Развод

Дискусија во 'Брак' започната од lalezzz, 2 јуни 2010.

  1. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    60
    не сум налетала до сега на ваква тема низ форумот па доколку ја има се извинувам :tmi: но ме интересира, еве доколку има разведени да им дадеме простор ,време и место да си казат која била прицината за нивниот развод.денес на секој сто ке му текне се разведува и со прицина и без причина битно е во тренд.дали вие го оправдувате тоа?што мислите ,сто би казале во врска со тоа??лично јас би се развела од две причини-ако физички и психички ме малтертира и ако ме изневерува.но како што реков некој се разведува и поради тоа што свекрвата ја погледнала на криво,или пак сопругот не и донел кафе у кревет,а мозе и поради тоа сто не ја пушта у град со швалерот и уште многу слични примери....па ако сте располозени повелете и казете си свое мислење
     
    На vaga987, mary123 и zdravkova им се допаѓа ова.
  2. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.461
    На кој како му одговара, така не си прави. Кои сме ние да кажеме дали го оправдуваме тој што се развел? Со кое право јас ќе зборам за некој дали паметно одлучил што се развел или не требало така да постапи? Секој за себе си знае како му е во бракот. Ти може си мислиш дека се развеле затоа што свекрвата ја гледала по око :^) ама вистината е дека само тие си ја знаат точната причина за разводот. Ако не им одговара да бидат заедно, ако не можат да ги надминат проблемите, зошто да не се разведат? Секој си има право на избор, а и секој може да згреши при изборот на доживотниот партнер.
     
    На Monik999, ludadama и dromka им се допаѓа ова.
  3. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    60
    tocno taka-koj sto saka neka si pravi.individualna rabota.no sepak mojot stav e deka ne opravduvam razvod vednas po prviot pojaven problem,i toa od nekoi bez veze pricini.poznavam dosta takvi razvedeni,koi gi imaat site udobnosti za da uzivaat vo zivotot i brakot no odlucile da se razvedat, zatoa sto ednostavno a i so pravo ne i dozvoluva da iskaca u grad so drustvo,da si tera noken zivot a doma ostavila deca :!: zosto odma razvod???da ja tepa ,maltertira,izneveruva,da se pijanci ajde ke razberam,ama zatoa sto i se seta,ja cesa dundeto ,bogami ja neznam kako ja trpel.sega se setila deka treba da si tera noken zivot so sinovite zaedno ke se srekava po kaficite diskotekite...bruka..ili pak nekoi od niv odma razvodot,zatoa sto ziveele vo edna soba.pa cekaj bre kaj gledase koga se mazese..kade e tuka ljubovta...??izdrzlivosta..??pa zivotot e trkalo sega nemas utre imas,a ne vednas brakot da zavrsi so razvod...ima mn.slicni vakvi primeri koi odma mislat deka so razvodot ke resat sve,bez da razmislat kako im e na decata...a inaku veri ne mislam tuku sum sigurna deka ima i takvi nesoglasuvanja i cesti raspravii pomegu snaata i svekrvata koi doveduvaat do razvod na bracnite drugari.no spored mene ako vistinski postoi ljubov pomegu niv dvajca ne mora vednas da se razvedat ,da im se pravi kejfot na nekoi,moze da se zivee i pod kirija primer.brakot e sveto nesto blagosloven e i od samiot bog,a ne e igracka sklopen vrz osnova na cista strast i licen interes kako sto e obicaj denes...za da bide eden brak uspesen treba zenata da e slepa a mazot gluv :D :) ;)
     
  4. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.808
    Пол:
    Женски
    За да се случи развод, после откако си мислиш дека се сакаш, дека на светот сте едни и единствени еден за друг, треба да има и тоа како голема причина. Не може туку-така да му текне за банални работи да се разведуваме. Отвори очи 24 па види дали го сакаш или не, дали можеш да живееш со него, во добро и зло, после нема назад.
    Секако има и неиздржливи ситуации, кои кога тогаш би звршиле со развод, нели подобро е да ес стави крај отколку да ес чека да се залепи нешто што веќе се скршило. АМа па да се оставаш само поради тоа што мажот не ја послушал жената за нешто, или дека живеат со родителите и делат една куќа, тоа малку порано треба да сe види.
    Јас познавам една жена која се разведе од мажот уште пред години, кога бев мала, само затоа што по раѓањето на првото дете(кое и остана едно и преразгалено) сфатила дека сака да живее слободна и да си го живее животот. И ден денес се шета по кафиќи, оди како тинејџерка облечена, со ќерка и речиси ги делат дечковците |( И според мене па подобро што го оставила, а не да ја трпи секој ден да го изневерува. Што мислите вие за ова? Дали е оправдано?
     
