1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работа преку лето

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 2 јули 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Ајде на оваа тема да споделиме уште по некое искуство-дали некогаш сте работеле за време на летото? Доколку да, каде сте работеле, сте биле или не задоволни, задоволството од првата плата, и сл.
    И дали ова лето планирате да поработите некаде, или лето си е лето-за одмарање ? :)
     
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Јас од сеумнаесет години па наваму сите лета сум работела. Ај ваљда ова ќе земам одмор.
    Инаку не гледам зошто да седиш да дремеш цело лето, ако си млад, здрав и способен за работа. (Освен ако твоите не се loaded, па нема потреба да си ја мачиш душичката. Иако јас цврсто верувам во паролата работата го краси човекот.
     
  3. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Јас работев едно лето додека студирав.Работев во фабрика за шешири и бев пакер,иначе ми стана многу интересно па сакав да работам и другото лето ама немаше потреба од работници :D А платата...па солидна беше
     
  4. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    339
    Кога матурирав тоа лето прв пат се вработив како келнерка. Леле колку ми беше тешко. Сите мои врсници излезени и си се забавуваат, а јас останував до сабајле, за некои си 400 денари дневница. Многу лошо се чувствував. Издржав два месеци и потоа со другарките отидовме на одмор, а што е најважно сама си заработив за одморот. :) Убаво беше чувството дека прв пат си створил нешто, се чувствував независна, возрасна... Сепак, наредните лета не го пвторив тоа искуство :)
     
  5. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.516
    Почнав да работам преку лето на 16 години (втора за трета година), келнерка на една плажа до Гранит хотелот. Местото беше многу опуштено, газдите супер фини и секој работен ден беше закон. Работев со мојата најверна другарка и затоа уште повеќе ми беше супер. Оттука се здобив со искуство, а и среќна бев што сама си заработував.
    Следното лето пак најдовме работа со другарката, на плажата Немо, и пак можам да се пофалам дека работата беше супер, убави дневинци и ептен (позитивно) забегани газди :) Секој ден беше partyy =))
    Oва лето, за жал, пак требаше да си работиме со другарката на Немо плажата, ама времево... знаете - да не се повторувам. :tmi: Одвај чекам да почнам!

    П.С. Работата на лето е супер за оние кои сметаат дека лошо и нерационално го користат летниот распуст. На лето најмногу се прават пари, а и исто секогаш има работа. Плус се здобивате со работно искуство и работите работа која можеби потака во животот никогаш нема да ја работите - убаво е да се осознае тежината на различни работи :)
    П.С.С. Од работата никогаш не треба да се срами!
     
  6. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    1.114
    Пол:
    Женски
    Јас од мои 16 години работам како шанкерка во кафич. Додека траеше учебната година само за викенди, а сега преку лето секој ден. Се согласувам дека од работа нема срамота, за шанкерките или келнерките кај нас како помало место баш и се нема пофални зборови, ама мене ми ич не ми е гајле, си ги заработувам парите, ниту крадам, ниту правам нешто безобразно. Плус тоа, имањето сопствени пари, да не чекаш се од родителите на тие години, носат преубаво чувство.
     
  7. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.298
    Пол:
    Женски
    Ах блазе им на тие од туристичко место. Таму работа преку летото лесно се наоѓа. Туку што да правиме ние од помалите гратчиња :( . Многу сакам да работам преку лето, ова денгубење ме задушува. Имам работено неколку пати уште откако завршив 3та средно, ама ова лето некако тешко со пронаоѓањето работа. Инаку од твои заработени пари нема поубаво чувство, а и нема зошто некој да се срами, уште подобро треба да се гордее со тоа!
     
  8. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    399
    Минатото лето со дечко ми работавме во еден кафич на плажа-тој шанкер, јас келнерка. Газдите не ни се погодија. Мала дневница, гледање на криво, работа во 2 смени (а требаше во една)... |( Да го имав овој памет што го имам сега, ни 2 дена не седев таму. :lol: Ајде што си го упропастив летото, сепак на тоа гледам како искуство во животот. Не би ја работела повторно таа работа, пренапорно е и лошо платено (зависи каде). Не можев ни здрав режим на живот да си водам. Од време на време со дечко ми се потсетуваме на тие денови и искрено ми паѓа дури и смешно како можевме да го издржиме сето тоа.
    Ова лето јас ќе работам во поликлиниката на татко ми, каде се надевам, ќе стекнам искуство што понатаму ќе ми треба во животот (деловни работи, медицински ангажмани, интервенции, лекови, упути...) а дечко ми заврши курс за спасители на вода, па ќе биде пак на плажа :)
     
  9. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Немам работено преку лето, а и немам потреба, но не значи дека нема да работам ако има потреба.
     
