Работи кои ги правите после раскинување

Дискусија во 'Разделби' започната од Mellanii, 4 септември 2011.

  1. Mellanii

    Mellanii Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    7
    Што правите после раскинување,кои работи ви помаагат да ги тргнете мислите од него :)
     
    На Βικτωρία и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  2. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.618
    јас си пишуваше на топик на мсн и на статус: Шта сад љубав им стим, кад те више не волим. Големо срце, тоа е.
     
    На ucenik28 и Tannaa13 им се допаѓа ова.
  3. Mellanii

    Mellanii Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    19
    Допаѓања:
    7
    хах ме насмеаа =D
     
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.705
    Прво тргам од пред очи се што ме потсетува на него, не ги слушам песните што сме ги слушале кога сме биле заедно (и избегнувам балади, тажни песни) се договарам со другарките, се дотерувам и излегувам. А кога сум дома си наоѓам нешто за да не мислам на раскинувањето, средувам по дома, читам, гледам филмови...
    Но ова е значи дека брзо заборавам и преболувам, некогаш ми се потребни месеци. Ако ми е тешко, си плачам кога сум сама. И не се жалам на никого. Тоа е главно...
     
    На Sramezliv-iot, RebeKah, Mellanii и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    15.174
    Допаѓања:
    74.614
    Пол:
    Женски
    Си правам самостоен женски ден - си се опуштам во топла, пенлива купка, во позадина ми одат омилените рок - хитови нa кои откачувам до даска.
    Пеам, препевам, се дерам, приплакувам, ама од среќа или од преголемо напрегање на гласните жици.:!:
    Се тинтрам пред огледало и си се гледам колку сум згодна, малце слабичка, ама долга нога, еееех 8)
    Нека пукне од мака тој што ме нема!
    Си се релаксирам со маска за лице и се редам со моркови, краставици и секакви зеленчуци по очите.
    Не седам дома, се изолирам малце од баладите на јутјуб и мрчаторите на фејсбук, излегувам со драги личности и се трудам да се загледам во некое друго машко битие.
     
    На NikiBastore, dzvezdicka12, Bubamari4ka и 2 други им се допаѓа ова.
  6. mina

    mina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    1.260
    Допаѓања:
    622
    Имам претрпено само едно раскинување, одамна беше и бледо се сеќавам како ми се одвиваа работите во тоа време!
    Веднаш се пуштив во дружење со другарките, секоја вечер до 2-3 сабајле седевме кај некоја од друшките ми со 300 глупи и блесави муабети, се посветив и на максимално флертување 8) , повеќе време поминував пред огледало дотерувајќи се за нови момци :makeup: , наоѓав по некој нов што ми се допаѓа и често пред спиење добивав по некоја порака :mp: или сигналче од непознат број! :lol: :lol: :lol: Се осеќав како ново лице во друштвото, преродена, слободна...се губев со мислите одвреме навреме не можејки да претпоставам како ќе се одвиваат работите понатака...
    Немаше многу плачење и патетики, или имаше само не се сеќавам баш добро! Важно се сеќавам дека другарките ме дочекаа со раширени раце расположени за многу пијани журки и енергија за многу забави до сабајле :rock: !
     
    На RebeKah му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.658
    До сега сум имала само едно раскинување во права смисла на зборот. И раскинување и со дечко кој ми значеше многу во тоа време.

    Не правам нешто посебно. Се функционира исто. Не правам вуду магии и такви ствари..

    Меѓутоа...

    Поретко се смеам некој одреден период. Мене тешко ми паѓаат разделбите,без разлика дали со другар/ка,родител,роднини,дечко што и да е.. Да,поретко се смеам. Не разговарам многу. Или барем не разговарам како претходно. Луѓето ми се досадни,еднолични. Сите ме нервираат и сите ми се криви. Седам најголем дел од денот сама во соба. Ретко излегувам,тогаш станувам асоцијален тип. Си го мачам мозокот со тоа што згрешив јас,што згрешил тој,си враќам филмови,се потсетувам...

    Абе баш оноа што не треба го правам,за да се убијам сум. :fubar:

    И дефинитвно се докрајчувам со балади и солзи. Тоа нешто неминовно. Трошам перфекс 24 и сум како нова. Не сум емоционален јадач,не се препуштам на слатки,бљак. Е тоа правам. Се трудам да не извршувам обрвски. Неможам да мислам во тој период и сакам одредено време да не мислам ништо. Пушам повеќе цигари,и многу често цигарата ми се изгаснува дека немам сила да ја пушам,заборавам дека мозокот ми лета на друго место.

    Добро е што тоа трае најмногу недела две. Првата разделба еден месец не можев да се опоравам.

    Да,добро е што трае најмногу недела две,а после сум старата јас. Или барем се трудам да бидам. :)
     
    На mcokolada и Izaabella им се допаѓа ова.
  8. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    1.314
    Се дотерувам поневообичаено ,им се јавувам на сите драги фаци и правец в дискотека - да се прослави ! :rofl:
     
  9. fotografija20

    fotografija20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    10
    гледај комедија,излегувај почесто,флертувај...но сепак остави си и мал дел од денот за да се исплачеш да ти олесни и потоа правец пред огледало,време е за дотерување и по можност некоја промена на фризура и слично.моментално поминувам низ тежок период се борам со себеси да ставам крај на 3год.врска која од пред 1недела е раскината.тешко ми е многу но се обидувам да си посветувам повеке внимание на себеси (време кое малку го имав додека бев во врска),од следна недела почнувам со изучување на италијански јазик,со обврски на факултет и секако со НОВАТА ЈАС.се надевам ке успеам и секако ке вложам многу за да го реализирам сето тоа :) и да не заборавам наместо да се жалам постојано на лугето околу мене и да ги депримирам со мојата тага секојдневно започнав да пишувам книга,дневник кој/а е пополнета секако од моите чувства.на тие страници го истурам својот гнев и лутина кон личноста што докажа дека не ме заслужува!
     
