1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Расправии поради местото на живеење

Дискусија во 'Љубовни проблеми' започната од dlink, 17 декември 2015.

  1. dlink

    dlink Активен член

    Се зачлени на:
    30 септември 2015
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    11
    Вака феминци, имам еден проблем па сакам да добијам мислење од вас, во врска сум со девојката 7 години, супер ни е се сакаме, функционираме одлично, живееме близу еден до друг околу 10-12км еден од друг, проблемот е што јас сум од село, но ги имам сите услови за живот, две куќи, една останува моја едната на родителите, куќата е изградена комплетно од татко ми, со мн мака секако и сега мојава девојка не сака да чуе да живее во село, а градот е на 5 км од нас,. Едноставно кога и да разговараме, се караме и само знае да каже не сакам да живеам во село и точка. Не сакам да земам кредити и целк живот да работам за еден стан од 70 м2, кога скоро имам се. Совет од вас како да ја разубедам, или како да постапам. Кога и да разговараме на таа тема, се караме страшно. А проблемот од ден на ден се одолговлекува. Позд
     
  2. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Во денешно време не познавам некој кој од град би се преселил во село.
    Ако сметаш дека девојка ти е вистинска за тебе, тогаш ти прилагоди се, пресели се во град, зошто мора секогаш како да е правило да мора да се прилагодува девојката.
     
    На Lolli, okcenzi, kjukli и 8 други им се допаѓа ова.
  3. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Зошто на луѓето толку им е комплекс да живеат на село? Повеќето градови во Македонија и приличуваат на село по многу сегменти така да што е проблемот во тие 5 км?
     
    На Alanna, Аliсe, babyblond и 4 други им се допаѓа ова.
  4. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.516
    Допаѓања:
    27.312
    Пол:
    Женски
    @dlink
    Девојката ако те сака јас мислам дека не би требало да и претставува проблем кај ке живеете дали во град или село. Треба да најдете на таа тема заеднички јазик и да се договорите. На мене лично не би ми претставувало проблем ако дечко ми живее на село и јас да живееам таму нормално да ги имам сите услови за живот пред се.
     
    На koritsaki, Elaria, simoncelicius и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    18.659
    Допаѓања:
    99.634
    Пол:
    Женски
    Уф радо би се преселила во село, да имаше мм куќа во село кое е блиску до градот. Ние немаме услови во селото кај што има мм куќа, инаку би се преселиле одма. Кој ефект од градов кога е смог и гужва само. Животна желба ни е да живееме во село, ама да имаме услови секако. Имаме познаници кои се преселија во село и го живеат својот живот. А во врска со девојката, мора да разговарате, ако не сака нема тука место за муабет, или ќе се договорите или не, ама не смеете ни едниот ни другиот да се жртвувате. Компромис мора.
     
    На PUPICA, Elaria, kjukli и 6 други им се допаѓа ова.
  6. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    4.890
    Пол:
    Женски
    За мене тоа се чисти комплекси, а денес за да живееш во село треба да бидеш подобро ситуиран отколку во град, во град се е поблиску и пешачење и пазарање не бара возило и сл. така што девојкава нека собере 2 + 2 и нека одбере град или село горе доле од буџетот исто ќе и се крати ама при две куќи, а куќа наспрема стан нема шанси, да оди во бучава што не е од деца и музика и во далеку позагадено место, бога ми повеќе пати треба да се премери математиката, освен ако нема некои други причини.
     
    На simoncelicius и anakonda88 им се допаѓа ова.
  7. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.502
    Пол:
    Женски
    како тоа не познаваш луге од град што се преселиле во село ? Што си ставате такви комплексии? Јас имам голема кука на село и мало станче в град , не ми менува ништо , само што всело сум раскомотена и не смрдам на манџи и запаршки како некои што живеат во град , а ти дечко да си и дадеш еден ултиматиум на разгаленото девојче а?
     
