Се разви мала дискусија во темата за Исчезнати лица во врска со мајка која родила на 19 години. Иако мислам дека не беше таму место да коментираме кога и зошто родила таа мајка, како и секогаш имаше членови кои според мене беа навредени заради погрешни причини. Значи вака, во Македонија очигледно уште многу ќе траат тие генерацијски циклуси на раѓање на млади години затоа што наместо да признаете дека не е баш сјајно, се јавуваат вашите одбранбени механизми на „па ништо не ми фали“ - дали дека се браните што вие сте родиле на тие години или дека мајка ви ве тогаш родила, па ви било океј. Јас имам прилично радикално мислење на темава со кое верувам дека минимален број на луѓе ќе се согласи, а тоа е дека не треба никој да раѓа до околу 23 години. Не дека не можат жените, не дека треба да се забрани, туку едноставно не треба. Причината е едноставна, а тоа е дека има многу живот за живеење во овие 5 години после средно. Не мислам нити на факултет (иако и тоа), ниту на забава (иако и тоа), ниту на патувања (иако и тоа). Мислам на созревање и поминување неколку години како млада девојка, да ти се животот преврти 15 пати, да се научиш полека како да стоиш сама, да се изгубиш и пронајдеш, да си ја најдеш самодовербата како возрасна индивидуа. Во овие 5 години се дешаваат многу битни работи во изградба на својата личност, дури и ако навидум ништо не се случува. И мислам дека секој заслужува да го искуси тоа прво за себе, а потоа за да може да биде уште подобар родител. 19 годишници се тинејџери. И за нив да се претпоставува или очекува дека се нешто посебно зрели и спремни за живот е лудост... ова појава треба да се намалува, а не да се ноншалантно нормализира со „сите различно созреваме“. Нормално дека ако си станал родител на млади години, тоа ништо не мора да значи за тоа каков родител си. Постојат исклучоци и секакви животни приказни. Ама ете, чудни ми беа вашите мислења за тоа.
И јас имам радикално, црно бело мислење, дека не треба деца да раѓаат деца. Имам братучетка што е 16 години. И ги знам другарите. Дечишта се. Да има примери на луѓе што млади станале родители и се успешни во тоа. Но, поентата е да ја гледаме глобалната слика. А таа не е сјајна. Без работа, без обезбедено сместување прават по две-три деца. И после ги шуткаат кај родителите. Или чекаат магично да се најде решение. Или не ни имаат план, животот е купи ден продај, без да размислат за одговорноста која ја имаат. Конкретно за моите другари и познаници што ова го прават, сметам дека не се свесни за тежината што ја носи тоа "носење на нов живот на свет". Поим немаат дека они се одговорни за детето а не обратно. И тука најголемиот против-аргумент е дека "па ако треба да се случи нешто лошо, може и на постари да се случи". Да може Но, какво искуство имаат? Можностите кои ги нуди стабилна работа? Стан? Пристоен лагоден живот? Луѓе што се созреани и знаат што сакаат? Мое мислење е дека последиците од ова "правење деца пошо сите други прават" ќе се осетат подоцна кога патем ќе е доцна.
Јас пак познавам луѓе ,другарка моја која роди на 19 години и ги израсна во воспитани млади девојки. Така да ,не генерализирајте.
Мајка ми родила две на 20. Јас две до 35. Мајка ми и татко ми ги израснале баба ми и дедо ми со двете деца (И татко ми работел) брзо созреале. Додека моите две јас сама ги чувам. Мајка ми била девојче од сиромашно семејство, без мајка и уштњ тројца браќа. Животот и дал такви приоритети, да се мажи да основа семејство. Фала богу животот и испаднал како што треба сега млада е и има 4 внуци и две успешни ќерки. -Во денешно време не се согласувам за толку млади мајки. Светот ви е во раце.
