1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Распоред на спиење со новото бебе

Дискусија во 'Дете' започната од Mama25, 15 февруари 2013.

  1. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Прашањево се однесува на мамички кои ова им е втора бременост па ме интересира како планирате да се распоредите за спиење со новото бебенце. Ќерка ми уште спие во нашата соба во сое креветче несака ни да чуе да оди во друга соба ( иако пробаме со што ти не) за некој месец ќе ни дојде баткото па незнам како ќе функционираме сите иако собата ни е релатино голема и имаме доста голем брачен ама не е тоа решение.Се плашам кога ќе види дека го ставам бебушот до мене да не посака и таа ,дајте совет :hai: Инаку има 3 годинки !
     
  2. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    Мама25 и ова ме мачеше од почеток ама го средивме тој проблем ,и објаснивме дека она ке биде дадичка и дека ке и купиме ново креветче ,а нејзиното за бебето ,одма прифати ,и купив мн убава постелнина да се израдува кога ке и го наместиме креветот инаку до нашиот брачен од една страна а малото креветче од друга ,сега за сега така мали се уште за сами во децка соба барем според мене , и кажавме дека уште малку нема да ја собира во малото креветче а и височка е и немирно спие па вака ке и биде поудобно во поголемо креветче сега за сега се радува и го чека новото креветче па здраје боже ке видиме како ке биде :)
     
    На Mama25 и SimonaTino им се допаѓа ова.
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Моите се поголема разлика, цели 6 год. и ние немав баш некој голем проблем околу преселбата на малата во својата соба.
    За да не се чувствува отфрлена јас почнав да и` кажувам дека сега е доволно голема за своја соба, дека тоа е нејзино царство и дека таа е главна принцеза таму и никој без нејзино прашање нема да смее да влегува. Но и дека тоа си носи и свои одговорности, т.е. да се обиде да биде суредена, да не ги расфрла играчките и да си ја чува собата.
    Кога ја реновиравме ја вклучивме во процесот, избор на дел од мебелот, венецијанер т.е. неговата боја, избор на постелнина, прекривачи, перничиња, сама си го бираше местото на играчките, бирото и масичката.

    Од друга страна па креветчето во кое дотогаш спиеше го изнесов скрос од дома, и` реков дека тоа било нејзино креветче и дека нема да спие и братчето во него за да не осеќа дека сме ја замениле со другото дете. Ама таа не знае дека имам и друго креветче :wasntme: кај моите кое за некој ден ќе го донесам за малиов (да, бебево спие на брачен кревет малку, малку во количка и така цела ноќе си се бориме |( ).

    Тоа беше летово 2-3 месеци пред да се породам.
    Неколку вечери по ред мм спиеше со неа за да се приспособи на новиот простор, да се здобие колку толку со орентација и да се навикне на собата, а потоа почна и сама да си спие, најпрвин со отворена врата и задолжително запалена столна ламба, а како почна зимава и почнавме да топлиме и со затворена врата. Но си имаше и таа свои моменти кога си беше едноставно љубоморна и си сакаше да се врати назад кај нас. Со фин и убав разговор ја разубедувавме и сега не сака ни да чуе со нас да спие. Но, нашата е големка.

    За почеток пробајте заедно сите во соба, па кога бебето ќе почне да плаче и да ја буди може и самата ќе посака да си оди во својата соба. :?:
    Е сега мој совет за да не Ви биде окупиран брачниот кревет е да се трудиш да не Ве види дека со баткото спиете заедно затоа што сигурно ќе сака и таа со вас, ова од искуство.
    Друго ако ми текне ќе допишам. :)
     
    На Mama25 и SimonaTino им се допаѓа ова.
  4. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Леле Пепита и јас мислам креветче поголемо да му купам да го ставам до нашиот,ама кај ќе го ставам креветчето за бебето? :?:
    Ах маки синчето ми спие во бебешкото креветче...Треба сега пак да му менувам место за спиење...
    До скоро спиеше со нас едвај го одвикнавме,изгледа за маж ми ќе биде креветчето што планирам да го купам за малиот :lol: :lol: :lol: ,он со мене,бебето во бебешкото и тројца среќни еден тажен????
    Или да купам еден гоооолем кревет па сите во него,стварно незнам или ...или...или... :?:
     
    На Mama25 и pepita82 им се допаѓа ова.
  5. pepita82

    pepita82 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    610
    Допаѓања:
    512
    јас срцка и немам друг избор ,детска соба допрва ке им правиме ,таман малку да пркнат ,малата само што наполни 40 дена ја ставав во креветче и без проблем спие сега штом направивме договор ,спалната ке ми биде баш спална полна со кревети :lol: исто и кај мене е таа опција ставена во план мм да спие во новото креветче :lol: ако испадне некое недоразбирање ,ама вака двете креветчиња до лежајот и се ке ми биде на видик пошто планирам бебушко одма во креветче да го ставам за спиење :)
     
