Работа во кол центар

Дискусија во 'Барање работа' започната од riverside, 20 септември 2021.

  1. riverside

    riverside Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2020
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Машки
    Здраво дечки, годинава ќе се префрлам вонредно бидејќи сакам да почнам да работам.
    Аплицирав во неколку кол центри по препорака на другарка. Знам германски и англиски добро да зборам. Сега проблемот е што не знам што да очекувам и ме фаќа страв да не направам многу грешки. :(
    Ако може некој да сподели искуство би било убаво. :)
     
  2. Juana24

    Juana24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2019
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    10
    Пол:
    Женски
    Прво, со среќа на интервјуата Јас работам 5-та година во кол центар, сум менувала фирми до сега но во принцип истото е сегде, со таа разлика што некаде е поприфатливо во поглед на смени (некаде имаат ноќни) но во суштина на наши празници се работи, некаде и за викенди.

    Мислам дека најмалку Б2 ниво се бара од јазикот за кој аплицираш, пак ќе речам зависи од проектот и од фирмата, индивидуално е. Спреми си одговори на општи прашања, да се претставиш, да кажеш некој збор за себе, за студиите, интереси, хоби и слично. Каде го научи јазикот, зошто аплицираше на огласот и.т.н. Поважно е да бидеш опуштена на интервјуто отколку да се замараш со правење грешки. И јас грешам и сите грешиме иако работиме со години.

    Треба да им доловиш дека си опуштена во комуникацијата бидејќи нели тоа ќе го работиш.
     
    На riverside му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.510
    Допаѓања:
    8.842
    Пол:
    Женски
    Со среќа. Многу потценета работа, иако е исклучително тешка. Најмногу зависи од фирмата (организација, менаџмент), потоа од проектот(смени,продуктот каков е) и на крај и од тимот/колегите. Генерално ако е корисничка поддршка знае да биде многу напорно, особено ако бараат (а најчесто бараат) да бидеш мултитаскинг, истовремено да одговараш на повици, на чат, на мејл. Постојано има нови информации, нон стоп нешто се случува што мора да се знае и да се памти. Некои фирми имаат краток онлајн тест по јазик, па потоа ти се јавуваат, обичен муабет чисто да видат како ти оди јазикот, така што спреми си го најлесното, нешто за себе, за студиите. Бидејќи знаеш германски, Сити Конект мислам дека се коректни, и Хелоо, двете се хрватски фирми, но даваат регуларни договори за вработување и секако ќе можеш дома да работиш. Телеперформанс се так-так, за почеток се ок. Вебхелп сега отвори фирма во Македонија, и они плачат за германисти, Webhelp.mk. Сите даваат над 600 евра плата, ако добро го зборуваш јазикот, аплицирај обавезно и со лесно. Кога ќе стекнеш искуство, ќе можеш апсолутно и да пребираш во однос на условите, иако во контакт центар горе-долу секаде е исто.
    пс. Најчесто се работи 5/7 дена, се работи и викенди, зависи каков ќе ти биде распоредот, така што празници-делници заборави, но се секогаш платени. Некои фирми имаат две смени, некои имаат и трета смена. На сметкна на тоа, платите за германски се поголеми отколку со другите јазици.
     
    Последна измена: 24 септември 2021
    На riverside и tina2018 им се допаѓа ова.
  4. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Искуства со Global Data collection company? Работната позиција е telephone interviewer,работа од дома.
     
  5. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.510
    Допаѓања:
    8.842
    Пол:
    Женски
    GDCC? Што те интересира конкретно? Работат истражувања на пазарот односно анкети, зависи од проектот, се работи или со фирми или со физички лица. Се јавуваш по луѓе, правиш анкети и тоа е тоа. Работно време и плата претпоставувам зависат од јазикот, проектот и клиентот. Просечна плата веројатно даваат, ама па механичка е работата и нема многу интелектуално и психички да се трошиш.
     
    На Irrepleceable и tina2018 им се допаѓа ова.
  6. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    4.102
    Пол:
    Женски
    Има ли дефинирано раб.време ? Или пример може од 10 до 5 , или од 8 до 4 и сл?
     
