1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Размени за средно образование во Америка

Дискусија во 'Образование' започната од Сherry.girl, 8 јануари 2019.

  1. Сherry.girl

    Сherry.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    94
    Допаѓања:
    258
    Пол:
    Женски
    Здраво, гледам на интернет дека има доста деца што така отишле од 3та средна во Америка да завршат 4та. Но сите линкови што ја ги најдов за аплицирање беа прво да си платиш па тогаш можеш да идеш. А цените на плаќање една година беа около 5000 долари што воопшто не е мала цена. Дали некој има отидено бесплатно преку некоја програма или слично? Никаде не можев да најдам такво нешто или некоја тема на форумот каде што се објаснува тој процес, што се ти треба, каде треба да се обратам и слично? И уште едно прашање: Дали може да се аплицира за Work and Travel програмите ако си 3та средно или мора да си студент?:$

    Инаку има слични теми на формуот баш барав, но и двете се од пред 5-6 години (и немаат никакви одговори дадено) и се прашува каков е животот таму а не како можеш да се пријавиш на таков конкурс и слично.
    Ако мислите дека е дупла тема или слично, слободно избришете ја, но мислам дека е потребно да имаме ваква тема која би требало да биде поактивна за младите да можат повеќе да се едуцираат на оваа тема.
     
  2. Viindetta

    Viindetta Нов член

    Се зачлени на:
    23 јули 2021
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    За жал оваа тема малце е развиена во Фемина , и јас се мислам да се пробам во странство барем да бидам по размена таму година ,но не мие јасно што се случува со образованието тука кога си таму , како ги збдобиваш оценките и дали ќе треба да се повтора годината пропуштена тука? Што ич не е пожелно ...
     
  3. Glowy

    Glowy Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2019
    Пораки:
    2.805
    Допаѓања:
    6.312
    Пол:
    Женски
    Можеш да ја разгледаш YES програмата, 1 годишна размена во Америка, може да аплицираат тие што се 1ва или 2ра средно.
    Инаку таму одиш на училиште, кога ќе се вратиш, овде прават нострификација и нема потреба од повторување на година.
     
    На Viindetta му/ѝ се допаѓа ова.