    На Mama25 и SimonaTino им се допаѓа ова.
  6. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Vo sekoj slucaj mazive se planirani za novite kreveti...
    Ama izgleda ne se svesni za toa :lol:
    Koga se porodiv so prvoto samovolno napusti "teren" prvite 40 dena,pretpostavuvam taka ke bide I ovoj pat taman ke ima vreme za organizacija koj kade ke spie :D
    Se iznasmeav denes
     
    На Mama25 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. eva11

    eva11 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2011
    Пораки:
    1.851
    Допаѓања:
    757
    кога се роди син ми уште првата ден спиеше во бебешко креветче. Од кога се породив со керка ми се договоривме да и го даде креветчето на сестричката а него ке му ставиме друго креветче ама не не се сложи и покрај сите убедувања молби колби и така бебето си спиеше во старото кревче одмаж ми а син ми во неговото Имаше 4години тогаш .После 2-3 недели виде дека не го наморава некој и не го тера и сам си посака да спие на друг кревет во дневна на троседот бидејки немавме детска соба сеуште .По една година направивме детска батко си отиде да спие таму сам а после некоја година се придрузи и сестричката така сега двајцата у 22 часот напуштат терен и се повлекуваат во својата соба
    Иако се големи 9и5 години им давам обазеви да си ја средуваат собата од листови хартиј се што не му треба да фрлат давам крпа да избришат прашина и на баткото правосмукалката да си смети тепихот :lol: :lol: не оти салам факаат јас после тоа пак пребришувам и поново метам ама да си створат навика да се грижат за собата
     
    На Mama25, pepita82 и SimonaTino им се допаѓа ова.
  8. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    :clap: eva11 ти си ги средила :lol: немаш гајле
    lolyta777 и твојата ќеркичка поголема е разбира
    Јас ќе си имам мака со живчево,сака се по негово да биде,покажува љубомора кога ми доаѓаат внучиња
    еве завчера дури вриштеше во дубак да се возел :^) а има 2ипол години
     
  9. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Мамички вие горе доле сте се средиле со маливе секоја чест на упорноста :!: него даја кажете кај има монтажни креветчиња да се ставам во потрага додека е време?
    И ви благодарам на сите што одвоивте време да споделите ваше искуство :)
     
  10. pepus

    pepus Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    156
    Нас сеуште ни е рано за второ цуфката има 3 ипол месеци ама планирам на 6 да ја внесам во нејзината соба зашто нема да може да спие во дневна а од спална неман и мод место за креветче на годинка го собирам креветчето и ја префрлам на кревет така што нема ни многу д асе сеќава второт бебе го планирам на нејзини 4 год секако во претходен договор со неа и да го искористам истото креветче може ќе ја лажам дека сум го купила не знам тогаш ќе видам
     
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.216
    Мене децата ми се 2 години разлика, и кога се роди малиот, се уште сите спиевме во една соба бидејќи спратот кај што ни се спалните не ни беше направен. Собата е голема, таа сега ни е дневна, така што просторот не беше проблем. Хепи фемили, сите во една соба :)

    Инаку спиеја во мали креветчиња до 5 години некаде, така што кога се роди син ми купивме креветче за него, а ќерката си остана во истото. Прво креветчињата беа едно од едната страна на брачниот кревет, а друго од другата, но за кратко ги преместивме двете од иста страна, им беа ставени ви Г. Знам дека заради климата едното мораше да се тргне, ама не се сеќавам дали сме чекале до лето, или претходно сум ги преместила, за двете да ми бидат од мојата страна, да можам да ги хендлам навечер. Се случуваше некогаш да ја разбуди, ама ретко, има цврст сон.

    Јас ги преместив во своја соба кога ќерката наполни 3 години, а малиот имаше 9 месеци. Тогаш го направивме спратот - во спалната соба немаше место за креветчиња, а не ни мислев дека треба да спијат со нас. Малиот беше мал, а ќерката не приговараше воопшто. Возбудена беше дека си доби соба, а веројатно помогна и тоа што не отиде сама во собата, туку со брат и.
     
    На Mama25, pamelche и pepita82 им се допаѓа ова.
  12. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Ариел мила секоја чест што си ги средила малите додека е време така ќе стекнат самосталност уште од мали нозе и за други нешта.Кај мене има друг проблем малата ми е тешка за спиење од бебе + спие ко зајак имаме простор за своја соба ама нејке ни да чуе. Се надевам кога ќе почнеме да оди во градинка ќе се смени малку во тој поглед па ќе можеме да маневрираме :hai:
     
  13. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.889
    Допаѓања:
    14.246
    Пол:
    Женски
    Тема која знам дека ќе ме засега а исто и други членки па не е на одмет да ја активираме. Јас ќе имам бебе и прваче па се мислам како ќе се справам. Како со распоредот општо на поголемото а како со распоредот на малото