Здраво јас сум студент во Скопје и сакам во текот на наредните месеци да почнам со некоја работа, но незнам каде ќе ме примат со променливо работно време. Помош?
Во корпа, кликни јади и слични бараат постојано за достава со флексибилно работно време или келнер/шанкер на испомош. Ако возиш кола можеш да пробаш и како супервизор на промоции. За друго вака без работно време не ми текнува.
Можеш исто така да видиш и во кафичи, ресторани па да си менуваш во смени зависно како ќе ти одговара. Види во кафичот позади Џамбо прашај.
Имам познаник што работеше минатата година кај нив. Ќе пробам да дознаам некое инфо плус деновиве и ќе ти пишам.
Да пробаш на места каде има утовар/растовар на роба? Евентуално маалски кафичи, ама обично не ги плаќаат баш и често се менуваат. Подобра опција ти е на повик, испомош; евентуално пазарење на стари лица.
Пробај единствено Зара со пола работно време. Ама е напорно. Општо е многу напорно работа и факултет, зависи и кој факултет го учиш
За достава хонорарно немаат фиксни примања, туку зависи од тебе колку нарачки ќе однесеш. Мимимум 25 саати треба да работиш во текот на неделата.