1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Пуштено или врзано куче

Дискусија во 'Дом' започната од papagal4e, 27 мај 2012.

  1. papagal4e

    papagal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    135
    Како ги чувате вашите кучиња,пуштени или врзани?Како ги чуваат вашите блиски?Како мислите дека би требало да се чуваат?...и се во врска со тоа.Инаку ако нема потреба од темата или има слична секако бришете ја :P .
     
  2. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Јас имам си Сибирска Хаска и ми е пуштена ако не ја закачуваш ти она нема да те закачува,ама доколку имаме најавени гости ја затвараме во задниот двор,а дома си чувам кралски пекинејзер е ова е вејеке малку по луто ама и ова е се пустено освен кога ги шетаме е овој не закчува само може да дојде кај тебе оти сака да си угра ама ако го нападнеш и но ке те нападне,а пикинејзеро нема потреба да е врзано оти него дома го чуваме, а и се дресирано за се
     
    На papagal4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. lusi17

    lusi17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    143
    Пол:
    Женски
    И јас имам Сибирски Хаски навечер е пуштена а сабајле е врзано оти имаме и кокошки и ги јаде. А ова многу сака луѓе само ми ја земаат му дозволават на сите да ја галат... Иначе е имаме и ескимо американо е то веке 2 години не е врзано хД слободно оди кај сака мада не се одалечува од куќата
     
    На papagal4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Е ајде јас да си ја кажам маката :emo: ,Насекаде во странство кучињата ги шетаат со синџирче и со корпа на устата ,значи многу мразам кога ќе видам некои низ град ми шетаат огромни кучиња така без врска а низ улиците има и мали дечиња од пет години кои кога ќе видат куче трчаат да го погалат или во најлош случај станува збор за некое агресивно куче кое го нервираат кучињата скитници по улици и фешти станува по улиците , да ти е страв да поминеш или моине несовесни комшиии една улица подолу од мене земале куче туку за што го земале ни го бањаат ,ни се грижат за него ,го пуштиле ни синџир ни ништо и тоа така нервозно куче да не може човек низ улица да помине,минатото лето ме спобрка и замалку ќе ме каснеше |( :!: кога веќе се зима куче како милениче треба соодветно да се грижиме за него но и за околината. пс не знам каде да обратам ама редно време е некој да превземе нешто со кучињата бездомници и тие се опасни .
     
    На Arthur и papagal4e им се допаѓа ова.
  5. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.551
    Надвор - секогаш на ланец! Немам проблем да трчам заедно со него кога му се трча, напротив двајцата уживаме во тоа. :D
    За помрзливите - поводник од тие долгите што се регулираат и решен проблем. Ама куче без ланец надвор никако.
    Затоа толку многу кучиња се губат по градов, само за тоа читам по здруженијава за животни. Се од неодговорни сопственици. Што си е сигурно, сигурно си е. Ако веќе има огромна потреба за истрчување, се пушта во заграден простор и не се трга очи од кучето. Просто е, ама кој да слуша.
     
    На rossonerka и papagal4e им се допаѓа ова.
  6. papagal4e

    papagal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    135
    Јас чувам сибриски самоед и е скоро секогаш пуштено,но живееме на крајот од градот и нема тука баш и луѓе :!:
     
  7. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
    јас лара ја чувам врзана оти врват премногу коли на улица кај нас и ми е страв да ја пуштам
     
  8. papagal4e

    papagal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    135
    Но редовно шетај ја :!:
     
  9. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    Јас во принцип најмногу го шетам врзано, многу ретко е пуштено, не за друго ако види мачка нема никогаш да го најдам. Ќе се стрча по неа, не слуша ни наредби ни молење, ништо :lol:
     
    На Arthur му/ѝ се допаѓа ова.
  10. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Во комшии има еден вучјак, од мало постојано е пуштено. Кога го видов прв пат од памет се извадив, страшен е како појава и никако не ми влегуваше во глава како може да го чуваат пуштен(пред се поради тоа што во маалото има многу деца). А кучево е толку интелегентно и паметно(нормално подоцна сфатив дека сум грешка во размислувањето), знае основни команди без никаква дресура. Децата го гњават, ама буквално душа му вадат, седи мирен.
    Имаше една ситуација кога дојдоа цигани во двор(овие старо купујем) седнаа на скала, а јас 2м од нив на тераса, не ги лаеше, само дојде гледајќи ги и седна точно пред мене свртен накај нив. Се гледаше дека е сето тоа заштитнички изведено(дали осеќа дека сум бремена или само е премногу паметен незнам).
    Сакам да кажам дека е прилично големо и опасно куче, но пред се интелегентно, па и покрај тоа што не е врзано не прави никакви проблеми.
    Веројатно се зависи од газдата како ќе го научи кучето, а и од темпераментот на самото куче.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Имаме огромен двор и греота е во толкав простор кучето да е врзано. Кога ќе имаме еден куп деца на гости, ја врзуваме, зашто да не ги подбутне случајно, да не ги исплаши, а не е таква, ама сепак мало дете е во прашање, ако му се доближи може ќе се исплаши, големо куче е сепак (герм. овчар). Значи општо земено, постојано е пуштена, ама и многу мирна. Од друга страна пак, како што кажа Меу, страшна е на изглед што е и добро, затоа што поголем дел од денот не сме дома, па ако сака некој да влезе и не дај боже да краде, кога ќе ја види ќе се предомисли :D (а нема да знае дека е бубачка и дека едвај чека некој да дојде и да си игра, на сите им носи топка :D )
    Кога ја шетаме е врзана. Не заради другите луѓе, туку заради другите кучиња. Ова мојава кучка нејќе да мирисне бре куче, ептен е антисошл спрема други животни, па ако е пуштена надвор има да иде да ги брка сите кучиња низ маало |( кога беше мала, прцул, 3 месеци (живеевме на др. место) па кога ќе видеше едно куче на комшиите, фаќање шпринт, до дома го бркаше (а тоа беше тродупло поголемо од неа :D ).
     
