Имате ли искуство со МПГ агенција дали се професионални и каде најчесто им се промоциите? Сакам да се пријавам. Да не има нешто у позадина ( прљави работи..како што сум слушала по други агенции шо праќале девојчиња како "декор" по афтер ворк забави на фирми шо си организираат и сл.) Да не ги проверувал татко ми . И кој е газда?
Работев со мпг, скоро една година, реално и сум и не сум задоволна, нема некои "х" работи што би ти правеле проблем, само нема организираност многу вработени му избегаа од таму, малку се наперчени претпоставените Ненад е како главен и Билјана со него, он е океј дечко, ама Билјана не ја бендисува никој. Мене реално не ми се деси нешо неубаво ај да кажам, имам една другарка шо работеше со цигарите од филип морис имаше некои проблеми па ја преместиа, ама зависи за кои промоции ќе бидеш, дека имаат доста клиенти
Јас имав разговор со Греј, за промоција за алкохол мислам нешо беше навечер во кафичи, надница мислам ми рече од 700-1000 ама не ме фаќај за збор одамна беше тоа, не се повратив...
заинтересирана сум за промотерка во Охрид ве замолувам да ми кажете ако има некаде да се обратам и дали ако ги прашувам продавачките во маркети и бутици ќе ми дадат да делам флаери и дали ќе ми дадат пари за тоа? Прашувам овде бидејќи ми е срам да ги прашувам нив дека сметам е некултурно.
Aко некој има искуство со промоции, колкава дневница даваат, што и како се промовира, дали е важна возраста и убавината на девојката? До колку години примаат промотерки? Кои агенции се најпрофесионални? Знам пред 10 години една колешка одеше на промоции за чколади Милка по маркети, и земаше по 600 денари за 4 часа. Тоа го правеше за време на викенди и баш убаво и доаѓаше. Можеше да одбие работа ако не сака пример викендот, без да има проблем.
Работа како промотерки во дрогерии на парфеми, шминки и брендирана козметика. Знае ли некој кои се условите, плати, работни саати?
Може ли да споделиш ако има активен оглас за ова? Оти баш барам нешто околу промоции периодов а не најдов ништо...
И јас барам нешто хонорарно од типот на промоции или делење флаери. Ако знаете кој бара ве молам споделете.
Не е за делење флаери ама пишувам во темава затоа што е хонорарно односно потребни се неколку девојки кои би работеле како келнерки на испомош на роденденска забава - утре. За повеќе инфо, пишете ми порака.