1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Разликување лево од десно

Дискусија во 'Психологија' започната од GirlRose, 28 јуни 2017.

?

Дали разликувате лево од десно?

  1. Да

    92 глас(а)
    74,2%
  2. Не

    32 глас(а)
    25,8%
  1. GirlRose

    GirlRose Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    5.066
    Допаѓања:
    26.762
    Знам дека насловот збунува,но навистина постојат луѓе кои не разликуваат лево и десно.Што мислите дека е причината за ова?Пример јас,не дека сум глупава или нешто слично,но имам проблем да ги разликувам.Прво треба да се ориентирам со која рака пишувам,па потоа да кажам дали е лево или десно.Не верувам дека само сум јас.Што мислите вие за ова?Дали овие луѓе имаат потешкотии со многу секојдневни работи во животот?
    Инаку ако има слична,или иста тема слободно избришете ја.И не знам дали темава е за оваа категорија,не бев сигурна. :)
     
    На Фaни_, Glossy-girl, Philippa и 10 други им се допаѓа ова.
  2. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.853
    Допаѓања:
    32.393
    Пол:
    Женски
    Имам чист пример во фамилија, мајка ми. Не разликува лево и десно уште од мала. Прво кога ми кажуваше не и верував. Кога се возиме во кола, и кажам врти лево и само ке ми рече : кажи каде не лево и десно. Така кога полагала за кола, паднала заради тоа.
    И еве до ден денес уште неможе да се ориентира. Многу пати и велам како можеш да незнаеш дека со десна рака пишуваш , ама некако со страните неможе да се снајде.
    Незнам, јас ова уште неможам да го разберам.
     
    Последна измена: 28 јуни 2017
    На Cka, Petar80 и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  3. Petar80

    Petar80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јуни 2015
    Пораки:
    1.579
    Допаѓања:
    45.078
    Пол:
    Машки
    Проблемот е во ориентацијата во мозокот нешто слично како што е далтонизмот. Имам пријател кој не разликува односно не може да се ориентира по лево десно или север југ, исток запад како и губење на ориентација низ простор. Може десет пати низ иста улица да помине да ги знае објектите но просторот повторно да не му е запомнет.
     
    На LUCI 99, Nigredo Odor, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.856
    Допаѓања:
    81.096
    Пол:
    Женски
    Имам ваква професорка, си призна сама и рече „фала богу што не сум сообраќаен полицаец“. :D
    На презентациите од предавањата често се случуваше да рече: „тука од мојата десна страна гледате тоа и тоа“, а уствари покажува на левата страна и кога ќе се сети си правеше шеги на сопствена сметка. :lol:

    Многу ми е интересен овој феномен, ама навистина некои луѓе не можат да се снајдат во ориентацијата со лево-десно.
     
    На cresa-jagoda, 1209, Someonespecial и 8 други им се допаѓа ова.
  5. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.925
    Допаѓања:
    48.081
    Пол:
    Женски
    И јас имам пример во фамилија мајка ми не разликува, не знае кое е лево и десно, секако дека има потешкотии во секојдневието, не дај боже да се возиш во кола со неа и да ти кажува дирекција.
     
    На cresa-jagoda, realGirl и toogood им се допаѓа ова.
  6. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.192
    Допаѓања:
    106.159
    Пол:
    Женски
    Кога учев да возам, инструкторката најчесто ми се обраќаше низ возењето со "друготооо лево" :$ :rofl:
     
    На Glossy-girl, Tatjana95, wings и 8 други им се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    20.232
    Пол:
    Женски
    Јас имам таков проблем. Знам што е лево, и што е десно, ама пред да кажам треба да се замислам две три секунди да не згрешам, или некој ако ми каже сврти лево/десно, исто ми треба секунда да процесирам во мозокот. Не ми е хендикеп во животот, ама би сакала да не е тоа така, и како од пушка да кажам што е лево, а што е десно, ама не можам... ете не знам.
     