    На Alanna, PUPICA, koritsaki и 9 други им се допаѓа ова.
  8. jovanovska94

    jovanovska94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2013
    Пораки:
    1.109
    Допаѓања:
    3.804
    Како што многумина имаат аргументи зошто животот на село е поубав, така и девојката си има свои причини, зошто не сака да живее на село.
    Разликата од живот на село до живот во град е огромна. Во прашање е навика, а таа баш и не се менува така лесно. Не може никој да ме убеди дека прилагодувањето е лесно. Во село има една продавница и куќи. Тоа е се.
    Не е проблемот во тие 5 км, проблемот е во новата средина- мирно е, чисто, градина со зеленчук и се така со ред.

    Понатаму, можеби девојка ти не сака да живее до твоите родители. Претпоставувам дека куќите се во ист двор, па иако физички куќите се разделени, сепак сте во ист двор. Иако влезовите се различни, оставува фактот дека твоите родители ќе се постојано до вас. А многу девојки, а особено жени ќе ме разберат што значи тоа.
     
    На Zeynep, eatpraylove90, AnGeL4e009 и 13 други им се допаѓа ова.
  9. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.502
    Пол:
    Женски
    не си ја мачи душата да објаснуваш , мн комплексии си имаат некои душичиња , попрво би смрделе на манџи и запршки само да се вград , отколку да живеат во село , бидејки селото е село!
     
    На kikin, simoncelicius, N.Kety и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Outlook

    Outlook Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2015
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    4.890
    Пол:
    Женски
    хахахахах опасна си :)
     
    На anakonda88 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Цело време се посматра проблемот од аспект на тоа дали има некој или нема комплекс да живее во град или во село, а јас ја гледам од аспект како што спомна погоре @cresa-jagoda Зошто при брачни одлуки и сл. секогаш жената мора да отстапува и да се вклопува некаде, по застареното правило?
    Ете не сака и не сака, па како сакате наречете ја и што сега?
     
    На eatpraylove90, kjukli, Nausicaa и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.606
    Допаѓања:
    129.120
    Кажи и дека ќе се преселите во град, ама на почеток додека соберете за стан ќе живеете во село. Кога ќе види што значи живот на мирно, во куќа, наместо во 50 квадрати, кога ќе види дека во село не се простаци, туку луѓе, дека е многу поубаво, ќе остане.

    А ако пак не чини, одете си, плаќајте 30 години кредит, не одете по одмори, по луксузи, и стискајте се.

    Јас сум градско дете, генерации наназад живееле во град, па не ми е проблем да живеам у село ако треба. Животот не е локацијата, животот се луѓето.

    Јас сум на твоја страна. При готова куќа, да плаќам 30 години кредит за стан, не фала. Иако треба да прашаш дали е проблемот со живеење до твоите. Ако е тоа, онда менувам став, мирна глава, ако треба леб и сол ќе јадам.
     
    На Alanna, marama, kjukli и 19 други им се допаѓа ова.
  13. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.428
    Допаѓања:
    5.388
    Mislam deka devojkati nasla pa zasla. I samiot kaza deka e vlozuvano mnogu vo taa kuka koja sepak e odelno od tvojte, pa makar i so dvor. Neznam kako ne i e jasno deka platata nema da ja davate pod kirii ili vladini proekti tuki ke si napravite vase sopstveno gnezdo. I ok seha parite vi stigaat no prasaj ja sto koga ke imate deca. I eve ti eden sovet kazi i jas i moite mozeme tolku ako mozes poveke poveli neka tvoite zatoa sto ti sakas ni plakaat stan vo grad ako nemaat moznost prifati go ona sto jas ti go nudam pa i nejzinite ako se luge na mesto ke i kazat gledaj tamu da ti e ubavo ti si znaese deka deteto e od selo( a pari namesto za kirii neka vi gi davaat za zasteda) ok sekoj razlino razmisluva vo slucajov malku mi stoj devojcevo da pati od kompleks, a ne mi e jasno kako idela so decko od selo
     
    На simoncelicius му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.693
    Допаѓања:
    87.469
    Пол:
    Женски
    Ако толку многу сака во град дојдете под кирија и нека види како одат тие работи па можеби ќе разбере.Нервози ,сметки,долгови
    Имајќи цела куќа и секакви услови за живот + 5-6 км далеку од градот е незнам навистина што сака повеќе.
     
