Верувам барем дел од вас слушнаа и прочитаа за психичкиот терор кој со години бил вршен врз ученици во средното музичко училиште "Илија Николовски Луј". Целата работа започна од статусот на бивша ученичка кој може да го прочитате овде. Девојката раскажува за бројни навреди, омаловажувања, некоректен однос што ги доживеала и видела од тамошните професори во текот на учењето. И можеби работава немаше да изгледа толку сериозно ако во коментари не се приклучеа десетици други бивши ученици и родители со слични сведоштва. Страшно е што голем дел од жртвите добиле тешки психички проблеми, биле приморани да пијат диазепами и други лекови за смирување за да ги издржат часовите. Зборуваме за ДЕЦА од 16-17 години. После статусот на матурантката, статус за поддршка објави и професорка од истото училиште при што дискусијата во која се вклучија и други професори продолжи во коментарите подолу. Лично немам никаква врска со школово но сметам дека случајов заслужува и посебна тема и големо медиумско внимание. Прво зашто се работи за деца и ученици чии права мора да се максимално заштитени, а сметам дека во нашава држава не се и ретко кој се замара со тоа. Второ, зашто знаеме дека е многу тешко да докажеш правно неправда врз ученик и дека многу многу ретко се бркаат наставници/професори од работа поради иста таква неправда према ученик. Инаку на профилот на инстаграм lujmemes ученици (сегашни и поранешни) анонимно изјавиле дека им се заканувале и со физичко насилство ако се пожалат или противат на професори и уште пострашно - дел од нив претрпеле и сексуално вознемирување од професори. Ми се чини дел од медиумите објавија, но некако слабо се дигна глас од тие што се инаку најгласни за неправда и влијателни. Сметам дека со случајов е крајно време да се ангажираат повеќе институциите во врска со состојбата во школите во државава и условите во кои учат учениците.
Читав, слушнав, читав. Образованието стана само и единствено гласачка машинерија, се надевам ќе си ископаат очи, и ниедно дете таму да не им се запише, да видиме како ќе функционираат.