1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Расизам

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Lella, 23 декември 2013.

  1. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Мислев дека има ваква тема, но ете немало, па јас решив да отворам :?:

    Што мислите за расизмот?
    Дали ги делите луѓето според раси?
    Што мислите, што е тоа што ги одделува расите?


    Јас одамна се токмам да напишам свое мислење на темава, ама никако да ми текне.
    Јас сум лично против расизмот. На пример Ромите. Еве една случка која се случи пред година дена.
    Мајка ми била во ВЦ и слушнала како се отвара вратата. Чекала, чекала некои чекори или слично и ништо немало. Кога излегла видела една циганка внатре, во ходникот. Ја прашала Што сакаш? и таа и рекла Дај ми 5 денари. Мајка ми и’ дала 10 денари и циганкта си заминала. После неколку часа, мајка ми оди кај една комшивка и комшивката вика: Палтото ми го украдоа. Го немало. И’ било ново, пред еден ден си го купила и стоело закачено в ходник и го снемало. Мајка ми ја прашала пред колку часа и се совпаднало со времето на циганката. И сега? Како да им веруваш.

    Сите велат: И тие се луѓе. Ако е така тогаш нека се однесуваат како луѓе, а не да крадат и лажат, и постојано да се прават кутри и беспомошни а видиш ги ти нив.

    Исто така и пред некоја година беше, еден маж и жена исто така цигани, заѕвониле на врата. Баба ми им отворила и тие и побарале 10 денари. Мажот одел со штаки. Баба ми им дала 20 денари. На одење човекот прошепотил: Ејј, супер, земавме 20 од оваа. :| Па после истите отишле кај една жена со земјоделска аптека и таму има како скалички за да се влезе во аптеката. И таму побарале на жената пари, таа им дала 30 денари. И човекот оп-троп ги поминал скалите без никаков проблем (нели демек не може да оди, на штаки е).

    Самите се делат од другите луѓе со она што го прават. Можеле другите да се мачат и работат, тие нека крадат и питачат. И тие како и сите други можат така да заработуваат. Заради таквите - другите нивни сорасници кои се чесни не можат да го живеат животот нормален поради предрасуди. И како јас сега да знам дали е тој Ром чесен или само глуми.

    Навистина лошо... Вие што мислите? :worried:
     
    На SummerGirl и Valerin им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.138
    Допаѓања:
    161.609
    Пол:
    Женски
    Не сум расист и мразам било каква дискриминација. Кога човекот ќе умре заклучуваме дека во суштина и тој има ист животен век како и секој останат човек. Што се белите луѓе повеќе од црните на пример? Зошто црните да бидат робови и како што било порано кога им се дале правата СЕПАК да седат на задните седишта и повторно да бидат дискриминирани?
    Ова е чиста глупост која сметам дека МОРА да се надмини од причини што СИТЕ сме ЛУЃЕ, а знаејќи дека сите имаме различни гени и потекнуваме од различни места и имаме различна ДНК, ние сепак мора да се разликуваме по нешто, ама кога гледаме во глобала сите сме луѓе. Тоа е исто како кога гледаме два тигри, нам тие ни изгледаат сосем исто, но тие нели се разликуваат. Луѓето се сосем исти, има некои потемпераменти, некои посмирени, но тоа неможи да заклучиме „ЦРНЦИТЕ СЕ УБИЈЦИ!“ (пример) нели? Зошто ако гледаме така во историјата има повеќе бели луѓе кои се сериски убијци него црни, ама сето тоа е индивидуално и нема никаква врска со кожата.
    Ова што го спомена ти со циганот и штеките, мора да признаеме не е тоа зошто тие се цигани туку како се воспитани. Ако мајка им и татко им него така го воспитале тој така ќе ја тера да се однесува жена му и така ќе ги воспита децата и децата негови така нивните деца and so on. Ама тоа не начи дека тој така се однесува зошто е циган туку зошто е така воспитан, така е скроен. Патем сите не се исти. Во комшии јас секогаш сум имала цигани, абе брат, почисти луѓе во живот немам видено и почестни. Сега откако се преселив има една фамилија цигани во маалото, супер чисти се, чесни се, само некогаш знат со музиката да откачат xD
     
    На Victorian и Lella им се допаѓа ова.
  3. Lella

    Lella Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.317
    Допаѓања:
    28.930
    Пол:
    Женски
    Се согласувам потполно со првиот дел од текстот. И јас сум многу многу против расизмот... Секако дека не се сите исти, токму тоа и го кажав, но заради таквите и другите што се од иста раса ќе бидат подложни на предрасуди. И зошто баш пак Ромите да бидат тие што така се однесуваат? Каде сме виделе наши луѓе што шетаат по куќи и крадат (јас барем не сум видела :?: ) Еве на пример тие што ти се во маало не крадат, не лажат и сето тоа. Ама заради тие што крадат и лажат, чесните луѓе настрадуваат. Случките ги дадов само како пример. За предрасудите, тоа ми беше зборот. :)
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  4. clock.pot

    clock.pot Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2013
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    335
    [​IMG]
    Антрополошките разлики меѓу луѓето не се никаква причина за дискриминација. Ниту белиот е поценет од црниот, ниту црниот од белиот. Ниту жолтиот е попаметен од белиот, ниту црниот - посилен од жолтиот. Сите сме луѓе - различни, но еднакви. Како што јас сакам да живеам достоинствен и почитуван живот, така сака и човекот со ПОтемна кожа и жената со очи кои имаат РАЗЛИЧНА форма од моите очи. Дефинитивно сум против било каква расистичка поделба. Расизмот треба да се извади од човековиот ум еднаш - за секогаш. Сепак, да бидеме реални: од секогаш постоела поделба. И ден - денес, расизмот ја убива еднаквоста. Наше е, како единки, да ги почитуваме СИТЕ!
     
