Гледам нема отворена тема за работа во Ирска, па одличив да отворам. Размислувам летово да работам во Даблин, Ирска на три месеци (бидејќи сум студент) и убаво би било доколку има некој работено или живеено во овој регион да сподели искуство/мислење и слично.
Не сум бил во Ирска, но имам пријател кој сега беше бргу. Според неговите зборови Даблин е преубав град, жив град, стандардот им е прлично висок. Ирците се позитивни луѓе, многу пабови на секој агол. Но тој патувал туристички. Да живееш таму сигурно дека ќе ги почуствуваш и негативните страни.
Јас сум била во Даблин и Белфаст. Градовите се стварно преубави. Има што да се посети.. Ирска е убава земја и со мн висок стандард. Како народ, Ирците се во глобала позитивни и мн се друштвени.. често се излезени во пабови пошто ги има на секој чекор. Храната им е супер
Да имам слушано дека се едни меѓу најсреќниот народ, го има тоа и статистички по интернет. Како земја за да се посети, посебно Даблин е прекрасно. Повеќе ме интересираше од преспектива да работиш таму и да живееш. Како туристичка дестинација е преубаво и мислам дека треба секој во животот да го посети Даблин некогаш.