1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа за лица под 18 години

Дискусија во 'Барање работа' започната од morkov4eto, 29 мај 2011.

  1. morkov4eto

    morkov4eto Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    9
    Драги феминки што мислите вие, дали може во нашава земјичка да се најде работа без 18 години ?
     
    На 4rever.unique му/ѝ се допаѓа ова.
  2. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Можеш, но само ако имаш над 15 години(или пак 15).
    Според правилата таа работа не смее да трае повеќе од 4 часа дневно, али тоа не се почитува баш.
    Така да може :)
     
  3. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    341
    Баш тргнав да ја направам темава.. И мене ме интересира. Стварно ми требаат пари, моите не се баш при пари деновиве.. :/ А лето иде. Дали знаете каде можам да најдам?
     
    На mayjailer му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Можете по кафичи, сендвичари, интернет кафиња и друго не ми текнува :)
     
  5. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.546
    И јас барам ваква работа ама овде во Македнија нема :!: Сакам да кажам не е легално,не си осигурен,за разлика во странство децата одат на школо и на работа а овде не е така :!: Па тие што сакаат вакво нешто бараат работа за време на летниот распуст :!:
    Треба да се направи и такво нешто за да може и децата под 18 год. да работат :)
    Ако грешам дека не е легално изгледа не сум доволно информирана...Па ако некој има повеќе информации за работа за лица под 18 години нека каже ;)

    Надополнето:Барав на гугл за работа за лица под 18 години.Еве што најдов:

    ПОКРАЈ ЗАДОЛЖИТЕЛНОТО СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ
    Меѓу невработените и млади на 16 години
    Светлана Вукчевиќ

    Млади луѓе на возраст меѓу 15 и 18 години работат, бараат работа и се пријавуваат како невработени, иако средното образование е задолжително и тие би требало да се во училишните клупи. Задолжителното образование годинава го заврши втората генерација средношколци и во евиденцијата на невработени би требало да нема лица на возраст од 15 и од 16 години. Но, поради неусогласената законска регулатива за образование и за работа, статистиката на Агенцијата за вработување во мај покажува бројка од речиси седум илјади невработени луѓе на возраст меѓу 15 и 19 години. Во Агенцијата велат дека немаат регистрирано невработени на 15 години, а на возраст од 16 години се евидентирани 24 лица. Оттаму информираат дека го почитуваат Законот за работни односи, кој забранува вработување лица под 15-годишна возраст. Во моментов во собраниска процедура се измени на Законот за работни односи, но најниската граница за вработување ќе остане 15 години. Законот само се усогласува со европските директиви и меѓународни конвенции од кои дел се однесуваат на младите од 15 до 18 години и ако се усвои како што е предложен, токму поради прифаќањето на тие европски документи, ќе биде во расчекор со нашето задолжително средно образование. Со измените се воведува категорија „млади лица“, која се однесува на младите од 15 до 18 години, кои не се опфатени со задолжително образование. Ним им е овозможено да склучуваат договори за работа иако од пред две години, кога се направени измени Законот за средното образование, такви во државата, практично, не би требало да има. Законот за средното образование дозволува да работат само тие што учат вонредно.
    Стојан Трајанов, државен советник во Министерството за труд и за социјална политика вели дека измените на Законот за работни односи го поминале првото читање во Собранието и дека се очекува наскоро да бидат донесени. - Не можеме да ја менуваме временската рамка зашто таа произлегува од меѓународни документи што сме ги прифатиле. Но, со измените во Законот се вградуваат европски директиви што се однесуваат и на вработување на младите лица, како што со овој Закон се нарекуваат граѓаните од 15 до 18 години. Исто така, при измените се почитуваат и две конвенции на Меѓународната организација на трудот што ги усвоивме пред две години, а кои се однесуваат токму на заштита на детскиот труд од злоупотреба. Меѓу другото, во Законот се наведува и тоа дека образованието има предност во однос на вработувањето, односно дека образованието не смее да се спречува - објаснува Трајанов. Со новопредложените измени на Законот за работни односи со посебно поглавје се регулира како можат да работат лицата меѓу 15 и 18 години. Во него се наведува дека договор за вработување може да склучи младо лице под 18 години возраст, кое има општа здравствена способност. Работодавецот не смее да го експлоатира или да му дава работа што може на некој начин да му наштети на здравјето или да му го загрози образованието. Со измените на Законот под такви услови се дозволува работа со надомест и за деца под 15 години, но таа е ограничена само на учество во културни, артистички и рекламни активности, како и спортски настани. Млади под 16 години во една недела ќе можат да работат најмногу 32 часа, а од 16 до 18 години 37 часови и 45 минути. Работодавецот што ги вработува ќе мора да обезбеди посебна дозвола од надлежната трудова инспекција, која ќе изврши контрола на работното место, а законскиот застапник на детето ќе треба да даде дозвола. Како работа, со измените на Законот ќе се смета и теоретската и практичната работа во рамки на образованието.