    На wings, Nigredo Odor, Lolipop23 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. orhideea

    orhideea Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    5.991
    Допаѓања:
    66.495
    Еве јас.
    За да одговорам лево или десно треба малку да се помислам.
    Како мала никако неможев да ги научам страните, и на школо ме учеја и дома и неможев.
    Кога под пораснав сама си реков со десна пишувам и така почнав да ги разликувам, ама кога сум почнала да пишувам сум пишувала со лева и моите секогаш ми велеја не со таја рака со другата пишувај и долго време можев и со двете раце да пишувам, потоа само со десната пишував.
    Кога полагав за кола ми беше тешко постојано бев на штрек и голем стрес да не згрешам во вртењето.
    И тогаш си реков морам да запамтам дека инструкторот ми е од десна страна па така не грешавав.
    Ама сега кола уште не возам, а и да возам знам ќе имам проблем на почетокот.
    И скоро секогаш кога патуваме со мажот ми јас гледам на навигација и му кажувам кај да вози и грешавам тој се нервира бидејќи не секаде можеш на пат да се вратиш назад,
    И многу често ќе му покажам со рака кај да сврти бидејќи дури кажам ќе замине на право.
    Незнам зошто е така. :|
     
    На Lolipop23, cresa-jagoda, Victorian и 2 други им се допаѓа ова.
  9. MagsDestiny

    MagsDestiny Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2011
    Пораки:
    2.324
    Допаѓања:
    18.211
    Пол:
    Женски
    Поради професијата научив прецизно и брзо да одредувам лево/десно, латерално/медијално, и сл.
    Ама да ме утепаш никогаш нема да научам да се ориентирам поминувајќи меѓу згради :rofl: колку пати и да поминувам меѓу истите, буквално секогаш ќе се збунам и ќе се загубам, па не ми е срам да признаам дека неретко си отворам Google Maps за да можам да си се ориентирам :wasntme:

    А инаку имам доста личности околу мене на кои лево/десно ориентацијата им е слаба, па ако им речам „десно“ а тие се фатат за нешто или свртат лево, им велам „не тоа, другото лево“ за да се снајдат :D
     
    На *Amethyst*, cresa-jagoda и Arthur им се допаѓа ова.
  10. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Bez griza.
    Ne ima mnogu od tie.
    Jas nemozam da razlikuvam levo od desno dodeka ne proveram so koja raka pisuvam. :rofl:
    Na rabota ne sum se postramotila zosto non stop sum so molivot vo raka pa toa me relaksira, ama onaka apansas prasanje koja e leva a koja desna strana treba da probam so koja pisuvam. :@

    Direkcii za vozenje.
    Gledas! kaj ona drvono zavrti i podole kaj kukata. :rofl:
     
    Последна измена од модератор: 29 јуни 2017
    На cresa-jagoda, Bozica1980, Arthur и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Arthur

    Arthur Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2014
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    2.519
    Пол:
    Женски
    Исто :$ :lol::worried:
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Најчесто левораките имаат таков проблем. И јас спаѓам во нив и го имам истиот проблем. :rofl:
     
  13. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Не сум во кожата на лугето за да знам како се чувствуваат но од мој аспект си велам како бе може да не знаете која страна на каде е .. xD

    Инаку на ум ми падна следново. Ако ставиш точка на бел лист, многу е тешко да одредиш каде е лево а каде е десно ако гледаш од пецепција само на точката и совршена бела површина. Така да повлекување на линија само ќе зависи од поставеноста на вашето тело.

    Сличен пример е Земјата и Месецината. Ние кога сме на земјата ја гледаме месечината дека е на небото горе и сметаме дека месечината е над планетата Земја. Но сепак може е и под планетата. Но во просторот нема агли и просторот е неодреден така што само зависи од местоположбата на перцепцијата. ( Ако излезете во универзумот и се поставите на некое место ќе ви изгледаат дека Месечината е позади Земјата ) got it :D ?


