Професори со партиски книшки

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од lovely97, 21 октомври 2016.

  1. lovely97

    lovely97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2016
    Пораки:
    708
    Допаѓања:
    9.076
    Пол:
    Женски
    Здраво. Доколку ја има некаде темава, слободно нека иде во канта.

    Епа вака сега. Вчера си седам со братучедка и паднавме на муабет за професорите. Имало некоја со завршен факултет ИСТОРИЈА, а ја ставиле да предава ЛАТИНСКИ. Од мое лично познавање, мислам дека ИСТОРИЈАТА нема никаква врска со ЛАТИНСКИ. Па луѓето си ги праќаат децата во училиште за да научат ЛАТИНСКИ, од професор што има завршено тоа школо, а не некое си сосема различно. Али битно девојката, сега професорка си трчка за партијата ВМРО каде и да и речат.

    Друг пример. Еден дечко сограѓанин сега заврши факултет. И кога го завршил факултет отишол кај градоначалникот во канцеларија и му рекол: Јас завршив факултет, и сега ајде да ме вработите. И оп за една недела и тој наставник во основно училиште. До порано и ЗДРАВО, знаеше да каже, а сега одма не се познаваме.

    Има друг со средно образование, но сега работи во ПОЛИЦИЈА, бидејќи и тој си трчка по ВМРО.

    Ги има и други такви со партиска книшка стасале до висока работа. Искрено јас таквите луѓе не ги ценам, бидејќи тие за мене се само едни обични потрчковци.


    Зборот ми е што мислите вие за овие луѓе, кои само со партиска книшка успеале да стигнат до високо функционална работа.


    И СЕ ДОДЕКА ЛУЃЕ СО СРЕДНО, ИЛИ СОСЕМА РАЗЛИЧЕН ФАКУЛТЕТ ГИ ПРИМААТ НА РАБОТА ВО ДРЖАВНИ УСТАНОВИ СО ПАРТИСКА КНИШКА, МЛАДИТЕ СИ БЕГААТ И УШТЕ МНОГУ ДРУГИ ЌЕ БЕГААТ ОД НАШАВА ДРЖАВА.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mynameislove

    mynameislove Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2013
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    12.350
    Јас мислам поради ова не нѐ бива и никогаш нема да не биде ако продолжи вака. Можеби отсекогаш имало вработувања со партиска книшка, ама ова е од преголем размер и алармантно. И за жал се истакнуваат и вработуваат таквите потрчковци од кои другите непродадени души неможат да се вработат или немаат желба едноставно. Иако имаат висок просек, вложиле, се треселе пред испит шансите им се рамни на нула без партиска книшка.
    Без квалитетно образование нема да има ни квалитетен кадар, нити пак живот. Децата ќе ни ги учат неписмени, ќе се молиме да не се разболиме оти не знаеме во чии раце ќе паднеме, а идните генерации ќе го прифатат тоа како реалност.
    Не знам што уопште се чудиш, примери има милион, јас познавам многу ама си ги штедам нервите, па не се замарам со нив. Ако им е убаво да живеат неписмени, нека продолжат. За мене е неписменост да си во образование, а да не знаеш кој зборови се пишуваат слеано, а кој разлеано, мешање "ф" и " в" непочитување интерпункциски знаци, немање идеја за час, а работиш како наставник.. Се запишуваат оние кои треба прво да се вратат во основно. Познавам таков пример што веднаш се вработи, а едвај со 6ка поминуваше, кога веќе збориме за образование. Криво ти е кога си вложил многу, ама пак ке речам, не е само да завршиш факултет, брука е да не знаеш такви работи, ама некои може сакаат да бидат будали со диплома :D
    Се извинувам на негативноста, избегнувам да коментирам политички настани, ама ете произлезе.
     
    На Victorian и LollySky им се допаѓа ова.
  3. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.709
    Допаѓања:
    75.152
    Пол:
    Женски
    Баш и со татко ми зборувавме за ова и тој рече, некој ако ги пријави такви професори во министерство, одма летаат од работа.
    Некој со историја ќе предава латински, некој со социјални работи ќе предава географија, некој уште нема диплома и го вработиле...и ете така од прилика си се кај нас наредени работите.
    Од гомно да е, од Вмро да е...
    Имај партиска книшка, ќе потрчаш малку, ќе му седнаш малку во скут на директорот, и ќе му го земеш местото на некој што заслужил.
    Неписмени, ќори, сакати, битно книшка имаат.
    Како не ве нервираат вакви неправди?

    Таа што предава по латински а го нема завршено тоа, може да се пријави во министерство.

