1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Раскинување "без причина" и без збор

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од sunfemina, 24 октомври 2012.

  1. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Секој раскин на врска без оглед на причините и околностите под кои се случил е болен.
    Но што кога едната страна ќе одлучи да стави крај на врската, без притоа јасно да наговести дека повеќе не сака да биде во таа врска. :|
    Без искрено да каже поради која причина раскинува, исчезнува од животот на партнерот. :o
    Пред тоа навидум се е во ред, нема никакви расправии и последната средба била со нормален тек на работите. Исполнета средба со убави зборови, желби за уште многу заеднички моменти...

    Следниот ден одеднаш личноста "мистериозно" ја снемува. :^) Ете можеби нешто се случило или искрснало, не може да се јави, да одговори...
    Поминува време (ден, два, три..) и загриженоста расте, нема ни трага ни глас. Но излегува на виделина дека личноста нема никаков проблем ама не одговара на повиците поради непознати причини.
    Се прават обиди на било кој начин да се добие одговор за новонастанатата ситуација, но одговор нема...личноста се однесува како тотален странец, не сака да разговара, нема зошто и жестоко одбива да се соочи во четири очи.

    Причината останува нејасна, врската е раскината без никакво објаснување! :o :o :^)
    Оставениот партнер е занемен од постапката и болно повреден поради лажното однесување на другиот во врската. Трага и понатаму по одговорот... Кога тогаш вистината веројатно ќе излезе на виделина, а до тогаш...бес, мака и агонија.

    Зошто се одлучил на таков чекор тој што оставил на овој начин?
    Немал храброст да каже што е проблемот, па се решава на ваков кукавички чин?
    Зарем мисли дека е побезболно некој да се остави без збор, без вистина?
    Зошто...???

    Што мислите вие, дали некогаш ви се случило или можеби го оправдувате?
     
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Ништо ново,и јас имав таква девојка,што ја снема без објаснување,за мене е океј ако така сака така нека биде,подобро така него да си кажеме се и сешто и да се вреѓаме. :)
     
  3. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Значи лесно е да се помириш дека некој/а те залажувал/а дека се е ок, не очекуваш ни најмалку дека ќе се случи раскин и подобро е да не ја знаеш вистината зошто се случил?
    Зарем мора некого да извреѓаш за да му раскинеш?
    Мислам дека секогаш постои начин работите да се кажат на поблаго, без тензии...а не со кукавичко поигрување со туѓите чувства на ваков начин.
    Мене 100 пати полесно би ми било некој отворено да ми каже дека не сака да биде со мене 'заради тоа и тоа', отколку да ми глуми љубов и преку ноќ да го снема.
     
    На BrokenWings16, Ihaveacrushonyou, EMoonlight и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. teletabis4e

    teletabis4e Нов член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    27
  5. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Секогаш има причина за раскин, секогаш! не може туку-така да раскине, ти така си мислиш дека нема причина..
    Едноставно од почеток сте почнале со врска, па сега гледате како напредува, дали иде на добро, како функционирате? и потоа едноставно одлучува дека не сака више, дека едноставно не е тоа ТОА и дека не сака да биде со тебе.. Вистина е дека најболно е без причина кога ке замине. но верувај секогаш има причина..
    Ако веќе си заминал од твојот живот, не е ни вредно да размислуваш зошто и како..
    Едноставно продолжи ...
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628
    Извини но ти ако самата незнаеш каков ти е партнерот,и што можеш од него да очекуваш,тогаш е твоја грешка,затоа не сме сите исти,тоа ти го направил за да не те повреди повеќе,и тоа ти треба самата да го сватиш,без навреда ама така си е.поздрав ;)
     
  7. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Затоа и тоа без причина во насловот е ставено во наводници, затоа што причина мора да постои!
    Проблемот е што тој што остава го прави тоа без збор, одбива искрено да ја каже таа причина.
    Патем темава не е автобиографска, vitomir јас немам проблем во мојата врска со вакво нешто (барем за сега). Го кажувам моето мислење и сакам да го видам вашето.
    Но некои други особи од моето опкружување имале вакви проблеми.
    Со ваков исход на крај испаѓа дека целата нивна врска била една огромна ЛАГА. Партнерот мислеле дека го знаат добро, затоа што тој лажно им искажувал чувства.
    И огромно залажување е тоа дека со таквата постапка, нема да те повреди повеќе затоа што како што кажав кога-тогаш правата вистина ќе се дознае. Ама како поминува време, така станува потешко и полошо за психата на тој што го преживува сето тоа.
     