    Ако не прашам со која рака пишуваш !? - Сигурен сум дека знаеш веднаш. Инаку левата рака е име за полесна ориентација. Не сметам дека "лева" има предходно значење тоа е се букви "Л е В А" кои се измислени од човекот за да опише полесно некоја појава или предмет. Така да за полесно да ги научите треба да знаете како се викаат рацете ( не во просторот ). Така да откако ќе ги научите, само по името ЛЕВА/ДЕНА како асоцијација според раката ќе знаете и во просторот како да се снајдете.

    Следете го телото.

    Исто така како мислење ми е следно. Ако не знаете на македонски лева/десна страна, сте пробале ли на англиски Left/right како ќе фунцкионира !? - Како асоцијација може подобро да ви го перцепира мозокот :D


    ПозЗ3³ ®
     
    На cresa-jagoda, Tan4ence и Someonespecial им се допаѓа ова.
  14. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.927
    Сум кажувала и претходно, татко ми кога бев мала ми купи математика за предучилишна возраст, па ме оценуваше по везбите кои ги имаше во неа.
    За лево и десно добив единица, па се убив од плачење.
    И да не ве наведе пат да ме прашате мене за некое место, ќе ве изгубам одма. Сврти лево а со десна рака покажувам :rofl:
    Мислам дека ги подизвежбав страните до некаде, не се губам веќе (можеби заради гугл мапс), ама при заклучување или отклучување на врата обавезно грешам. Никогаш не научив на која страна се отклучува :wasntme:
     
    На cresa-jagoda, Victorian, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Хахха ме насмеа темава.:D
    Јас имам мала бенка на левата рака и така ги разликувам или пак си викам: "Со која рака пишувам?"
    -Десна, оваа беше на неа повеќе леже пенкалото танана хахха.:lol:
    Некогаш знам и да се збунам оти јазикот ми е пред мозокот ама одма гледам на која рака беше бенката.:lol:
    Помала мака мачев со тета она само ме прашуваше која ми е лева, која десна рака за да ги научам. Некогаш и будала се правев намерно обратно и викав.:rofl:
     
  16. Daydream

    Daydream Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2013
    Пораки:
    1.682
    Допаѓања:
    6.472
    Пол:
    Женски
    Мислев дека сум единствена. :whew: :D Па не, никој од луѓево околу мене немаат ваков проблем и јас им бев мета за зафрканции кога се работело за оваа тема. Па се умислив дека сум единствена. 8)

    Порано го имав овој проблем, откако почнав да возам, повеќе не. Кога возиш сам, сакал-нејќел, мораш некако да се ориентираш. Лево-десно-право-криво, мораш да научиш. И сега немам проблем. Кога ќе ме праша некој за правец, како од пушка одма знам која е лева, која е десна страна. :D Порано бев за греота. Најсериозно. Изгубена во свемирот. (facepalm)
    Така што, вие што не сте се' уште возачи, а го имате овој проблем, имате надеж. :wasntme:
     
  17. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.191
    Пол:
    Женски
    Како мала размислував некое време пред да препознаам, сега немам никаков проблем од прва да се ориентирам кое е десно/лево.
     
    На Someonespecial му/ѝ се допаѓа ова.
  18. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.114
    Допаѓања:
    20.232
    Пол:
    Женски
    Десничар сум :)
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.098
    Допаѓања:
    163.514
    Пол:
    Женски
    И јас како мала ми требало да размислам, сега не. Единствено знам некогаш да се збунам во случаи како со огледало, на слика или од различен point of view (на пример во театар гледајќи од сцената и од влезот/седиштата дека се гледа спротивно), ако ме разбравте добро :lol:
     
    На Читател, cresa-jagoda и Tan4ence им се допаѓа ова.
  20. xnotyourbabex

    xnotyourbabex Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2017
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    742
    Пол:
    Женски
    Па јас во главно пример од моја страна можам и разликувам лево и десно ама кога треба да му кажам лево или десно на човек што стои пред мене свртен накај мене ми треба време да размислам убаво ... сеа не знам дали е ова моево баш поентата на темава ама сепак да си кажам :D