Работа преку фејсбук профил

Дискусија во 'На работното место' започната од SkyStar99, 28 јануари 2022.

  1. SkyStar99

    SkyStar99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2022
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Нова сум на форумот и се соочувам со нешто што го сметам моментално како проблем .
    Имено веќе година ипол дена работев преку својот фејсбук профил со додавање на луѓе како потенцијални клиенти ама денес се соочив со лимитација односно известување дека неможам да додавам повеќе од 5000 луѓе.Наводно го имам надминато лимитот и затоа ја отворив темата. За да прашам дали вие сте се соочиле со слична ситуација да бидете лимитирани да додавате луѓе и што сте направиле во врска со тоа ?Кај мене опција е исто така преку страница на фејсбук да работам меѓутоа истата треба да се плаќа преку кредитна картичка и јас немам идеја колку тоа реално ќе ми се исплати и ќе ме кошта на месечно ниво. Ве молам за поконкретни совети што да правам во оваа ситуација кога сум ограничена од самиот фејсбук како да го решам овој проблем?
    Ве молам тие што работите преку фејсбук да ме советувате или пишете во dm.
     
  2. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    5.918
    Не можеш ништо да направиш. Лимитот за фб профил е 5000 пријатели, ако сакаш да правиш бизнис тоа го правиш преку страна, а не профил.
    И зошто страната да се плаќа преку картичка?
     
    На staycalm, sunshinebabe, Ivanna23. и 6 други им се допаѓа ова.
  3. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.109
    Пол:
    Женски
    За реклама
     
    На Feminka22 и WildMk им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.298
    Не мора да плаќаш за реклама за страницата, доволно е да собереш луѓе кои се заинтересирани.
    Не се гради бизнис преку ноќ.
    Си згрешила што си потрошила толку време, од профил да ја тераш идејава
     
    На crimson му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.380
    Пол:
    Машки
    Н
    На фб страните има опција да платиш за да се рекламира страната кај рандом луѓе и во кој град и држава сакаш.
     
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.806
    Допаѓања:
    80.581
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш преку профил да работиш а не преку страна, направи нов профил и до името само стави Втор профил. Многумина имаат втори па и трети профили ако достигнале лимит на број на пријатели.
     
  7. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.040
    Допаѓања:
    5.918
    Знам дека бара за реклама ама девојката ако не сака да пушта реклами нема потреба да става картичка.. исто како и до сега што не користела реклами на профилот.
    @SkyStar99 кога веќе си изградила големо community на профилот ќе земеш да ги поканиш сите твој пријатели да ти ја лајкнат страната. Без реклами тешко дека ќе ти идат многу нарачки, пуштај реклами и на мали суми за македонија нема потреба од големи буџети ако работиш сама.
     
    На staycalm, crimson и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  8. MarijaMi90

    MarijaMi90 Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.621
    Допаѓања:
    20.099
    Пол:
    Женски
    Ако сакаш да работиш преку фб треба да имаш бизнис пејџ, а не приватен профил. На него секако немаш ограничување на следачи. Кредитна картичка се остава само кога пушташ спонзорирани постови, реклами. Нема да те украдат, се поставува лимит на буџетот и може да пробаш со сума пример од 5 долари на ден, и помалку. Ако не пушташ реклами, туку само си објавуваш постови не плаќаш ништо. Значи од почеток треба да почнеш, од нула и да им пратиш покана на сите пријатели да ти ка заследат страницата.
     
  9. SkyStar99

    SkyStar99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2022
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    33
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите, а најмногу фала ти тебе.Зошто порано не размислив за оваа опција? фала ќе го земам во предвид многу ми помогна .
     
  10. crimson

    crimson Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    4.052
    Допаѓања:
    52.523
    Пол:
    Женски
    Баш од оваа причина е и лимитот.
    Направи си пејџ, немаш ограничувања и има плус опции од обичен приватен профил. А исто така изгледа и попрофесионално затоа што тоа му е намената. Не знам за каков бизнис се работи, ама можеш да ги поканиш сите 5000 пријатели да ја лајкнат страницата и да продолжиш да објавуваш од таму.
    Ако сакаш да направиш некакво community каде што би комуницирале поактивно размисли за фејсбук група.
     
    На staycalm и WildMk им се допаѓа ова.
  11. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.915
    Допаѓања:
    16.915
    Пол:
    Женски
    Подобро е да си направиш бизнис страна, отколку втор профил, ако веќе ти е за бизнис.
     
    На Feminka22 и staycalm им се допаѓа ова.
  12. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Лимитот за 5000 пријатели постои од почетокот на фб, најдобро е страна како што ти кажаа членките погоре, реално од тие 5000 пријатели можи 2000-3000 не ни знаат зошто те прифатиле, а со страна барем ќе водиш статистика, ќе ставаат лајкови и ќе знаеш колку имаш фанови
     
    На staycalm, Dust, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.