    На Anacid и Lella им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.138
    Допаѓања:
    161.609
    Пол:
    Женски
    Јас имам видено случај на бел да кради т.е. беше докажано и на крај призна. Комшии ми се и тоа. Повеќе им верувам на циганите кои ми се комшии него да нашите кои ми се комшии ... Овие циганите 10 пати почесни се од другите ... Овие другите, крадат, едниот од нив има во затвор лежено ДВА пати до сега, сега брзо се тужени за незз шо таму, ама циганите најчесно си терат работа. Немора да значи дека ако е циган е лош, се тоа е индивидуално.
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  6. sugarlips

    sugarlips Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    672
    Допаѓања:
    761
    Пол:
    Женски
    Страв ми е од цигани :( .Кога се шетам ако видам циган дури треперам од страв. :(
     
    На Cinderfakinrella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. MalaMedena

    MalaMedena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2013
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    178
    јас не сум расист,само мислам дека во нашата држава ние сме подискриминирани од ромите и другите.
    оваа година ке се запишам на факултет,со мојот успех нема да влезам на тој факултет што сакам,а мојот школски што е ром и нема никаков успех,ке влезе на истиот факултет и само затоа што е малцинство...
     
    На SummerGirl и Cinderfakinrella им се допаѓа ова.
  8. DoReMi

    DoReMi Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    156
    Реално, луѓето без разлика од која раса се, можат да крадат, да убиваат, но можат и да бидат добри, предобри. Така да бојата на кожата мене не ми игра никаква улога во проценката на еден човек, туку неговите морални вредности.
     
  9. The-fallen-one

    The-fallen-one Активен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2014
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    40
    Мразам расизам
     
  10. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.338
    Допаѓања:
    7.618
    Пол:
    Женски
    Mногу сум против расизмот.
    Најмногу предрасуди има кон циганите зашто најверојатно така сите ги имаме сватено како крадци и питачи зашто најмногу се среќаваат.
    А луѓето од било која раса може да крадат, убиваат, питаат.
     
  11. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Немам ништо против луѓе кои не се иста вера, раса и националнсот со мојата.
    Секој човек може да лаже, краде, убива, тепа .. безразлика на бојата на кожата или верата.
    А во нашава државичка кога некој ќе слушне ром веднаш го асоцира на питање, тепање и крадење иако мене лично не.
     
  12. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш луѓето сум ги проценувала според однесувањето и постапките, а не според критериуми и нешта кои не зависат од нив самите. Многу сум против предрасуди и дискриминација на која и да било основа.
     
    На Anacid и eloves им се допаѓа ова.
  13. Sunshine.Sunshine

    Sunshine.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2014
    Пораки:
    1.202
    Допаѓања:
    2.564
    Пол:
    Женски
    Ако има нешто кое го мразам највеќе тоа е расизмот.

    Човек од било која раса може да прави лоши дела, но со тоа не се дефинира целата раса.
     
  14. summer-lover

    summer-lover Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    393
    Допаѓања:
    1.265
    Пол:
    Женски
    Јас за разлика од татко ми не сум расист.Дали си црн,бел или жолт воопшто не е важно.И црниот и жолтиот и белиот има срце,мозок ...Како и што кажаа феминките погоре,сите можат да крадат,убиваат итн.Воопшто не гледам причина за поделба на луѓето.
    Пред неколку години кога бев на одмор во Турција,имав една црнкиња другарка и можам да кажам дека е едно од најдобрите девојчиња што сум ги запознала.Толку беше фино,воспитано ..И си чувам и слики со неа иако сме како кремче :$ .
     
  15. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.194
    Допаѓања:
    4.227
    „Мразам црнци, евреи и расисти... последниве најмногу ги мразам!„

    ова беше извадок од американски виц :D
     
    На xoxo5, eloves, Ketchup и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.911
    Најлесно во Македонија е да кажеш дека не си расист, а црнец пример ќе видиш еднаш во животот и тоа оддалеку или ич, ама некако заклучивме дека не ни сметаат, оти широки во срце и душа сме.
    Ако погледнам какво мислење, став и предрасуди имаме кон малцинства, нации, различни религии, се си мислам дека да ги имавме црнциве во близина, многу од нас со бели качулки на глава ќе беа.
     
