како се паѓа под влијание при авторитет и свежо месо, како на дискавери, животински инстинкт :D
    Ама не можеме сите да ги ставиме во иста кутија, сепак ако има сомнеж, добро е да се избегнува потенцијален проблем, ако се може, како што опиша колку лесно е да се подлегне, но да им дадеме и кредит, не секој паѓа на животински инстинкт. Па и доста е да се ставиме во улога на бомбата студентка или асистентка која не сака внимание од мажјакот со авторитет и да му ритнеме клоца таму дека боли ако и се осмели да пријде.
    На крај мислам зависи од тоа колку се познаваме за да си знаеме каде сме со некој, од тоа во која ситуација би се најделе при работно место или едноставна прошетка во парк.

    Поима немам има ли ескорт бизнис во Скопје, ама да ти кажам, ако нема, јас би да инвестирам, со добар бизнис партнер, и инсистирам на лично интервју со кандидатите :o :D
     
    На makedonkamak, captivating, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  13. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Ако нешто мразам во овој живот тоа е генерализирање, или што вика Имелда ставање во исти кош. Не не, не е точно дека професори само изневеруваат, или само шофери, или мед.сестри изневерува ЧОВЕК СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ. Ако некој професор изневерувал со студентки и ти го знаш тој случај, немаш право да кажеш дека *професорите иневеруваат со студентки* туку ќе речеш *професор Петко Петковски изневери со студентка* Извинете ама за мене генерализацијата е површно гледање на работите. Значи јас знам за човек кој е келнер и едвај врзуваат дома крај со крај и работи дупли смени, а налетав на него како ја фачка швалерката. Знам и човек кој работи во ревизија и си фати швалерка, па ја оставии жената. Знам и еден случај на доктор кој исто така си фати швалерка. Да може има и професори. Но професијата не е одлучувачка дали некој ќе изневерува, битен е карактерот на мажот. А ако сакаш да изневеруваш шанси секогаш има. Ова е мое гледиште на работите.
     
    На CameliaMiller, joy1, mims-89 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Vertigo014

    Vertigo014 Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    13
    Да , се сложувам дека зависи од човек до човек и најверојатно има професори кои не изневериле. Таквите се ретки и секој чест за нив.Извини, но јавно именување не можам да направам за примерите за кои знам со сигурност дека ги вараат жените. А некои примери се толку познати на јавноста, што ич нема потреба да ги посочувам. Особено пак ако професорот е на раководна функција.

    Професијата и те како е одлучувачка дали мажот ќе ја изневери сопругата. Постојат студии и студии кои докажале дека одредени професии се повеќе прељубнички од другите. Не сакам да навлегувам во тоа, има истражувања на интернет за оваа тематика.

    Во конкретниот случај што се фативме за универзитетски професор, шансите за изневерување се многу поголеми отколку кај некоја друга професија, пример нотар или вилушкар, карикирам. Не секоја професија доаѓа во контакт со такво мноштво на млади женски тела. Факторот понуда и побарувачка исто така игра улога.
     
  15. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.358
    Допаѓања:
    21.331
    Пол:
    Женски
    Vertigo ти го почитувам мислењето, но сепак јас не се согласувам со него. Се обидувам да те разберам. Дали сметаш дека мажите во конкретната професија се повеќе склони кон изневерување затоа што се опкружени со млади претставници од спротивниот пол, па тоа некако ги дразни или природата на професијата го поттикнува тоа. Ако мислиш дека ако си опкружен со спротивниот пол повеќе ќе изневеруваш, јас велам не. Конкретно лично јас еден период работев секојдневно во контакти со млади мажи спортисти, кој од кој попривлечен ама ни еднаш не изневерив. Јас пак ќе останам на тврдењето дека е до личноста и нејзиниот карактер, а не до професијата и со кој работиш. :!:
     
    На Nade-sunrise, Annath и hermosa им се допаѓа ова.
  16. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.400
    Допаѓања:
    5.849
    хаха па ете татко ми е полицаец....си ги завршува со обврските дома (доколку има се разбира ..помага по дома.. :) )...и ете ќе си гледа спорт....ни малку не е како што напиша ..да те држи под контрола итн. само вели се знам што правите -а нема врска.. :lol: и да не почнам да ве држам под контрола-што нема да го направи тоа никогаш...не е таков карактер..си ја врши својата должност кога е на работа а не и дома..
    има одредени негови колеги се прават богови-што работиле они-брееј..па многу они.. хах

    се си е до карактерот..нека носат пари дома друго ќе се среди ;) да има од што да се живее..
     
  17. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.475
    Допаѓања:
    39.705
    Пол:
    Женски
    Абе точно е дека секој со различен карактер, ама не би сакала маж ми да има професија во која е постојано во контакт со жени и девојки.
     
    На Lisandra и Vertigo014 им се допаѓа ова.
  18. Vertigo014

    Vertigo014 Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    13
    Јас ќерка ми не ја давам на универзитетски професор па не знам што! Од сега сум ја пречкртала таа професија за идниот зет :lol:
     
  19. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    :D точно!
    Ама не се нервирај па и ти :lol: , такви се инженерите, се со бројки си иамаат работа и ако не е се подредено, не може процесот да тече правилно.
    Професионална деформација.
    Море и мене ми иде некогаш да му удрам еден бокс :@ (на другар ми) , ама не сум толку прецизна :D
     
  20. Vertigo014

    Vertigo014 Активен член

    Се зачлени на:
    2 септември 2013
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    13
    Mојот календар пополни до нова година, се му е под конец испланирано.