  5. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.724
    Допаѓања:
    4.294
    вака јас сум млада и немажена :) но можам накратко да ви ја раскажам причината за развод на мојте. можам да си кажам дека мојте беа едни од првите бракови во македонија што почнаа да се распаѓаат, колку што во моментов можам да пресметам негде кога јас имав 9 години, а сеа сум 23 јао не ми се пресметува дата, него да се вратам на темата. моабетот ми беше дека татко ми ја фати мајка ми со друг човек. меѓутоа и покрај тоа татко ми за да не останеме без мајка ја молеше да остане и да не си иде а воедно и нас не тераше да ја молиме да остане. но не пред наши очи таа разговараше со тој друг човек и него го прашуваше дали да остане или не. и секако реши да си отиде. мојте се разведоа баш од таа причина таа не се ни појави на суд, не ни праша за нас, ни ден денес не се запрашала како сме ниту прашала.
    еве ви ја причина за развод ;)
     
    На Meckicja, moneni и sara81 им се допаѓа ова.
  6. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    960
    Пол:
    Женски
    се согласувам со lalezzz потполно си во право.јас мислам дека луѓево сакаат да живеат во американските филмови и оние тв сапуници,и мислат дека како што гледаат се е така,па и тие така треба да прават нели да бидат во тренд..некои се разведуваат заради причина која веќе е сериозна како тепање,малтретирање, а некои зошто сакаат да бидат модерни нели.за нив љубов не постои..
     
    На sara81 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.808
    Пол:
    Женски
    Карак,жал ми е најпрво( и мило ми е што ти си така добра и искрена и покрај таа ситуација), ама искрено тоа е веќе причина. Не било оти татко ти не ја пуштал да оди на кафе со другарки.
    Значи доколку има неверство од било која страна, малтретирање, тепање и слично, тоа е дури подобра опција од живеење во брак кој на ниту еден не му е добар, ниту го исполнува.
     
  8. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.724
    Допаѓања:
    4.294
    да меѓутоа моабетот ми беше татко ми и ќе замижеше доколку она се покаеше али тоа е си избрала друг пат и друг живот. секој има право на избор нели ... ;) колку и да боли или не
     
  9. Miss-Perfect

    Miss-Perfect Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2010
    Пораки:
    368
    Допаѓања:
    68
    Уфффф развод беше и остана една од најстрашните работи според мене. Живеев со родители кои имаа добар брак, полн со доверба и слога. Секако, имаа и лоши моменти но тие беа реткост, можам на прсти да ги набројам. Најмногу нешто што ме плаши е што ако мене ми се случи тоа? Што ако еден ден се омажам но не иде се како подмачкано и треба да дојде до развод? Што е со децата тогаш, како ли ќе го преживеат тоа? Незнам, но ова е една од работите кои буквално ме преплашуваат :worried:
     
  10. aaaaa

    aaaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    9 април 2010
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    960
    Пол:
    Женски
    татко ти навистина ја сакал штом бил спремен да го заборави тоа..но не зависат некои работи секогаш од нас.
     
  11. lalezzz

    lalezzz Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2010
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    60
    aaaaa,bas taka sakaat amerikanski nacin na zivot,so niski primanja,nekoi i nevraboteni,no em suti em bodat...kate 21 i jas znam edna takva sto go prasuvase sinot koja tanga da ja nosi,a so kerka i gi delea mazite i eden od niv stana soprug na kerkata nejzina..od start ne opravduvam takov nacin na zivot no realnosta e toa.kako i da e eden den ke se razbudi i ke se razocara od sopstvenata dunda koja ja vodela nataka navaka i toa sve za eden kejf.togas ke si ja svati greskata..samotijata e teska.. i sopstvenite deca ke begaat od nejze,a sto rece ti pa i podobro sto go ostavila se spasil masi i vo tvojot i vo mojot slucaj.a za karak bas mi e zal no veruvaj mi taa veke uste odamna ili kad tad ke si ja cuka glavata i ke go bara tatkoti.znam kako e cuvstvoto da si dete na razvedeni roditeli.bravo za tatko ti koj e golem covek so golemo srce..
     
