Здраво, ја отворив оваа тема бидејки сакам да ми кажете ваше мислење..Поточно се работи за тоа што нешто ме мачи веќе подолго време..Имав прилика да работам кај свои блиски луѓе(од фамилија) работата беше во канцеларија...Пред тој период бевме многу блиски со нив ,јас и мажот ми и они се дружевме секојдневно седенки итн.. За време на тој период (траеше 1 година)на почетокот беше ,,мед и млеко,, подоцна со тек на време почнавме да ги ладиме односите... Некако се измешаа односите работа-дружење и дојде до тоа да ме отпуштат од работа под изговор дека немаат повеќе потреба Дали би се вратиле вие повторно доколку ве викнат на работа???
Не. Моите роднини имаат фабрика за мебел и еднаш работев кај нив и за два месеца 50 евра ми дадоа и ми кажаа дека сум бил неспособен за работа. А тогаш имав само 15 години и од тогаш после 16 год уште ми е тоа вкезено во главата дека сум неспособен за работа иако сум со средно образование три години посакував работни места што знам дека можев да ги начучам да ги работам, ама кога ќе сакав да аплицирам тоа ќе ми текнеше дека сум неспособен за работа и ќе се разочарам
Ни првиот пат не би прифатила да работам со роднини. Голема грешка е да мешаш бизнис, со блиски луѓе.
Велат крвта не е вода, али во мк е токму обратното, верувај дека другари и другарки си ги чуствувам како роднини и тие повеќе ми помогнале во живот и ми се нашле во тешки моменти отколку вистинските роднини кои знаат само да се јават кога им треба нешто, затоа велам јас крвни роднини немам имам натурализирани роднини
Потоа отидов дека вујко ми да работам со мајсторите и на сите им даваше плата само на мене не ми даваше пари, на 3 месеци ќе ми дадеше 500 или 1000 ден и толку а работев од 5 сабајле до 14 попладне и од 17 поручек до 23 часот и на крај пак јас крив. На син му позајмив 500 евра и кога дојде време да си ги барам (после 2 год) син му се налути и се скаравме и од тогаш ни со вујко ми ни со син му не се имам. Да ги видам на улица паднати ќе ги поминам ич око нема да ми трепне. Подалеку од свои роднини Да и сега да прифатам да работам нема шанси со нив да работам ниту ги сакам, ниту ми се потребни. Сам без роднини најубаво И јас исто се чуствувам, имам пријател се знаеме 10 год било за што ќе помогне и ми помогнал во тешки моменти, и пази татко му на пријателот има фирма а дечкото е фин е и без проблем помага и не кажува зашто помага. А доколку роднините ако ти помогнат ќе ти ги извадат очите од глава
И не само тоа ќе бидеш исмејуван и понижен од роднините, оти они се газди и имаат пари и секаде може да шетат а ние ќе работиме за парче леб дека нив
Не сакам работи што имаат врска со било какво задолжување кај роднини или па кај блиски пријатели. Без разлика дали станува збор за материјално или нематеријално задолжување. Чиста сметка долга љубов.
Нема ништо поубаво од фактот дека сите подеми и успеси во животот си ги направил со своја мака, пот и труд
Абе роднини и блиски пријатели обично се тие што ако работиш кај нив мислат дека треба да му работиш за беспари и дека не треба да ти го платат трудот, оти нели роднини сте. Затоа мислев чиста сметка долга љубов. За останатите секако дека важи тоа правило.
Been there.. Done that... Ем без пари, ем без работа и што е смепно ем вујко ми има фирма, и син му позајмувсл пари од роднини и од други лица за жена му да ја носи на операција оти пари немале
Имаа фирма за правење палети, ама половни машини и неодржување на машините редовно се расипаа ги поправаа машините и пак се расипуваа, некои машини и со недели, месеци без улје работеа, ќе се скршеше лагер или дел и викаа "ајде бе ништо не е", ја затворија фирмата поради некавалитетна брикети и палети и машините расипани. Кога ќе се расипеше мапината не беа дома беа на шетање, обичните работници преку телефон ги правеа машините иако не се разбираа како се прават, и им пропадна бизнисот. А да беа паметни да вложеа во фирмата со нови јаки машини, нови печки (неправени) ќе имаа успех, сега џабе е. Сега имаат перална за коли, ама слабо оде бизнисот.
Јас и така сум влезан во кавга со него, само чекаме момент да дојде и да се испокараме. Сум му помогнал и WC да си направи иако купив материјал за моето WC да го направам, цел материјал му го дадов на него, на син му, му дадов 700 евра (уште 3 години не ми се вратени парите) му помогнав со храна да му дадам да го помине месецот, а цела храна што сум му ја дадол ја давал на кучињата, му дадив 150 евра да плати струја за да не му ја исклучат (иако и тие пари не се вратени) за на крај идиот да каже дека сум бил заникаде и без мозок, и дека не сум знаел што правел. А кога имаше потреба идеше дека мене дома, и секој ден два пати на ден дрва сум му давал за греење да имат, оти немале пари да купат