    На историја и латински единствена допирна точка им е што се институти на ист факултет. Ќе и речат сега на таа "професорка" оди положи некој испит по латински, барем не се брукај пред учениците...
    Или тој "професор" по географија, а завршено има социјални работи (facepalm) ама порано предаваше мислам го пријавија во министерство, не знам сега што се дешава.
    Заслужуваат таквите и по 1000 пати да ги пријавуваш додека не се превземе нешто. Ама ако имаат книшка тешко дека ќе успее работата. Штом ги вработиле, оди извади ги да те видам...Паразити без осет.

    Борете се, пријавувајте, не се плашете. Потписи, родители, петиции....Нека се искоренат такви гниди со книшки.
    Да ти е страв дете да пуштиш на школо (facepalm) уте ќе му дојде некој со социологија, да му предава математика и германски (facepalm):headbang:
     
    На blackwave, Victorian, LollySky и 2 други им се допаѓа ова.
  4. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.709
    Допаѓања:
    75.152
    Пол:
    Женски
    Ете на 6ти ноември ќе има митинг нешто вмро, па ќе ги видите кои се први нацртани кај што држат знамиња.
    Ти изигрува професор а пошол на плоштад со капа, маица, пенкало и знаме од вмро. Ја пее химната и солзи му течат од радост по гВујо.
     
    На Mishela, blackwave, buba4e89 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    2.900
    Пол:
    Женски
    Hahahaha :D tragikomicna e celava situacija vo zemjava :/ nz covek dali da se smee ili da place
     
    На anaja1 и JollyGirl им се допаѓа ова.
  6. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.709
    Допаѓања:
    75.152
    Пол:
    Женски
    Да плаче дефинитно....
    Само тие што си заминаа по странство се спасија... Германија, Швајцарија, Австрија... Тие ќе си видат живот.
    А ние еве со што ќе се расправаме. Со неписмени професори ставени што немаат никаква врска со предметот што го предават.
    Ми иде лично јас сите со ред да ги пријавам во министерство. Ми е гајле кој што е...
    И да не знаеш два збора литературно да пишеш, ако вујко ти, тетка ти или чичко ти се вмровци тогаш не се секирај... И да имаш на пмф завршено ќе предаваш германски на школо, колку да работиш нешто. Ако појма си немаат (facepalm) ретарди сите
     
    На meckicka, anaja1 и biGirl им се допаѓа ова.
  7. biGirl

    biGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.075
    Допаѓања:
    2.900
    Пол:
    Женски
    Taka e znam... :( ... edna zavrsi zemjodelski fakultet so partiska kniska se pikna na salter vo banka ...i aj sea vidi dali jas kako student na ekonomski nema da zaplacam 4 godini ucam od knigi po 600 strani ucam finansii ekonomii se i seshto za shto ....? Da dojde nekoj so ucel za pocvi,drva,lista,argrarstvo i da vrsi knizenja,trezorski raboti i odobruvanja na krediti (facepalm)
     
    На meckicka, anaja1, JollyGirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.709
    Допаѓања:
    75.152
    Пол:
    Женски
    Да беа само овие случки, арно ќе беше, ама кој знае уште колку има што не ги знаеме (facepalm)
    Најтрагично е што сите се прават дека се свесни, а никој не превзема ништо.
    Ајде дали во Германија е вака...ќе предава професор што го нема завршено тој факултет? Еј да, "сигурно" ќе прадава. Одма се превзема нешто, се разгледува ситуацијата и го бркаат тој професор.
    Ние нафта пиеме овде :headbang: Си гледаме и си ќутиме ко телиња.
    Професорот врска нема со предметот, лекциите ги учи пред да почне часот исто ко учениците, и да го прашаш нешто плус појма нема од животот.
    Ама ако, додека има овци, ќе има и волна...убаво ни прават....малку ни е ова. За вакви овци, малку е и ова.
     