Мајка ми ме роди на 19 години. Едноставно мислам дека некој приоритетите си ги гледа како шо мисли, иако реално сметам е рано, ама ете се случило. Не знаеле ништо, се плашела мајка ми и слично ама ете пораснав каков таков се сметам за океј личност во глобала, културен сум, имам манири, принципи, вредности и чест...Се трудам да бидам добар човек и домаќин.. Не мора да значи ако роди некој на млади години и автоматски ќе биди лош човек.
Лично мое мислење е дека рано е да се донесуваат одлуки кои го променуваат животот засекогаш до 25тата година. До 25 години ни се развива мозокот, и мислам дека на 25 стануваме "вистински" возрасни. Ова можам да го потврдам и од лично искуство, бидејќи јас пред 25 и јас после 25 не сме исти личности. Е сега, во никој случај не треба да се тврди дека ако некоја родила на млади години дека ќе е лош родител. Бидејќи никогаш нема да си вистински спремна 100% и сите коцки да ти се наместени па да си речите ајде ќе правиме бебе. Но, генерално гледано подобро е кога човек е позрел и поискусен. Имам стара другарка која роди на 17 и сега на 24 е разведена. Други знам што родиле порано уште тераат, но како им е само тие си знаат, немам близок пример да кажам. Јас на 23 бев ко ију деца, сега на 27 спремна се чувствувам со правиот човек да имам деца. Едноставно секој си е приказна за себе и ништо не е погрешно ако те прави среќен, но кога зборуваме генерално подобро е кога човек не е премногу млад и луд да се имаат деца.
Не сите млади родители се лоши и не сите постари родители се добри. Но, добри родители од првиве се поретки. Да не се лажеме. Тие години се за довршување на образованието, наоѓање работа и себеси. Има и млади родители кои ги постигнуваат овие нешта со веќе формирано семејство. Но, тоа е само благодарение на финансиите и поддршката од нивните блиски. Без тие нема добар живот. Има такви млади родители што на 18/19 се осетиле спремни, но со текот на времето почнале да чувствуваат фрустрации поради таа одлука. Дури рекле дека се каат. Па, следеле разводи и оставање на децата. Е, најлошото во таква ситуација е што тоа негативно влијае врз нивните деца. Нивните деца растат несреќни. Ги прават истите грешки или се посклони кон донесување на уште полоши одлуки.
Отсекогаш знаев дека не сакам да родам на рана возраст. 21-2, па и целосно 20ите се прерана возраст за изграден идентитет. Па на тој изграден идентитет, додај уште еден изграден идентитет, за да имаш (здрава) средина каде ќе расте тоа дете, зошто нели не е "само да се роди" . Мислам имаме и науки што докажуваат дека целосно ни мозокот не е формиран до 25-6-7. Додај на тоа тек финансиска подготвеност. Не дека и овие што правеле и раѓале по оваа возраст денес се нешто претерано за восхит по ова прашање(болд) , ама па тоа е друга засебна поопширна тема. Еве ме тек сега откако ја поминав, ја гледам разликата, и сфаќам колку е точно. И тек сега почнувам да размислувам за раѓање. Така што јас ќе бидам и уште порадикална отколку првичниот пост околу минималната возраст по ова прашање. Односно на темава, Не.
Море со закон би забранила основање семејство до 30. Во ова време на можности уживајте грабајте од животот, од младоста,школувајте се надоградувајте се или само барем уживајте во слободата и младоста.Не брзајте во врзување ни со партнер ни со деца.Бидете сигурни во изборот и одлуката кога и СО КОГОда се има деца.
