Работа во Англија

Дискусија во 'Барање работа' започната од lauras, 16 март 2012.

  1. lauras

    lauras Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    3
    Бидејќи имам роднини во Англија,летово решив да го поминам кај нив со можност за да работам.Но ми кажаа дека треба да извадам виза,но јас не сум многу упатена околу целата оваа процедура,па доколку некој знае да ме упати кои документи треба да ги средам пред да заминам.Бидејќи сум студент дали треба да аплицирам за студентска виза или...?И ако можи да ми предложите во кои агенции да аплицирам.Фала многу. :*
     
  2. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.758
    јас незнам точно како би било за во англија еве јас ке ти кажам за италија...јас морав да вадам студентска вика а за да извадиш студентска виза морада си запишана на факултет таму т.е да одиш во амбасада и се оди преку амбасадата уписи ова она се и ти треба сметка во банка за визата како гаранција а бидејки имаш роднини таму тие би требало да ти пратат документи од таму како фамилијарни мотиви дека те бараат тебе за да можеш да престојуваш таму повеке од 3 месеци..инаку 3 месеци можеш секако да останеш
     
  3. lauras

    lauras Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    3
    Јас планирам да останам само летниов период,но запишана сум тука на факултет,роднините ми рекоја да извадам само виза а другото тие ке го средат.Е сега дали треба нешто потврда од факултет дека сум студент,треба во амбасада да одам за виза или преку овие агенциите што посредуваат за работа тие можат да ми извадат виза??Стварно појма немам од каде да почнам а треба што поскоро да ја извадам визата :?:
     
  4. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.758
    јас би ти рекла да одиш во амбасада и да одиш таму да си прашаш што како иначе ај јас ке го прашам братучед ми ако го видам вечерва па ке ти пишам зошто ни јас не сум запознаена со агенцииве,јас се правев преку амбасада и сум задоволна се ми средија тие јас само отидов еднаш кога поднесов документи и после отидов однесов потврда од банка дека имам пари и за 15 мин ми ја дадоа визата

    edit:овде може да седиш три месеци без проблем а за појке неможе ама сигѕрно во англија е построго
     
  5. lauras

    lauras Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    3
    А дали кога ке појдам во амбасадата ке треба да кажам дека одам само на посета или дека ке работам,и дали претходно треба да се обезбедам со информации за градот,адресата каде ке престојувам?И какви други прашања е можно да ме прашаат?Не би сакала да појдам неподготвена :)
     
  6. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.758
    епа вака ти треба да појдеш таму и да побараш туристичка виза и нормално треба да знаеш град адреса се тоа иначе за да одиш таму да работиш треба да имаш работна виза ама за да извадиш работна виза мора некој од англија да ти прати фактички документи за работа дека ти сигорно таму ке работиш за да ти дадат виза оти работните визи не ги даваат така како туристичките ..инаку таму ко ке појдеш со туристичка виза ке можеш да работиш ама на црно...најдобро е да се јавиш и да прашаш кога да појдеш дека се работи за виза како што ти пишав во лп..за да знаеш ако ти требаат некои документи да си ги земеш и НАЈБИТНО Е мораш да ги преведеш кај овластен преведувач ВНИМАВАЈ има мн малку овластени преведувачи што имаат склучено договори со амбасадите..(едно девојче од виница имаше преведено се документи за на фах значи платила повеке од 200 евра и кога дојде во амбасада и рекоа дека преведдувачот не е овластен и не се запиша на фах заради тоа) ако сакаш јас ке ти дадам број од преведувач од скопје сто одев јас и значи ко ке ги преведеш документите тој ек ти каже на кој нотар да ги однесеш си има свој нотар и после треба во суд да ги завериш со печат кој се вика апостил..нотарот и печатот за секој лист земаат по 300 или 350 ден ама нема да ти требаат којзнае какви документи ..иначе се чека надвор пред амбасадата ред и влегуваат еден по еден,се влегува сам,работите се оставаат во шкавче,несмееш да имаш ништо во тебе и после влегуваш во чекална и чекаш кој како си е на ред оди на шалтер и кажува за што е дојден...ако те интересира уште нешто слободно прашај :)
     
  7. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.319
    lauras за да дојдеш на посета кај роднините од нив ти треба гарантно писмо. Во тоа писмо тие треба да наведат дека ќе бидеш кај нив, каде ќе си стои адресата каде ќе одиш, дека тие ќе те чуваат за тој период, хранат, па и дека ќе ти даваат џепарац за трошење доколку ти немаш на сметка да докажеш во амбасада дека имаш доволно за тој период.
    Таа виза може да е само туристичка. Тоа што си студент во Македонија не ти дава студентска виза, студентска ќе е ако би одила на студии тука. Работна виза даваат само на некого што веќе има понуда за работа во земјата и тоа само за исклучителни занимања(доктори, инжинери, медицински сестри...што ти знам, ама имаат критериум).
    Значи почнуваш со гарантно писмо. Со тоа писмо бараш туристичка виза. Во амбасада ќе им кажеш дека доаѓаш за Англија да си ги посетиш роднините, на шетање, да видиш друг народ/култура, ама за работа не смееш да им речеш ништо. Ако ти треба помош со спремање одговори на англиски за очигледни прашања на интервју, прашај ме. Но немаш право да работиш со туристичка виза и ако прозбориш за тоа толку од визата. Да, можат да ти средат роднините нешто, на црно, може да е чистење/пеглање или деца чување кај пријатели или комшии и од тоа ќе си заработиш за себе некој денар. Не знам кога веќе ти понудиле престој зошто не ти објасниле некои работи кои ако веќе живеат тука треба добро да ги знаат.