    На meckicka, anaja1 и biGirl им се допаѓа ова.
  9. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    4.200
    Допаѓања:
    25.094
    Имав пишано и во друга тема дека мене ми предава биологија една искомплексирана, што можеби сепак има познавање од нејзиниот предмет. А велам можеби зошто многу пати кажува погрешни работи додека предава. Но воопшто нема став на професор. Омаловажува и навредува ако згрешиме наместо да не поттикне да се потрудиме да се поправиме, дури испаѓаме криви и ако ни е точно кажаното, Ама и ако се побуниме знаеме дека уште повеќе ќе ни се настрви. Не знам дали е со партиска книшка ама дефинитивно не и' е таму местото
    Ете пак во некои случаи го завршил тој предмет што го предава. Ама не е само тоа да го заврши факултетот. Тој професор со ученици треба да работи, да ги образува, да ги насочи оние на кои им е омилен тој предмет. Не е само да предаде, туку да гледа што повеќе да ги внесе во областа, да се труди да ги заинтересира, да одговара на прашања, да сака да им помогне кога треба.
    Знам дека во некои држави, Финска на пример, за професор не е само да се заврши факултет по предметот што ќе се предава. Мораат плус да магистрираат, и пак некако ги одбираат кој е довоолно образуван за да образува други.
    Пак ќе кажам, ретко кој го зема во предвид ставот на учениците и нивното достоинство. Само имаат глупави оправдувања кога некој професор е на мета од страна на ученици или професори. Ама кога е обратно, професорите се секогаш во право.
    Треба посериозно да се сфати образованието и не секој што ќе заврши некоја област да се вработува како професор од истата. Мора да се има посебна обука за секој професор и да поминат одредени тестови за да се оценат дали се доволно способни да образуваат. Е тоа дали некогаш ќе биде овде, не знам.
     
    На Someonespecial, Lella, Victorian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Nellie

    Nellie Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Женски
    Неквалитетен кадар во образование има премногу, да не редам примери од тоа кој се стана професор а не знае да се потпише. Жално какви не ќе им предаваат на децата
     
    На Victorian и meckicka им се допаѓа ова.
  11. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.709
    Допаѓања:
    75.152
    Пол:
    Женски
    Инаку темава не треба во образование да се префрли? :|
     
  12. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    1.561
    Допаѓања:
    2.843
    Пол:
    Женски
    па професориве по странски јазици пола од нив се со курс. Плус и тие што имаат завршено факултети од соодветната струка не се за наставници да бидат туку нешто друго
    ПРИМЕР
    -завршила превод и толкување му ја зима работата на некој што има книжевност (а разликата од смер до смер е небо-земја)
    -завршил биохемија за во лабораторија а предава биологија и хемија

    ако нема на огласот посоодветен кадар тогаш е ОК но ако има јас не знам нивните конкуренти на огласи зошто ќутат. А бе 200 инспекции ке викнам.

    Јас да сум родител на дете (ко што сум таква писмена) и детето да ми го учи англиски/германски некоја што завршила само два курса ке одам кај дирекоторот и ке кажам детето не го пракам на школо. Подобро дома нека седи отколку да учи грешка работи.

    Тие што завршија пак се приказна за себе. Како може сегде во државата се бара државна матура за прием на факултет само на педагошки у штип не се бара (барем така беше пред некоја година сега не знам). Самиот критериум кажува каков профил на студенти одат таму, и после од таму некој неписмен мене дете да ми учи. Па намерно од дома ке го терам детето да им кажува на наставниците кога грешат и да ги потценува.

    А за во банка на шалтер мислам дека е тоа приватна фирма и они си одлучуваат кој ке примат.
     
    На Nellie, Victorian и meckicka им се допаѓа ова.
  13. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.709
    Допаѓања:
    75.152
    Пол:
    Женски
    Џабе да појдеш кај директорот да се жалиш, пошто тој ја примил неа на работа.
    Единствено само во министерство да се пријави треба таков случај, па тие си знаат што да прават.
    Нека ги избркаат такви што завршиле курс и по еден испит од предметот.....зар такви треба по образованието?
     
    На Victorian и kikikikirika им се допаѓа ова.
  14. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.927
    Допаѓања:
    13.927
    Пол:
    Женски
    Во кое министерство бе? И таму од прв до последен се со книшка, или ВМРО или ДУИ. И во општина исто.
    Работам во училиште инаку, од прва рака знам како стојат работите. Најлошо што може, кратко кажано.
    Основна квалификација за директор е партиски потрчко, и тој понатаму вработува кого му пратат од општина. Кога има дешавки, им наредува на овчичките што ги вработил да одат на митинг, протест, и сл. Пред избори, им бара список со 20 сигурни гласови за вмро со име и матичен број. За возврат, тие се први за проекти, со полн фонд часови макар и да немаат квалификации за некој предмет, не ги казнува инспекција за ништо, макар и да удрат дете итн.
    Прашајте слободно уште нешто ако ве интересира :)
     
    Последна измена: 24 октомври 2016
    На Offspring, Victorian и JollyGirl им се допаѓа ова.
  15. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.231
    Пол:
    Женски
    Моја комшика пред две години заврши педагошки факултет и со партиска книшка се вработи во основно училиште, како одделенски наставник. Веднаш по дипломирањето почна со работа. Значи, ако немаш партиска книшка, џабе ти е факултетот.
     