  8. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ако личноста ја снема, тогаш значи не е за тебе-барем така се вели, така да немој да се нервираш :)
    а што Витомир спомна врегање-нема зошто , се може да се реши на дипломатски начин-или има компромис, или нема, ако нема секој по свој пат и решен проблем :)
     
    На biGirl и vitomir им се допаѓа ова.
  9. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.431
    Допаѓања:
    47.633
    Пол:
    Женски
    Сум имала премногу вакви раскини ако можае така да се нарече.Врската ке трае месец дена ке биде се ок и оп после месец дена ке го снема човекот без трага и глас и без објаснување.Нормално привите неколку дена се најтешки кога размислуваш и правиш анализа на изминатиот период што би можело да трнгне во погрешна насока за да некој така исчезне.На крај сфакаш дека другата страна е таа што губи и не е достојна за твоето внимание и секирации кога не е доволно паметна ко секој нормален човек да се јави и да каже што е проблмот.Јас секогаш таквите ги игнорирам.Едноставно не се вредни за моето внимание.А дека ме болело и ми било тешко,не викам не, болело и тоа многу.
    Се сложувам дека секогаш има некоја причина крај краева никој од убаво со никој не раскинува но мислам дека секој треба да биде доволно фер и свесен за дасе јави и да ја каже која е таа причина па макар и да е најцрна отколку така дим да ме њама.Мислам дека ни налошата причина не е толку лоша,колку што е тешко после тоа измачувањето и размислувањето за тоа што ја натерало спротивната страна да ја снема така.
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Сум пишала и порано и ги оправдувам и ваквите раскинувања во одредени ситуации.
    Ми се има случено точно така да раскинам подолга врска, и дечкото се чудеше која е причината.
    Зашто пред да раскинам имаше период во кој јас веќе сватив дека е залудно да се обидувам да го одучувам од некои негови навики, да се обидувам да го сменам, јас како да созреав, а тој не.
    Не го направив тоа преку ноќ, туку со многу размислување, без да му дадам до знаење, си го чекав денот. И дојде и тој ден кога го излажав дека нема да излезам, а излегов со друг, и веќе не му ни кревав на него, исчезнав, го оставив сам да си свати.
    Точно е дека е можеби болно кога нема да се добие објаснување. До сега на своја кожа не сум го осетила истото, но, можеби и зашто премногу се водам од својата интуиција, и не дозволувам да бидам заслепена и да не приметам ако нешто не штима во врската.
    Сепак, секој би требало да е свесен, бар до толку, зашто пред некој да исчезне од нечиј живот, сигурна сум дека има многу знаци по кои може да претпостави, да почувствува дека партнерот се оддалечил од него. Тоа може да се и најмали ситници, промени во однесување, кои треба да се забележат.
    Причина секогаш постои за тоа, а кога нема конкретен повод оставениот останува збунет.
    Според мене, најчесто причината е или во врската, кога ќе свати едниот дека не се еден за друг, и во тој случај може, ако не идеализираме, да осетиме, или пак, втората најчеста причина е друга (нова) личност во животот на тој кој одлучува без објаснување да прекине, и во тој случај е поверојатно до последен момент да има и глумење , и љубовни изјави, и одеднаш исчезнување.
     
