Здраво на сите, решив да ја отворам темава бидејќи не најдов ваква. Ако има нека се избрише Инспирирана сум од фактот дека човештвото во последно време изумира, дека никој никому не нуди помош, дека никој веќе “не се меша”. 1. Дали сте се нашле во небезбедна ситуација надвор, и дали сте добиле помош? 2. Дали сте биле сведок на ваква ситуација, и како сте реагирале при истата? 3. Дали мислите дека е подобро да премолчите и да заминете за да не влагате во проблеми, или да застанете и да помогнете по цена на вашата безбедност? Ќе почнам јас.. Порано бев стрикно за тоа да се помогне во секоја ситуација. Но, ми се случија неколку настани, што малце ме предомислуваат. 1. Пред некое време, бев сведок на тоа како дечко на сред улица турка и агресивно шамара девојка. Ќе паднеше девојкава. Значи ептен страшно. Јас како јас, на тоа не можев да премолчам, и доаѓам до неа, и и викам ајде дојди со мене, овој ми се дере “тргни се курво” , јас не се предавам, викам ќе викнам полиција пушти ја одма девојката. И таа буквално ми се врти и ми вика, цитирам : Дај мавни ми се, не можам и со тебе да се замарам. Јас останав подзината. 2. Во сред центар, циганчиња агресивно им се залепија на две млади девојки, ги влечеа, ќе фаќаа, им дофрлаа зборови као “еби ме, дојди позади” овие видно исплашени ги молат да се тргнат, не можат да ги откачат. Си викам нема смисла, мора да изреагирам. Идам и им викам ајде оставете ги на раат, тргнете се, ќе викнам полиција, не смеете вака. Циганчињава на мене ми се закачија. Ме плукна едното буквално, девојчињава избегаа од настанот и ме оставија. После ова, сфатив дека треба да помогнеш само ако тоа се бара од тебе. Затоа што со тоа ја загрозуваш и твојата безбедност. Што знам, можеби погрешно, но одсега така постапувам.
Не се помага безусловно во секоја ситуација од причина што не секогаш на некој му треба помош. Се помага онаму каде што се бара тоа од тебе, ако некој гледаш е во лоша состојба, бара излез или вика за помош тогаш човечки е да се помогне. Исто се помага и доколку на пат има сообраќајна несреќа, тука можеби и минути се во прашање за спасување на нечиј живот. Во вербални расправии на јавни места сум била сведок и се тргам настрана, не е моја работа, од тепачки исто би избегала и не би се мешала ради моја безбедност. Лично ми се случило во градски автобус ми се слоши и паднав ми помогнале. Неколку пати сум имала проблем со автомобилот се случувало да не можам да излезам од паркинг или да не можам да ја запалам сум побарала помош и секогаш ми помогнале.
1. Дали сте се нашле во небезбедна ситуација надвор, и дали сте добиле помош? Да. Не ми помогнал никој. Бев нападната од двајца физички. Беше околу 10 саат, одма пред мене имаше тераси на ниско приземје и имаше луѓе внатре, јас иако викав, никој не помогна. За среќа, освен физички напад, немаше повеќе иако можеше. Ден денес се ежам на таа случка. Кмаше уште ситуации, оваа беше најлоша. 2. Дали сте биле сведок на ваква ситуација, и како сте реагирале при истата? Сум била сведок на безброј. Некогаш сум реагирала, некогаш не. Научив да проценувам кога можам, а кога не 3. Дали мислите дека е подобро да премолчите и да заминете за да не влагате во проблеми, или да застанете и дапомогнете по цена на вашата безбедност? Со овој памет сега, не би улетала вез размислување во проблем. Зависно од ситуација, сигурно би се обидела на друг начин (да повикам помош или полиција), но директно не верувам. Ова зборувам за ситуации каде јма вербална или физичка пресметка, така ја сфатив темата. А за помош од друг тип секогаш сум гледала ако можам да помогнам и ќе помагам.
1. Дали сте се нашле во небезбедна ситуација надвор, и дали сте добиле помош? - Кога ме нападнаа на работно место во Скопје добив помош од менаџерот само,другите бледо гледаа. Кога викнав полиција газдата на местото ми рече дека немало потреба, веројатно требаше да оставам да ме утепаат. Угледот му беше важен. Останатите сведоци никој ништо не видел. Среќа,полицијата си ја заврши работата. Во Малта 2018 год ме полеа еден дечко со жешко кафе,кога се стрчаа пешкири даваа,мраз.. останав подзината. 2. Дали сте биле сведок на ваква ситуација, и како сте реагирале при истата? Бев сведок на сообраќајка пред моето работно место и веднаш реагирав. Верувајте ми многу значи пружена помош, не мора никој да цени,тоа го правите ради вас. Пред некој ден еден црнец и се пушти на една баба во бус сите станавме,јас бев во униформата. Кога ќе видат секјурити или полиција да пишува се плашат,а вака јаки се. 3. Дали мислите дека е подобро да премолчите и да заминете за да не влагате во проблеми, или да застанете и да помогнете по цена на вашата безбедност? Зависи. Треба да се процени кога треба,ако е тепачка не е безбедно за девојче и треба да се повика полиција. Сум помогнала на комшиски расправии каде стари биле бутнати буквално на земја, на расправии каде треба да се стави крај (често во бус). Ама ако е ептен загрожувачка ситуација си има надлежни за тоа. Пред сѐ, мислам дека треба да постои човечност и емпатија во себе си, за да знаеш како да постапуваш во одредени ситуации.
