Мојата коса моментално! Во последно време косата најчесто ми е виткана...Незнам но се приметува дека веќе ми е здосадено од рамна коса....Незнам поубаво би било да ја степенувам или да остане ваква...?
Како што знаеш, мене ми е кратка и степенеста. И во двете фризури има добро и лошо. Со степенеста, нема да можеш да ја врзуваш и да правиш разни фризури, зошто ќе ти се отпуштаат прамени, но добра е што ја изретчува густата коса и нема да ти биде жешко на главата. А, со обична, рамна, ќе можеш многу фризури да правиш и да ја врзуваш на секој начин, но ќе ти биде погуста и пожешко ќе ти биде на главата.
Јас мислам дека поуба е рамна коса..посебно па ако се работит за слаба коса. Ја имам праено и степенувана и рамна и дефинитивно гласам за рамна.. ете не морат толку долга да ти е,скрати ја малце ама нека е рамна,спред мене
Моментално ми е рамана.Како што може да видите на сликата(Не ми е фенирана )----------------> Сестра ми има степенувана и и прекрасна.Мене со степенувана стално ми ја упропастуваат!
Сум имала и рамна коса и степенувана, и благ степен и јак. Рамна коса (а ла учениче што би рекла фризеркава моја ) терав кога имав пократка коса, до раменици. Сега ми е подолга, и од пред некое време степенувана, ама не е јак степен во прашање. Рамната коса бара исто толку одржување колку степенуваната, затоа што треба редовно да се рамни. Мене ми е сеедно каква ќе ми биде, сѐ зависи од тоа во какво расположение сум кога ќе отидам на фризер. Фризерката моја има толку јак степен, што многу луѓе мислат дека има надградба на долните прамени. Ама многу добар фриз тера. Имам колешка што цел живот има долга, рамна коса и како барбика е. Значи секоја варијанта може да биде убава. Освен оние рамни коси што личат како со секира пресечени Тоа не.
Рамна коса.А сум носела и степенеста скоро цел живот додека да ја израмнам ми се чини пола живот ми се скрати сега ми е рамна конечно и баш ми е ОК !
И јас сум за рамна.. степенувана никогаш не ми се допаѓала.. едно влакно ваму едно онаму фризура нема шанси да направиш..
Последниве 3 год , косата ја носам само рамна и за ништо на светот не би ја сменила во степенеста повеќе