    На vitomir му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.628


    Паметна си ти sweet25 ,и се сложувам со тебе.поздрав ;) :hai:
     
    На sweet25 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Кај мене за такви раскини нема оправдание и нека ме извинат сите што постапиле така ама според мене е крајно подло. ]:)
    И не е точно дека таквите не сакаат да го повредат другиот, туку им е гајле како другиот ќе се чувствува. Битно себе си се "ослободиле" од одговорност и со себе си се на чисто..другиот кој го е*е што сака нека мисли и прави.
    А многу повеќе го повредиле, отколку кога едноставно би му кажеле во очи дека не сакаат да продолжат.

    Се замислувам себе во таква ситуација....Да одам со некој, да го гушкам, да го опсипувам со љубов, да му кажувам дека го сакам најмногу, дека не можам да си го замислам денот без него, дека имам потреба од него, дека со никој не ми било поубаво, дека се осеќам прекрасно, итн итн.. а сето тоа да е лага поради х причини.
    Зошто да му го направам тоа на некого и да го доведувам во заблуда и да го повредам на таков начин, не сфаќам?
    И другиот ден во себе да си кажам 'Кој те врти, јас те лажев и сега сфати си сам, нема што да ти објаснувам!' |(
    Браво за мене, многу сум испаднала "јака".

    Јас искрено сакам да кажам, а така очекувам и спротивната страна. Нема потреба ни од кавги.
    'Не те сакам', 'Не ми е убаво со тебе', 'Сакам друга', 'Не ми одговараш', 'Досадно ми е' или што и да е друго, многу помалку ќе ме повреди отколку таков кукавички начин без збор и "без причина".
    Секако после долго измачување најверојатно од некој друг ќе се дознае причината.

    Oва е полошо и од раскинување преку смс :doh: .
     
    На martine, Dinnna, Annath и 6 други им се допаѓа ова.
  13. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Недостаток на храброст можеби? Се согласувам со санфемина, подобро е да се каже било што, отколку само да те снема. Зашто си вложувал во таа врска, а некој си сфатил сам за себе што сака и си свртел лист, па сега ти мисли дали загинал негде, дали ти си му згрешил/а, дали ти е лут...како и да е. Едно збогум нема толку да боли, бар со време ќе преболи.
    Може и ја сум себична, ама чисто ради свој мир и репутација :tmi: попрво би рекла збогум, отколку да ме снема. Доживеав и јас така еден дечко, заљубен заљубен...нај. И го снема, ама ја инает кога ќе ме фати :D си сакам објаснување и точка. Го знаете она стандардното -Не е до тебе, до мене е-? Епа стварно беше до него :wasntme: Си се свртеа работите подоцна, а јас бар имав прилика да видам што човек е и колку не треба да жалам за него.
    Можеби и јас на некој сличен начин се најдов во таква ситуација, затоа што му раскинав на еден дечко со оправдување дека повеќе немам чувства, а тој инсистираше на тоа зошто ги немам повеќе. Можеби е погрешно, ама мене ми беше непријатно да набројувам што све не сакав кај него, работи што ги воочив со времето, а кои ете, можеби друга девојка би ги сакала, па зашто да влијаам да се преиспитува :worried:

    Од една страна, секој заслужува крај, каков таков, без незавршени работи, од друга страна совеста и те како е помирна после ете некој си формален завршеток.
     
    На Annath, sunfemina, XMaN и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. sweet25

