Долго време размислувам за привремена работа во Романија. Дали некој имал искуство со работа во Романија, колку време треба да помини за да се извадат потребните документи? И каква работа може да се најде таму?
Имаш ли ЕУ пасош? Што тип на работа? Без ЕУ пасош.... минимум три месеци, наводно, трае процедурата, а може да потрае и подолго, ако се завлечка целата работа. Ако имаш ЕУ пасош... соодветно она што ти е струка/искуство барај работа по поголемите/интернационални компании.
Без ЕУ пасош сум...ехеее ако се три месеци немам гајле, ако се малку појќе - ќе се потрпи шо да се прај. Работа, па зависи што би ми понудиле, и нормално, да можам да живеам од тоа таму - и да заработам нешто од нешто. сепак, планирам за другата година, ако работите се одвиваат по овој пат - губење на работата и слично. сепак фала за инфо
Нема проблем. Распрашај се и од други кои имаат искуство со привремена работа..јас имам искуство со аплицирање за по профи и двугодишни и сл. договори. Се надевам ќе најдеш работодавец кој ќе може да ти понуди и да гарантира и да ја истрае процедурата. Јас минатата година се обидов без ЕУ пасош и по две рунди од интервјуа и тестирања и глупости... од компанијата се одлучија да најмат Бугарин за позицијата. Бидејќи, нормално, немаше да им трае процедурата за вработување колку за мене и немаше да ги чини колку што ќе ги чини со мене. Има таму доста Македонци, а и од другиве земји..ќе ги најдеш сигурно по форуми и по оние како Internations пример. Ќе ти се најдат за совет,насока... Ако имаше пасош, знаеш јазици... ќе ти препорачав работа во call центри.. било customer service, било technical support..ако имаш такво искуство и знаење де. Ама, чорба Македонче Гуд лак.