Здраво девојки, Ја отварам темата со цел поддршка пред ивф процес, а да не им влијаеме неубаво на девојките што веќе направиле трансфер во групата на вонтелесно. Бидејќи сум личност што сакам да разговарам на тоа со други сопатнички што минат низ истото, а тука ве има многу, мислам дека ќе сме си од голема психичка помош. Веќе имам пишувано за мојата историја имам позади мене два неуспешни трансфери еден свеж и еден замрзнат, кај мене по еден се враќа ради скратено грло и ставен андоминален серклаж, следен планирам од есен, многу ми идат негативни мисли дека јас нема да успеам и упорно се гледам во иднина како мајка и штом помислам на тоа се кочам и ми доаѓа чуство дека јас никогаш нема да имам деца. Дали сама со ставам бариери во главата незнам и незнам како да го тргнам тоа , зошто знам и дека тој момент е многу битен во постапката, негативен да бидеш ништо не правам. Дали и вас ви е исто и дали сте помислувале на нешто вакво?
Јас првиот пат мислев еве од прва ќе биде, едно аспиринче и едно Естрофемче, и готово. Колку што се надевав, толку паднав. Вториот пат отидов поспремна на трансфер и реков еве сега сум спремна со терапија, 300 чуда пиев и боцкав. Пак ништо. Третиов пат направив тест на 8ми ден од трансфер за да си олеснам психички пошто не очекував поз тест. И се деси чудо. Сакам да кажам дека мора да имаме психичка поддршка во постапката за Ивф. Мене ми беше најтешко кога дознав дека возот ми прошол и дека ќе морам со донор. А кому да кажам? Кој ќе ме разбере? И сите што се боцкаат и пијат хормони за да извадат една јајце клетка. Сигурно е многу напорно, и психички и физички. Само, би требало да има психолози што се барем запознаени со нашиве работи бидејќи тој што не знае нема да знае да те утеши. Се надевам во блиска иднина тоа ќе се смени, па ќе добиеме поддршка од некого. И после Ивф, патот е тежок. Има секакви испитувања и цело време сум на штрек. Убава тема само не знам како да ја добиеме таа поддршка и од кого.
Исто и јас на почеток пред првиот трансфер од прва ќе бидне као немам друг проблем освен тубите и оп ништоо, вториот веќе изгубив и доверба во докторот и тоа плус и сега се префрлив супер е докторот ми влеа убаво чуство ама тие мисли дека нема јас да имам деца уште стоат на момент мислам се ке е ок ама одма си ги побивам тие мисли со глупости, нели викаат кога најмалку очекуваш се случува, е јас ем чекам ем и овие мисли и главата шашма. Незнам како да си помогнам со тие мисли, не се брзам за траснфер сама му реков на докторот од есен, вака лабава сум ама на моменти кога ќе ми текне и одма тоа
Здраво, низ истото поминав и јас со првото ивф бев сигурна дека ќе биде дека ќе имам бебе исто така и докторот беше толку сигурен дека ќе успееме од прв пат, но за жал беше неуспешно, доживеав страшно разочарување. За Второто ивф не се надевав викав нем шанси да биде многу стресово имав свекор ми во болница се бореше за живот, мајка ми на операција, си реков и овој пат на овие стресови нема да успеам, кога најмалку се надевав успеав јас бев бремена, сите контроли ми беа стресни до крај осеќав некој немир не бев спокојна ич, а се беше во ред имав одлична бременост дури и бебче за една недела понапредно, но за жал го изгубив во 40 недела. Сега кога се одлучив за трето ивф бев многу негативна реков не јас нема да имам дете и ова нема да ме сака, и пак позитивна бета, која за жал и овој пат заврши со вонматерична бременост веќе искрено се мислам дали ќе имам сила да се борам понатака и исто како тебе @Cloverrrr цело време мислам негативно, секогаш истото дали ќе успеам, дали ќе бидам мајка и јас знам дека треба позитивно да се размислува ама после се што поминав едноставно неможам. Ако не е за тука постот слободно избришете го
Офф бе мила ти многу повеќе имаш поминато од мене, и незнам како да те утешам зошто иста сум и јас како тие негативни мисли да ги тргнам незнам, еве и вежбам супер се осеќам се и не мислам на трансфер дури сама му реков на докторот од есен и на момент блиц ке ми текне на тоа и одма мислите и како во иднина не се гледам со деца, па како чуство дека мене нема мамо да ми се изговори нема да го дочекам тоа, како нешто недостижно ми е, а и во едно и двата траснсфери бев надежна не дека не бев ама ете незнам што да се прави, затоа дакав вака да си поразговараме за истите маки, а дека ни треба ни треба помош психолошка и цело време сум на размислување за тоа сма пак како некако да се кочам…..