Јас си го кажав ставот во другата тема. Сметам дека не е пожелно да се раѓа на млади години, ама гнасни коментари од типот - не е воспитана оти на младост ја родиле многу ми се глупи. Уште еднаш ќе напоменам, околу мене сите деца што ги знам и нивното однесување ама благе везе нема со возраста на родителите. Знам воспитани од млади родители, разгалени и крајно невоспитани од постари родители, едноставно врска нема тоа. Вие можете мислења до утре да кажувате, во реалност овај одговор се добива реално од наставнички, воспитувачки, психолози, луѓе кои работеле секојдневно со деца и можат да потврдат (сум работела наставничка, компетентна сум на темава да зборам колку толку). Идеалното е да изучиш, да најдеш партнер, убава работа па деца… ама ниту е секогаш така ниту ќе биде, оти не секој ќе учи факултет (а и статистички не е нормално секој да учи факултет), и не секој ќе најде јака кариера (инаку кој ќе работеше професии за кои не треба високо образование). Прво, колку една личност е созреана за било што, не е соодствено со возраста, има 30 годишни инфантилни, и 20 годишни кои се зрели личности со свои ставови. Личност која е работоспособна, доволно возрасна да гласа и да решава судбина на една држава, да лежи во затвор итн, треба да е свесна личност и да знае да одгледа бебе. Уште еднаш, ниту сум раѓала на 19 (далеку од тие години бев) ниту сметам дека треба да се раѓа тогаш. Ама да им докажувате тука на млади мајки дека се неспособни, жени кои родиле млади, се избориле и пораснале дечиња во тлупо е, и возрасна личност не бо требало да го прави (омаловажување е). Примери: во еден клас - девојче родено од мајка 16 години (ова е веќе жалосно ама тоа е), просечна ученичка, ама фино воспитана, не прави проблеми, нормално воспитано дете. Багабонти во класот: деца на доктори, директори… нормално родени на постари години. Разгалени, бунтовни, своеглави, а уште па и со поддршка од дома. Не можеш да се разбереш, кршат, вршат булинг, прават бељи. Ова е е еден контраст, има и обратни случаеви, нормално така и треба да е, од сите ќе има секакви. Ова сакав да го дадам само како пример. Пример уште еден: внуката моја родена пред 16 години, значи јас имав 20тина, мајка и тогаш имала 19, татко и 22 (морав математика да си направам хаха). Таа е далеку повоспитана, покултурна и поуспешна како ученик од брат и кој е роден 4 години покасно. Брат и е поразгален, не сака да слуша, не сака да учи и ако не му е нешто по ќеф фрла тантруми. А роден нели, ете не на 19. Во моментот кога сметате дека возраста на родителот е фактор за однесувањето или одгледувањето на детето, правите предрасуда. Та цел свет се бори против секакви предрасуди, не правете сега и вие кон младите родители.
Го делам истото мислење. Мене ми е чудно размислувањето дека е прифатено од школски клупи директно да се грижиш за друго суштество, само затоа што легално си возрасен. Значи не, возраста и зрелоста не се еквивалентни ама имаат корелација. Исто така, доживувањето на одредени искуства пак не те прават автоматски спремен за родителство. Баш напротив, ако си имал лош живот до тогаш, дете е последното нешто што ти фали на 18 години. А често пати тој е патернот кај многу млади родители, не се тоа планирани бремености. Треба да се има време да се изгради свој идентитет, да се има време да се пронајдеш себеси и да се соочиш со себеси. Нормално дека нема идеално време да се биде родител, ама сѐ под 23-25 години е рано.
Голем дел од тие што ги знам родија уште под 18. И си пораснаа деца, си дозавршија, се погодија млади баби и дедовци кои помагаа итн. Ништо не им фали освен дека сето дошло наеднаш. Тоа дали ние оправдуваме или не е скроз друга тема зашто секоја си прави лични избори. Мада јас не ги гледам несреќни, до сега за што и да требало имале огромна помош од своите мажи. Како стои позади вистински, е скроз трето.
