Имам една правна дилема. Постои дуќан кој е во сопственост на две лица, односно истите се сосопственици на дуќанот, секој има по 1/2. Прашањето ми е, до која мера едниот од сосопствениците може да располага со својот дел, односно конкретно дали може истиот да го подари некому со Договор за дар, а без притоа да треба да бара согласност од другиот сосопственик? Ви благодарам однапред.
Фала ти многу на одговорот. За продажба знам сигурно согласно Закон дека морам прво понуда да дадам на другиот сосопственик на нотар заверена, па потоа ако тој сосопственик се согласи да го продадам на некој друг треба повторно да даде изјава заверена на нотар дека е согласен, па дури потоа да пристапам на продажба. Ама сето ова за продажба на мојот сосопственички идеален дел од дуќанот. Мене ме интересира за да го подарам некому тој дел, а не да го продадам. Незнам дали има разлика во тоа...
За подарок не би требало да имаш проблем, другиот сосопственик не може да те ограничува, но внимавај да не биде тоа фиктивен договор за подарок(а уствари да е купопродажба), зошто тогаш другиот сосопственик со тужба може и да го раскине договорот.
Прво не наведуваш дали се работи за деловен простор како таков врз кој постои право на сосопственост на две лица на по една идеална половина. Ако е тоа така, во случај едниот да сака да го подари својот идеален дел на трето лице, не му е потребна согласност од другиот сосопственик !!! Меѓутоа ако сака да го ПРОДАДЕ, другиот има право на првенствено купување, што значи дека мора преку подавка на нотар да му го понуди прво него својот дел со сите услови и цена...па во случај тој да не го прифаќа тоа, може да го продаде на трето лице...инаку постои можност ваквата продажба другиот сосопственик да ја поништи !!!!