Да премногу е тешка само оној кој поминал низ овој пат знае како е. Јас лани коа ми се случи тоа побарав психолошка помош и мене навистина ми делуваше добро дури и ми даде сила да пробам пак, но сега сум пак скршена и незнам што да правам ем сакам да пробам барем уште еднаш ем се плашам многу.
Не дај боже моето да го доживее никој секогаш се молам Господ на сите да ни ги исполни желбите и да не оствари како мајки. Сакам да мислам позитивно ама после се што ми се има случено едноставно неможам, а има жени кои поминале многу повеќе и од мене и сепак се храбри и продолжуваат понатака да се борат, се надевам дека времето ќе ни ги излечи раните и ќе не направи појаки од било кога и се надевам еден ден ќе бидеме и ние мајки и тоа на најубавите бебиња само треба да сме храбри и да не се откажуваме само така ќе успееме.
Секако дека се случуваат чуда, еве го кај мене се случи. Ќе бидете мајки, само среќа треба и да не се откажете до крај.
Здраво и од мене. Патот кој ние го одиме е вистина исцрпувачки и тежок. Кој и да каже дека не му влијае на психа, јас не би поверувала. Мојата историја е следна- на 10 години добивам страшни болки во стомак, што првично рекоа дека е слепо црево, за на крај да се испита се и да се установи увртена циста во десен јајник, и треба да се вади. Тогаш немав ни циклус и незнаев што е тоа јајник. Се реши се супер се до мои 25 години кога на другиот јајник се појавува истото со болки при движење (пешачење). Во приватна клиника успевам да спасам дел од јајникот и се беше супер. Се обидувавме со сопругот, но бременост немаше. Не чекав воопшто, почнав одма со постапка на инвитро на мои 28 години. За ваучер отидов со една инсеминација и нормално ме вратија барем уште една да направам. Кога отидов за втора инсеминација, докторот виде едно чудно израсточе на јајник. Вас лага нас вистина- растеше и личеше на ембрион во 9та недела. Што се не испитавме и неможевме да утврдиме што е, но секако не беше бременост. На мој ризик, стигна ваучерот и решив да се стимулирам. Извадивме многу- 17, од кои 7 замрзнавме на 5ти ден. Следуваше операција, лапаратомија. Стигнав до момент да морам да испитам дали е сето тоа карцином и каде се не бев на испитувања пост оперативно. Се од мене е извадено освен матката. Сеуште немам 30 години и немам веќе циклус. Се востанови дека е карцином во прерана фаза и дека се е исчистено и нема простор за паника. Следеше трансфер со две ембриончиња. Едно се фати, но и тоа си замина во 6та недела. Психата мислев дека ме држи и дека ми е топ и реков ај превентивно на психолог. Сфатив дека не било превентивно и дека очајно ми треба таа помош. Колку и да сме јаки со нашите животни приказни, некогаш ни е потребна стручна помош. Постојано во глава ми е прашањето- зошто мене и понекогаш што ако не биде. Се гледам како мајка, но ме убива фактот дека за мое дете (со мои клетки) шансите ми се броени. Сега се спремам за втор трансфер, и секако паралелно со психолог ќе си терам. Мојот став е дека се додека не се подоправам психички, да не го направам вториот трансфер.
Оф злато и ти многу си поминала, а си многу млада, животот не секогаш е праведен, но секоја потешкотија не прави похрабри и поупорни, нема откажување следниот пат ќе биде чим имаш замрзнати овој пат ќе биде. Секако ако ти е полесно со психолошка помош можеш и така само верувај дека се случуваат чуда и дека еден ден ќе биде. Јас може поминав некои работи, но секој пат желбата ми е иста ќе се борам се додека можам ќе се борам овој пат бев исплашена и скршена и викав дека е последно, но не Бог дава сила само треба време.