    На Scorpion81 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Unnaa

    Unnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    39
    Развод да, меѓутоа во екстремни случаи. Но жално е што во денешно време многу бракови се распаѓаат бидејќи сопружниците се очигледно премногу незрели и навикнати се да биде по нивно па нивниот брачен живот е преполн со несогласици. Лично познавам таков пар кој денеска се разведени бидејќи не се познаваа доволно, секој тераше инат на другиот и со малечко бебенце, штотуку земени не успеаа да си го сочуваат бракот бидејќи не можеле да се поднесат и се карале цело време. Порано не било така и имало многу помалку разводи. Сепак, во многу случаи каде што навистина не оди и нема спас најдобро решение е развод.
     
  13. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    1.135
    Ја отворив темава и се шокирав. Коментари од девојки кои за жал сеуште не се компетентни да даваат коментари на оваа тема. Посебно ме иритира што толку простачки се изразувате, што не е за коментар.
    Јас сум разведена, а и потекнувам од семејство на разведени родители. Некој ќе каже крушата под круша паѓа, но не е така. За разлика од моите кои после 18 год. брак решија дека треба секој по својот пат да тргне и коишто имаа еден нормален развод, кај мене ситуацијата не беше баш таква. Јас бев 1 месец бремена кога сопругот тогашен одлучи дека кариерата му е побитна од неговото бебе. Видов невидов се спакував и како попче си отидов. Е после тоа стана како во хорор филм што на никој не му го посакувам. :x
    Лалезззз никој не сака да живее американски сон. Скоро сите што се одлучиле да стапат во брак тоа го направиле од љубов. Незнам ти од каква средина потекнуваш, но самите твои коментари ме тераат да мислам дека си ептен затупена, да не кажам простичка. сеуште си многу млада и мислам дека ти е подобро да прочиташ некоја книга, а не да ги оговараш комшиите.
    Поздрав
     
    На Maryaaa, Hopeful girl, WildMk и 14 други им се допаѓа ова.
  14. pink.26

    pink.26 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    4
    Јас сум пред развод...имаме две мали дечиња....сигурна сум дека не сакам да го продолжам животот со тој човек...ама децата????....незнам што да направам...седум години сме во брак и уште седум предходно се познаваме цел живот....човекот се смени 100%...не е тој во кој што се заљубив...се му смета посебно јас... се што правам е погрешно...повеќе пати се обидував да го средиме бракот ама едноставно или не сака или ужива да ме малтретира....еднаш ме удри...мене тоа ми е доволна причина...моите ми викаат ти си жена смири ја топката, поќути, како??? секој ден е се полошо и полошо...и ако се разведам што после???....незнам дали и ќе ми ги дадат децата јас сум вработена на определено време....немам куќа на свое име...колку ли ке ме кошта постапката....како ли ќе го преживеат тоа децата...
     
  15. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    3.724
    Допаѓања:
    4.294
    еве ти еден совет гледај првин да се средиш ако можеш да најдеш место каде би живеела, разговарај со твојте. да имаш финансиска поткрепа тоа е најдобро. ако можеш твојте да ти се гаран да живееш со нив и да ти помагаат во гледањето на децата. ама тоа не е решение ќе дојде ден кога ке сакаш повторно да имаш маж покрај тебе што е нормално а си дома ??? малку глупа ситуација? за децата бори се обично помалите деца паѓаат кај мајката поради обврските што ги имаат а татковците ги земаат на викенд. јас многу пати сум кажала дека сум дете на разведени родители, само што јас останав со татко ми од икс причини, меѓутоа траумата што ќе ти ја преживеат децата е мала бар според мене за разлика од таа траума што би ја преживеале гледајки ве како се карате и тепате секој ден. со што вашето асоцијално однесување ке се префрли на нив бар понекогаш и утре за нив викањето и тепањето кога би имале фамилија би им било нормална работа. така да гледај да се средиш. но јас секогаш сум пред се за искрен разговор и барање на причините што довело до тој пад на работите.
     
