1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа како хигиеничарка

Дискусија во 'Барање работа' започната од Yeeah, 22 август 2018.

  1. Yeeah

    Yeeah Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2012
    Пораки:
    705
    Допаѓања:
    2.822
    Здраво што мислите за оваа работа? Имам понуда во приватна болница да работам за ова.
    Дали би го работеле вие тоа?
    Дали сметате дека луѓето со оваа професија не се ценети или баш напротив.Секое мислење ќе е добредојдено.
    Темата ја отворив бидејќи гледам дека за повеќе професии има отворено, би било добро да се чуе и за оваа тема нешто со оглед на тоа што има членови од повеќе возрасти.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  2. lilo

    lilo Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    743
    Допаѓања:
    1.293
    Пол:
    Женски
    Yeeah од работа нема срам. Јас сум по природа многу вредна особа. Постојано нешто преткам меткам. И сите вредни луѓе ги ценам и почитувам. Не ги сакам мрзите. Се би работела и од ништо не би се страмела. Битно е чесно да ги заработиш парите. Само напред
     
    На Cinderfakinrella, Harper, gjoker4e и 9 други им се допаѓа ова.
  3. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.456
    Допаѓања:
    38.787
    Пол:
    Женски
    Зошто да не? Не можеме сите во канцеларија да работеме
     
    На gjoker4e, Feminka22, Mari* и 5 други им се допаѓа ова.
  4. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.000
    Пол:
    Женски
    Нема ништо срамно ако работата си ја рабитиш чесно и поштено. Нема потреба да се потценува ниедна работа. Денес можеш таа работа да ја работиш, а утре нешто друго.
    Не се мисли, почни си со работа.
     
    На Crna Dama, gjoker4e, marchi-cool и 6 други им се допаѓа ова.
  5. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.097
    Допаѓања:
    20.199
    Пол:
    Женски
    Баш убаво е да работиш во приватна болница како хигиеничарка. Чесна и пристојна работа, а ако е болницата добра, значи плаќа солидно, и нема да работиш во некој гнасен хаос, како во државна болница, пример.
     
    На Harper, gjoker4e, Ingvild и 10 други им се допаѓа ова.
  6. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.075
    Пол:
    Женски
    во приватни болници посебен акцент се става на хигиена, од секакви средства и дезинфекции, се е ново и чисто за разлика од државниве, не се мисли аплицирај си. Ценети се зошто да не? Јас работам во приватна болница, персоналот максимално се почитува меѓусебе од доктор до хигиеничар
     
    На Harper, Bozica1980, gjoker4e и 14 други им се допаѓа ова.
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.924
    Допаѓања:
    218.744
    Пол:
    Женски
    Да се согласувам дека у теорија вака би требало да изгледа оваа работа во македонија ама за жал народе праксата не е таа.
    Се е така убаво што зборувате ама од овие зборови позади грбот минимум 90 проценти од истите луѓе не го мислат истото и нема да го мислат во тоа сум цврсто убедена.

    Кој бе? Онаа чистачката.
    Или пример
    Ејј што онаа ојде странство и повеќе од метла и шољи не гледа
    Ексик нека е странството овде ќе си седам

    И таквите најчесто завршуваат во мрзи, личности кои лечат комплекси и ги мрзи да работат пре би продолжиле со животот така со 100 денари секојдневно од тато и мама отколку да се чистачки било каде

    Е од таквите да се плашите а ги има еден куп.

    Осудите и ниските напади за оваа професија постојат и ќе постојат скоро од цела околина. Колку сакаш се објаснувај тој е фактот и не верувам дека ќе се смени.
    А зошто е тоа така не знам.

    За разлика во странство посебно подалеку поразвиените земји и земји што имаат високо ниво на демократија ова не е вака. На пример во Англија чистачката е третирана еднакво со докторката односно тие две се еднакво исти и тие две еднакво се ценат и се ценети прво како луѓе после како професија.
    Се сеќавам дека италјанските медиуми баш го коментираа моментот како кралицата ги поканила на свадбата еднакво и нивните чистачки па овие се смееја и не можеа да бајдат нзс се додека еден не и рече дека таму чистачките се еднакви на сите останати луѓе од било која професија па овие замолчеа

    Да така.. на крај пак ќе останам со ставот дека се најсудени и најогрдувани за ништо што не е во ред и треба да пробаме да се одучиме од навиката ако мислиме дека сме паметни и образовани луѓе.

