Не најдов ваква тема , незнам ни кај да ја сместам па нека ме префрли некој .. Сакав да ве прашам дали сте имале проблем со акни во косата? Пред 2-3 дена ми искочила внатрешна во коренот ( местото ми е црвено) и боли кога допирам а и едвај се избањав.. од што може да е и помош?..
Не се во косата тие, на глава се... Еве некои линкови со прашања и одговори во врска со тој проблем. https://mk.icyhotstunta.com/?p=1829 http://ma.ungurury.ru/zdravјe/medicina/36975-akni-na-glavata-vo-kosata-prichinite-za-i-tretmani.html
Каков шампон користиш? Јас кога користев Head and Shoulders, Wash and go, и слични имав таков проблем, дури ранички како да ми се правеа на главата. Kога почнав да користам поблаги и поприродни шампони ми се реши проблемот.
Совет не можам да ти дадам, бидејќи и јас низ истото поминувам сега и барам чаре. Се фарбаш? Спојлер Јас порано немав никакви проблеми нити со мрсење на коса нити со чешање, првут, акни. Ама сега се борам со се' од наведеното. Мислам дека кај мене дојде до тоа од пречесто фарбање (горење) на косата и скалпот и користење на различни шампони. Планирам да купам некој на алверде деновиве да видам дали ќе смени нешто
Само да ти кажам, не очекувај веднаш некаква голема промена. Ке и треба на косата време да се навикне и исчисти од сите тешки состојки од претходните шампони. Ставај и масло пред миење исто така, или маската од авокадо на Алверде, во комбинација со шампонот што ќе го земеш на Алверде пример. Негувај ја така и ќе забележиш промена сигурно.
Кое масло за коса би ми го препорачала? Немам користено до сега, само шампон и регенератор употребувам.
Јас ставам некогаш или кокосово масло (чисто од Зегин, во тегличка е, околу 200 ден.) и го ставам неколку часа пред миење на малку навлажнета коса, или од маската од авокадо (исто околу 200 ден во ДМ) на ист начин како маслото, потоа ја мијам нормално, а регенератор не користам. А за скалпот дефинитивно има голема улога шампонот, такви појаки шампони како што набројав погоре ми ја исфрлаа кожата. Исто така ако немаш многу мрсна кожа можеш да ставиш масло на целата коса за да го нахраниш малку скалпот и да ти омекне косата, ако не само на пола коса или на врвовите.
И јас истиов проблем го имам веќе два месеци само не постојано. Поенкогаш ми се прај апла мозолче, како раничка во главата, ме боли и ме чеша. Често мозолчињата се и гнојни. Се немам фарбано година дека можеби, ама користам агресивен шампон. Страв ми е да го сменам зошто ако не го користам него ми се прај прша. По препорака на мајка ми почнав да мешам еднаш шампон, еднаш обично бебешко сапунче за косата и некако посмирена ми е кожата. Регенератор лично, ми ја мрсеше косата и ми се правеа мозолчиња па ни тоа не користам. Баш ќе разгледам што имате пишано тука да си применам уште нешто.
Не знам за тој шампон да прокоментирам каков е, сликни декларација и стави ја во соодветната тема за да ти кажат за составот.
И јас имав такво како чирче на главата,бев на кожно ми дадоа маст некоја,прво го прскав и со сребрена вода па го мачкав.Се исуши падна.Сега еве пак на истото место ми се јави ама забележав дека се јави кога почнав да користам сув шампон.
Јас ги користам Head and Shoulders, и од Nivea и такви нон стоп ми се појавуваат (не помислив дека е од шампоните ) сега ми стана јасно.
Jас пак имам буквално рани на главата и незнам од што ми се. Не бубулици туку прави ранички. Можно е да се имам изгорено со пеглата ама не сум сигурна. Исто така имам и прееемногу првут.Користев Реконазол шампон,ама само привремено гледам подобрување. Друго чаре?
Користи некој поблаг шампон. И мене некои шампони ми предизвикуваа првут и бубулички па затоа многу внимавам каков е составот на шампонот. Можеш да користиш органски производи. Органските шампони се убаво избалансирани, а пред миење да ставиш некое масло на коренот за да ги смириш раничките. Овој проблем го немав кога го користев Лореал со три вида глина, да го дотрошам сегашниов шампон и одма се враќам на него.
Го користев Orzene, за жал ми направи првут. Потоа Гарниер зелениот со 5 билки, тој ми беше во ред. А сега моментално го користам Алверде од авокадо. Ранички немам веќе
И јас имав ваков проблем додека го користев Wash and Go, но сега користам брезов шампон и не ми се имаат појавено