    На Daydream му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Дури и во град да идете, секогаш ќе има 5-6км пат за било каде да треба да одите, посебно околните населби кои најчесто се и многу подалечни од само 5км. Освен ако пати од комплекс да е центарка по секоја цена, битно секако комплекс е во прашање, ништо друго не гледам во приказнава. Знам вакви, при најдобри услови во село (нит ја тераат нива да копа ни бутур, куќа волкава, сами итн...) плус блиску до градот, услови за живеачка дури многу подобри од градските, самото зборче село им претставува ежење. Срамота, се на послужавник па и мани наоѓаат. Се надевам ќе најдете некој компромис, со среќа.
     
  16. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.446
    Допаѓања:
    48.173
    Пол:
    Женски
    А зашто девојката е искомплексирана ако нејке да се пресели во село ? Нејке бе и готово. И јас не би сакала колку и да е загаден усмрден и никаков градов.Цел живот живеам во Центар и нејкам поинаку.Навика каприц уфилманост кој како сака нека го сфати.Сакам село , ама го сакам за викенд да отидам ,на недела дена или на неколку дена.На 5 км од Скопје во село не би живеела.При се блиску до мене од работа,школи,продавници кафичи ја ке се мислам секој ден и ке станувам 2 саати порано за да стигнам на работа или навечер ако немам сопствена кола ке се мислам коа ми е последен автобус за да си стигнам дома пошто во спротивно такси ке ме кошта 1000ка.

    Конкретно за дечкото кој ја постави темата ...Подобро со време да си расчистите овие дилеми и ставови и да не ја провлекувате работата ако имате сериозни намери бидејки ова е навистина голем проблем доколку утре треба да градите заедничка иднина. Ако е децидна дека нејке село барем да знаете на што сте па секој на своја страна.Таа со некој во град во двособен стан, ти со некоја во кука на село да си барате среката.
     
    На Dream-Girl, Gosh, IloveScience и 24 други им се допаѓа ова.
  17. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Ако е толку убав животот во село, немаше луѓето да се селат од село во град за подобар живот и немаше да остануваат празни селата двајца без тројца.
     
    На Ance-to, AnGeL4e009, IloveScience и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    891
    Допаѓања:
    2.916
    Пол:
    Женски
    Тоа да, воглавно миграцијата е село->град додека мнооогу ретко се случува од град->село, меѓутоа има разлика од село (развиено, со асфалти, ординации, пошти, дуќани итн) и затуцано селце со двајца без тројца.
    Нејсе, конкретно за случајов, девојката знаела дека типот живее во село и како таков го прифатила. Е сега, дали уште одамна си имала план дека нема таму да живее и ќе го убеди да се селат во град, па нејќе да чуе за тука какво и да е, што и како е, тие си знаат. Или најбитно, ако до толку е цврста врската а ова им е единствен проблем, продај куќата и барај во стан во градот, ако е изводливо ова(?) Не знам, друго решение не гледам. Инаку лесно е "ајде раскинете тури пепел" ова она, ама се е индивидуално и зависи и од нив самите. Утре може друго ќе и смета, а може ќе си биде се ок, не го знаеме тоа...
     
  19. friendy

    friendy Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 април 2012
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    51.768
    Пол:
    Женски
    Решение е клуч од автомобил! Прашај ја дали ќе сака да живее на село доколку би имала сопствено превозно средство?

    Едит: Човекот праша како да ја разубеди, а не како да направи кавга и да се раздели. Сигурно таа си има свое оправдание.
     
    На kukla21, kjukli и MiloMalo им се допаѓа ова.
  20. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.763
    5 km odalecenost od gradot pa i ne e nekoe selo izolirano od se u planina kade sto nema nisto nigde.
    i ne e toa deka sekogas zenata otstapuva tuku ednostavno deckoto,idniot maz tamu ima kuka,roditelite tamu mu izgradile i ako nekoja saka da zivee so nego ke go prifati takov kakov sto e i so toa sto ima a gospodzata ako saka da zivee vo grad neka kupi kuka/stan ili neka plaka ona kiria pa da vidi kako se zivee pod kirija.