  10. Pain

    Pain Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    45
    леле само јас колку сама да работам преку лето, ама за жал морам да работам без придонеси и са со закониве не можам да најдам никаде работа ... :(
     
  11. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.544
    Работев летото коа завршив прва година , во една фабрика скоро сите другарки работевме :D И супер беше добри пари заработивме, често знаевме да одиме прекунорма и да имаме поголема дневница .Затоа често имавме проблеми со жените кои велеа дека помалку треба да не платат , малечки сме биле |( Наместо тие да се засрамат што повеќе работиме од нив , и криви не извадија.Инаку фабриката беше за преработка на зеленчук.

    За жал овие две години не работат , па неможам да одам пак .Барам нешто работа за преку летово ама тешко ништо неможам да најдам :( Незнам веќе каде не сум прашала .Со оглед на тоа дека живеам во помал град , потешко се наоѓа нешто за разлика од Ск , Охрид итн ....АмА тоа е тоа
     
  12. barbiegirl

    barbiegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    49
    Не сум работела преку лето. Секоја година викам ќе почнам ама ништо. Ама обавезно догодина одам во Америка па и ќе прошетам и ќе заработам нешто (јес да знам дека што и да заработам ќе потрошам одма таму на shop-shopping)!!
     
  13. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    90
    Летово се пријавив во една агенција каде што бараа луѓе за работа....
    испратив CV и чекав да ми се јават, но за жал многу се разочарав кога видов дека си ги напикаа најблиските на работа - така е кај нас во Прилеп... ако имаш пријатели “вредиш“, ако не те газат :(

    Но, решив да не се откажам од потрагата по работа и пак се пријавив на еден оглас...но и од таму никаков одговор не добив... сега си седам така, се досадувам...
    ;( ;(
     
  14. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.097
    Допаѓања:
    4.453
    Пол:
    Женски
    Девојки јас видов во центар ( Скопје) во една продавница за чорапи и долен веш бараат продавачка, не само за летово туку и за подолго. Е сега не верувам дека има некоја добра плата, ама пријавуваат. Која ќе осатане летово во Скопје може таму да утепа некој месец, не е тешка работа и плус некоја паричка во џеб.
    Продавницата е во пролазот до Мекдоналдс.
     
  15. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Јас моментално работам , и ке работам некаде до крајот на август, чувам едно дете ке биде сега 3 одд. Супер ми е. Го чувам кај нив дома имам тотална слобода. А и зошто да киснам дома по цели денови и да се досадувам кога можам да заработам некој денар. Работам од 18 години, откако матурирав одма почнав. И сега на 22 години имам искуство на повеке работни места.
     
  16. bluberry

    bluberry Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.114
    Допаѓања:
    341
    јас работев минатото лето,но оваа не можам.
    Сакав да ве прашам дали некој знае ,ако ме вработат некаде дали ќе можам да зимам стипендија?
     
  17. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    528
    Пол:
    Женски
    Јас не сум работела, а многу сакам. Се надевам наредното лето ќе најдам некоја работа.... :)
     
  18. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Сакам да работам, да. Малолетна сум но сакам да си имам свои пари и да си ги трошам за тоа што јас сакам. Ми даваат и моите не се жалам, но тие ми се за во школо за доручек и за кафенце. Толку можам да си дозволам.
     
  19. Nevermore

    Nevermore Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    1.991
    Да, работев ова лето во Америка , како касиер . Супер задоволна сум , заработив нешто , прошетав. Ова лето заминувам пак. Во мојот град нема шанси да најдам работа, а да се досадувам 4 месеци и да барам пари од моите но уеј :!: А за работа во текот на учебната година велам НЕ бидеќји сакам целосно да се посветам на факсот :)
     
  20. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.250
    Допаѓања:
    21.740
    Пол:
    Женски
    Минатото лето прв пат работев :) Во салон за мебел како продавачка и супер ми беше. Добра плата, а лесна работа-по цел ден седев на компјутер. 2 месеци работев бидејќи планирав друго нешто за август, ама не излезе така. Во секој случај, искуство плус за мене беше. :)