    Значи можело од 15 години до 18 год :) Супер не знаев за ова :D

    Морав и ова да го напишам:
    http://www.mtsp.gov.mk/WBStorage/Files/4Izves_ESP.pdf
     
  6. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    http://signup.wazzub.info/?lrRef=4248a976
    Еве јас да пратам линкче, па кој сака, нека се зачлени преку линков. А инаку се заработува преку праќање на покани за зачленување на сајтот преку линк кој ќе си го добиете со зачленувањето, а сајтот, односно мрежата официјално се отвара на 9. април и ќе биде објаснето на кој начин ќе се исплаќаат парите и за се останато пишува на сајтот... Ако има потреба, пишете во лп.
     
  7. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    Јас сум за работа,имам 16 години па ако некој бара вреден работник без искуство :D нека ми прати ЛП.
    Сега најсериозно,барам работа!
     
  8. Mecheto1

    Mecheto1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    52
    Кај нас нема работа за тие со 18 и над 18,а не па за под 18. Освен у кафич.
    Секој глеа да те искористи на секој можен начин и уште ако може и да не ти плати на крај.
    Тоа е нашата држава.
    Нормална работа никако не може да се најде.
    Инаку не сум слушнала до сеа за работа за лица под 18.
     
  9. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.306
    Допаѓања:
    16.767
    Во Австралија, работна способност децата имаат од денот кога наполнат 13 години. Таму работат по бутиците. И сега пример понеделник,среда и петок од сабајле 4-6 саата, а вторник и четврток од попладне до вечер. Неделно зимаат околу 7-8 долари, абе за дете од 13 години пара е тоа, нели. Ама кај нас нема закон, оно немо=ат да се вработат оние со диплома, не па ние малецките, али тоа е.
     
    На Oksa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    304
    Допаѓања:
    615
    Пол:
    Женски
    Јас сакам да соберам пари за ексукурзијаа :worried: и професорката по информатика ни кажа дека смееме да работиме летово и ни помна за некоја работа на лозје или нива у драчево или таквите места..знае некој нештоо?
     
    На biggirlsdontcry му/ѝ се допаѓа ова.
  11. biggirlsdontcry

    biggirlsdontcry Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    483
    Допаѓања:
    163
    И јас сум заинтересирана.Инаку ова е многу напорна работа,знам.Без оглед на тоа,би ја работела..
     
    На sleepingbeauty му/ѝ се допаѓа ова.
  12. nenna.girl

    nenna.girl Активен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    1
    Работа за тинејџери

    Девојки имам 16 години и ова лето би сакала да побарам некоја тин работа и да заработам пари, на пример во некој бутик или слично.

    Што мислите, дали мојава идеја е добра?
    Би сакала и вие да ми дадете некое мислење каде би можела да се обратам за работа.

    Ви благодарам однапред :)
     
    На alexa_dimoska му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    тинејџерска работа

    Јас секогаш си имав по некоја парт тајм џоб! Еднаш бев келнерка, во цвеќата работев, во продавница, парфимерија и мислам дека толку беа! :) Тоа е убаво да сакаш да си заработиш уште од сега!
     
  14. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 септември 2012
    Пораки:
    360
    Допаѓања:
    209
    Моја блиска личност работеше во McDonald's, легално. Има 16 години. Додуше имаше и врски, но битно беше легално, отиде само на нешто како систематски, затоа што работеше со храна, тоа си го плати и потоа си зеде 2 или 3 плати не сум сигурна по 5 илјадарчиња за летниот распуст и супер и беше, си беше при пари во секое време. ;) :)
     
  15. Luciano

    Luciano Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    223
    nenna.girl си отворила нова тема на која си пишала дека во април правиш 15, а овде пишуваш 16.. Па за работа се збори биди малку реална.. :?:
    Да не бидам офф и јас сакам да работам летово, ама имам 14 :( Смеам ли да работам? :?:
     
  16. 3m43

    3m43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    245
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Женски
  17. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Сакам за време на летниот распуст да се вработам некаде, само незнам дали лесно би нашла работа и колку би ми била платата што ќе ми ја дадат, дали некој од вас може да ми каже како полесно да најдам работа и ако некој има работено колку е отприлика платата што ја даваат сите работодавачи на лица под 18 години. :?: :| |(
     
  18. 31971577

    31971577 Активен член

    Се зачлени на:
    2 мај 2013
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    16
    Јас сум заинтересирана за работа. Би можела да почнам и сега, немора за распуст,зашто одам само прва смена на школо, и можам втора смена да работам.

    Ако некој има или знае некој кој има потреба од работничка (инаку имам 15 години) нека ми пише лп. Би работела во бутик, кафиќ, цвеќара,трафика,било што...

    Ви благодарам. :)
     
  19. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.652
    Допаѓања:
    15.512
    Пол:
    Женски
    И јас сакам да работам летово...Само каде???
     
  20. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Исто и јас со 16 ипол години како веќе работоспособна барам работа летово.
    Комуникативна сум, познавам англиски, волонтер сум на невладини организации, пишувам и цртам.
    Доколку некој знае за било што, би ви била благодарна доколку ми пишете ЛП. :)