    На zhap4e, Ketchup, imelda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.276
    Јас сакам и се трудам да ги согледувам објективно работите околу себе, но да бидам искрена за овој проблем тешко ми оди! Зошто?!
    Одговорот е едноставен...Затоа што мнозината од тоа мултиетничко општество кое живее конкретно на нашава територија никогаш не ми дало вистински повод за тоа!
    Иако, оние кои добро ме познаваат, знаат дека важам за особа кој се залага за рамнпоравност, и не вагам која страна треба да има повеќе или помалку бенефиции во општествените сфери сепак, и тоа има своја граница. Бидејќи не сакам правда за оние кои побарале и леб и погача, ги добиле и двете и пак се незадоволни за разлика од овие другиве кои се потчинети. Моментално зборувам за релацијата Македонци - Албанци во Македонија, за кои ако реално зборуваме покрај тоа што ни ги окупираа работните места, и ги уживаат потполно истите права на слобода, говор движење, и др. бројни бенефиции во кои издејствуваа предност, тие бараат уште.
    Освен тоа, дали мислите дека ако беше се` до тој степен бајно и глатко, Владата ќе воведеше кампања за подигање свест (читај: перење мозок) на младите брачни двојки за создавање многудетно семејство? Секако дека не. Туку овде очигледно е дека стравуваат од фактот дека порано или подоцна нашата нација ќе се сотре, па за да се пополнат токму тие празнини сега се нудат станови и пари за добиено трето дете, и згора на тоа се воведуваат дополнителни контроли и забрани при вршењето абортус кај жените. Не, драги мои, тука не е целта добронамерна туку трула. Ваквите кампањи се залагаат за се` освен за вашето здравје и иднина, па никој нека не ве лаже дека сето ова е поради добра воља грижа или љубов бидејќи тоа е далеку од вистината.
    Нејсе, ако веќе се вољни за заеднички мир и соживот ондак океј ајде, јас сум дефинитивно за, но само и само под услов да бидам сигурна дека ќе бидат со еднакво толку чисти намери и израмнети сметки, па нема да водат дволична политика како досега.

    Овде би сакала да надополнам и за Ромите исто така, кои реално не ми пречат и немам ништо против нив, мада голем дел оставаат погрешна слика за себе преку своите постапки и општо прифатените лоши навики како крадење, лажење и необразованост преку кои некако преминуваме пошто не е дека директно се афектираат врз нас, освен ако не се статистички земени. Мада последниве години не треба да заборавиме дека и тие почнуваат да стануваат свесни околу својата улога во општеството со тоа што вложуваат напори да ја подобрат својата егзистенција. Значи тоа е показател дека сфаќаат колку е корисно таквото надоградување. Е ова можам да го наведам како единствена предност кај нив, и уште една, а тоа е дека не прават никаква штета за државата, па остатокот може некако да го проголтам.
    Инаку ова се` што го напишав, не го зборувам напамет, туку лично имав прилика да учам и студирам со такви луѓе, па оттаму го стекнав овој впечаток, така да не е дека само онака блебетам затоа што другите рекле така.
    Како и да е, не треба да се заборави дека постојат и такви кои се издвојуваат, па сешто добиле е резултат на нивниот личен допринес. Иако во Македонија без оглед дали си Македонец, Ром Албанец, Турчин, Влав, ако нема ,,ѓуле'' да поттурне ретко која риба ќе исплива на суво, |( ама ајде да речеме дека има и такви игли во сеното што ги викам јас...

    И за крај да кажам дека не ми беше намерата да лепам етикети на луѓето, пошто и ние сме далеку од цвеќиња за мирисање, ама бар ако ништо друго не заминавме на туѓа територија да узурпираме ничии права и правиме планови за преземање варварски потези. Туку ете, темата беше за расизам па стрикно се осврнав кон политичките прашањата надоврзувајќи се со моето досегашно искуство со ваквите луѓе чисто да ве потсетам каде лежи коренот на предрасудите кој го барате на погрешни места.
    Инаку сакам да надополнам дека сум имала пријатели кои биле припадници на мултиетничкиве групи, и секогаш сум ги вреднувала еднакво како и сите други според карактерните особини а не затоа што биле тоа што се. И ако сето ова заедно ме класифицира како расист а не објективен согледувач ондак океј, прифаќам, нека биде така.
     
    На Nalutena1 и Lella им се допаѓа ова.
  18. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Јас имам другарки и од други раси и со друга боја на кожата...И да ви кажам право подобри се од многуте други шо ги познавам....Ја викам ако си расист да даде Бог да се заљубиш у некој од друга раса :D ;)
     
  19. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Абе каква боја кожа не делете ги греота се, сите се еднакви без разлика на вера боја кожа.
    :)
     
    На doubleg му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.539
    Допаѓања:
    78.672
    Пол:
    Женски
    Луѓе сме сите и ги почитувам сите кои се на било кој начин различни од мене вклучувајќи ја и расата. Супер ми е дружба (пријателство) со такви, но сум против мешање на раси. Друг ако сака да се меша, нека се меша, јас нема никогаш. :)
     
    На Cinderfakinrella, EuHenIa и doubleg им се допаѓа ова.