( Не можев да најдам тема за филмов , а заслужува , доколку има , избришете ја оваа и унапред се извинувам ) Филм базиран на вистинска приказна за една Сомалика , која ќе успее да избега од африканската пустина и да си ја бара среќата во големиот Лондон , сосема сама . Варис Дири , била обрежана од 3 годишна возраст , по неколку години нејзините договориле брак со човек , кој може да и биде дедо , па таа се одлучува да побегне , најпрво кај нејзината баба ( по мајка ) , а потоа да замине за Лондон . Баба и и помага да стигне до Сомалијската Амбасада во Лондон , и Варис таму работи како хигиеничарка , се додека не е приморана да избега и од таму , само за да не ја вратат во Сомалија . Извесно време живее на улица , без работа . Игра на случајност , запознава девојка која ќе и помогне да се вработи во кафиќ , од каде животот ќе и тргне по нагорна линија . Штотуку го изгледав филмов , и морам да кажам дека навистина многу плачев , особено во делот каде девојката раскажува на новинарката низ што се поминала на свои 3 години , и како две сестри и починале поради тој обичај . Колку викаше и плачеше душичка , за време на обрежувањето , душа ми се испарчи . Па и таа старата , ко Дракула некој .. Како и да е , ретко плачам на филмови , но ова е дефинитивно филм на кој највеќе сум плачела , откако знам за себе . Кој не го изгледал , му препорачувам да си го пушти некогаш .
Го гледав вчера откако прочитав многу позитивни критики за него тука низ форумов! Единствено ако сте оперирани од чувства нема да допре филмов до вас! Секоја чест на храброста, упорноста,желбата за подобро утре,независноста на девојката! Еден куп работи собрани во 120 минути кои една жена може да ги поднесе и пак да остане со гордо крената глава!
Јаа го гледав на zavalise.com .. пиќи на гугл пустињски цвет онлајн са преводом и ќе ти излезат сите страни каде го има филмот . @Тетка Биберче