    Девојче, каде ти одговара таму работи си а народот да не те гајле што ќе збори, ти ќе си имаш пари во џебот другите нека му ја мислат поготово оние безработниците што се најгласни.

    У странство оваа работа поплатена од столот ама кој да разбере и свати што сакам да кажам.

    И да, да знаете дека постојат луѓе што сакаат да ја работат оваа работа а не дека мораат да ја работат оти сакаат повеќе пари а парите со оваа работа низ еу не се мали ич и се далеку попоштувани.
     
    На WildMk, gjoker4e, Nausicaa и 19 други им се допаѓа ова.
  8. meggle

    meggle Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    2.591
    Голема штета е што кај нас населението гледа со восхит во бизнисменот или политичарот кои крадат, лажат, а можеби вршат и поголеми кривични дела за пари, а го потценуваат оној кој чесно и достоинствено си ја заработува секоја паричка.

    Чистачка или шивачка, тотално небитно, се додека можеш навечер мирно да заспиеш и за ручек да приготвиш вкусни јадења кои ќе го соберат цело семејство на маса! :sun:
     
    На WildMk, gjoker4e, SummerGirl и 4 други им се допаѓа ова.
  9. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.861
    Допаѓања:
    28.399
    Само што дипломирав на првиот факултет, се вработив како хигиеничарка во еден хотел. Поточно во перална, ама моја работа беше и одржување на рецепцијата и лобито. Не ми беше воопшто срам, ни сега не ми е. За работата што ја работев земав супер плата, редовно.
    Кога ме "унапредија" тогаш почнаа работите да не штимаат... Да не образложувам што и како, секако не е тоа темата.

    Додека работев таму требаше да завршам уште едно средно стручно вонредно (заради унапредувањето) што мене не ми претставуваше никаков проблем, ама моите страшно го поднесоа тоа. Како тоа "од коњ на магаре" сум се спуштила. Покрај завршен факултет, јас средно сум земала да учам (facepalm)

    @Yeeah ич да не ти е гајле од околината. Парите во џеб и капата настрана. Ако ти одговара работата, само напред. Претпоставувам, како и во хотелот кај што бев, се употребуваат соодветни и квалитетни средства и помагала за чистење, што секако ја олеснува работата. Со среќа.(fingers)
     
    На Harper, WildMk, Bozica1980 и 11 други им се допаѓа ова.
  10. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    Би работел.
    Нема срам, работиш и заработуваш за живот, туѓо не земаш.
     
    На SummerGirl, cresa-jagoda, Mari* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.726
    Допаѓања:
    92.717
    Пол:
    Женски
    @Yeeah ако ти е за срам,односно што ке рече народот,би ти препорачала ич да не се замараш и да се ослободиш од таквите општествени стеги.
    Во однос на тежина на работата,биди сигурна дека ке ти е многу полесно од на пример во маркет(да влечиш палети и да редиш фрижидер смрзнувајќи).
    Во големиве бутици знаеш со колку нечистотија се справуваат?
    Магацини полни прашина и роба што смрди на кинеско.

    Во приватна болница е веќе чисто,ти само ке треба да одржуваш и повеќе ке дезинфицираш отколку рибаш,освен операциона или родилна сала каде би обрнала повеќе внимание.
    Ова се мои претпоставки и видувања,и Да,на твое место би прифатила.
     
    На SummerGirl, Feminka22, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  12. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    50.301
    Пол:
    Женски
    Нема зошто да ти е срам и тоа е работа и сите други. Тука народот што мисли ејј она чистачка се вработила или што ти знам какви коментари не се замарај, работи си и немај си гајле доколку ти одговара.
     