    sweet25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    317
    Па можеби е подло, ама како што пишав, има ситуации кога личноста едноставно не заслужува објаснување. Инаку, во ситуацијата ти што ја опишуваш најмногу ми звучи како да станува збор за трета личност која му станала поинтересна на дечкото, а можеби и глумел цело време.
    Некогаш и самите не сакаме да бидеме реални, и се фаќаме и се убедуваме во тоа што ни одговара.
    На пр. на една моја другарка ова постојано и се случува со дечковците, ама таа никогаш не предвиде, иако јас одстрана некогаш и викав за нешто обратно да направи, таа не ме послуша неколку пати, едноставно , во сите досегашни врски, немаше ни кавги, ни никакви несогласувања, и дечковците после одредено време престануваа да и се јавуваат, па и да креваат на нејзиниот број. И потоа не и е јасно, секој пат.
    Бар во нејзиниот пример, да гледаше нијанса пореално, и да не ги толкуваше зборовите
    негови ко нејзе што и одговара, ќе се поштедеше од ваквите прекинувања.
    И кога е се мазно во врската, може нешто да не чини. Треба да си буден и да приметиш, а не после , ваков е тој, онаков е.
    Ако ти дал некој знак, а ти не реагираш, после не се чуди.
    Ако "те сакал" до последниот момент и го снемало, и ако не е прв таков случај , тогаш иако е нивниот начин расипан, ти барај го проблемот и во себе. Зашто тоа значи дека си можеби нереална, и после ти доаѓа како гром од ведро небо , она што сите од страна веќе можеле да го претпостават.
    Единствена ситуација во која не наоѓам воопшто вина кај оставениот е онаа во која некоја нова личност застанала меѓу нив, и го завела многу добро партнерот, зашто тука веќе не помага ништо.
    А сите други работи можат да се предвидат многу порано...
     
    На Name му/ѝ се допаѓа ова.
  15. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.807
    Допаѓања:
    52.964
    Ако се однесуваше твојов пост кон мене...ова беше посебен примерок на маж :) Јас сум барем таква, ги испитувам сите можни сценарија, и не сум пушер, не притискам кај што не треба, освен ако навистина верувам дека треба. Тоа што се случи со дечково беше навистина негов проблем, кој му текна доцна да го решава, па некако ја запозна кармата :worried: Каков беше, таков беше, мој избор од прво беше, за тоа сама сум си виновна или не, ама ќе ме поштедеше од замарање, од старт да си кажеше што е и како е. Не сме мали деца, жмурки да си играме (освен ако не станува збор за некој вид предигра :D ) Секако дека со сила љубов не бидува :)
     
  16. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Како бе Свит да се предвидат, излегуваш и тој молчи, мирен е, не е опуштен како порано, ниту спонтан, си велиш не му е денот, на работа/факултет/дома има проблеми. И да го прашаш што е тоа ќе ти го каже сигурно нема да се истреска "Планирам да ги раскинам, па еве да те спремам".
    Ме нема оставено никој, јас имам.
    Се спакував и заминав на одмор, така беше најдобро за двајцата, причини имаше милион и си ги знаевме, ама зарафи мојата тогашна наивност и глупавост после секоја караница се смирував и немаше како мораше да заминам, да не го гледам зошто инаку ме прогонуваше. Кога се вратив после месец дена бев нова, слуќајно се видовме, жестоко се испичкаравме и тоа беше официјалниот крај.

    Инаку не чини, глупо е претпоставувам, и барем у име на времето заедно поминато секој нормален човек заслужува поздрав, барем едно чао и со среќа.
     
  17. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Една од вистинските случки...

    Пред 3-4 години, на кафе со другарка...
    Mи соопштува дека ja прекинала 5-годишната врска. Добро ги познававме како пар во друштвото. Последен пат заедно бевме излезени неколку дена претходно, се беше во ред - гушнати, заљубени...
    И дојдовме до муабетот зошто му раскинала.
    Почна да реди причини, можда 10 ми кажа. И во ред, ете и пречеле и нејзино право е да го остави штом не и било во ред.
    Е после тоа дојдовме до поводот за раскинувањето. Тогаш се искристализираа работите...со невина насмевка :angel: ми рече "Сакам друг".
    И тоа е во ред, секому може да му се случи. Среќно понатаму..секој по свој пат.

