1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разведени со деца

Дискусија во 'Брак' започната од mama32, 29 ноември 2012.

  1. mama32

    mama32 Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    9
    Здраво на сите. Нова сум на форумов па ако не и е место тука на темата,преместете ја

    Јас имам 2 дечиња, од кои едното е бебче од 2 месеци,а другото 4 год. Со мм не сме сеуште официјално разведени,но неговата одлука е таа и јас се осекам како цел свет да ми се срушил на глава. Сеуште никој од нашите роднини и пријатели не знае што точно се случува....не знам ни како би го соопштила тој момент,кога ни самата не можам да си поверувам дека семејството ми се распаѓа... Милион прашања ми се вртат во глава, а највеќе ми е страв како децата ке живеат со растурено семејство, не сакам да патат....мм вели дека ќе си ги гледа како што треба,дури си направил и план дека 15 дена ќе бидат со мене,15 со него....тоа за мене не е возможно,тие ми се СЕ.
    Мојот живот како да завршува и единствено за што ќе живеам се мојте деца...знам дека им треба среќна мајка,но како е тоа возможно сега?
    Многу ми се потребни совети од вас кои сте поминале низ овој пекол,како го преживеавте,како го поднесуваат децата,има ли надеж за убав живот.....како ќе излезам на крај со 2 мали деца од кои едното цица по цел ден....
     
  2. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.097
    stom ima srce da ostavi deca od koe ednoto ima samo 2meseca turi im pepel na takvite. neznam od koi pricini te ostava ali presebicen e bez tronka sovest, vakov ic me ti ni trba.:)
     
  3. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    422
    Допаѓања:
    307
    Пол:
    Женски

    Уф да е тоа толку лесно... како советот од DEEP BLUE...Ама воопшто не е...Не ја знам причината која е и дали е сериозен неговиот став..Да не е некој брачен хир меѓу двајцата вас..Воопшто не е лесно тоа што ќе го преживееш со толку мало бебе..Што едноставно ве натерало на таков чекор?Па пред година дена сте биле среќни да си створите уште едно детенце...Што е тоа што се случило денес за да дојде до развод?Има ли шанси да разговарате и да се потрудите двајцата да си го задржите семејството..
     
  4. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    Се согласувам,штом има срце да ве остави,па плус човекот и план си направи по 15 дена,немој ич да го жалиш.
    Дали и претходно беше разнишан вашиот брак или ова е одненадеж?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  5. rakce69

    rakce69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    231
    Сите би сакале да знаеме што ќе ни се случи утре, наредните месец дена или наредната година, но немаме таква шанса. Не мисли како ќе биде, ако е одлуката конечна, застани цврсто, убеди се самата дека ти тоа го можеш, ако не за себе за децата. За роднини и пријатели воопшто да не се грижиш, погрижи се само да ти плаќа убава сума на алиментација, за да можеш да излезеш на крај. Планот дека со него ќе се 15 дена во месецот му пропаѓа во вода, уште одма, мислам дека тоа не е така лесно.
    Причините како што кажаа и другите феминки не ги знаеме, па не знам што повеќе би ти кажала.
    нека не ти се руши само светот, заради некој недораснат и неизживеан што остава жена со две деца.
    се најдобро! :*
     
  6. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    ооооо жено жено во кој филм е влезен овој твојов маж ни сам не знае да си каже
    остај го ако сака да се разведе нека се разведе само немој после да цимоли и моли да се вратиш а 101% сум сигурна дека е така
    точно е дека е безпарицадека е тешко на оваа денешница покрај волку проблеми да бидеш присебен и да одржиш нормален брак али пак за атар на децата обиди се бре мајка му стара а не одма развод клошар ни еден :!:
    сака равод ------дај му развод
    децата се малолетни па автоматцки ке припаднат под старателство кај тебе а он нека плака алиментација и нека му се радува на нив еднаш или два пати во месецот ако тоа го прави срекен
    ти не се нервирај треба да останеш присебна и паметна да го наместиш да изгори и да си добие тоа со сакал треба да си присебна оти во спротивно ке те прикаже како неспособна или нервно болна само да ти ги земе децата затоа ти треба да бидеш паметна и да одиграш мудро во соработка со добар адвокат
    а он?????????? како куче ке биде пишман после 2-3 месеци
     
  7. Micika80

    Micika80 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    454
    Допаѓања:
    295
    Јас знам 2 примери од околинава каде што татковците неколебливо си заминале од домот спремни за развод. Во првиот испадна дека додека била бремена сопругата со 2 дете, таткото имал љубовница која останала бремена исто така, па таткото се спакувал и си отишол. Втората приказна е пријател на моите, кој на времето ја оставил сопругата со 2 месечно бебе, за да обнови врска и да се прежени со девојката со која се забавувал долго време пред да ја запознае сопругата.
    Не сакам да сугерирарам на друга жена, ама татковци што спремно и неколебливо оставаат дом со деца и бебиња, најчесто имаат некоја сигурност или нешто што ги влече на друго место, инаку ниеден нормален маж нема срце толку себично да замине од дома и однапред да си направи план како да живее разведено, без да мисли на чувствата на мајката и децата.
    Јас имам само еден совет: Колку и да е страшно и тешко, немој да си ја газиш гордоста и достоинството да го молиш понизно како да е Господ, зошто уште посигурен ќе стане дека не му требаш, гледај да се избориш да ги добиеш децата како целосен старател и да извлечеш солидна алиментација за да можете да живеете нормално. Најлошо е да добива грижа на совест од сожалување, не ти треба тоа доколку нема намера да се врати од љубов, тогаш само ќе се одложи намерата која ја има во моментов.
    Фала богу разводите не одат преку ноќ,додека трае парницата можеби ќе се предомисли, меѓутоа подобро да те види во добро светло каде што цврсто стоиш на земја и не молиш, отколку да паднеш ниско и да патиш како оставена жртва која бара сожалување. Главата горе, ништо не е завршено до крај, нека ја види жената во која се заљубил на почеток, а не скршена, расплакана жена без волја за живот.
     
    На MacenceEna, napominuvanje, Mayyya и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Kalina1

    Kalina1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    37
    Мама32, ме трогна со приказнава. Ама он чим решил да се разведе навероватно има некоја на страна со која планира нов живот. Биди јака, незнам дали си финансиски обезбедена дали работиш, и дали имаш стан, ама најди добар адвокат и извлечи му све што можеш.Копилиња машки, што све не ќе направат.
    И јас се наоѓам во слична ситуација,ние сме 13 год. во брак и имаме две деца едно 12 год. друго 3 год.
    Со ММ во последно време сме како странци,кога ке дојде дома само прави кавги,ке се испуца и ке си излезе.Јас се здебелив ама не нешто страшно, го потценува мојот изглед,ме нарекува со погрдни зборови пред децата и искрено сумњам дека има некоја. И решена сум да се разведам ако продолжи ова. Знам дека ке мизерувам со една плата,но и мирот во домот е незаменлив. Неможам да дозволам децата да растат во кавги буквално кои настануваат за ништо. Многу ми е симптоматично ги брише сите повици од мобилниот, сите пораки да неможеш да видиш кој го барал.
    Но пред се,гледај се себе си и децата и не си ја гази гордоста да го молиш.
     
  9. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Еден хрватски пејач лани мислам беше ја остави сопругата со 4-месечно бебе зашто се заљубил во друга... :fubar: Велат дека обично ги фаќа криза мажите кога добиваат деца посебно ако се зелени, лабилни или неизживеани луѓе. Кризата била од стравот дека „тоа е тоа, готово, жена, деца...“. Е сега, како жените не ги фаќа криза?! Па немаат време, мора да се грижат за децата, за семејството, додека тој се мисли што ќе прави со животот, жена му се мисли како да го смири бебето што плаче и поголемото кое си бара внимание. Не знаеме каков ви бил бракот претходно, ако бил на стаклени нозе, раѓањето на бебе обично прави да биде полошо (едноставно, не останува многу време сопружниците да си се посветат еден на друг за да поработат на врската), иако погрешно се верува дека бебето може да спаси нешто. Ако цврсто решил во ваква ситуација дека сака развод, обично станува збор за друга жена (ама не е правило). Мажите обично се слабаци кои играат на сигурно. А во таква ситуација многу малку можеш да направиш. Прво, ако е веќе решен и не отстапува од одлуката, мора да разговараш со твоето семејство, тие ќе ти бидат најголема поддршка во иднина. Второ, мисли на иднината на децата, пробај да се договориш за алиментацијата што ќе ја плаќа (ова затоа што судовите пресудуваат најчесто некои смешни износи за издршка кои мажите исто толку често ескивираат да ги плаќаат). Ако си невработена имаш право да бараш алиментација и за себе од сопругот. Пробај разумно да ги решите сите работи зашто заљубениот маж може да стане најлош крвник за семејството кое го остава (скоро слушав за некој маж, навидум ОК, кој едноставно ги исфрлил на улица жената иу двете деца за кај него да се всели љубовницата, значи, баш СЕ е можно). И пробај да бидеш силна кога ќе зборуваш со него, чисто заради себе, а и заради децата. Ако нема назад од таа негова одлука, почни да преземаш чекор по чекор за да си го организираш животот после него, зашто, иако мислиш дека светот ти се руши, и после него имаш живот :hug:
     
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Штом одлуката му е сигурна, прво ти треба разговор со добар адвокат за да знаеш што ќе биде со децата, не како му одговара нему, туку што можеш ти да извлечеш најдобро од ситуацијава...На почеток мораш да бидеш стабилна колку и да е тешко, жалењето остави го за подоцна...
    Небитно е зошто сака развод не може ние да погодуваме, но ако ја прифаќа одговорноста кон своите деца тогаш е една олеснителна околност, освен ако не сакаш да се одмаздуваш преку децата а тоа не е паметно затоа што и тебе ќе ти претставува товар...
    Можам да претпоставам кој шок е, те исфрла од колосек но со тек на време со подршка од блиските и малку храброст работите ќе се средат...
     
    На napominuvanje, imelda и Moira им се допаѓа ова.
  11. meU

    meU Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    2.633
    Допаѓања:
    3.050
    Прво децата неможе да се кај него 15дена, тоа до сега не сум го слушнала, посебно па кога се работи за бебе, социјалното нема шанси да дозволи. За помалото дете, ако се изјасни детето дека сака да е со мајката (што се големи трауми, по фино е да се договорите вие двајца, отколку да се носат децата на разговор) таткото ќе го гледа со одобрение од мајката или пак еден празник кај мајката друг кај таткото, неделно еден до два дена со таткото и сл...
    Нека не те плаши ова со децата што ти го кажал, не е возможно како што тој си има замислено.
     
  12. mama32

    mama32 Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    9
    Ви благодарам на сите за поддршката. Причина се секојдневните расправии кои ги имавме дома...нервозни се враќавме од работа,јас имам психички напорна работа(од исфрустриран надреден) он немаше работа до скоро па се снаоѓаше..и така двајцата несвесно си ја истуравме нервозата дома...криви сме двајцата,не велам не....ама си ја сватив грешката и се потрудив да се променам,давам се од себе,да нема расправи...ама наводно сега веќе е доцна за тоа...немало назад...му пукнал филмот... Инаку беше супер татко,се правеше за првото дете,а и низ дома,не можам да кажам лош збор....ама ете сега му скиснало и нема љубов веќе.... Сака да се грижи за децата,ќе не обезбедел за живеење и ќе не развозувал каде треба...ќе бил тука за децата,ама не за мене....барем сега така збори...Не верувам дека е друга во прашање пошто ќе се колнеше во децата...ама нели никогаш не вели никогаш....не знам што да мислам
    Неговите живеат до нас и мајка му многу ми помага со поголемото и низ дома, затоа и не знаат уште што точно планира,ако знаат сигурно нема да има желба да помага туку ќе биде на страна на синот единец...а мајка ми работи,нема да имам кој....не знам што ќе биде....срушена сум
     
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    ...ма остај ти тоа нервозата на страна туку кога последен пат сте имале секс?!?! :angel:

    Мене нешто не ми штима, неможе од ,,чиста мира,, да сака развод, нема друга а има 2 деца :?:
    Па и ние поминувавме нервозни периоди, со незборење по дома, караници и др. ама никогаш не дојде да дигнеме раце и дваицата од бракот и да се сложиме за развод.
    Ај намами го на жесток секс само да не се вади дека веќе не му се д.га на тебе :) зашто ако сакаш можеш да ја зачуваш таа мала емоција а разгориш страста. А што мисли тој така лесно се одржува брак и при мала криза ,,развод,, апааа не оди тоа така :mm:
    Криза на идентитет т.е родител во комбинација со нервоза ако веќе нема друга - дијагноза

    Цел ден трескам глупости :D :angel: ама оваа глупост е вистина
     
    На VladeMila му/ѝ се допаѓа ова.
  14. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.464
    Допаѓања:
    10.832
    И јас мислам како Славица.
    Нервози фрчат секој ден,дали било од работа,колешки,претпоставени.
    Знаеме дека и темпото на живот е брзо,финансиската ситуација општо во земјата е лабилна,па ако велиш дека нема друга дај малку поработи на тоа да го заведеш повторно.
    Зашто можеби со раѓањето на второто дете тој се осеќа како отфрлен,а кај жените после пороѓај многу јасно дека се намалува сексуалната желба.
    Но ако нема некоја поголема и подрастична причина освен секојдневни нервози и препуцувања смирете ја топката и двајцата.Зашто многу е лесно да се растури едно семејство,но тешко е да се задржи истото.
    Ти кажуваш дека бил супер татко,јас мислам дека тој се чувствува како запоставен емоционално и физички.
    Приреди му добар разговор,прекрасна вечера и жесток секс и јас гарантирам дека нема да има ни Р од развод. :)
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. rici.aaaaa

    rici.aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2012
    Пораки:
    1.240
    Допаѓања:
    3.403
    Обично мажи кои не се зрели поради расправија велат развод јас неверувам дека твојот сопруг е зрел децата како да се топка па да се носат 15 дена кај него 15 дена кај тебе воопшто не ти е лесно те разбирам и самата се гледа дека го сакаш тадури и сакаш нешто да се промени но ако е упорен за развод нека му биде но мислам дека е слабак и никоја нема да го трпи понекое време ке цмиздри сепак имавте ли разговор сака ли тој да се потрудите да не се карате едноставно примирје ако нее за вас бар за малечките потруди се да се обидеш да се смирите ако не
    тогаш дај си сила децата верувам дека остануваат кај тебе оти се малечки макар што тоа се стресови како за тебе така нив мегутоа ако е лабилен човек тогаш собери сили и продолжи напред не си ни прва ни последна секој па така и ти има по еден живот и треба да го иживее како човек а не секогаш по стрес
     
  16. napominuvanje

    napominuvanje Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 септември 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    59
    Се мислев дали да пишам и одлучив ај сепак ќе коментирам.Ме иритира ставот и коментарите на форумџики кои кога ќе се спомне развод или неверство одма фрлаат со дрва и камења по машката страна.За вакви работи потребни се двајца!

    Брат ми се разведе после 11 год брак.Едната внука имаше 10год а другата 3 месеци.Живееа одделно од моите и сето ова беше шок и изненадување за сите нас бидејќи до последниот ден никој ништо не примети.Јас како сестра отидов да разговарам со него за да не се мешаат моите родители.Го затекнав дома сам и ми се отвори комплетно.Се изненадив колку не знаев/ме дека бракот му бил за никаде.имале кавги , разидувања во размислувањата , различни желби и сл. работи уште со раѓањето на првата внука, но не ги земал за сериозни зашто се водел по она “кај сите има проблеми“ или ај детево ќе подпорасне ќе се средиме јас и жената.Се изненадив кога ми призна дека година и половина не биле интимни со жена му затоа што во почетокот таа не покажувала интерес и имала секакви изговори за потоа он намерно да се повлече и да чека дали нејзе ќе и зафали нешто, а во меѓувреме се трудел да биде максимално посветен на обврските со детето и дома.Додуша него никад не му било испод чест да готви, мие чинии и да чисти (живееше сам и пред да се ожени).Чекајќи ја нејзе, му се случила непланирана можност да ја изневери.Еднаш.После чувствувал огромна грижа на совест ради тоа неверство па решил отворено да разговара што му смета и што не му се допаѓа во бракот не со намера да се разведе туку свесно да разговара со жената за заеднички да направат нешто бидејќи по старо не бива.Снаа ми (сега бивша снаа) не го прифатила сериозно тој разговор и го обвинувала дека претерува, дека и кај другите е исто, дека и другите немаат често секс само лажеле и дрн дрн слични работи, дека и било глупо после 10год брак уште да се држеле за рака, да се цмакале ко тинејџери, да се гушкале пак ко тинејџери (а и двајцата во почетокот на 30-тата година!).Тогаш брат ми предложил развод и после ден -два она почнала да се менува на подобро и се понадевал дека тргнала работата на поарно.Почнале да планираат и второ дете и она затруднела и оп повторно се по старо.Повторно она со истите муабети, па дури кога и рекол дента кога му било роденден аман бре жено сите ми честитаат, бараат торта, частење а јас го откантувам за да си поминеме дома ко семејство доаѓам дома ти ништо ни ручек, ни торта, ни гушка ни бакнеж?!?А не работеше она тој период, дома била цел ден ама имало јадење од вчера.И уште му рекла де бе па ти не си дете па за еден роденден да се љутиш, секоја година ти е роденден!...Ај им прошла и таа кавга ама капак му дошло кога дошол дома порано и влегол и од ходникот слушнал дека другарка и (која им беше старосватица) им била на гости и жена му (тогаш трудна пред пороѓај) и рекла абе остај сите мажи се мулиња, ќе квичи еден период за секс кекс и ти остани трудна со второ дете и ќе го замафташ со обврски ,пелени,кашички, пазарење и други работи демек корисен е дома и годините ќе му пројдат ќе му клекне гзот и готово. Брат ми кога го слушнал тој муабет само тивко излегол од дома да не го приметат , отишол покрај Вардар , седнал на клупа и после неколку саати седење таму решил дека ќе се разведе штом бебето помине на цврста храна, да не ја вознемирувал да не и секне млекото.И навистина така направи.Малата веќе од втори месец почнаа да ја прихрануваат со вештачко млеко и брат ми си кажа за намерата за развод.Сите му се лутеа на него што човек бил, што татко бил.Ама он си ќутеше и збор против неа на никого не кажа.а таа во почетокот на сите им се жалеше и плачеше.
    Поминаа еве веќе 2 год. од тогаш.Децата ги гледа секоја сабота или недела.Плаќа алиментација и повеќе него што пишува во судското решение и ги развезува по лекари и оди на сите родителски средби во школо.Тој и денес сеуште живее сам иако сега има сериозна врска со една девојка а таа после нецела година се премажи.Зема домазет.Навидум човекот е арен сепак не живеам со него за да го знам до толку.
    Морав да ви пишам лични работи ама само да знаете дека медаљата има секогаш две страни и зависи кој од кој агол гледа.Не дека го бранам брат ми, и тој си е виновен што порано не почнал да си ги решава проблемите, или што не си ја проценил партнерката на време дали си одговараат или не.
    Толку.
     