    На Victorian и Avokado им се допаѓа ова.
  16. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.709
    Допаѓања:
    75.152
    Пол:
    Женски
    Знам како одат тие работи, ама не ми е јасно што да превземат родителите?
    Пример ако се соберат потписи за да се избрка таа и таа професорка, пошто едноставно нема соодветно образование, дали би се превзело тогаш нешто?
    Знам дека министерстово е такво какво што е (за никаде) ама ако се крене узбуна може ќе се направи нешто.
    Најлошо е што ќутиме сите ние. Се правиме слепи и глуви и глупави со сила...Собери родители, потписи, штрајкови, узбуни и има да лета тогаш.....Ама кој би превзел такво нешто? Сите настрана бегаат, се повлекуваат.
    Ми иде лично јас да појдам и да ги соберам сите.
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  17. LollySky

    LollySky Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.927
    Допаѓања:
    13.927
    Пол:
    Женски
    Е, тоа е работата, сите си ќутат. Досега не се побунил никој, на сите им е страв. Иако реално, ако групно сите се побунат нема шанси ради тоа некој да ги казни, ептен ќе биде видливо. Ама секој си гледа само за себе, гајле им е за другите. Си фаќаат врски само за своето дете и не се замараат со туѓите. Затоа и се случуваат овие глупости со Кембриџ, екстерно, компјутер за секое дете и слично, само проекти преку кои се испраа куп пари и се затупеа децата.
    И наставниците не се поарни, секој си се гледа само себе, да не се замери со директор или партија. Дури и оние што не се партиски си ќутат. Тие како мене што си го кажуваат мислењето, се бројат на прсти.
     
    На Victorian, Nausicaa и JollyGirl им се допаѓа ова.
  18. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    4.709
    Допаѓања:
    75.152
    Пол:
    Женски
    И класниот на брат ми е од тие што си го кажуваат мислењето и затоа сите на пик го имаат фатено, па кутриот како невидлив е низ школо...не знам ни како му дале класен да биде (facepalm)
    Значи сите млади професори да си знаете дека се вмрОВЦИ. Не може да постои млад вработен, а да не е од КАЈ НИВ.
    Тешко и на родители, и на професори, и на сите...какво време дојде да не можеш доверба во никој да имаш. Колку не замараат сите со политика, тоа е чудо нешто.
    Море како сум јас лично засегната и напукана поради некои случки, ми иде и министерство и се врз глава да им урнам.
    Се би направила само да се охрабрат родителите и да собираат потписи без страв, кога има некој професор со несоодветно образование да се пријавува ОДМА....ама убаво кажа, секој за себе си гледа.
    Џабе си зборувам...
     
    На Nellie, Nausicaa и LollySky им се допаѓа ова.
  19. Nellie

    Nellie Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2015
    Пораки:
    329
    Допаѓања:
    1.029
    Пол:
    Женски
    Не де и Кембриџ е во ред само треба да се знае како да се имплементира, не може секој да е добар професор под добар мислам на пред се спремен на своето поле и педагог. Се учат, си има предмети методика, педагогија и не е само заврши филолошки било кој смер или било кој друг и земи доквалификација на филозофски и оп професор, не се станува така лесно. Сега денес се сведе професор да прошеташ штиклите и дневникот и толку. На крај резулатите покажуваат слаба матура, слаби студенти, не се криви тие немаат од кого да научат. Во основно се поставуваат основи за учење а нашиве полуписмени излегуваат, и пак ќе кажам не може биологија да предава со технолошки, нити македонски со оној двојазичнион во Битола.
     
    На lovely97 и kikikikirika им се допаѓа ова.
  20. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.015
    Допаѓања:
    16.976
    На отсекот Историја при Филозофскиот Факултет, веројатно постои можност да одбереш изборен предмет од Филолошки отсек. Што значи дека, латински јазик, не мора да предава само некој кој исклучиво има завршено за јазици, туку може да предаваат и оние кои завршиле курс или имале различен смер, но интерес и љубов кон овој предмет, па го учеле паралелно за време на студиите.

    Истото важи и за компетентноста и работната Етика. Не мора да значи дека ако одредени луѓе после факултетот барале партиски да бидат вработени и тоа им е овозможено, директно на нив треба да се гледа како на несовесен и неквалитетен кадар. Меѓу партиските пиони секогаш има вредни, посветени работници. Иако тие најчесто паѓаат во сенка ради останатите полтрончиња.

    Што се однесува до партиските книшки, истата песна ќе ја тера секоја наредна власт која ќе доаѓа. Можеби нема да бараат книжулиња, но сигурно ќе смислат замена за ,,идентификација".
     
    Последна измена: 25 октомври 2016
    На PaLaVa му/ѝ се допаѓа ова.