Работа во државни институции

Дискусија во 'Барање работа' започната од Mateo mark, 7 ноември 2021.

  1. Mateo mark

    Mateo mark Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2021
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Машки
    Почитувани,


    Би можеле да споделуваме искуство и информации од државните институции но и од Јавните претпријатија, Агенции, Бироа, Регулатори итн.

    Начин на нивно функционирање, работна атмосфера, меѓучовечки односи, финансискиот аспект, додатни приходи......

    Конкретно овие денови истражувам за ЈП под Град Скопје... за ЈСП, Водовод и Улици и патишта речиси да ми се познати состојбите. Но ме интересира за Паркови и Зеленило и за ЈП Градски Паркинг... дали има некој од форумот вработен во овие две компании?
     
    Последна измена од модератор: 7 ноември 2021
  2. tina2018

    tina2018 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2018
    Пораки:
    2.192
    Допаѓања:
    3.959
    Пол:
    Женски
    Аии а знаеш ли како да се вработиме во држ инст па ќе ти кажам каква е атмосферата и односите?
     
    На Bezimenka90, marchi-cool и elimkd им се допаѓа ова.
  3. Mateo mark

    Mateo mark Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2021
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Машки
    Со аплицирање на огласите и нормално исполнување на критериумите.

    Последниве 10тина години имам аплицирано на над 200 огласи.
     
  4. S.W.A.G

    S.W.A.G Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    1.358
    Допаѓања:
    8.914
    Пол:
    Женски
    :rofl: :rofl: :rofl:

    Во која држава? Кај нас се знае, во државно седнува само тој што е во партија и лиже газ.
     
    На WildMk, Feminka22, Traveler91 и 17 други им се допаѓа ова.
  5. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.815
    Допаѓања:
    97.328
    Пол:
    Женски
    А од 200 огласи, си се вработил ли на едно место барем?
     
    На Biljarkata, Осе, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    7.923
    Пол:
    Женски
    Исполнување на критериумите- членство во партија. Се знае во Македонија како се вработува државно. Некој може да биде гениј во некоја област, ама ако не е член во партија, не исполнува критериуми :rofl:
     
    На raww, WildMk, Feminka22 и 11 други им се допаѓа ова.
  7. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Критериумите за вработување ги знаеме: нејзиното височество Партиска Книшка, по можност оние кои ти ја издале да се во моментот на власт, а ако не се евентуално ќе дојдат па и твоето вработување ќе дојде на ред.
    Огласот се крои по условите кои кандидатот веќе ги има исполнето, и така не е битно што треба за позицијата бидејќи секако е измислена за сместување на партиски кадар, чии обврски и должности понатаму ќе бидат исклучиво насочени кон интересите на партијата, институцијата и дејноста не се битни.

    Може да дискутираме околу атмосферата, за која јас како оутсајдер можам да заклучам дека обично во еден сектор има еден-двајца кои извршуваат обврски и работни задачи за да функционира самата институција, останатите се директори, заменици, службеници кои и самите не знаат што со самите себе.
     
    На WildMk, Anie93, CareTee и 6 други им се допаѓа ова.
  8. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.723
    Допаѓања:
    13.486
    Пол:
    Женски
    Пример е Мепсо, ако немаш врски, и доктор на науки да си, нема да те примат, а и да те примат нема да ти се работи со партиски потрчковци што имаат работа само пред избори, да делат предизборен материјал а цела година се клати врата, земај плата. Секој функционер додека е на функција гледа детето или пак блиските да си ги вработи во ЕВН, Елем, Мепсо бидејќи таму сите земаат над 1000€ плата за седење. Толку неспособни се што мислам дека ќе станеме прва ако не и една од првите држави во светот која што ќе нема струја поради тоа што не успеала да произведе, нема уште долго да не толерираат другите држави, ќе не исклучат од европската мрежа и после ќе си купуваме сите агрегати за да си произведуваме струја од гориво сами.
     
    На raww, Anie93, Осе и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Mateo mark

    Mateo mark Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2021
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Машки
    Во Македонија

    Два пати

    Еднаш во време на Вмро
    Другиот пат во време на СДСМ


    И сега имам опција да се вработам повторно...

    Делумно точно.... но секогаш постои и друга опција

    Делумно си во право... но постојат и огласи кои не се наместени... ама се многу ретки
     
    Последна измена од модератор: 9 ноември 2021
    На daylight, Tanjamm, JoyJoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.489
    Допаѓања:
    7.923
    Пол:
    Женски
    Да, постои. Иселување од државава.
     
    На tea1221, raww, Biljarkata и 4 други им се допаѓа ова.
  11. Mateo mark

    Mateo mark Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2021
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Машки
    Мепсо е компанијата каде порано ми беше животна желба да се вработам, имам аплицирано над 30-40 пати.... но без успех.

    Мислам дека во Мепсо најбитно е твоите родители да работат таму, така беше случај и на последните два големи огласи каде се вработија деца на вработени... голем дел и тешки Вмровци.

    Да бидеме искрени постојат и други комбинации за вработување.

    Но за жал иселувањето е можеби најдобрата но ј нај болна опција... брат ми се исели
     
    Последна измена од модератор: 9 ноември 2021
    На Mikha4 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Евн не е државна фирма и баш ќе си го испотиш газот за да заработиш 30.000ден таму.

    За државниве немам коментар.
    Бев на пракса во фонд за здравство. Еден работи за сите и тој е 'намќорот', а каков да биде кога сите странки се праќаат кај него. Ако се на работа од 8, тие се куцаат во 9, па идат кај директорот во програмчето да им се смени времето на куцање. Во 9 се пие првото кафе со 5 цигари во канцеларија, во 10 куцкаш нешто колку да се каже дека работиш, во 11 си веќе на пауза (читај лутање по молови, шопинг, ручекче), во 13 се пие второ кафе и веќе после 14 се туфкаш уште колку има до крај на работното време. Во меѓувреме се дереш по странки да чекаат надвор, превртуваш очи итн, на стари луѓе што едвај се довлекле којзнае од каде да завршат нешто.
    Ако не си цуци муци и не ја слушаш Светле цел саат што си купила за на плажа, какви купачи ќе носи и накитот од каде и е, не си во екипата и си аутсајдер. Ужас, ми се плачеше додека бев таму. Баш тогаш беа апликациите за електронските легитимации, фаќаа прашина во подрум. Ми ги тупнаа сите да ги внесам, си ја завршив работата и чао.
     
    На tea1221, EuHenIa, Ladybug98 и 11 други им се допаѓа ова.
  13. Mateo mark

    Mateo mark Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2021
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Машки
    Дечки, гледам на некој начин лично ме напаѓате...

    Но само ја зборувам вистината во мојот случај.

    Имам завршено електро факултет и сум магистер на електротехника од ФЕИТ.


    Искрено има малку луѓе кои имаат завршено електро факултет и кои постојано аплицираат.... и затоа имам 1-2% шанси да влезам во некоја комбинација за вработување... секако на не толку убави државни компании и на нај лошоте работни места, на кои никој не сака да работи.

    Темата ја отворив за друга намена... да можеме да добиеме информација за одредени Јавни претпријатија...

    Јас така сум заглавен сега во последнава фирма... одвај чекам да завршат официјално изборите, за да би можел некој маневар да направам.

    А конкретно за ЕВН аплицирам ама многу малку, до сега само еднаш ме имаат повикано на интервју и еднаш ми имаат вратено да одговорам на дополнителни прашања.

    Платата порано беше почетна 38к за инженер, сега е покачена.
     
    Последна измена од модератор: 9 ноември 2021
  14. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    Зошто би сакал да работиш во државна институција со електро каде што не можеш да напредуваш и никој нема да ти го цени трудот? Не те разбирам.
    Барај приватни фирми, странски фирми. Еве Евн секоја година има обуки кои траат 9 месеци и имаш шанса за вработување. Со твојот факултет можеш да зимаш 40.000к плата и да напредуваш постојано. Следи ги огласите, батали државни фирми.

    Сега видов дека си ме цитирал. Ретко имаат огласи ама имаат, следи ги редовно.
     
    На CareTee, Bezimenka90, темјанушка и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Mateo mark

    Mateo mark Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2021
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Машки
    https://www.facebook.com/108936534033629/posts/178348963759052/
     
  16. нина122

    нина122 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2018
    Пораки:
    4.723
    Допаѓања:
    13.486
    Пол:
    Женски
    Ова сакав да го кажам, и синот на Мира Дизел е таму, ќерка му на Груби, и уште не знам колку деца на функционери.
     
  17. Mateo mark

    Mateo mark Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2021
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Машки
    На мира дизел мислам дека е во Елем ама си има дадено отказ од таму.
    На Груби децата се мали....
     
  18. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    8.024
    Допаѓања:
    48.349
    Пол:
    Женски
    самиот наслов ствара револт, затоа и такви се коментарите, знаеме сите како одат вработувањата, да не се повторувам и јас, е сега ти со одлична струка не треба да ти е предизвик во никој случај работа во државно кога имаш толку многу опции и можности да работиш за наши и странски фирми, а за плата да не правиме муабет, а и ретко кои твои колеги со струка како твојата би сакале да работат во државно, затоа можеби и полесно се влага, ради мал број на пријавени и заинтересирани.
     
    На WildMk, CareTee, Traveler91 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. Mikha4

    Mikha4 Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    1.899
    Допаѓања:
    6.268
    Јасно, кога мора да најдат некој што ќе работи навистина, тогаш сигурно нема да најдат квалификувани кадри во штабовите.
    Сепак, за квалификувани луѓе приватниот сектор моментално е далеку попросперитетен и поисплатлив, посебно ако се работи за странски фирми, дури и со работа од дома.
     
    На WildMk, Jana06 и Mateo mark им се допаѓа ова.
  20. Mateo mark

    Mateo mark Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2021
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    157
    Пол:
    Машки
    Tака е.

    Во многу наврати кога сум аплицирал ми е враќаат дека не се врши избор, а моите документи архивирани под број 1, што би значело дека сум единствен што сум конкурирал.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.