    На SummerGirl, cresa-jagoda и Mari* им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.485
    Допаѓања:
    78.334
    Пол:
    Женски
    Сите се грижиме за хигиената во домот, зошто да не го правиме тоа и на друго место како работа од која ќе заработуваме? Труот секогаш е за пофалба, а не за потценување. Има луѓе што ги омаловажуваат некои работници, вклучувајќи хигиеничарки, но немаат проблем хигиеничарките, туку луѓето што зборуваат. Апсолутно ништо лошо во таа работа не гледам. Тебе ако ти е убаво, работи си и остави ги туѓите мислења кои не се ни важни. Твој живот си е и твои одлуки. :)
     
    На Harper, Shmizla94, Someonespecial и 11 други им се допаѓа ова.
  14. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.670
    Допаѓања:
    11.527
    Апсолутно! Се' додека е чесна работа со задоволителна плата според обврските и одговорностите, не гледам никаков проблем.
     
    На SummerGirl, Feminka22, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.966
    Допаѓања:
    14.321
    Пол:
    Женски
    Епа ако е поважно луѓето што ќе речат и угледот кој го имаме тогаш подобро да седиме дома сами и гладни. Или ако чекаме работа според диплома тогаш секако во 90% од случаите ќе седиме дома сами и гладни. Јас на пример повеќе ги ценам луѓето кои работат чесна работа одколку онеа кои учат за диплома и чекаат угледна работа според дипломата. Јас би работела не гледам причина зошто да не. Во секој случај работам за себе а не за очитр на народот. Трудот ми носи леб а не озборувањата.
     
    На Shmizla94, Feminka22 и SummerGirl им се допаѓа ова.
  16. oblace1

    oblace1 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2013
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    8.317
    Пол:
    Женски
    Пред некој месец ми излезе оглас, се бараше хигиеничарка во британската амбасада, пола работно време, од понеделник до петок. Плата 500 евра :nod:.
    Бољи оглас и услови немам видено одамна, така да ѕирни на нивната страна можеби уште бараат, искрено не знам точно каде го видов огласот.

    Во секој случај, ако е платено за во болницата штом ти треба работа не се мисли ич.
     
    На ceca-1, Joi, gjoker4e и 4 други им се допаѓа ова.
  17. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    16.713
    Допаѓања:
    35.117
    Пол:
    Женски
    За жал, работава е омаловажувана. Срамота било да чистиш. А не е срамота дома да чистиш. Не потценувам никаква работа. @Yeeah јас би ти рекла да прифатиш. Ич да не ти е гајле што мислат другите.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    9.577
    Омаловажувана е само кај нас. Народов само збори дека не е добра работа и се срамат, ама не се срамат да бараат чисто, и да излегуваат на вести да се жалат. |(
    Затоа кому како му годи така треба да прави.
     
    На jasbi, gjoker4e и Feminka22 им се допаѓа ова.
  19. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    15.488
    Допаѓања:
    47.589
    Пол:
    Женски
    Ништо лошо нема според мене во оваа професија.Се додека се заработуваат пари чесно, позицијата не е битна.Никој не е роден за директор и не станува туку така директор или со некоја јака позиција.Ич да не се замараш или пак срамиш, парите се за тебе не се другите.Плус бар ќе работиш во приватна болница што е според мене подобро него во било која државна no hate.Ем платите се поголеми,вработените се третирани подобро а и немора да чистиш закоравени мастики, пајажини и други работи бидејќи сите знаеме на какво дереџе ни се државните болници:envy:
    Со среќа:hug:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.183
    Допаѓања:
    4.205
    Ако погледнете реално, хигиеничарка е многу благородна работа - од тоа зависи здравјето и убавината на околината. Но за жал честопати не е соодветно платена.

    Дали сте забележале дека не секој умее да чисти и дека за правилно чистење се потребни соодветни средства (функционална метла, правосмукалка, детерџенти, крпи)?
    Кога се чисти тоа значи дека на крај треба навистина и да се исчисти а не само површно да се помине набрзина со правосмукалката. Секако, тој труд битребало и соодветно да се награди.