Ние можеме да мислиме вала или така, прашање е како е дадено од природата - биолошки, а тоа е помеѓу 20-25/26 години. Во тој период, под претпоставка дека родителите се здрави, е најидеален и најмалку се можни компликации по мајката и плодот. https://bebac.com/koje-su-idealne-godine-za-roditeljstvo/ Проблемот е што општествените вредности, под силен притисок на економската реалност но и илузиите кои ги сервира шоубизнисот (на пр.филмови и серии), се изместени што доведува до задоцнета психолошка зрелост кај многу млади луѓе. Секако, пресудна улога играат и нивните родители кои долго ги третираат своите деца како „мали деца„ а не како тинејџери и младинци.
Глупости. Значи до 25-6, после стари сме и последици и компликации можни се? Ова ми е слично со размислувањето за стара мома. Ајде не претерувајте, ако не уште нека се спуштат границите. Не се деца на 20 години но сепак рано е, на тие години факс учат, батали порано како било, и не е све до шоубизнисот и неговото влијание ко што викаш. Секој ниту сака ко прво, ниту може од најразни причини родител да станува на тие години. Зашо правило да е тоа, избор треба да биде, секој си одлучува за својот живот, ризици и последици дали би имало, никој не може да ти гарантира па ни на тие години што ги наведе. Ај сите на слични години да раѓаме за само да сме во „нормалните“ граници. Безвезе е. Која кога сака и е спремна нека си раѓа но и те како потребна е зрелост, сигурност и стабилност, а не само способноста да го родиш. Не дека не може да се очекува зрелост и од толку млади луѓе но сепак мислам дека овие години се прерани за оваа улога и треба да се посветат на образованието, работа на себе, шетање и секакви други активности кои се соодветни за таа возраст. Сега ќе речете и со дете може све ова да се праи, па не баш, нема да е исто но секој со својот избор секако. Ова е мое мислење.
Е и за ова пишував во почетното мислење ама избришав затоа што предолго исфилозофирав и малку забегав од темата. Бејскли, овие мислења за тоа дека после 18 години си возрасен и тоа е, ме потсетија на коментари во една друга тема што ја имав отворено, за млади девојки во врска со постари мажи. Има многу очигледна позитивна корелација меѓу таквите врски и непланирана бременост на млади години. Всушност, од мои 17 години до сега, 99% од моите врснички што се венчаа, беше баш поради таква ситуација, без преовеличување. И сите после велат дека секогаш сакале да бидат млади мајки. Тоа е циклусот што треба да се прекине.
Да, истото е и од мое искуство од сите што ги знам што се омажија рано. И тоа за желбата, колку е тоа вистинска желба? Ако си растен со идејата дека после 18 се очекува да родиш затоа што во твоја фамилија повеќето родиле рано и/или твојата околина не те ни насочува кон друг пат, тоа не е ни твоја одлука. Мене тоа што ме нервира на вакво теми е што одма сите се пронаоѓаат. Значи не збориме за вас, за мајка ви или најдобрата другарка.
Јас сум читала дека и пред 25та не чини, а идеално е од 25 до 30. Си пишуваат како им одговара. И не е до сериите. Реалноста налага прво да се работи на обезбедување услови, па потоа креирање потомство. Животот е поскап од порано.
Немој така. Си требал до 22 веќе све да си обезбеден. Глеаш како и факс и работа и стаж и све, и решено станбено прашање и куќи на три спрати ехеее, блазеси им е како си го имаат наредено животот. Забораваат кај живеат, тоа е. И врска со реалноста си немаат.
И за ова сакав да прокоментирам прееска ама заборавив да те цитирам. Тој што е тивок и мирен не значи дека има прекрасни родители, исто како што некој што е бунтовен не значи дека е "невоспитан".
Тие што ги знам што родиле на рани години бегаа од домашни проблеми, си се земаа, си родиа уште едно, си ги чуваат сега. Немаа нешто свое за да се потпрат, финансии, поддршка од нивните, се зависат од мажите. Подобро да имаш нешто свое, па одпосле да мислиш на фамилија зошто овака никој и ништо не си.