Веќе 2години знаеме во каква состојба живееме а и не знаеме до кога ова ќе трае. Темата е мислам доволно јасна по насловот. Како на децата ,нивното ментално здравје и нивниот психолошки развој влијаат и ќе имаат во иднина овие мерки-карантини,социјални дистанци,маски во присуство на најблиските/другарчиња/наставници. Прашањево е можда сувишно пошто однапред му се знае одговорот али е дел од темата-Дали приметувате промени во понашањето (и развојот) на вашето дете? Поготово ова за развојот оние што ги снајде пандемијава со деца под 5год. или родени за време на пандемија што и не знаат/не се свесни за живот без овие мерки и време на пандемија.Знаеме дека мозокот е во најбитна формативна фаза од раѓање до 5 години.Како на нивниот понатамошен развој ќе влијае се ова?
Убаво прашање. Не е лошо да се има место на форумов каде што ќе може да се разменат искуства и да се даде поддршка и совет за овој проблем, зошто сите до еден се афектирани од ковидов. Децата се соочуваат со ситуација која никој пред нив не ја имал, ни ние ни нашите родители. Имало пандемии низ историјата, ама не во и во поскоро време. Колку и да се повторуваат некои нешта (на пример како при избивањето на шпанскиот грип во 1918, сега е друг век и околностите не се исти. Кај моите деца повеќе забележав промена кај ќерката, која е постара одколку кај синот. Таа има 16 години, средношколка е. Се чуствуваше изолирана, фрустирана. Големи се доволно да сфатат што пропуштаат и да ги гледаат во перспектива работите, а премногу се млади да се носат со емоциите што ги осеќаат. Сосема беше свесна дека годините нема да и се вратат и дека работите што треба да ги искуси треба да ги искуси сега, зошто подоцна обврските што ќе ги има и очекувањата што другите ќе ги имаат од неа на постара возраст, ќе се поинакви. Некогаш затварање и повлекување во себе, преку тага до солзи за пропуштените прилики, па се до другиот екстрем- лутина, бес, дури до одење контра на се, иако знае дека е опасно/ризично. Е ова ми беше најнегативната последица од мерките, што кога се оддолжија почнаа да ја предизвикуваат скроз спротивната реакција. И она што се случи летово, беше последица на тоа што претходеше зимата и пролетта. Мислам дека короната со тоа што се пренесува со контакт, тинејџерите ги погоди повеќе, баш кај што не треба... За нив ова е време кога треба најинтензивно да се дружат со врсниците, да излегуваат, да шират познанства, да градат релации со други, да учат како се прави тоа, како се комуницира со другите (без интерфејс и екран) да си го изградат своето јас преку дружење со разни групи врсници. Баш овој период во животот треба тоа да се прави. Многу помалку нови познанства направија отколку што можеа да имаат ако не беше пандемијата, а со тоа и помали им беа можностите да стекнат нови искуства и да направат спомени што ќе им траат за цел живот. Утре ќе бидат на факс, на работа, средното нема да се врати, а тие за разлика од помалите деца се многу посвесни за тоа. Многу разговори се правеа, многупати и се повторуваа работите, ама мораше да и се помогне да разбере и да се прилагоди. Предност е што технологијата им отвори бар еден прозорец, бар некаков начин на комуникација, инаку уште потешко ќе им беше. Технологијата сега ја научија, ја изверзираа подобро од возрасните, зошто мораа да ја користат почесто. Очекувам уште поголем бум во иднина во овој домен и во однос на технолошкиот напредок, зошто денешниве деца утре ќе го убрзаат со своето искуство понапред тој прогрес.
Топрвин ќе ги гледаме последиците од сето ова. Затоа толку трубевме дека треба мерки, пазење, одговорност. А во тоа сме најслаби. Ама не, тогаш кревме паники, сме преувеличувале, не мислејќи токму на оваа тема - какви последици ќе има сето ова по психата на децата. Мојата вчера наполни 4 ама последно време е старшно нервозна и незадоволна од се. Мислам дека токму тие рестрикции забрани и карантини доведоа до тоа. Му го опреретуваш мозочето со толку многу информации, пробуваш да му објасниш зошто не може да оди по гости, да си игра со другарчињата.
Моето дете е родено во екот на пандемијата ,направи годинка и веќе се осеќаат последици во смисла не сме многу движени по гости ,не доаѓале гости. Па сега кога одиме негде многу тешко се опушта и треба некогаш и повеќе од еден час. Кога ќе ја допре некој што не сме ние тројца(домашните ) плаче. Бидејќи сум оддалечена од мајка ми 400-500 км. ја виде три пати годинава ,сите три со плачење и бегање срце ме болело.... Ама тоа е. И ние пропуштивме многу немаше мекици ,немаше прослава за крштевка,немаше голем роденден... Се надевам ќе заврши еднаш некогаш...