  16. peperutkaa

    peperutkaa Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    904
    Допаѓања:
    495
    Пол:
    Женски
    Pink душо и јас сум во многу слична ситуација, само что јас имам едно детенце и сум 2ипол год во брак. И за овие две ипол години јас можам на една рака да ги избројам убавите моменти со него.. И сега размислувам како да го сменам и дали ке можам да го сменам, зачто две години се обидувам околу него ама тој како магаре на мост црно е па црно, безразлика што зидот е бел.. И немам веке сили.. Синока правев список на негативни и позитивни работи кај него и дојдив до заклучок дека за него ме врзува само ќерката...во овие две години единствено добро што се случило е таа.. друго се оди надолу.. Ако имате некој совет девојки ве молам кажете... Јас стварно незнам како понатаму :sweat: :sweat:
     
  17. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    3.892
    Допаѓања:
    4.086
    како ли ќе го преживеат тоа децата...[/quote]

    Јас сум дете на разведени родители. Се развеле кога сум имала 1 год. причини ??? не прашувај, кога пораснеш слушаш разни мислења па пробуваш да соџвакаш нешто за да ти е полесно на совеста.
    Само едно ке кажам, тоа за детето е страшна загуба и стрес во животот. Треба после многу време да се опоравиш.
    Ова е коментар само на прашањето како ке го преживеат децата разводот
     
  18. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.990
    Кои сме па ние да пикаме нос во туѓ живот и да кажуваме дали е арно што се развел или не????

    Секој си ја знае ситуацијата дома,никој не е должен да трпи неправди.Секој е индивидуа која си го одлучува патот на својата среќа и се справува на свој начин со одлуките кои ги носи.

    Не сум мажена и можеби на некој начин не сум компетентна да изигрувам тука Психијатар на темава,сепак тоа е мое мислење позади кое нормално стојам,средина во која е изгубен здравиот начин на функционирање подобро да не постои отколку да постои и со тоа да ги труе животите и на сопружниците а највеќе на децата.
     
  19. mar17

    mar17 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 септември 2010
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    100
    Според мене има многу бракови кои се склучуваат меѓу помладите кога не се свесни што значи брак,во моментот се сакаат и ајде да се земеме,не поминала ниту година и гледаат дека ништо од брачниот живот па ајде да се разведеме или преку карање или пак мирно едноставно така им дошло-не сме веќе еден за друг----но што ако направиле деца!? Ете тоа се несовесни родители а и примерот кој ќе го гледаат децата ќе биде ужасен.
    Имам семјство каде владее мир и хармонија,но доколку постои неверство(најголем противник сум) секако би била на страната на изневерениот па и со него ќе си останам!!!
     
  20. Pla4ka

    Pla4ka Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2009
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    124
    Незнам од која причина почуствував потреба да пишам по некој збор на оваа тема .
    Во денешно време многу мал процент на младите тешко се решаваат да стапат во брак, а многу пак лесно да излезат од истиот да побараат развод, се запрашувам зошто е тоа така а како одговор си мислам па денес веке и нема необразован млад човек кој не завршил факултет, доколку немаат (барем една од овие работи)работа,стан ,кола па и да прошетаат малку повеке тое е изговор за одолговлечување на бракот е кога пак се во истиот а сето тоа го имаат следува развод па јас имам каде да живееам имам кариера работа ке се снајдам не ми треба некој да ме навредува и непочитува (жената) ,како ли се зацрнив сега баш во најубавите години неможам да излезам другарите ке ме смеетаат за папучар а и уште младиве девојчиња не ме оставаат здив да земам како да им одолеам (маж). И на што се сведува сето ова .? Развод поради губење на вистинската перцепција за институцијата брак .
    Нема почит никој кон никого а небаре срам за нешто,никој на никого неможе да влијае најмалку фамилијата од двете страни се разбира доколку младите се во иста позиција на образование и финансии се подразбира.
    Но никогаш не би оправдала малтретирање физичко,психичко во брак за тоа нема коментар но доколку ова го нема секој мора да се потруди и да работи за надградба и подобар брачен живот се разбира со многу разговор мегу партнерите и отворено да се постават картите кој што сака и колку е дозволено .

    Ова е само едно мое размислување кое немора ниту да е оправдано или негирано ,поздав до сите и се извинувам што не беа неколку збора само ;)
     
    На milicka19 и leo-n-tina им се допаѓа ова.