Kolku bolna i hrabra prikazna! Te vodusevam za hrabrostata. BRAVO! ps mozes da mi predlozis dobar psiholog? mislam deka i mene mi treba eden
Офф бре мила, Ти се восхитувам на силата, и кај мене беше цин3 среќа на време го фатив и го отстранивме и сега имам скратено грло, и затоа абдоминален серклаж ставивме, и тубите и двете ги затворив имав хидросалпингс, среќа немам др проблем поголем, сега бактерии две имав на матка па пиев антибиотици и од септ ке видиме контрола дали ги има уште. Многу е тешко, си мислам дека не ми е ништо и силна сум ама не, маж ми вика секогаш гледај се ти ако ти не си како што треба мене дете не ми треба, ти си ми најбитна ама пак не ми е сеедно и глупости мислам
Jas nemam nekoja interesna prikazna da vi kazuvam za mojata borba. No, pak uste se boram za dete. Imam 29 godini, i veke 3 godini vo borba za da stanam bremena. Od pocetok, koga pocnavme da probuvame za bebe, jas paraleln pocnav so ispituvanja, hormonite mi bea dobro. Ehoto okej. Prodolzuvav so ispituvanja, posle nekolku vreme obidi. Eho pak, pak okej, hormoni pak, pak isto okej. prodolzuvavme so hsg snimka, proodni kanali i se gledase mal septum na matkata koja ne pretstavuvase nikakov problem za bremenost. pocnavme so inseminacii, dve neuspesni inseminacii. promeniv doktor. noviot doktor mi rece da ispitam amh. amh mi bese 3. spermogramot 3 pati normalen. doktorot mi predlozi histero/laparo (vo xidod na matkata, se gledase edno malo miomce 2mm nadvoresen). prifativ vednas da vlezam vo operacija bez razlika kolku strav mi vese. prv pat vo zivot vo sala. bez nikakov problem. vlegov, pomina operacijata. ispadna diagnosticka. nemase nisto za korekcija. nemase pregrada. samo miom 2cm mal. toa doktorot ne sakase da go izvadi zasto bil nadvor i nemal nikakva vrska so infertilitetot. pak hormoni, pokacen prolaktin (vednas posle stimulacii za inseminacija). dostineks. namalivme prolaktin.. ispituvanje na vitamin D dobro. prodolzuvavme posle nekolu meseci prirodno. pak hormoni, pak okej.. posle nekolku vreme posledna inseminacija, neuspesna. pak hormoni, pak pokacen prolaktin. pak dostinex. i eve me sega, spremam dokumenti za ivf. imam mnogu golema anksioznost. vo megu vreme, imam majka bolna so depresija. jas sum mu golema podrska ama mnogu se custvuvam natovarena i nemam sila. Ponekogas, faktot deka ne mozat da mi najdat nikakov problem mi dava sila, i imam mnogu nadez, ponekogas mi ostvara anskioznost od nepoznatoto. Se mislam celo vreme dali ima potreba za dopolnitelni ispituvanj, vo isto vreme mu davam mnogu tovar sebe si so ovie analizi i ne mi dava doktorot nikakov znak deka treba dopolnitelni ispituvanja. Nemam nikakov odgovor zasto ovie 3 godini nikogas ne sum videla pozitiven test. ocekuvam od septemvri da pocnam so postapka. Mu davam samo edna shansa na klinikata kaj sto sum. Ako nema da uspeeme, vednas trgnuvam nadvor od drzava i ke baram spas tamu. Sve sto e mozno vo moite race ke napravam za moeto dete. I znam deka ke go pregrnam eden den! pozdrav
Добар е ставот на маж ти. Исто и на мојот што среќа го прифатив и за мој став. Џабе трансфери стимулации испитувања ако јас не сум жива и здрава и пред се со јака психа да го издржам цел процес. Гледам напредок кај себе секако, но има уште дооооста работа
Еве една убава вест за поддршка и надеж- на другарка сестра и, после 10 години енормна борба, денес роди прекрасно момче Плус, во сандаче ми стигна и ваучерот На крај се вреди