Свет поинков од овој,суштества кој дишат поинаку,растенија со проѕирни корења и тн.Знам дека постои,но имам и бујна фантазија,ако има некој др таков би сакала да по дискутираме поздрав
Верувам дека постои, од чиста причина дека се премногу ѕвезди= сонца и секоја од нив си има сопствен сончев систем од неколку планети. Зошто да не би постојал жив свет сличен на нашиот.
Дали мислиш дека некогаш човекот ќе ја има таа можност да го открие сето тоа? Јас сметам дека постои др свет,но не како галкасија,некаде во универзумот,туку повисоко нивно на интелегнција,надчовечко.Надприродно,и да го развиеш со моќта на умот...За мене тоа е реалност,но кога ќе го споделам,другите луѓе имаат мн поинкви мислења и сваќања...
постои некој друг свет далеку од овој нашиов. галаксијата е бесконечна значи мора да има некој друг свет
и јас мислам дека постој друг свет. понапреден од нашиот и тоа многуууууууууу. некако не го замислувам нешто ко ваууу, али може и нормални луѓе како нас, може крадат луѓе од тука и вршат размножување, нивна со наша раса.... понапредни. само кога ќе се сетам на нло, американските бази..... ехеј тоа е голема тема а има доста за објаснување и зборење. сепак не ги замислувам како марсовци и како мали зелени и лигави. напротив раса многу блиска и слична на нашата само со повисока интелегенција и со поголема и појака технологија
Сигурна сум дека некаде далеку,можеби во друга галаксија, постои свет во кој суштествата и организмите се поинакви од нашите. Не може ние да сме единствени живи суштества, а има толку многу за кое ние не знаеме, ниту сме го виделе, ниту сме слушнале. Кога човекот ќе дојде до начин за добивање на сознанија, дури тогаш ќе може да се тврди дали постои или не. Баш еднаш некој на тв кажа: Човекот не знаел дека постојат бактерии и секакви микроорганизми се додека не го пронашол микроскопот. Исто и со другите светови и суштества. Не занеме дали постојат, се додека некој не пронајде нешто со кое ќе може да се осознае тоа.
Дефинитивно посотои. Бидејќи просторот во кој се наоѓа нашата планета е бесконечен и постојано се шири невозможно е да сме единствени сигурна сум дека некаде постои планета со многу подобри услови за живот
Дефинитивно не постои Основен и главен предуслов за појава на живот на било кој простор е присуство на вода, како прво и најбитно , потоа кислород, органски материи...Во однос на температурата - и на Земјата постојат некои видови на организми, кои се адаптирани за живот во екстремно ниски и екстремно високи температури(тоа се најчесто микроорганизми..), потоа еве да речеме хомеотермните организми како на пример ние луѓето, имаме постојана температура на телото, која не зависи од надворешните фактори, туку самиот организам поседува механизми, кои ја регулираат истата..Поикилотермите, ја менуваат температурата на телото во зависност од надворешната температура(влечугите на пример)... А, во однос на одалеченоста на Земјата од Сонцето, научно е установено дека само на нашата планета има услови за живот...(како се развил истиот, треба да се започне од Коацерватната теорија на А. Опарин и да се заврши со денешниот биодиверзитет , односно биосферата како еден глобален еко-систем, во кој спаѓа и Homo sapiens - човекот...) Единствено би рекла на Месечината дека има шанси да постојат некои микроорганизми, адаптирани во екстремни услови, во однос на температурата или со анаеробен метаболизам(значи немаат потреба од кислород..) А, за појава на повисоко организирани видови, научно е потврдено дека треба присуство на вода, но во течна агрегатна состојба......