И јас сум се нашол во неколку ситуации каде што тие на кои си се понудил за помош, или биле чудни, или неблагодарни, затоа сега не се замарам многу. Ако е стар човек, секако ќе помогнам, ако се помлади некои, се правам дека не гледам. Ова кажувам за не толку сериозни ситуации. Ко на пример пред некое време стојам на пешачки, и на дечкиве им излета тоа доле делот од колата каде што стои регистрацијата. И сега црвено им беше, двајца беа и чекаа некој да им го подаде, па уште свират. И човекот до мене отиде им го даде. Да не беше тој, јас не верувам дека ќе се позамарав да им го подавам.
Сум била во небезбедни ситуации, најчесто сама сум се справила, ама имало и ситуации каде што ми помогнале непознати. Сум била сведок и скоро секогаш реагирам брзо, не размислувам што би можело да ми се случи мене, туку гледам да помогнам најдобро што можем. (Херојот во мене се буди ) Имало и ситуации каде што сум се тргнала на страна, сметајќи дека немало потреба да се мешам.
Во главно сите имаме слично мислење. Ме интересираше зошто добија толку осуда оние “случајни минувачи” кај тепачката во која брутално беше претепан и почина ракометарот. Од негде ги сфаќам и тие што не изреагирале никако, никој не сака да си има работа со луди луѓе и насилници, а во полицијата и анонимност на повик, одамна немаме доверба. Кај нас за жал, најголемите криминалци и насилници се поврзани со полицијата.
Бев во опасни ситуации, ама мене повеќе ми помогнаа полицајци отколку обични луѓе. За помагање на друг зависи од ситуацијата.Ако е нешто поситно би се вмешала, ако е покрупно единствена помош од мене ќе е викање полиција/брза помош/пожарна.
Ми помагале и сум помагал. До моментална проценка е. Некогаш е возможно да се помогне, а некогаш е попаметно да се седи на страна. Во главно ако се работи за здравје имам приметено дека се собира голема група луѓе за да помогнат, иако повеќето само испаничено и згрчено гледаат. Исто така, во ситуации каде некој нешто се мачи или не е свесен дека му се случува мислам дека вреди да се помогне/укаже. Во лични расправии не би се вмешал, особено не сам, и особено ако не се бара помош. А и тогаш најпаметно е да се пријави во полиција.
Пред некој месец имаше случка каде вујко ми (72 годишен) се онесвестил во дворот. Вујна ми го испрскала со вода и додека дојде Брза помош му дала лимон. Кога дојде Брзата помош ја искараа зошто дала лимон, тој ги стегал крвните садови, му нанела штета. ...СДК дека понекогаш сакајќи да помогнеме, одмагаме. Затоа, ако не си стручно лице, најдобро е да се повика доктор.
Помагам исклучиво ако е сообраќајна незгода или животозагрозувачка ситуација на пр некому да му се слоши да е во безсвесна состојба... За помош што напад и малтретирање не би се мешала бидејќи не ја знам другата страна од ситуацијата ама зависи од ситуацијата би викнала полиција без да комуницирам и се мешам во насилството
Порано секому помагав, а видам расправија и јас ќе се вклучам, па бранам страна, па помагај, па трчај и најди им се, ама... Ама сега само ако станува збор за спасување на живот и е неопходна итна реакција се вмешувам. За се друго или полиција викам ако проценам дека е задолжително да се најде полицаец во збрката или одминувам и не се мешам. Кога доволно ќе настрадаш како наивна и добродушна страна расположена секогаш и секому да помогне е тогаш ти се пали сијаличката во глава дека некои случувања не се моја работа да ги оправам, а најмалку да се вмешувам во нив.
Заради ова мислам дека секој треба да помине курс за брза помош. Не се знае што и кога во животот ќе ти биде потребно.
Јас сум од оние што први трчаат да помогнат на некој што не му е добро. Еднаш пред мене и син ми млад маж доби епилептичен напад и падна. Син ми се уплаши ама јас препознав дека е тоа во прашање. Му реков не се плаши и дојде до мене да види што треба да се прави. Веднаш му притрчав, го свртев на страна да му помогнам да диши, зашто беше со лицето во тревата. Битно е да му се чисти дишните патишта за да не се задуши..Човекот се стабилизира ама сепак викнав брза помош. Инаку друг возрасен маж со деца се држеше на страна и на децата им рече да бегаат. Не се помести ни телефон фати да викне брза помош. Мислеше дека е од дрога нешто или дека е луд зашто пред нападот гласно викна и направи гримаси човекот. Во кавги не сум се мешала, искрено само еднаш и видов кавга меѓу маж и жена што тргна кон буткање на жената и постојав во близина да видам дали треба помош. За среќа сфати дека го гледаат па се смири работата. Имам паднато по скали на улица. Се искршив по нозете. Седнав на скалите и од јака болка си заплакав, не бев во состојба да станам. Луѓе проаѓаат покрај мене ама никој не ме ни погледна не ме ни праша што ми е. Го викнав на мобилен маж ми и по 10 минути тој ме крена...што да кажам.
Ако е кавга, или тепачка, сум се вмешала само кога е дете во прашање. За возрасни, право викам полиција.
значи секој со свое мислење и постапки ама јас искрено не знам кај ќе им оди душата на тие кои не сакаат да помогнат при вакви ситуации каде гледаат некој кај што паѓа. Па и дрога да е според мене сметам дека доволно е да се викне брза помош.
Од автобус видов една жена падна пред пешачки. Некои не реагираа.Само еден дечко пријде, ѝ помогна да стане и да премине улица. Човекот е многу себично суштество.