    На meU му/ѝ се допаѓа ова.
  12. bluegirl7

    bluegirl7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    754
    Допаѓања:
    931
    Јас сметам дека кучето треба да пуштено, да биде на слобода а не врзано како во затвор ;)
     
  13. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.629
    Допаѓања:
    21.961
    Пол:
    Женски
    Кога бев мала чувавме 2 кученца во дворот од куќата. Дворот стварно беше простран и кученцата си играа и трчаа по цел ден. Од една страна убаво е за нив, од друга страна убаво е и за сопствениците затоа што ќе се изнатрчка, ќе се измори и ќе си заспие, нема да те замара и да ти квичи среде ноќ.

    Koга се станови и заеднички двор во прашање, јас мислам дека не е ни најпожелно да се чува милениче, нему му треба слобода, игра, па мене некогаш ми е тесно во станот што се вика, а не па на кутре. Ако е за тоа, поубаво да не се чува куче или да го оставите на некои ваши роднини кои живеат во куќа со сопствен двор или пак однесете го на некоја викендичка.
     
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.345
    МНогу, многу сакам кучиња и иако слобода си е слобода, сепак сум за тоа да носат корпа/маска или како да се вика и да се врзани кога се шетаат.
    Има луѓе што се плашат од кучиња, но тоа е и за безбедност на самото куче. да не залута негде или пак да јаде нешто од улица.
    Не иде да шеташ куче, посебно од големите, ем неврзано, ем без маска меѓу народ или мали деца.
     
  15. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Точно иако имам куче и општо ги сакам сепак мора да носат корпа и да се врзани,навистина има луѓе што се плашат значи си го заштитуваме нашето кученце и пријатна е атмосферата.Во нашата улица има дечко кој е тотално искомплексиран и секогаш е одврзано неговото куче и трча по сите ,а тој лежерно се смее тоа беше пред некој ден кога одев на работа ми вели комшике гледаш колку е лош што сакам можам да правам.Се насмевнав и му велам абе комшија и тебе не ми ти е лесно место девојки да шеташ ти сиромашкиот со кучево се покажуваш во такво светло што веќе од толку што си ни интересен веќе во маалово банален стана,се надевам дека сиромашкиот ме разбра ама не сум сигурна во потполност
     
    На papagal4e му/ѝ се допаѓа ова.
  16. papagal4e

    papagal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    135
    Добро си му рекла ;)
     
    На rici.aaaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Исто мислење делиме ;)
     
  18. Alegriaa

    Alegriaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    260
    Пол:
    Женски
    Jас чувам алјаски маламут и го чувам во бокс. Боксот е голем и има полно место. Кога беше по ладно го пуштам да се истрчи во дворот и го шетам. А сега бидејќи е многу жешко повеќе пати го пуштам низ дворот да се истрчи и потоа ја затворам. Е тоа е и проблемот. Несака да влезе, но некако ја натераме или влезе да пие вода и сл. Многу ми еше чудно вчера ја пуштив така и неможев никако да ја натерам да влезе. Ја мавав низ цел двор на неа тоа и интересно.Таа застана кај чешмичето и ја погледнав во очи и велам
    - Ај влези , те молам веќе неможам да трчам нозете ме болат.
    И таа си влезе во боксот и ја затворив
    Значи не ми се веруваше. Сепак имале разбирање ;)
     
  19. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Ние уште од мала ја научивме нашава да ја шетаме на ланче. Секогаш кога ќе тргнеме, застанува пред мене и самата чека да ја закачам на синџирче. Се случува да има пуштени кучиња на улица, па ако ја носам на ланче, полесно ми е да ја земам во раце ако се пуштат по неа бидејќи е малечка. Освен тоа, имам луди комшии што не сакаат да им душка покрај оградата, не се ни сомневам дека пуштаат отров, па така ја држам понастрана.
    Малку е лошка, и не дозволува некој што не го познава да ја гали. Имам многу деца во маало што кога и да ја видат трчкаат по неа зошто им е интересна и сакаат да си играат. И милион пати сум им кажала дека ќе ги касне ако ја допрат, ама деца како деца - не разбираат.
    Не дека така ја имаме воспитано, едноставно не сака други да ја галат.
     
  20. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    В село кучето баба и дедо секогаш го чуваат врзано, но дедо го пушта да се истрча околу двор обавезно.
    За жал немаат можност да го шетаат секој ден имаат други обврски околу бавчето, а да живеев таму секој ден ќе го шетав, секогаш кога имам време кога сум в село го шетам со синџирче, зошто трча по кокошки :D