    Инаку потврда од факултетот си вреди да си извадиш, оти ќе ја земаат во предвид во амбасадата дека имаш планови да се вратиш во Македонија. За во амбасада сама, не ти требаат никакви агенции.
     
  8. DESfem

    DESfem Активен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    3
    Дали некој знае некоја агенција што посредува за работа во Англија како бебиситерка? :)
     
  9. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.319
    Тие визи за македонки се укинати од одамна. Барај за во друга држава.
     
  10. ebola

    ebola Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Абе сакам да си побарам работа во англија, па ако ми се свиѓа да останам на некое време (животна желба ми е да ја видам :)), колкави се шансите за тоа? Признаени се дипломи од кај нас, со доедуцирање таму? Или стандард угостителство и сл е најдобра опција... Знае некој?
     
  11. malerozna

    malerozna Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2011
    Пораки:
    392
    Допаѓања:
    44.396
    Пол:
    Женски
    Само ако имаш бугарски пасош можеш да дојдеш, инаку виза многу тешко дека ке извадиш.
    Дипломи, како што знам, ниту една не ти е признаена, па дури ни факултет за англиска книжевност. Можда медицина, ама секако ке мораш да дополагаш. Доедуцирање може, ама е изгор скапо, 20 000 фунти на година со сметки.
    Ако знаеш англиски (високо ниво) и си работна, за два месеци гарант ке најдеш супер работа. Угостителството може да ти биде само отскочна даска
     
    На ebola му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ebola

    ebola Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    Да ,да ,знам дека само со еу пасош може, не ни помислував со македонскиов :) знам и за образованието дека им е скапо, само нели имаат и они опции за еу државјани, ко некои земји, поефтино или бесплатно? али во секој случај мислев на курсеви нешто такво, тоа сигурно не е мнооогу скапо :). Значи според тебе има добри шанси да се посети, без проблем? Супер, фала за информацијата. :) А ти од таму ли си или си отиде, Ако не е тајна? Да кажеш кое е најдобро градче за доаѓање? Најверојатно за работа во сите поголеми градови, али колку што знам рентата во големите градови е убиј боже... Фала у секој случај.
     
  13. viktorxD

    viktorxD Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    339
    Допаѓања:
    343
    Пол:
    Машки
    Дали некој има некакво искуство за Англија ?
     
  14. peperutka87

    peperutka87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    757
    Допаѓања:
    523
    Пол:
    Женски
    Дали е воопшто можно со мк пасош да одиш на работа во англија?
     
  15. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.319
    Moze na makedonski pasos so tier 2 generalna viza za rabota. Se izdava na tri godini a po potreba se prodolzuva za vreme na prestojot. Chesto se menuva potrebata za rabotnici, i chesto se menuva kako mozhe i dali davaat voopshto. Momentalno ova e opcijata za vlez za rabota na pasosh nadvor od eu.

    Za da se aplicira, mora da postoi ponuda za rabota od 21 iljadi funti i poveke godishno(21 e minimalna plata za registrirana medicinska sestra, za primer), pa najmalku 1000 funti na smetka so dokaz deka se tvoi poveke od 90 dena, ili rabotodavachot da te sponzorira za prviot mesec prestoj. Treba i sertifikat od polozen test CEFR, B1 za angliski jazik. Site dokumenti prevedeni kaj ovlasten preveduvach. Se aplicira online, a dokumenti i biometriski podatoci za makedonci ne znam dali moze vo mk ili treba vo okolnite pogolemi ambasadi da se predadat. Vizata cini 500 funti do 1000 zavisno od kade aplicirash i dali rabotata spaga vo nedostatok na domashen kadar.


    info na gov.uk ima posebna sekcija za work visa
     
    На peperutka87 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tintin

    tintin Активен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    сакав да Ве прашам дали некој има информација доколу склучам брак со бугарски државјанин ке добијам работна дозвола во Англија (тој е веќе 4 месеци таму)? Доколку да, дали тој треба да има некои документи од Англија за сместај и плата за јас да можам да одам откако ке склучиме брак? позз
     
  17. ebola

    ebola Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    254
    Пол:
    Женски
    @tintin treba da ima dokumenti za smestaj, rabota i valjda plata od minimum mislam 3 meseci. i otkako ke se zemete u mkd, da si apliciras za viza, i so taa viza ke mozes da otides i da rabotis tamu, prvo mislam deka gi davaat 6mesecnite, pa posle se prodolzuva. ne sum 100% sigurna ali u princip taka funkcionira. i mislam deka treba da se znaete minimum dve godini ili taka nesto... procitaj na oficijalnata strana na vladava na uk i proguglaj si za sigurno
     
    Последна измена: 21 октомври 2015
  18. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.319
    Гледам повторно Македонија е на листата за визи за бебиситерки. Па да споделам ако некој го интересира.
    http://www.workpermit.com/uk/pair.htm
     
    На ebola и kjukli им се допаѓа ова.
  19. Ios

    Ios Активен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2015
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Има ли некој Вадено студенска виза за англија (tier 4) Или знае некое друго искуство нека пише :)
     
  20. matilda258

    matilda258 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    204
    Пол:
    Женски
    здраво, и јас како и ланската така и оваа година сум заинтересирана за работа во странство, па сакав да прашам каде ги наоѓате огласите и колкави се шансите да заминам со мк пасош :(