Притигрл Ј,како толку самоуверено го демантираше постоењето на некој друг свет сосема поразличен од нашиот?!Како со пукање на прстите користејќи термини учени на факултет,накитени реченици кои во најмала рака ми е потребен еден биолошки атлас за да потврдам дали е или не е точно она што го напиша,затоа што сум лаик нели,но ќе ти верувам,иако не ги знам тие теории,ниту на што се заосновани,ниту кон што целат... Наивно е да веруваме дека сме сами во универзумот,верувам дека знаењата кои сите ние ги имаме тука се само трошка од целата вистина,но логиката е проста,а билогоијата не е амин на науките.Можеби за нас е непознато,можеби според нашите сознанија неопоходна е вода за повисока форма на живот,но хеј...колку далеку сме го истражиле универзумот?!До Венера,а имаме слики од Марс и тоа преку роботи...а што е со остатокот,што е со останатите милиони галаксии и црни дупки за кои се верува дека во себе имаат уште толку многу во себе апсорбирано?!Можеби до онаму каде што е стигната нашата наука во суштината е вода како предуслов,што ако за некои други интелигентни форми за живот тоа не е предуслов,туку е сосема нешто друго непознато за било кој тука на планетата земја?! Не верувам во толку сликовита форма како што опишала девојката која ја отворила темата,но дека не сме сами и дека таму некаде постојат слични или далеку поинтелигентни и понапредни од нас,сигурно.Плус,не морам јас ништо да замислам,наса имаат сајт,интересни научни факти објавуваат и не само наса како релевантен извор,туку и многу други професори и научници претпоставуваат,но не тврдат со сигурност(можеби и можат,ама ќе треба и теории за заговори да разглабаме) дека постои живот на друга планета освен нашата. Мене ме занимаат теориите кои си ги пишала,навистина.Сакам да научам нешто повеќе...исто како јас да пишам на економска тема и да речам,маргиналистите,марксисите,меркантелистите и не објаснам што подразбирам под тоа...
Стварно Прити како толку те убедиле на факс дека тоа и само тоа е вистина, кога ги читам твоите постови се осеќам како да сум на некое предавање, а не како да читам твое лично размислување. Нека не ти бидат границите на размислување толку ограничени. Употреби малку логика. Иако до сега со сигурност не е утврдено дали постои друг свет, нови организми или нов начин на живот, сепак големи се шансите да постои и јас верувам во тоа...кога тогаш нешто ќе биде откриено. Нешто има, ама што, останува само да си замислуваме Еве сега имаше некое скорашно истражување со претпоставка дека на една од планетите од сончевиот систем (не ми текнува точно за која стануваше збор) веројатно кај живите организми како извор на енергија се користи сулфурот, кое веќе е докажано дека постои и на планетата Земја. Значи пронајдени се морски организми кои живеат изклучиво од сулфур во афотската зона на морињата (каде што не достигнуваат сончевите зраци и е тотален мрак). Се надевам ќе биде нешто откриено во мојов животен век, би сакала тоа да го доживеам
ЛИЛИТ Слободно прашај што те интересира Ќе се обидам да го кажам со не толку стручни зборови... А, ти МИНИ Па, не те тепам, само дадов реплика на твојата приказна за мали деца
а ти толку цврсто се држиш до тоа мислење дека сме единствени во бескрајниот простор!? запрепастувачки, стварно
Кога некој организам го користи сулфурот како извор на енергија, тогаш станува збор за анаеробен метаболизам...Имам за тоа спомнато во мојот пост И точно е тоа за афотската зона на водените еко-системи..Но и доста бактерии на пример преживуваат преку таквите метаболички процеси...Е, ваква дискусија веќе , многу ми прави мерак
Аеробен или анаеробен, сеедно...битно е дека е жив организам, а ако добро се сеќавам се работеше за животно кое живее во најголемите длабочини каде што не е откриен жив свет и затоа било од посебно значење пронаоѓањето на ваков организам. До сега не е познато за ниту еден дека го користи сулфурот како елемент за преживување, освен овој. Знам дека во оваа зона (афотската) има и други организми кои се приспособиле да живеат без светлина и со помало количество на килсород, но ова животно е пронајдено баш во длабочините каде што нема никакви услови и се истакнува како посебен пронајдок. И надоврзано на ова ја спомнав претпоставката на научниците за другава планета кои веќе нешто пронашле но не е конкретизирано, само стои претпоставката дека живите организми користат како извор сулфур. Колку би сакала еден ден да знам дека постои свет со флуоросцентни животни и растенија, нешто слично како во филмот Аватар, одма би се преселила
Притигрл запрепастува фактот што си толку сигурна во своето учење. Наивна и луда воедно, е помислата дека ние сме сигурно сами, дека само тука има живот, ете освен на Месечината каде е можен живот за микроорганизмите. Науката и технологијата во денешно време се доста развиени, но не колку што е потребно за темелно истражување на сите галаксии, целиот универзум, онака како што е прикажан во учебниците по географија. Од апстрактна гледна точка. Поради ова, верувам можно е, но не сигурно, дека има друго место, со други суштества, со други разбирања и потреби за опстанок. Не се случило малку пати во текот на историјата, што ете ти како што гледам бидејќи си учена мора да знаеш, да познатите теории кои наводно биле поддржани со факти, биле поборени.