Не знаев каде да ја отворам оваа тема! Гледав немаше за ракомет,но ако има слободно можете да ја избришете. Сакам да одам на ракомет но не знам во битола каде може да се тренира па ако има некој што знае дали ке може да ми каже каде можам да се запишам? Позз
Јас тренирам ама во различен град сме па не знам да ти препорачам. Прашај ги наставниците по физичко веројатно знаат за спортови,а можеби има и секции некои.
angel4e jas bi ti ja preporachala rakometnata shkola konzuli ..) [mod-kirilica:1kjqcgj6][/mod-kirilica:1kjqcgj6]
бев заљубена некогаш во овој спорт штета што моите не го приметија тоа и не превземаа ништо околу тоа штета
И јас исто многу бев заљубена во спортов... Но Никако да се запишев ...и сега тренирам одбојка али секогаш повекје сум го сакала ракометот и секад одам на натпрева да гледам..сега последен пат бев на Македонија -БиХ ЧДЧД
Иако сум член на одбојкарски клуб, иако обожавам да гледам фудбал, можам да кажам дека ракометот ми е омилен спорт. Играв во основно, бев крило. Ме биваше, ама после се' одбојка и ајде. Спојлер А и Кире Лазаров е баш срце!
Е па најдиси некое ракометарче од македонската репрезентација и ќе ти даде колку сакаш, без пари ! Се шалам секако, туку ти можеш да си побараш по продавниците за спортска опрема, можно е по некоја случајност да има!
ахх ракомет некогаш колку само ја имав таа желба во времето на Кометал Шампонот ! им се дивев на девојките бе со душа сум чекала да почне некој натпревар со нив,и куќата гореше после тоа тренирев некаде половина година и тоа беше
Добро луѓе немате ништо против да живне темава ... Кога ќе направи некој успех Металург или Македонската репрезентација и тука ќе има 300 страни нели ? Ракомет обожавам ... Динамичен неизвесен спорт . Поготово оној квалитетен Македонија може да се пофали со добар ракомет нормално со подеми и падови како и секогаш како и во се . Ама јас ја имав таа привилегија да бидам дел од чудото наречено Кометал златни времињаааа... Почнува Лигата на Шампоионите имаме победа го следев натпреварот нема држење на ниво во играта а тоа е голем проблем ... стискаме палци ... Инаку моменти вредни за паметење . http://www.youtube.com/watch?v=5840SFHo ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=j7D09BhG ... re=related Ова не ма да го заборавам дури сум жива http://www.youtube.com/watch?v=yx06kmkw3ck Борко
Изгледа само јас го пратам Металург За тие што по некоја случајност се интересираат моментално резултатот е 17 -10 за Металург
Конечен резултат, 31-27 во наша полза, Е АЈ ДА НЕ!!! Среќа што кога ни дишеа во врат, после предноста од неверојатни 9 гола, не си ја докомпликувавме ситуацијата, и успеавме некако повторно да се одлепиме...
Голем фан сум на ракометот уште од времето кога Кометал ушествуваше во Лигата на шампиони, и кога освоивме прво место. Таа златна генерација мислам дека никогаш нема да се повтори во женскиот ракомет. Кастратовиќ беше една и единствена, поради неа го засакав ракометот како спорт. Сакав да тренирам, но во мојот град немав можност за тоа. Во секој случај, пратам колку што можам и машки ракомет, моментално Металург. Го изгледав натпреварот со Констанца, и добри бевме. Едно големо браво за момците!!!
Не е само дрес – Кожа е. Не е само обичен терен – Наш дом е. Не се 60 минути – Цел живот е. Не е само страст – Чувство е. Не е само една група – Фамилија сме. Ракомет ! <3
Бев вчера на МЕТАЛУРГ-Констанца и можам само да кажам БРАВО МОМЦИ !!! Заслужена победа !!! Мислам дека сега само фали 1 победа за Металург да оди во следната фаза, така ??? На 24 игра пак со Констанца, и мислам дека тоа би требало да биде таа победа !!! Филип Миркуловски
pa da se izvinam za latinicava od opravdani prichini Rakomet kao sport mi e super. Se shalam, povekje od super. Najjak e.