    На RebeKah му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Amellia

    Amellia Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    29
    Секогаш сум среќна пред него и неговите другари (иако навистина не ми е сеедно). Никогаш не покажувам дека ми недостига или дека воопшто сеуште мислам на него. Цело време шетам со другарки и најважно се трудам да изгледам дупло поубаво и подотерано од кога бев со него. Навистина работи бидејќи по некое време ке те бара назат :)
     
    На RebeKah, crankyy и butterfly.94 им се допаѓа ова.
  11. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.034
    2 дена плачам, после се спремам од глава до пети и искачам во лов секако :) нема да патам со месеци.
     
    На Komplicirana2015 и Smilly им се допаѓа ова.
  12. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.348
    Допаѓања:
    2.380
    Зависи и до личноста . Ако го имам сакано правам се она што не треба да се прави после раскинување.
    И плачам редовно на другарка ми , пуштам некои срцепарателни песни , гледам филмови за да ми се распара срцето уште толку ,јадам како несалам по 10 пати во денот , не разговарам со моите првите 2-3 дена..
    После полека почнувам да се враќам во нормала, но постепено ...Многу тешко претрпувам разделби било да е тоа со дечко ли некој друг ..
    Последна разделба ми беше со братучетка ми од Охрид , абе се утепавме од плачење двете како да е крај света ..по еден месец пак ќе се видиме ама нејсе , ние да се испразниме :)

    Aма луѓе како луѓе ...доаѓаат во животот и си одат , мораме да се навикниме да живееме со тоа дека ништо не е вечно .
     
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.164
    Допаѓања:
    26.888
    Кршам, кинам, фрлам, сечам... И потоа се чувствувам подобро.
     
    На Umbrella22, elena1990, Trendafilka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. anastasijaki

    anastasijaki Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.103
    Допаѓања:
    28.758
    Пол:
    Женски
    Тешко поднесувам раскинување :doh: до сега ми се имаат случено две, и двете беа по моја вина сама си го барав признавам :tmi: за едното не ми ни беше многу гајле онака го прифатив како аха добро, ваљда затоа што бев помала, но она другото ми падна тешко,ептен тешко, па така си плачев цела недела, добро не баш сега секој ден, ама коа ќе ми текнеше на некои заеднички моменти знаев да се расплачам |( потоа следеше еден депресивен период од исто толку време, за најпосле да бидам како ништо да не ми се случило :DАх и да не заборавам дека за тој период јака и душа на другарка ми :lol: колку ли само зборев,зборев и зборев :talk: во врска со тоа секако. |( Досада жива бев :wasntme: Како и да е веќе никогаш, ама никогаш не сакам да го доживеам тоа, особено не со личноста која ми значи се :x
    пу пу скраја да е :|
     
    На crankyy му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vesni4kaaa

    vesni4kaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 мај 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    8
    Токму сега сум во таа фаза...По 2ипол годишна врска и една година залудни обиди да се смириме еве денес е првиот ден од мојот статус single...И како ми поминува овој ден??? Патетично би рекла. Затворена во соба плачејќи.....Се надевам дека овој период ќе трае кратко и дека ќе успеам набрзо да се вратам во нормала....се надевам. Голема поддршка до сите кои поминуваат низ болна разделба...Ќе биде еден ден подобро...еден ден :(
     
  16. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.883
    Јас сум плачела за време на врска, после тоа не ми идело, видиш чудна појава ?! :?:

    После раскинување сум продолжувала даље секогаш, и покрај тоа што сум мислела дека ќе ми биде изузетно тешко, дека сега не се знае како ќе продолжам драпај си меот работава.
    А откако раскинав со последниот дечко, иако не беше официјално раскинување „Од денес не идеме", него разотидување, јас си фатив нов, т.е сегашново либе. :)
    И да ви кажам, подобар чекор во животов не сум направила.
     
    На crankyy му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ladymilion

    ladymilion Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    27
    плачам,плачам, плачам му пишувам секакви пораки у стил те мразам,после те сакам ...
    и пак плачам....
    излегувам се правај јака,демек ми е гајле ама пред да заспијам пак плачам
    и не знам кога ке ми помине....
    раскинав пред една недела и мнооооооогу ми е тешко ;(
     
    На Komplicirana2015 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.704
    Допаѓања:
    4.985
    Пол:
    Женски
    Уживам со резервниот :rofl:
     
    На eli2622, Natka87, SwetyCat и 3 други им се допаѓа ова.
  19. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.672
    Допаѓања:
    1.879
    Плачам, плачам се додека да не ми дојде умот дека НЕ ВРЕДИ да се плаче по никого. Дека животот е пред мене и дека допрва идат УБАВИТЕ МОМЕНТИ.

    И после...
    :rofl:
     
  20. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    118
    Значи,се зависи од врската,ако врската ми е долга мижеби повеќе од неколку дена ќе ми треба да се средам,но од кратка ... уживам во вкусот на киндер и толку,не дека ми е тешко или нешто... само заради чоколадото ;) :lol: