Разведен родител-Работа во странство?

Дискусија во 'Барање работа' започната од sunshine-girl, 27 септември 2015.

  1. sunshine-girl

    sunshine-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    5
    Бидејќи знаеме како одат сите вработувања во нашата држава,јас како самохрана мајка би сакала да заминам некаде надвор од државата со надеж за подобра егзистенција за мене и за моето дете.
    На огласите има доста понуди(за странство),но незнам како би успеала(доколку има некој во ваква ситуација би можел подобро да ми објасни)
    Не знам точно како одат законите,иако мислам дека ниеден посредувач за работа не би примил мајка+ дете.А да го оставам моето дете кај моите родители незнам дали би издржала да бидам разделена од моето дете.
    Но ниту вака не се издржува да гледаш сама дете без денар в џеб,а секоја потрага по работа е безуспешна.
    Би ве замолила за некој совет,ова ми е само идеја бидејќи освен заминување надвор од државата искрено друг излез не гледам.Или некоја мајка која е во слична ситуација како мојата може да ми се придружи :)
     
    На Avokado му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    117.478
    Пол:
    Женски
    Зависи што квалификации имаш, кој странски јазик го знаеш, дали поседуваш пасош од држава член на ЕУ...
     
  3. sunshine-girl

    sunshine-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    5
    Доколку имате некоја работна понуда би можела моето СВ да ви го испратам,не би сакала тука јавно да пишувам
     
  4. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    117.478
    Пол:
    Женски
    Со овие ,,податоци,, што си ги навела тешко дека некој би ти дал одговор. Знаеме само дека бараш работа и толку. Од кај да знае некој за што си ти квалификувана, па да ти даде некој предлог.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  5. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.282
    Imas pogresno svakanje za oblici na brak.
    Samohrana majka so dete, samohran tatko so dete, dvajca roditeli so dete/deca, dve zeni so dete, dvajca mazi so dete.... se se toa isti oblik na semejstvo. Mislam nadvor od balkanot.
    Ednakvi prava imas kako i site da baras iselenicka/rabotna viza.
    Brakot postoi samo uste vo socialistickite zemji na na Balkanot inekoj zemji od tretiot svet.
    Na zapad kade sigurno mislis da baras rabota, brakot se svaka za zabava. Trae dodeka se ima zabava.Site se po 3 pati razvedeni i premazeni, taka da imas isti tretman kako i tie vo konzervativen oblik na brak.
    Mnogu Sreka
     
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.543
    Допаѓања:
    232.070
    - Потребно е да имаш еу пас со кој би била во можност да работиш во еу.

    - Доколку го немаш истиот потребно е да имаш завршено образование кое е дефицитарен кадар во државата која ја имаш на ум, а со тоа и добри шанси на пазарот на работна сила. Во тој случај сама ќе си бараш работа преку интернет портали, посредувачи и после извршеното скајп интервју и евентуалната потврда за диобиената работна позиција, со документацијата која си ја добила да аплицираш за виза и работна дозвола во соодветната амбасада.

    - Која возраст е детето? Имај во предвид дека е потребно да посетува градинка/подготвителни курсеви како предшколска настава/школо. Преку ноќ не се наоѓа место во градинките, листи има и таму. Приватните градинки кои можеби на старт би биле единствено решение коштаат и над 1000 евра.

    -Која земја планираш? Кои јазици ги владееш? Освен англиски(за кои реално е претешко во Англија, САД, КАнада, Австралија, Нов Зеланд )да аплицираш, другите јазици ако не си ги учела од дете е претешко да се учи истиот кога сме веќе возрасни.

    -Потребно е предходно да ти биде најден станот и по можност делумно опремен за да бидете во состојба веднаш да се вселите. Ова е претешко.
    Потребно е да имаш готовина за кауција евентуално и провизија за гореспоменатиот стан.
    Со дете освен скартено работно време се друго би било тешко изводливо да се постигне. Мораш насабајле да го однесеш на школо, палдне да го пречекаш и сето тоа се поклопува со нормалното работно време.
    Со скратено најчесто е животот на работ на егзистенцијата и нема да се има доволно средства да се покријат трошоците.
    Цените за плата, кирија, даночни класи, давачки за пензиско варираат од земја во земја и ебз да нагалсиш за која конкретнос танува збор не можеме да анвлеземе во детали, но секаде се високи.


    Потребно е да наведеш каков вид на документи имаш, каков вид на обарзование, кои јазици ги зборуваш течно и кои земји ги имаш на ум, која возраст е детето, колку готовина имаш да понесеш со себе...
    Реално доколку нема некој да те пречека, помогне, упати и потпомогнесо бејбиситинг шансите се минимални да добиеш шанса.
     
    На cresa-jagoda, kjukli, Bender Rodriguez и 6 други им се допаѓа ова.
  7. sunshine-girl

    sunshine-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    5
    Moжеби не се изјаснив добро.
    Барам работа во било која европска земја,имам мк пасош.За да заминам со детето немам финансии за да обезбедам стан,и ред други работи.Планирам дека со мк пасош престојот не смее да биде подолг од 90 дена да заминам сама а моите да ја чуваат.Но незнам како би издржала да бидам одвоена од детето,а друг излез не гледам.Иако имам завршено факултет,добро познавање на англискиот јазик.Аплицирам секаде безуспешно,затоа се решив на овај чекор за тие 3 месеци што ке заработам ќе имаме некое време да поминиме.А за понатаму ни сама незнам,но неможам да седам со скрстени раце и да чекам пари од небо.

    Не пишав поконкретни податоци во врска со моето образование,и работно искуство бидејќи сепак е јавен форум па затоа имав напишано доколку некој познава посредувач за работа нека ми пиши порака ќе му го пратам моето СВ.

    А од сите работни позиции бидејки немам финансии за моето дете да иди со мене мислам дека најдобра работа би ми била бебиситерка,уште и да најдам фамилија што би се сложила да си го земам и детето би било супер:),иако знам дека тоа е неизводливо
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    117.478
    Пол:
    Женски
    и тие 90 дена легален престој за да работиш легално ти треба работна виза,(колку што јас знам)
    едино ако имаш твои луѓе па нивно дете да чуваш
     
  9. sunshine-girl

    sunshine-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    5
    Па досега колку што се имам јавено на огласи посредниците го средуваат сето тоа,и нормално му се плаќа за тоа што ти најдуваат работа.Аплицирав на повеќе работни места,иако се знае најниските работи се работат и не ми е проблем како што кажав прифакам секаква работа.Значи и да напишам што се имам работено нормално дека јас таму немам да работам во администрација,друга ке беше приказната со бугарски пасош.Со мк пасош се нудат најниските работни позиции,и затоа можи доколку видите некој оглас слободно да ме исконтактирате.
     
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.543
    Допаѓања:
    232.070
    Таков вид на нелегална работа во временски рамки од дозволените 3 месеци како турист е реално многу тешко. Ниту еден работодавец во западна европа не би се нафатил.

    Летоска евентуално Грција, Црна Гора...ама сезона заврши, а и за таму не е тоа што беше.

    Реално е претешко да се најде наша фамилија кај која би поработувала како бејбиситер. Уствари е добра идеја, 3 месеци бабата на пример, три ти (да имав уште две деца ќе размислев за идејава:lol:). Но и во ваква ситуација ретко кој ги има условите за да можеш и детенцето да го зедеш со тебе.
    Оти нели дете е, си има потреби и потребно му е внимание, а паралелно со работата тешко би било изводливо. А и проблемот со просторот, оти во тој случај се живее со фамилијата.

    Најреално, односно најголеми шанси за добиавње работен договор според мене се оние во Катар, ОАЕ...фирмата посредува и на крај на постапката(колку и да е долга) се добива работен договор. Но за негативните страни на истиот, посебно кога си мајка и мораш дете да оставиш си свесна и самата.
     
    На vitamina и do-re-mi им се допаѓа ова.
  11. bella.s

    bella.s Популарен член

    Се зачлени на:
    27 август 2013
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    10.748
    Пол:
    Женски
    So makedonski pasos isto samohrana majka otide vo grcija cuva stari lica zivee tamu kaj tie id niv ima i jadenje,plata 500,600evra mislam kaza,bese 3 meseci se vrati na kratko i pak otide,preku agencija e otidena
     
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    5.821
    Допаѓања:
    71.077
    Ако си самохрана мајка, кој освен тебе е старател на детето? Таткото? Или нема татко? За да го оставиш детето со месеци само, не знам колку е изводливо без старател. Знам за една што го остави детето и отиде на брод, детето освен неа немало друг старател, па од социјалното имаше проблеми, детето било без родителска грижа, кај баба му. Провери си ги овие работи.

    За психолошкиот момент дека ќе го оставиш детето само без родители, ми е жал да зборувам. Ако си му единствен родител, тешко ке биде да е само.
     
    На cresa-jagoda, kjukli, Abrakadabra и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Abrakadabra

    Abrakadabra Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2015
    Пораки:
    1.459
    Допаѓања:
    20.048
    Пол:
    Женски
    Доколку видам нешто нормално и некоја озбилна понуда, ќе ти пишам во ЛП @sunshine-girl.
     
    На Outlook и sunshine-girl им се допаѓа ова.
  14. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.662
    Допаѓања:
    192.214
    Пол:
    Женски
    @sunshine-girl мене многу ми е жал за ситуацијата во која се наоѓаш но сепак ќе бидам отворена и пред се искрена према тебе дека ваквите жанси за работа во еу се еднакви на шансите за да фатиш на бинго.

    Не знам дали си свесна но овде во еу имаат милион критериуми за работа и престој.
    Без свој човек да те подгурне и да ти помогне во еу шансите за работа и престој по огласи ти се еднакви на нула.

    Во еу, препораката од човек за било каква работа вреди злато.. нема што друго да додадам бидејки @danichap ти има се објаснето.

    Единствено чаре гледам во тоа да пробаш да најдеш некој кој е во еу и да ти помогне сепак и тоа е тешко и процедурално ако немаш еу пасош или документ за постојан престој во европа си никој и ништо.

    (Единствено да пробаш да извадиш бугарско државјанство па да аплицираш, во тој случај имаш поголеми шанси)
     
    На imelda, N.Kety и danichap им се допаѓа ова.
  15. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.570
    Допаѓања:
    3.986
    Пол:
    Женски
    Не и е потребно државјанство во секоја држава на еу, само потребното образование и да издржи 1год. без детето па, и детенцето ќе си го повлече таму. Тежок пат би одбрала ама ако мора и не е прва и единствена, само храбро и ќе биде се во ред.
     
  16. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.662
    Допаѓања:
    192.214
    Пол:
    Женски
    Тоа што ти го кажуваш беше на времето кога сите одеа и работеа на црно, се криеа и мизеруваа се додека не направеа документи доколку најдеа работа, борбата за опстанок и престој во дотичната држава траеше со години доколку се дојдеше до документи.

    Сега во оваа денешница тоа е невозможно бидејки никој ама баш никој не се нафаќа да те поткрепи и да ти помогне на црно, а штом немаш еу пасош никој не сака ниту да разговара а пак камоли да ти помогне за работа.
    Јас сум само искрена и паталец кој ги поминал овие работи така да за жал јасно ми е како фунционира светот и кажувам од искуство, бидејки долго голтав од горкото.

    Да бараш работа преку социјалните мрежи во "ш" држава никој нема ниту да ти ја погледне кандидатурата апа камоли да те повика на работа, предност имаат прво кандидатите чии државјани потекнуваат од дотичната држава, потоа кандидатите со еу пасош, па ако не се најде ниту еден тогаш можеби би ја викнале (но во денешно време покрај толку кандидати и борба за работа и опстанок шансите се = на нула за тоа да се реализира).

    Еве пример да се најде и работа како бејбиситер или слична на истата треба да се има добра препорака пред се, никој нема да се ослони да ти повери имот или дете на некој кој дошол од илјадници км и кој за тебе е потполен странец, ова е очигледно и доста логично.

    Затоа и препорачав на жената да проба да си помогне со некоја роднина или пак близок од странство да и помогне и упати, или пак да проба да извади бугарско државјанство, така шансите би им биле поголеми и пореални.

    Како што рекле, не прашувај гаталец него паталец :) ..
     
    На imelda, cresa-jagoda и N.Kety им се допаѓа ова.
  17. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    2.570
    Допаѓања:
    3.986
    Пол:
    Женски
    Vitamina во Шведска примаат со македонски пасоши, даваат обуки за јазикот и ред др нешта така што искрено има шанса, колку и да е мала постои, немал секој фамилија кога заминал некаде, храброста е некогаш пресудна. Не знам ти колку си паталец ама женава потполно ја разбирам и тврдам МОЖНОСТИ ИМА.
     
    На Abrakadabra му/ѝ се допаѓа ова.
  18. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.662
    Допаѓања:
    192.214
    Пол:
    Женски
    И јас ја разбирам женава и затоа баш и посочив да проба со некој близок или евентуално на еу државјанство како поверодостоен предлог и шанса.
    Многумина се трудат и се упорни кон оваа цел.. а на крајот и успеваат, кој преку препорака а кој преку бг. Државјанство, опции има но се бара многу упорност и истражување.
    Ако има шанси во Шветска како што велиш ти тогаш обрати и се и помогни и каде да бара и да се пријави, верувам би и била од корист.
     
  19. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    13.543
    Допаѓања:
    232.070
    Не само во Шведска...во секоја земја примаат со Мак. пасош де.
    За онаа категорија луѓе кои исполнуваат некои квалификации таа мала шанса секаде ја има. А после ако еднаш се пикнеш е секако полесно и се користат можностите кои ги нуди државата.

    Ете јас не добив впечаток дека она има некакви стручни квалификации или дефицитарна струка и припаѓа во оваа категорија.
     
    На imelda, green.eyes и vitamina им се допаѓа ова.
  20. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.662
    Допаѓања:
    192.214
    Пол:
    Женски
    ^
    Јас прочитав дека таа се изјасни дека би сакала да работи како бејбиситер.