1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Работна соба (Биро)

Дискусија во 'Дом' започната од danichap, 18 мај 2012.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.989
    Допаѓања:
    279.144
    При неодамнешната преселба во новиов стан, со сопругот одлучивме дневната соба првенствено да ја користиме како работна соба.

    Од проста причина што кујната е прилично голема и може да биде истовремено користена и како дневна при посетите на ретките гости, решивме да го искористиме просторов на попрактичен начин, т.с ставивме огромно биро со доволно простор за сета електроника и регал со полици за многуте книги и папки за документи.

    Црната гарнитура наспроти белите биро и регал ја доловува сериозноста, т.с некој ефект за празнина, ладноќа кој сакавме да го постигнеме.

    Кое е вашето мислење за потребата од ваквите соби?
    Што се имате на бирото и каде ги сортирате сите ситници, листови, книги?

    Можете да споделите слики или идеи за тоа како би изгледало вашето биро или работна соба во иднина, или пак како изгледа во моментов и дали евентуално би направиле некоја измена.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Мене ми е доволно едно средно големо биро, бидејќи никогаш не се расфрлам со книги и хартии.
    Многу сум организирана кога станува збор за тоа и дури и во студентските денови кога имав повеќе предмети за учење, се’ си беше на свое место, средено и подредено под број, страниците маркирани со пост ит и обележани од каде до каде, книгите наредени по ред како што ми беше планот за учење.
    Сега ми е доволен лап топот, малку место за кафе, чашка со квалитетни пенкала и книга или тетратка по потреба на бирото, и засега не гледам потреба од специјална соба, иако би било убаво да се има една таква во домот кога работата би ми била поинаква.

    Минималистичкото уредување ми е идеално за работниот простор (иако не ми е омилено кога станува збор за остатокот од домот) бидејќи не треба ништо да го одвлекува вниманието. Шарени тетратки, лепенки, рамки со слики и такви работи не би вметнала во моето идеално биро.

    [​IMG]
    [​IMG][​IMG][​IMG]
     
    На cresa-jagoda и danichap им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.989
    Допаѓања:
    279.144
    Неколку слики и од биро материјали кои најчесто ги користам и ги сметам за многу практични
     

    Прикачени фајлови:

    На cresa-jagoda и Katerinceee им се допаѓа ова.
  4. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Па пошто ние имаме мислам дека се доста корисни не мора секој да ти го гледа семејството што доага и да ти шета низ куката одма од вратата првата соба.На биро компјутер.тефтер со броеви,телефон,пенкала, во папки и на полицата позади бирот ги ставаме листовите
    совет за полесно да се снаогаш со документите на секоја папка напишано за шо е и што има во неа
    Еве ке ја опишам затоа што ако ја ставам некој може да ме препознае и низ мислењата да ми виде за да си за зачувам приватноста не ставам слики од мојот дом
    значи има полица позади бирото голема колку џидот,биро стол,гарнитура за седење,и маса со 10 стола кај логиите
     
  5. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.253
    Допаѓања:
    6.026
    Пол:
    Женски
    Јас поинаку ја замислувам мојата работна соба, и во потрага сме по стан во кој гледам да има едно катче само за мене, или пак заедничка работна која би ја делеле со сопругот.

    Ми треба простор за моите книги, списанија, кои би биле сместени на полици на цел ѕид, биро за лап-топ, и работен пулт со полици и фиоки за сите мои тракатанци, машина за шиење, материјали, монисти и секакви делчиња и рециклирани материјали кои чекаат да бидат преобразени. И удобна фотелја до прозор за читање и релаксирање, собни цвеќиња, а во еден дел мала софра и расфрлани перничиња за кафе и муабет.
    Се надевам во брзо време ќе ми се оствари замислата. :)
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    15.989
    Допаѓања:
    279.144
    Сликава не е со најдобар квалитет, ама колку да споделам со вас едно ќоше од моето работно катче.
     

    Прикачени фајлови:

    • IMG_4026.JPG
      IMG_4026.JPG
      Големина на фајлот:
      134,9 KB
      Прегледи:
      751
    На cresa-jagoda, Umbrella22, mims-89 и 10 други им се допаѓа ова.
  7. papagal4e

    papagal4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    135
    Јас имам два и не се нешто посебно,но не менувам ништо :)
     
  8. Angel-Adriana

    Angel-Adriana Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2012
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    555
    Ние дома имаме и таму пегламе, изработуваме разни работи (како цртежи и др.) и искрено многу се корисни ваквите соби. :)
     
  9. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Да имам една просторија вишок во домот, попрво би ја искористила како работна соба, отколку како соба-орман :wasntme: Ќе ми требаат многу полици бидејќи имам доста книги, така што еден ѕид ќе биде резервиран за тоа. Би поставила едно големо биро за целата техника, како на пример лап топ, скенер, принтер и слично. Убаво ќе ги организирам сите материјали и прибори што ги имам, затоа што мразам натрупаност и сакам кога знам во секој момент кое каде е. На ѕидот каде што ќе ми стои компјутерот ќе закачам Post it board, а на работната маса задолжително ќе си ставам сончогледи за да ми го подобруваат расположението :) И ќе имам една помала масичка на која ќе ми стои машината за пишување. Дома имам машина, ама немам каде да ја ставам, па не можам да ја употребувам.
    Во однос на мебелот и ѕидовите, не би експериментирала околу боите. Црно-бела варијанта ми се гледа како најдобра.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.777
    Допаѓања:
    131.191
    Во моментов, имаме дел од дневната со биро со фиоки и компјутер, со тоа што малку на страна е од гарнитурата за седење, па делува малку одделено. Тука имаме само 4 фиоки кои ги користиме за работите кои најчесто ги користиме, а другиот дел од хартиите ни се во спална, во една комода, што според деловите што ги има од прилика изгледа вака:



    Инаку во план ни е една од собите да биде работна соба, ама уште не сме дошле до таму. Сериозна работа е куќа, не се постигнува :D
     

    Прикачени фајлови:

    • Komoda.jpg
      Komoda.jpg
      Големина на фајлот:
      1,5 KB
      Прегледи:
      435
  11. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Мојата соба ми е пола работна соба. Покрај тоа што ми се наоѓа мини библиотеката која има повеќе стручна литература имам и доста големо биро кое собира се што ми е потебно. Не барам некој голем простор ама собира се што ми треба. Статичен комјутер со сите елемнети, звучки, тастатури и слично плус имам доста простор да се распостелам со хартии и книги, над слободниот простор имам табла за закачување белешки, на бирото исто така стојат неколку малки рамки за слики, сад за пенкала, сад за некои ситни предмети и кутија со марамици за мониторот. Некои побитни хартии ми се сортирани во класери, а останатото си го наоѓа местото во фиоките.
    Несакам изглед на класична канцеларија или некоја студена работна соба вака ми доаѓа супер, јас неможам да учам ако не сум во својата соба, намјирно и најпријатно ми е.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.914
    Допаѓања:
    32.522
    Пол:
    Женски
    И ние имаме таканаречена работна соба. Заради децава не можеме се да ставиме. Врз неа е лап топот, а во фиоките имаме пенкала и тетратки. Ако ставам книги, одма ќе ги парчосаат.
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.711
    Пол:
    Женски
    Обично детските соби се користат и како работни со биро, компјутер и принтер.
     
    На Aleksandra9999, KuklickaMoja, Недопирлива5 и 2 други им се допаѓа ова.