    На gavolica4, snejk35, Antula и 2 други им се допаѓа ова.
  17. mama32

    mama32 Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    9
    Точно,за се треба двајца,затоа и реков дека двајцата сме криви... Не е до сексот работата, него го имаше,а го инициравме и двајцата...ама фалеле работи како гушкање,бакнување, вон сексот....од обврски некако малку време си посветувавме на нас...а сами без дете нигде не одевме...па така кавгите доминираа.....сега знам каде грешевме....ама џабе.....сега ни секс ни гушкање ништо не помага....пробав се,се сменив многу ама ...... можда сепак некоја друга го теши,не знам веќе што да мислам.....се однесува тотално без чувстава не само према мене и према другите, не му било гајле за никој,спремен бил на СЕ.....како да нема мозок и да не размислува трезвено...така разговара и со сите пријатели,ни они не можат да се свестат каков човек станал дури и оние што не ги знаат сите детали за нас...
    Мислев дека на секој може да му се случи ова,само не на нас....ама веројатно сите мислат така за своите партнери...
     
  18. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    606
    Разочаран е, затоа е ладен и без чувства. Не му е ни него лесно сигурно. Предложи му нешто, нешто различно..ако можете да излезете на вечера сами, или остави ги децата кај баба им и направи му изненадување. Кажи му дека ти е жал дека сте стигнале до тука, но дека не сакаш да уништиш нешто што било убаво. Тоа не значи дека ти ја превземаш вината...ама пробај кога ќе му зборуваш да ја започнеш реченицата со ЈАС. Со тоа ќе му докажеш дека дел од вината превземаш и ти.
    Според напишаното ми изгледа дека е фин, само што ете од проблеми секој може да го изгуби разумот.

    Не знам дали е генерално точно, но, од мое искуство/исксуство на блиски пријателки.. мажите најчесто се затворени и не зборат веднаш ако има проблем и го собираат во себе. Они може и да почнат разговор, но ние како што сме си створени нели, знаеме и несвесно да нападнеме. Ова не е проблем од сега.. Може и он мислел дека се ќе се реши со бебето.

    И јас имам блиска личност која ја напушти мажот одма откако се породи иако претходно имаа долга врска. И навистина немам добро мислење за тие мажи. Ама може и ние треба да ја слушнеме и другата страна. Не знам што да кажам. Секогаш е полесно да осудиш некој, незнаејќи што се мота во нивната глава.
     
  19. Sherryl

    Sherryl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2012
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    147
    ако си ги увидела грешките обиди се на смирен начин да му ги воочиш, заедно да најдете решение..... пробај да допреш до него, да ти каже што е причината за таквото однесување.....ако не е во прашање друга, предложи му да се обидете да ја вратите страста и љубовта, да се обидете да го спасите бракот...
    ако е во прашање друга тогаш откажи се, крени ја главата високо, застани на нозе, и гледај напред
     
  20. mama32

    mama32 Активен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2012
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    9
    Пробав се од тоа...и смирено разговаравме повеќе пати...едноставно не сака да му се приближам,ни да го допрам ништо...не се осекал убаво...немал чувства за мене....ме боде ко нож секој пат кога ќе го чујам тоа...немам сила веќе, ми треба совет како да го поминам ова од оние кои веќе го прошле....знам дека мора да бидам јака за децата,но како понатака сама...