  7. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.510
    Допаѓања:
    8.842
    Пол:
    Женски
    Не знам како работат, јас работев за нив пред години и тоа во Холандија дур студирав, некои шест месеци. Работното време зависи од јазикот со кој ќе работиш и проектот. На пример ако работат амерички пазар, јасно е дека ќе се работи ноќе. Ако се работи со фирми тогаш се следи работното време на фирмите. Ако се јавуваш по луѓе, тогаш може да се работи или во две смени или прва/втора. Не знам зашто не прашаш ако си аплицирала, мора да ти кажат, тие ќе ти дадат најточни информции. И ќе си видиш дали ти одговара. Вака може само да погодуваме.
     
    На Irrepleceable и tina2018 им се допаѓа ова.
  8. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.306
    Допаѓања:
    4.102
    Пол:
    Женски
    Не не јас немам аплицирано ,вработена сум. Золвами беше заинтересирана па налетав на темава и си реков да прашам.
     
  9. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.510
    Допаѓања:
    8.842
    Пол:
    Женски
    Толку можам да ти кажам. Нема што да изгуби, ќе аплицира и ќе дознае што е точно работата. Инаку генерално е легачка работа во смисла дека не се ангажираш ментално и особено ако е за жена со деца или студент кој сака да вежба јазик, мислам дека е идеално.
     
    На tanjita му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Irrepleceable

    Irrepleceable Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2013
    Пораки:
    1.069
    Допаѓања:
    1.360
    Ме интересира дали редовно плаќаат и дали банките земаат некоја провизија одкако ќе стигне приливот на средства?
     
  11. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.510
    Допаѓања:
    8.842
    Пол:
    Женски
    Фирмата е регистрирана во Скопје колку што знам, си имаш договор за вработување и тие си ги подмируваат сите трошоци, ти си добиваш на сметка нето плата. Ако си аплицирала, прашај ги нив за сите детали.
     
    На Irrepleceable му/ѝ се допаѓа ова.
  12. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.184
    Допаѓања:
    16.419
    Некој дали знае каде би можела да најдам закон за кол центри?
     
  13. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    За што конкретно? Фирма ко фирма, тие се законите.
     
  14. Nikolinaaa.123

    Nikolinaaa.123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2018
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Здраво дали некој знае каде би можела да најдам работа во кол центар?
     
  15. Jana06

    Jana06 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2016
    Пораки:
    9.167
    Допаѓања:
    28.798
    Пол:
    Женски
    ItLogistics многу фер фирма и со убави услови. Не знам дали имаат оглас во моментов ама често вработуваат, можеш да пратиш cv. Најди ги на интернет.
     
  16. elenaeli22

    elenaeli22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    396
    Искуство да сподели некој кој работи во кол центар, за германски.
    Дали се прави некакво тестирање ?
     
  17. Hellobeautiful

    Hellobeautiful Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 мај 2012
    Пораки:
    3.384
    Допаѓања:
    21.035
    Пол:
    Женски
    Кои се најпоставувани прашања на интервју? Аплицирав на оглас за sales specialist. Немам некое знаење од областа, ми е страв да не се погубам со одговорите.
    И како би идело пријавувањето доколку ме примат, бидејќи е американска фирма дали може да ми штети на студиите? Ко редовен студент се водам.
     
  18. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    3.656
    Пол:
    Женски
    Да се претставиш, зошто си аплицирала, дали имаш искуство, зошто да те примиме. Типично такви.
    Мора да те пријават со диплоната од средно.
    Многу им е гајле дали студираш или не.
    Ваму каде што сум сега во мојот тим сите сме студенти и не ни прават проблеми за полагања.
    Инаку генерално зборам, нема врска дали е странска или наша.
    Многу студенти се водат како редовни и си работат пријавени со целосна плата.
     
    На GirlLove и Hellobeautiful им се допаѓа ова.
  19. warrior

    warrior Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2016
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    489
    Пол:
    Женски
    Има некој оглас од скоро? И дали се бара курс пример за јазик или не е задолжително?
    И каде се објавуваат тие огласи оти на нашите огласи најчесто ги нема.
     
    Последна измена: 13 февруари 2022
  20. злоба

    злоба Популарен член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    3.656
    Пол:
    Женски
    Не ти треба ништо специјално за таква работа, типично на интервјуто ќе имаш пробен дијалог на тој јазик и самите ќе си видат дали добро го владееш. Може ќе те викнат на уште едно интервју со некој од повисоко колку и они самите да видат.
    Имаш на Кариера, Вработување и сите такви страници огласи, само нема да бидат насловени сите Агент за кол центар, ќе бидат Агент/Специјалист за грижа на корисници.
     
    На GirlLove и warrior им се допаѓа ова.