    После тоа работата се рашири т.е. се слушна гласот на другата страна. Него не му соопштила дека го напушта т.е. му исчезнала. Тој помислил дека нешто недајбоже и се има случено. :!: Ја бара - ја нема нигде. Решава да се распраша кај другарки. Тие му велат се е ок, вчера-завчера бевме на журка, на кафе, на шопинг...не знаеме зошто не ти се јавува.
    Ја побарав јас и и кажав дека 'тој' ја бара, а она ми вика 'остави, не можам да се замарам да му кажувам сега'.
    Добро и велам зошто истите 10 причини што ми ги кажа мене и кои се реални, не му ги кажа на него? :^) |(
    После толку години поминати заедно, споделени многу заеднички моменти (убави и неубави), да немаш образ некого да погледнеш во очи и макар само една од причините да му кажеш, чисто за да биде јасно дека повеќе не сте заедно? Толку ли е тешко? Нели е безобразно?
    И не...бегаше со другиот, кој не се појавил преку ноќ него постоел подолго време пред да реши да му ја кидне на другиот, без да стави крај со муабет.
    Па после ја виделе неговите другари. Му пренеле секако, па 348292 пи*дарии...а се можеше да биде едноставно и побезболно.

    Мене постапката крајно ме разочара, без разлика што ми била другарка никогаш не ја оправдав за тоа што го стори.
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  18. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    За мене ова е незамисливо. Како тоа одеднаш ве снемува и повеќе не комуницирате со личноста? :^)
    Ако сте толку плашливци да излезете и да разговарате во 4 очи за причините пишете порака или јавете се и кажете дека повеќе несакате да се гледате со партнерот а не да се однесувате ко земјата да ве проголтала... :x
    И немора причините секогаш да бидат толку јасни како неверство, несоодветно однесување од страна на партнерот, запознавање на друга личност и сл. едноставно може некој сфатил дека личноста со која е во врска не е тоа што го бара но нели секој заслужува макар и на најлош начин да биде известен дека неговата врска завршила и поради што завршила. :!:
     
    На sunfemina му/ѝ се допаѓа ова.
  19. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.137
    Допаѓања:
    88.552
    Пол:
    Женски
    Бев прва година средно, почнавме да се гледаме со еден момак, секој петок. Бевме као дечко и девојка, ама се слушавме баш во петок дали ќе се видиме. Не знам зошто не сме се слушале и други денови...
    Нема врска ова. Значи ќе излезевме во петок, ќе поседевме со друштво и по некое време ќе отидевме да се пролапаме негде, па ќе се вратевме назад и правец дома. Сега ова ми изгледа ко мување, ама ете тогаш сме иделе.
    Ние не правевме муабет, а мене страшно тоа ми пречеше. Ќе почнев јас некоја тема, добивав да, не и толку.
    По месец, два појма немам точно колку беа ми пиша дали ќе се видиме вечерта и јас не вратив. Толку беше, ни тој пиша после тоа, ни па јас.
    Мала бев, не можев да му објаснувам зошто не сакам да се гледаме :tmi:
    По 3 години се сретнавме пак. Тој не ме препозна најверојатно која сум, па сакаше повторно нешто. Мене ме гризеше совеста, му кажав, му се извинив за тоа како сум постапила тогаш. Момакот стана и си отиде. :lol:
    Заслужив!

    Муабетот ми беше не оправдувам такви прекинувања, но понекогаш се подобри затоа што не секогаш имаме храброст да кажеме зошто не сакаме да продолжиме. Не само раскинување на врска, општо било каков прекин на некое гледање, дружење треба да се разјасни.
    Сега кога ќе размислам па некои какви причини кажале зошто ме оставаат, си викам подобро само да ги снемало. Можеби ќе го преболев снемувањето, но некои зборови никогаш не се забораваат.
     
  20. Crinkle

    Crinkle Активен член

    Се зачлени на:
    3 април 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    8
    Може ќе навредам некого али тој што раскинува на ваков начин е кукавица.
    Ај за пократки и полабилни врски, ај пак ќе речеш ок. Ама за врски од 5 години, во кои верувам партнерите се запознале во своите прави светла, па тоа не е возможно, да избегаш од некој на таков начин. Подло, ниско и безобразно.

    Знам дека раскинувањето е болна тема за секого, дури и за оној кој раскинува, дури и можам да кажам дека многу пати кога сум пробала да раскинувам ме премислувале или не сум можела да ја поднесам реакцијата што ја имале... ама па не е ич фер да оставиш некого само така.
     
    На Dark artist му/ѝ се допаѓа ова.