Вчера почна серијава. Ја гледа некој? Не е нешто многу посебно, но главните глумци се добро избрани, па и дадов шанса. Вечерва ќе биде добра епизода мислам.
Ја гледав до средина серијава и онака океј беше, ама ја прекинав, натаму ми стануваше многу глупаво сценариото Ако би ја продолжила со гледање, тоа би било само поради главниот глумец, срце е
Типична ми е, нешто што веќе може да се предвиди. Ја гледав на турски, единствено ликовите ми се допаѓаат.
Ја гледам и јас. Просечна серија, Добрина ми е поинтересна. Нема што да се гледа, нека ми стои така телевизорот пуштен во позадина.
Ферит ги затекнува Ханде и Јаман во штала како се бакнуваат. Ханде му е свршеница а Јаман најдобар другар. Тој потоа оди во Истанбул за да се тргне од таму и да ја откаже свадбата. Тој таму на еден несреќен случај(удира во куче) се запознава со Ајше. Тие разговараат и шегувајќи се со него таа му вели као ,,да земе девојка и со неа да се појави на свадбата''. Ферит го прифаќа тоа и тој оди да и предложи лажен брак, но таа не прифаќа одма. За да го спаси својот другар(тој ненамерно за да ја спаси Ајше од едни луѓе кои ја вознемируваат, ранува еден човек), таа го прифаќа предлогот и тој и дава пари Тие тргнуваат на пат. Ајше(облечена во венчаница) и Ферит држејќи се рака под рака се појавува на сред свадба додека Ханде го чека во венчаница мислејќи дека ќе се ожени со неа....
Ведиа и Аднан на времето да не се биле дечко и девојка? Кога рече брат му дека ја оставил саканата,чудно се погледнаа.
Спојлер Не и е син на Ведиа, туку на сестрата нејзина. Сите мислат дека таа е мртва, ама ќе се појави понатаму жива, ама не знам како, бидејќи не ја догледав серијата.