Со кого најчесто разговарате преку телефон телефонски? За што најмногу разговарате и за што сакате да разговарате најчесто? Дали сте обожавател на долги разговори било да е преку ден или ноќе? Дали ви ѕвонат или вие ги барате избраниците?
Претежно комуницирам преку месинџер. Се јавувам во одредени ситуации: ако нешто е итно и подобро би се разбрале по телефонски разговор, ако треба нешто подобро и подетално да објаснам, ако треба да исконтактирам личност со која немам секојдневна комуникација. Инаку, не обожавам телефонски разговори, да земам да се јавувам и да зборувам пола саат, нема шанси. Да се јавам на некој и да му раскажувам приказни ли? Е за пишување, тоа можам и на долго и на широко, подруго ми е.
Sвонам и разговарам долго кога ме фаќа напад на осаменост и без излезност или кога не ми се пишува а сакам да прашам нешто конкретно
Исклучително за работа.ретко од дома ме повикуваат.и не разговарам само за како што е работата немам лични емоции немам ни време за тоа да се помуабетам од дома да но најчесто е што им треба попат да им купам и толку
На телефон зборам максимум 10 минути. Туку кажете како да се справам со особи кои сакаат да си збориме по саат време?
Многу ретко ми се збори на телефон, а кога ми ѕвони некој за нешто што е кратко и можел да ми пише, ужасно ме иритира. За некој долг муабет ми е ок, но да не е често. 90% од појдовните повици ми се такси, а да можам да си викнам такси со пишување, и на такси не би ѕвонел!