Пудри во прав, камени пудри, минерални пудри во прав - најчеста примена наоѓаат како матирачка завршница на целокупната шминка на лицето, затоа што лесно овозможуваат постигнување на матирана кожа без сјај и несомнено имаат заслуга во продолжувањето на трајноста на шминката нанесена на целото лице. Со оглед на тоа што веќе имаме цела тема наменета за течни пудри за лице во која често се протнуваат дискусии и за камени пудри, ја отварам темава за во неа да дискутираме околу сите видови на пудри во прав кои ги нудат сите козметички линии како кај нас, така и насекаде низ светот. Тука можете да ги споделите вашите лични искуства со пудрите во прав; дали употребувате ваков тип на пудри и на кој начин? Предложете по нешто интересно за одбирање, известувајте за актуелни попусти на пудри во прав низ нашиве дрогерии и давајте искуства и совети, па дури и некои трикови околу употребата на овој тип на пудра за лице.
Мишела за темава Јас имам доста мрсна кожа и ја користам Rimmel stay matte долго време, ја матира кожата и колку толку не ми се мрси бргу издржува 3-4 часа. Од до сега што сум ги користела оваа како најдобра ми се покажа и ја купувам веќе по 5ти пат.
Браво за темава! Јас ја употребувам оваа, но многу ретко, за некои посебни прилики бидејќи секоја камена (барем на мене) ми ги затвара порите. Ја нанесувам само на Т зона. Ако постои некоја камена која им дава на порите да "дишат" слободно и не доведува до појава на митесери, нека сподели.
Мојата омилена. Пудра во прав на Алверде со прекрасен ванилест мирис. Цената и е нешто околу 250 денари и супер одговара за изедначување на тенот. Имам комбинирана кожа па ја користам секојдевно
Од пудри во прав имам пробано неколку. Ја користев лани на MAC prep+prime traslucent powder , но кога ја прочитав состојката 1,2 hexanediol ја фрлив во канта. Убава беше за масна кожа, со блиц не бев како дух Ја имам користено и оваа на Алверде и ми беше супер Сега ја купив оваа на Др.Хаушка и вчера ја носев пудрата е прекрасна , мириса како течната пудра , на некои масла ваљда не светнав до саати и Биодевојка ми ја препорача - дека е одлична за масна кожа
Многу сум задоволна од таа на Аура од Geisha колекцијата во камена форма е и транспарентна. Кожта ми ја прави преубава и ме држи цел ден мат.
Јас ретко користам пудри во прав. Поточно за специјални прилики јас користам банана пудра. Не е бренд ама ми се допаѓа што за смешни пари е ептен трајна, се прилагодува на лицето лесно и се бленда. Од пудра во прав која многу ретко ја користам ја издвојувам и оваа на Nyx најчесто ставам како имам бб крем и ако сакам матирачки ефект да добијам. Легнува на лицето така што ми трае скоро цел ден.
Колку грама е банана-пудрата од Мејкап Револушн? Мислам дека @wannaBeMomma ја имаше, па ако е во можност нека сподели. Големко изгледа пакувањето, а цената сосем пристојна. Јас долги години сум верна на Stay Matte камената пудра од Римел, повремено ја купувам и Healthy Balance од Боржуа. Првата овозможува подобар мат ефект, а и двете не изгледаат лошо на фотографии. Исто многу ме изненади и Silky Touch (мислам дека така беше) компактната пудра од Голден Роуз. Најевтина е од сите кои ги спомнав, ама многу фина пудра и убаво испаѓа на фотографии. Од минералната пудра во прав на Алверде сум тотално незадоволна. Убав мирис, фина текстура, нијансата беше во ред, но ми ги истакнуваше сите проширени пори и лицето воопшто не ми го држеше мат.
42 гр е, а паковањето е малечко, утре ќе сликнам споредба со дланката. Јас имам светол тен и коректорот под очи ми го затемнува и остава доста жолта боја. Е сега тоа жолто после се претопува ама го нема тоа што ми треба под очи, да мине светло и да деливам свежа и наспана. Е сега па дава седефаст ефект, меко е, и убаво го сетира коректорот.
Значи сепак има и поголема грамажа од стандардните камени пудри. Минералната на Алверде има 10гр. Оваа 4 пати повеќе. Би ја трошела три години. Одамна ја меркам, само многу се двоумам да не ме прави жолта и да не треба да блендам предолго за да се претопи со природниот тен. Фала ти, ќе размислам уште малку дали ќе ја земам или ќе си ја купам Healthy balance од Боржуа, која во моментов е на попуст и во Космо.
Јас ја користам на Макс Фактор Крем Паф Убава ми е, ама не можам да ја споредам со ниту една, пред оваа ја користев на Авон Колортренд камената. Следно планирам да ја земам на Римел Стеј Мат. Без оглед за каде се шминкам обавезна ми е камената, затоа што само мат финиш признавам на лицево
Јас ја нарачав од една страна, но забележав дека ја има по пазарите. 350 денари ја платив јас. А на пазар не знам колку е. Мене баш ми се погоди.
Во моментов ги поседувам следните: 1. Пудрава ја користам за бејкинг и за осветлување на одредени делови на лицето. Има жолтеникав поддтон и одлично си ја врши својата функција. Особено ми се допаѓа ефектот во делот под очите. Цената и е пристапна а пакувањето е огромно и многу споро се троши што значи дека уште долго ќе ја користам. 2. Веќе трето паковање кое го користам. Лицето го прави неверојатно мазно. И по неколку часа од нанесувањето, лицето останува целосно мат а притоа не ја суши кожата. 3. Пудра која солидно ја фиксира шминката. Исто така дава мат ефект и ја измазнува кожата. Треба само да се внимава при нанесувањето за да не се создадат побели флеки на некои места бидејќи е доста светла. 4. И покрај поделените мислења, јас давам позитивна критика за продуктов. Задоволна сум, го нанесувам на крај од шминкањето со огромна четка со цел фиксирање на шминката. На допир кожата ја прави бебешки нежна и дава целосен мат ефект. До сега го немам забележано оној блед ефект на фотографиите. При крај ми е и планирам повторно да го земам.
Јас моментално ги користам овие две и сум презадовлна од двете, ова од фармаси моментално е на попуст 149 денари .